ЈОРДАН ПЛЕВНЕШ „Драми“ „ЕРИГОН“ (сценска анатема во два дела) Писмо до сите од „ЕРИГОН“ во МНТ Драги мои, Сонував ноќеска, дека сум бил тој ден во Скопје на една проба, во придружба на Алберто Ѓакомети. Беше сум ги донел во мојот, парампарче, од егзилот сторен куфер, сите мои еригонски списи и збор по збор, ви раскажував како го пишував „Еригон“, точно пред две децении од вашата премиера. Му се извинив на гостинот во име на сите нас: „Господине Ѓакомети, простете ми, но јас тогаш не знаев за Кучето на Вашиот Дух, штолаеше во светската уметност!“ Од сонот, од куферот и од умот, ми испаднаа неколку збора од едно од најмистериозните писма од светската историја, кое речиси две илјади години постои на голем број јазици во исто толкав број на верзии во светот: Писмото ТАЈНАТА НА ТАЈНИТЕ упатено до Александар до Аристотел или обратно. Во тоа писмо покарј сите историски фигури се споменува едно бесмртно куче кое лае од Македонија до Индија. Тогаш Ѓакомети ни се обрати на сите нас: „Јас Ви се извинувам Вам но, јас прв пат слушам за тоа писмо бидејќи, еден ден, на една париска улица самиот се видов, престорен во куче, оти ништо друго не остана во светската цивилизација, освен да се лае!“ Со тој сон кој ги поврзува енигмата на античката меморија, фреските на Св. Софија, за поделбата на душата од телото и кучето на Ѓакомети со Еригон, направете секој гледач да се почувствува еден миг како куче, во бесмртната сила на Театарот кој единствено може да направи да заборавиме дека утре ќе не нема. Ваш Јордан Плевнеш 24 Октомбри 1999, Париз ЛИЦА: ЕРИГОН - пес од македонско потекло, роден за време на Втората светска војна, емигрант во Париз, спиритус мовенс на театарот Некролог М., присвоен од сопственичката на Заводот за капење на мртовци во Париз, осуден на смрт на Европскиот конгрес на кучешките права и слободи на XX век. ИСИДОР СОЛУНСКИ - прославен артист од Балканот од трупата на Војдан Чернодрински, роден за време на Балканските војни, во Баница Леринска, Егејска Македонија, емигрант во Париз, каде што за време на Париската мировна конференција го формира Театарот Некролог М. и умира во Лечилиштето за бездомници во Градот на Светлината. МАЛИНА - негова жена. КОЛЕ, ТАШЕ, ЕВДОКИЈА - нивни деца ГОСПОЃАТА ЕЖЕНИ ПЛЕЊЕР ДИБУА - сопственик на Заводот за капење на мртовци во Париз. Колекционер на мртви тела, пци и идеали. ГОСПОЃАТА ПАТРИЦИЈА СИГО - секретарка на Националниот кучешки сојуз на Франција. ЦЕЗАР - артист во Театарот Некролог М. САМСА - артист во Театарот Некролог М. ФЕЛДМАРШАЛОТ СИГФРИД ПОЊАТОВСКИ БАЛТИМОР АРДЕНИН - англиски булдог, претседател на Интернационалната кучешка федерација. СВЕТИ БЕРНАР - шеф на протоколот на Европскиот конгрес на кучешките права и слободи на XX век. КАРДИНАЛОТ ДОНАТЕЛО I - врховен претставник на европскиот кучешки клер. АНДИЛЕНА АРИЕР АНАВАН - член на Иследувачката кучешка комисија, делегат на Конгресот. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС - милосрдна мадам, контролор на болеста на Исидор Солунски во Лечилиштето за бездомници. МАРИЈА ЛУИСА БАЛВАНЕРА - обична кучка, делегат на Кучешкиот конгрес. ЖИФОН БАРБИСОН БОЛОЊИ - член на Иследувачката кучешка комисија на Конгресот, авторитетен пес. РОТВАЈЛЕР ЛЕОНБЕРГ НЕСМАН - член на Иследувачката кучешка комисија, глувонем, делегат на Конгресот. МАТИЧАРОТ - церемонијал мајстор на Епилогот, Свадбата и Венчавањето меѓу Госпоѓата Дибуа и мртвиот Исидор. ПОЈАВИ: Учителката - комунистички инструктор на КПГ во источните земји. Две бели мачки Двајца војници - монархофашисти. Двајца болничари ЕРИНИЈА КРАФТ - блудната кучка од Средна Европа, што ќе избега со семето на мртвиот Еригон на крајот од претставата и ќе го остави отворено прашањето на нејзината смисла. ПРВ ДЕЛ ПРОЛОГ: Артистот и Песот. Разделбата пред Лечилиштето за бездомници во Париз. ИСИДОР: Отсега ќе бидеме сами. ЕРИГОН: Сè почна од еден и се завршува во еден. ИСИДОР: Ќе бидеме глуво време, пресен бол и ветво месо. ЕРИГОН: И кој од нас попрв ќе го снема, нека лае по вечноста што е нема, нема, нема. ИСИДОР: Но имаме земја, татковина што нè чека! ЕРИГОН: Нека чека, нека, нека! ИСИДОР: И имаме театар, плоштади и Европи, граници преку кои Духот наш допрва ќе треба да се скита... ЕРИГОН: Ако ита крвозборот ќе итаме и ние. Јас ќе лаам ти ќе пееш! ИСИДОР: He ќе можам да те следам брате на ветерот, на животот мој, та нели треба да се делиме, не за навек, Господ да не чува, но за малку, силата за да ми ја вратат, за џигеров... јас не можам без џигер театар да правам! ЕРИГОН: Лекот е во нас стопану на чамовиот ковчег во кого смртта ќе не здружи! Ајде Исидор собери ја силата, истури сè што се збрало во темното чекмеџе на јадот, нека плаче малку историјата како недозаклана крава, изусти го тој збор и жегни го жешкото што врие во котелот на нашиот бол. ИСИДОР: Во почетокот беше гробот. ЕРИГОН: И би утро и би ноќден први. ИСИДОР: Денот не знаеше за ноќта, ноќта не знаеше за денот. ЕРИГОН: Јас ќе чекам. ИСИДОР: Болницава како се вика? ЕРИГОН: Лечилиште за бездомници. Париз 19. ИСИДОР: Се сеќаваш колку време патувавме, колку рала џигери, очи и зборови закопавме, колку души ни требаа? ЕРИГОН: Ќе те чекам. Ќе правиме претстава, молитви за ерес, ќе го играме Комунистичкиот манифест! Ќе се измочаме во буржоаскиот сон, ќе ја разбудиме граѓанската блудница Европа, ќе ги преораме гробиштата на идеалите и ќе се вратиме во нашата земја, нели таа чека... ИСИДОР: Нека чека. Нека, нека. Овде има луѓе бубрезите и џигерот што треба да ми ги сменат. Кај ќе одам без џигер во својата татковина. Изворите и реките сакам да ѝ ги пијам. Ги оставив годините по црквите и војните по штиците и сцените, по улиците, по јавните клозети на европскиот Запад, секаде сам без неа и без нив, речи им го името Песу највознесен од сите луѓе што ги знам? ЕРИГОН: Таа се вика Малина, а тие: Коле, Таше и Евдокија од леринското село Баница, денеска го велат Веви. Таа е во гробот. Сега нема натпис на гробот, откорнат е од луѓе што се власт и држава. Никому ништо. Умрена млада. Ѝ се запалиле косите од жал додека ѝ ги корнеле од утробата, од нејзиниот дом, непознати војници трите деца: Коле, Таше, Евдокија. ( Наврапито, како сениште се појавува Госпоѓата Ежени Плењер Дибуа, силна врева, силен ѕвон, вратите од Лечилиштето се отвораат, изнесуваат неколку мртовци завиткани во чаршафи што некогаш биле бели, положени врз подвижен кревет. Ги товарат во возило, надвор од сцената.) ГОСПОЃАТА ДИБУА: Добар ден, добар ден, добар ден. Но, речете, каков ветер денес, каков ветер. Нормата е остварена. Десет мртовци. Прекрасно. Капење, бричење, стрижење! ИСИДОР: Варди се Еригон. Чекај ме. ЕРИГОН: Каде и во колку? (Bo меѓувреме Исидор го одвлекуваат секавично. Мртовците се натоварени. Само Госпоѓата Дибуа пред вратите на Лечилиштето го слуша морното завивање на Еригон.) ГОСПОЃАТА ДИБУА: Зошто толку очај во твоите очи. Та ти си мој. Ти си божји пес. Ќе ги оставам мртовците за утре, или ќе ги пуштам некапани, ах, љубен мој та ти си пес лирик, ти плачеш, ти си мој од каде си дојден... мирисаш на нешто туѓо, од каде си... ЕРИГОН: Кој го подели нашето време на казна и благослов, бездомен другар мој, сега сме ништо, со никакво со, само со без и без и без и без... ГОСПОЃАТА ДИБУА: А, Балканец, Балканец... не, не, ти не си лирик, ти си епска природа... Нема поубав пес од Тебе во Париз, од осум милиони пци, ти си единствениот, та ти си поет, та ти си поет, ќе те ослободам од сите смрдливи балкански комплекси, пред тебе се отвора кариера, па ти знаеш ли дека Госпоѓата Дибуа сопственик на Заводот за капење на мртовци веќе го пронајде физичкиот облик на својот идеал... ЕРИГОН: Permetez moi, madame, de me presanter: Canis lupus macedonicus! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Ax, љубовнику мој, ax, како зборуваш, па како се научи, каков е тој јазик, па ти зборуваши француски, о Господе и дојди, дојди, одиме во нашиот дом, дојди... Ти си гладен, нели?... Дојди... (Госпоѓата Дибуа со испружени раце кружи околу него и паѓа во јалов транс. Еригон ја гледа бело. Обземен од сомнението, нема сили дури ни да ја презира. Тргнуваат. Таа напред. Го залажува. Тој е воден од инстинктот.) ПРВА СЦЕНА Госпоѓата Дибуа и нејзиниот пес вечераат. Пијано и аргати што пеат. Трпеза со цвеќе. Таа копа во неговото минато. ГОСПОЃАТА ДИБУА: Романскиот емигрант силувал мртва жена. Години со ред ја чекал да умре. Ја следел. Ах, Госпоѓата... Седумдесет и девет години. Три влакна на крст. Денес ја донесоа за капење. Била девица. Три децении поминала во еден манастир во близината на Сан Себастијан, во земјата на Баските. Кога стигнала во Париз почнала да проповеда нова религија, религија на откорнатите, на одродените. Се откажала од Исуса во името на друг Бог. Не знам кој. Има списи. Ќе ги објават. Луѓето влегле по силниот лаеж на благородниот пес кој ридал над мртвото тело на неговата стопанка. Романскиот емигрант им рекол: Таа ми беше Татковина. Единствената татковина во која се враќав. Се заколнав, не ја пуштам во смрт без да ја лишам од лажната чест. Јади, јади малку. И најпосле каква татковина, која татковина. Манијак. Кажи ми мил мој, вардачу на мојот сон, каде ќе се кријам од споменот и ликот на калуѓерката од Сан Себастијан, и какво е тоа молчење копиле едно, пардон, прости ми... ЕРИГОН: Госпоѓо Дибуа ми се повраќа... ГОСПОЃАТА ДИБУА: Бездарник!!! Не ти е срам! ЕРИГОН: Госпоѓо Дибуа, се митарам, ми паѓаат влакна, влакна, влакна... ми паѓаат... влакна... ГОСПОГАТА ДИБУА: Сите архиви ќе ги претресам, меѓудржавни анкети ќе спроведам, ќе развијам коресподенција со најпознатите полициски експерти, има не само во семејната генеза да ти навлезам туку уште подалеку, во пепелта на твоето семе. Каков Еригон, какво е тоа име? Ќе креирам совршено звучно педигре обесено врз твојот обол врат, ќе ти ги расчистам траумите! Се прашувам само како ни се стопија погледите во едно кога те видов во срамежливото и смрдливо ќоше на плоштадот Пантеон, кај што улицата Муфтар се влева во Декарт, Cogito ergo sum, Глупости... Ќе ти го измијам мозокот... Ке ти измислам потекло! Бев вчера во Националниот кучешки сојуз, 203 регистрирани раси, историја на педигре, каталози, библиографија на научни трудови, медицински ориентации и упатства, погребни свечености, правила за подигање надгробни споменици, ценовници на епитафи, интернационални изложби Еригон, каков Еригон... Утре ќе ти го соопштам новото име. Ново име. Потоа ќе се појавиме во Монако, во замокот Екс ан Прованс... Јади, јади, јади. Ти го знаеш денешниот мени. Прифати ја нужноста како слобода мил мој, ќе ја откриеме твојата блескава иднина, врз челото ќе ти сјае нов песји дух и ново песјо време. ЕРИГОН: Ми се моча!!!! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Види ги моите мачки, угледај се, не чуди се, Емилија Лисјен Дибуа и Шарлот Пусен Дибуа, сега се студентки на Музичкиот конзерваториум во класата на професорот Пиер Рок. Едната го пее Берлиоз, другата Вагнер. Нормално. Совршено јасно. Ти ќе ми се влечеш со некои патувачки театри. Разнесувачи на епидемии. И слушај сега, слушај го Берлиоз, начули ги ушите, измочај се ако ти се моча! (Емилија Лисјен Дибуа го свири Берлиоз). ЕРИГОН: Сакам една еребица Госпоѓо Дибуа. Еребица. Од таму од далеку, од некаде... Me чека. Сам сум без неа. ГОСПОЃАТА ДИБУА: Mais pourquoi, on est Francais on est shez nouzs! Пред осум илјади годими се родил првиот осамен човек. Се почувствувал сам по сопствен избор. Можеби уште во утробата на женката во човечкото стадо, што имала задача да го роди. ЕРИГОН: Ми се суши устата Госпоѓо, секачиве ми се сушат! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Се сеќавам кога го напуштив балетското училиште во Жит л кер и кога... потоа дојде Душевната болница во Фонтенбло, потоа Заводот за капење на мртовци, таму побарав спас, во прегратките на лешевите... ЕРИГОН: Одврзете ми го синџиров! ГОСПОЃАТА ДИБУА: И нив устата им е исушена, јазикот врзан! Јас ги возбудувам, им врвам со рачево по ерогените зони, тоа е неискажливо со зборови, така почнав да ја сваќам смртта како играчка во мојата животна привилегија да капам мртовци, но кому му зборувам јас, ти си обично копиле, ти не ја помириса вечерата, разбираш, јас играм околу нив како пеперуга, јас играм и играм, играм Емилија, Шарлот, мили маченца мои и играм наваму, натаму, се вртам ајде мачки бели мои, ајде ... ЕРИГОН: Госпоѓо Дибуа, научете ме да летам! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Ајде, еден, два, три, два, два, три, три, два, три, летај Икар мој, ти си првиот Икар во кучешкиот род, Емилија, Шарлот, напред, назад, ќе летаме сите - Фамилијата Дибуа, напред, назад, еден, два! (Додека игра одекнува звукот на познатото македонско оро - Тешкото). (Летаат. Госпоѓата, двете бели мачки и песот емигрант). ВТОРА СЦЕНА Исидор во Лечилиштето за бездомници. Кревет врз кого е положена восочната фигура на неговото тело. Како да игра околу сопствената смрт. Како да излегува од привидението за самиот себеси. Како да се љуби мртов в уста. Го прашува безимениот глас на милосрдната мадам. Изворите на сомнението. Неговиот поход. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Кога си дојден? ИСИДОР: 1946. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Од каде? ИСИДОР: Од Егејска Македонија. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Како? ИСИДОР: Грција. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Оженет? ИСИДОР: Татко на три деца: Коле, Таше, Евдокија. Мајка им е мртва Баница Леринска, Малина Илинова. Татко ми е убиен во логорот “Макронисис”. Мајка ми умре во Битола, Југославија. Коле - сини очиња, високо чело, коса како коштрева, почнуваше да зборува, ељељум бељељум, дум, дум, каљељум. Таше само гугаше ко писпиле голиштарче. Евдокија имаше само една година, лицето ѝ го изгубив, не, не е тоа, ми бега лицето, со години... Моите деца се во три земји, или можеби во една: Романија, Унгарија, Чехословачка. He можев да ги пронајдам. Тие се живи. Ги бркам. Запишете. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Зошто избега од својата земја? ИСИДОР: Ми велеа дека не постои. (На сцената се појавуваат двајца војници од грчките монархофашисти. Исидор е меѓу нив како неотповикливо сигурна жртва) ПРВИОТ ВОЈНИК: Осуден си на смрт! ВТОРИОТ ВОЈНИК: Ти си предавник на елинистичкиот идеал и мегали идејата. Чудотворец и маѓесник. Проповедаш ерес. Македонски претставленија, буквари, ѓаолски приказни. Затоа ќе го добиеш овој божји нож! ПРВИОТ ВОЈНИК: He гледај ме така. Ќе ти го пресечам увото и ќе завиткам цигара! ВТОРИОТ ВОЈНИК: Ајде запеј: Грк сум, се гордеам и мојата грчка душа секогаш слободно живее! ИСИДОР: Гробов ќе ми биде тесен! ПРВИОТ ВОЈНИК: Ќе те пресечиме на две, на половина! ВТОРИОТ ВОЈНИК: Би требало да пееш додека те колиме, таква е наредбата, ти си јавен човек, мора да има некаков церемонијал! (Тој ја отвора устата). ТРЕТА СЦЕНА Во домот на Госпоѓата Дибуа. Елементи од потеклото на Еригон. Одредување на педигрето. Секретарката на Националниот сојуз на кучешката федерација. ГОСПОЃАТА ДИБУА: Замолчи! Сега ќе дојде. ЕРИГОН: Кој? ГОСПОЃАТА ДИБУА: Госпоѓата Патриција Сиго, секретарка на Интернационалната кучешка федерација, најпознатиот стручњак за одредување на потеклото и иницијалните регистратури на педигрето. ЕРИГОН: Што значи тоа? ГОСПОЃАТА ДИБУА: Ти седи овде, како што си начешлан, дотеран, со благородно влажен поглед, слушај ја музиката со рафинирана возбуда, извесно е дека таа доаѓа со резултат во врска со енигмата на твоето молчење, по ред битни прашања од твоето минато. Сето тоа е матно, темно огледало, ни род ни пород, ни земја ни нација, ни ѓавол ни враг! ЕРИГОН: Госпоѓо заборавив од кај сум. Можеби од таму кај што Сонцето е заспано на мртовечка постела, од едно село во Дарданија од еден плочки закоп останато влакно сум, од Византија, прима, прима, секунда, заборавивод кај сум... ГОСПОЃАТА ДИБУА: Мирен, мирен, мирен. Студенти по социологија вршеле усни и писмени анкети во Латинскиот кварт, меѓу уметничкиот свет и клошарите, за тоа кој и кој, каде и каде зошто и зошто се дружел со таков и таков пес, на таа возраст, склон на очајание, лирска природа, анимално хендикепиран, со име врз ламарина што означува безначајна балканска река, нејзиниот антички назив Еригон или Црна река, извира во Македонија, се влева во Македонија, во истата, лајно од рекиче, со црно име, без иднина, без никакво минато, греот да ѝ го бере Римската империја што ја крстила и законски овековечила. Ништо. Крај. Веќе од вечерва ќе ѝ припаѓашна европската кучешка аристократија и утре ќе ти го закажам првиот љубовен состанок во Булоњската шума, поради каприцот на вечноста мил мој, мој, мој... ЕРИГОН: Co синџир ми го плаќате ноќниот надомест. Ноќе нe гледам. Разберете. Сношти лошо сонувавте. Викавте. Нешто како жар да прскаше од вашата неуморна уста. Јас трчав, лаев по духовите, но ги нема, ги нема. ГОСПОЃАТА ДИБУА: Ќе ти купам ноќни очила, така ќе ги распознаваш духовите. На пример доаѓа мртовецот Тој и Тој и ми вели: Ежени Плењер Дибуа зошто тогаш постапивте така со моето мртво тело и го направивте неупотребливо ни во рајот ни во пеколот. Проклета бидете грешна Ежени. Тие доаѓаат голи и облечени во волчешки кожи, ми ја пијат крвта и бела крв тече низ моите жили, но jac не сум виновна, ни мојот персонал, но за миг барем заборави сè, тоа е ништо, хигиена на смртта... Пред тебе се отвора мил мој единствената можност да бидеш пес-витез, стражар на мојот сон во борба со... (Се слуша ѕвонење. Влегува Патриција Сиго) ПАТРИЦИЈА СИГО: Добро вечер господине, госпоѓо. ГОСПОЃАТА ДИБУА: Ох, колку сум благодарна мадам Сиго, штотуку мислев на Вас. Да ти го претставам. Тоа е најдениот... Погледни го Патриција има нешто необјасниво во него, неизречливо. ПАТРИЦИЈА СИГО: Има ирски очи... медитеранско влакно... чудо... чудо... меланхоличен поглед, лирска отсутност, полски чемер, балканска јад и остроумност, скандинавска дистанца, и ариевска егзактност. ЕРИГОН: Canis lupus macedonicus! ПАТРИЦИЈА СИГО: Be уверувам мила Ежени, вон сите 203 регистрирани раси, групи и подгрупи. Тој е чудо. Ви велам Ежени, човекот беше уште на дрвјата, мајмун и човеколик не беше уште а Песот нумеро уно на Божјата креација... Постојат археолошки докази Ежени, Песот го одбра Човекот а не Човекот него, тоа се случи во делбите на пленот низ шумите, кога тргнаа во лов... Та овој, Најдениов е европско чудо, јас го носам педигрето, насмејте се сладок мој, пример без преседан во Интернационалната кучешка федерација од нејзиното формирање на 10 април 1921 година. ЕРИГОН: Вие сте мртва кучешка контеса или жива кучка на функција? ПАТРИЦИЈА СИГО: Чувајте го заклучен! ЕРИГОН: Кај ви е Црниот катанец, го носите ли обесен на Вратот, подајте ги рацете, не кријте ги ноктите, заријте ги еве, во моево лице, заклучете ме, прејаден сум, доста ми е од вашата Слобода! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Засрами се просто копиле!!! Куте, куте, куте ! ЧЕТВРТА СЦЕНА Во лечилиштето за бездомници на Исидор Солунски му се враќаат мртвите спомени на Проштевањето. Немиот плач во него и песната Црна Река. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Започнете ја операцијата! ПРВИОТ ВОЈНИК: Продолжуваме со сослушувањето. Натаму. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Преместете ја лунарната вена. He трошете попусто. ВТОРИОТ ВОЈНИК: Кажувај. Кој ти рече? ИСИДОР: Ми умре врапче голиштарче в раце, топла му беше смртта како родена мајка да му беше... He знам... Во јули командантите на баталјоните „Вичи” Арианос и Керавнос го убија лично едно момче од Прекопана, тоа се молеше, „праштајте јаска не сум крив”... He знам сега ми студи овде, полојнава ми е пресечена, еве гледам... Незнајно пиле оти ми умре в рака... He знам... ПРВИОТ ВОЈНИК: Како сакаш да те колиме - в долж или в преч? БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Тампон. Притисок. Attention, attention! ВТОРИОТ ВОЈНИК: Повтори! ИСИДОР: Изложение од Штабот на македонскиот баталјон „Гоце” до Главниот штаб на Народноослободителната војска на Македонија. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Скалпелот!!! Што станува со пулсот!!! ПРВИОТ ВОЈНИК: Читај! ИСИДОР: Образувањето на Антифашиското собрание за освободувањето на Македонија и на првата свободна македонска држава се работи од големо значение и полнат душите на секој еден Македонец, дори и на тие Македонци шо у овој момент немаат к’смет да живејат радосни ова историческо собитие во атмосферата на свободна Македонија. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Газата!!! Враќајте. Наближува крајот! ВТОРИОТ ВОЈНИК: На што се мисли? ИСИДОР: Се мисли на тоа што е, на Титова Југославија. ПРВИОТ ВОЈНИК: Овде нема Тито. Овде се режат глави! БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Скалпелот остана внатре! ВТОРИОТ ВОЈНИК: Додаток кон пресудата: Обвинетиот е Титов шпион. Додаток за нашиот водач Карагеоргиу. ПРВИОТ ВОЈНИК: Монархофашистичката организација „Кралски даб” денеска на ден 19 март 1946 година во името на Господ Бог и Светиот дух и Новозачнатиот син негов во месноста Волков продром, Грција на север, Грција на југ, ќе го заколи и ќе го положи во гроб, вудве за да не може де се соземе и мртов, богословот, попот, артистот и комунистот, партизанот Исидор Солунски! ВТОРИОТ ВОЈНИК: Наредбата беше со песна! ПРВИОТ ВОЈНИК: Така рече Карагеоргиу! ВТОРИОТ ВОЈНИК: Песна, песна, песна !!!!!! (Од неговото распетие излегува Човек во црно со глас на Дете и пее.) Меѓу планините од мермер Една Црна река, Меѓу црните планини Пат од вар. На патот од вар, Еден патник со стапала изгорени Вика: Александар! Александар! Планините од мермер Црната река И зелените ливади се одгласуваат: „Македонија! Македонија!”* • Автор на сонгот е романскиот поет Морин Сореску ПЕТТА СЦЕНА Тревога во домот на Мадам Дибуа. Анкетата за Исидор. Кој е сопственикот. Одредување на педигрето. ПАТРИЦИЈА СИГО: Ги пребаравме улиците Муфтар, Декарт, Сен Женевјев, Политехничката академија, улицата Карм, Сорбона, Валет, Монж и уште некои. Се појавија 23 можни сопственици, елиминиравме 21. Постојат двајца што сериозно нè загрижуваат. Едниот е новинар во весникот “Распнатиот сколовранец”, другиот е извесен артист на еден патувачки театар. Новинарот вели, штом се работи за мистериозен пес тој мора да е од кругот на моите интимни пријатели. Како би живеел без валканите улични пци што ми ја даруваат сопствената љубов. Вториот артист. Странец од Балканот. Млад. Болен, исцрпен, опустошен. За него по враќањето од болница ќе се грижи сопственикот на театарот Ил театрино на Монпарнас, неговиот заменик, јакобинец, лоша крв Ежени, се заканува, вели, ќе го запалиме Париз за да го пронајдеме тој Пес, тажен пес. ЕРИГОН: Ќе го нацртаме Париз на Небото од Пепелта што ќе остане, не грижете се ние мислиме на Иднината, нашата душа, мадам, нема да го допушти тоа, ние сме толку богати со несреќа, ви ветувам Париз нема да гори, што се однесува до мене... ГОСПОЃАТА ДИБУА: Емилија, Шарлот, одведете го! Тој збеснува. Патриција, немојте ве молам.Tој разбира. ПАТРИЦИЈА СИГО: Па тој зборува човечки. ГОСПОЃАТА ДИБУА: He само човечки, тој зборува француски без акцент. ПАТРИЦИЈА СИГО: Ох, колку гордо звучи тоа! Пес што зборува човечки а плус тоа и француски! ЕРИГОН: Вие не го слушате мојот збор, низ мојата уста сега тече сон, еве светулка ми слезе во срцево, не можам пред вас да го отпретам темното предиво на мојот јазик, не ме разбирате, немам сила да Be презрам... ГОСПОЃАТА ДИБУА: He, мил мој смири се, не... Дај ни малку време! ЕРИГОН: Каде е Тој, што знаете за него? ГОСПОЃАТА ДИБУА: Мисли на себе. Ти ќе бидеш слободен и мој. ПАТРИЦИЈА СИГО: Применете ги сите нормални санкции, ве молам. ГОСПОЃАТА ДИБУА: He грижи се. Мисли на твојата строго доверлива стража, на мојата ноќ. На вратените мртовци со кои треба да се давиш. Признај ми, тоа е сепак прилика со оглед на твоето потекло, тоа е исто како да немаш ништо, каква земја, за нас Македонија е мешана салата a Балканот грав со овчко месо, тоа е одвратно, не очајувај судбината е сепак непознат пат и најпосле јас те љубам, нели Емилија, нели Шарлот, ние го љубиме нашиот принц! ПАТРИЦИЈА СИГО: Немаме време. Пред сè твоето педигре! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Ќе му го кажеш името? ПАТРИЦИЈА СИГО: Да работиме постапно, смирено и гордо. Пред нас е чуден феномен. Тоа е човекопес или песочовек. Господи, господи, смилувај се, кучешки човек или човечко куче! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Мадам Сиго S’il vous plait, a? ПАТРИЦИЈА СИГО: Ќе ги изговорам сите имиња со посебна возбуда, со пиетет. Следете ме: Франсоа, запомнете Франсоа, Франсоа, Фран-со-а, Дифрен Жакоб Дибуа, вонсериски регистерски број 1146-118, Мак-43 Артес Меланколикус. Те одредувам за делегат на Националната кучешка делегација на Франција, ополномоштен претставник на Европскиот конгрес на кучешките права и слободи на XX век што ќе се одржи од 18 до 26 декември некаде во Средна Европа, под високото покровителство на претседателот на Интернационалната кучешка федерација, прославениот пес, фелдмаршалот, англискиот булдог од словенско потекло Сигфрид Поњатовски Балтимор Арденин. ГОСПОЃАТА ДИБУА: Но, мадам Сиго, вие ќе нè задолжите за вечни времиња, засекогаш. ПАТРИЦИЈА СИГО: Твоето експозе ќе го одреди националната кучешка комисија според информациите дадени од Госпоѓата Ежени Плењер Дибуа, сопственик на Заводот за капење на мртовци, улица Блондин 67, Париз19. ГОСПОЃАТА ДИБУА: Емилија Шарлот, але, але, але. Црната миса и Белата миса. Свирете, свирете, Веднаш, веднаш, веднаш. ПАТРИЦИЈА СИГО: Мадам Дибуа ве бакнувам. Франсоа Дифрен Жакоб Дибуа иднината е твојот Бог а ти Господар што лае во заштита на нејзиниот сјај! ЕРИГОН: Молчи. Да не те слушам! ПАТРИЦИЈА СИГО: He плашете се ќе најдеме заеднички јазик! ЕРИГОН: Во чија уста се наоѓа и кога треба да биде пресечен нашиот заеднички јазик? ПАТРИЦИЈА СИГО: За сè навреме ќе бидете известени. ГОСПОЃАТА ДИБУА: Ви благодарам. ЕРИГОН: Сакам да умрам! ПАТРИЦИЈА СИГО: Тоа е миговна слабост! ГОСПОЃАТА ДИБУА: He прекрасен мој, речи не, речи не сакашда умреш, та нема сега да умираш кога цела кучешка Европа виси на твојот врат... ПАТРИЦИЈА СИГО: Дозволете ми, какви се тие сентиментални драми, тоа ѓубре од сомненија, ве молам, смирете се по ѓаволите Франсоа, Франсоа Први, Франсоа Кучешки Први, та биди добар, нежен, наш, беспрекорен, рафиниран, цврст, јас си одам, Be напуштам, дозволете ми, до видување. ЕРИГОН: А кој рече, некој рече, Артист, кога, каде, што? ПАТРИЦИЈА СИГО: Нашата тајна полиција веќе ги следи сите патувачки театри. Ние, пците од високиот род сакаме човечка, плус тоа и интелектуална послуга. До видување. ЕРИГОН: И дојди Ти сега незнабожен бесу да си ја видам јамката како се ниша обесена на вратот од Кучешка Европа. Да подзинам и голтни ме ламјо на Времето што го барам. И колку болно звучи тоа што немам народ кој ќе ме слави. На едно буниште, кога прегладнет, во туѓи очи сопствените ги копав, јас знаев, госпоѓо Патриција Сиго, Париз ќе ме голтне и ќе ме поврати пред да го видам него, големиот Исидор, за нас нема враќање, порачајте ми ковчег од Безбог. Гледајте ми го рогов меѓу очи Госпоѓо Дибуа. Сакам да умрам Госпоѓо Дибуа. Помогнете ми некако да си го прегризам вратов. Еве вака. (Крикнува силно. Звукот е ветер што разнесува сè.) ШЕСТА СЦЕНА Сонот на Исидор. Живи рани во провидението. Првата претстава во Париз. Зрното на прокобата. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Внимание! Од главата извадете го спроводникот Ц-6, ставете го во функција вештачкиот бубрег! Продолжете со исказот! (На Сцената се појавуваат артистите од неговиот патувачки театар, Цезар и Самса). САМСА: Доброволен прилог за Театарот Некролог М. Соберете дошто имате трошка во џебовите и потца меѓу прстите, ќе настапи Тој, големиот и бездомен Исидор! ЦЕЗАР: И ноќта влезе во Дворецот Аргос, ноќта и ќерките на ноќта, Ериниите со нивните пци, со пците и артистите! САМСА: И немаше закони и немаше време, на темен дележ, на бесрамен раскол, пците и артистите на грб си ги носеа гробовите. ЦЕЗАР: Вашиот град има осум милиони пци и дванаесет милиони мачки. Кажете како да живееме во таа pea, ние артистите, луѓе без татковина. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Што се случува со вас! ИСИДОР: Си била еднаш една земја во еден свет. Во земјата еден пес. Во песот еден човек. Дошло грдо време. Се разболел човекот, се разболел песот, пците од песот, луѓето од човекот. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Останете неподвижен! Мислете на сопствениот живот! Соработувајте! ИСИДОР: Бродот беше преполн со месо. Како да беше заклан цел еден народ. Течеше толку темна крв. Сето Средоземно море се претвори во кланица на нашата надеж. ЦЕЗАР: Како изгледаше првата Претстава на Театарот Некролог М. во Париз. Во тек е Париската мировна конференција. Светската дипломатија е повторно опседната со мирот што треба да се дели. Зависи кој колку ќе добие. Доаѓаме Јас и Самса. Го најавуваме Исидор. За време на Паузата најбрутално сме исфрлени од Чуварите на Луксембуршката Градина. САМСА: Разговор меѓу Разметниот син, Господ и Татковината. Сцена наречена Балканска романса. ЦЕЗАР: Јас сум сега тој што ќе го прашува. - Чедо мое зошто ти не ја разбираш мојата судбина? САМСА: Те презирам. Тебе Татковино затоа што не постоиш, забрането е да постоиш од хумани причини, а тебе Господе затоа што те имам погребано во моето срце. Повеќе не ми требаш. ЦЕЗАР: Ceгa ќе ја прикажеме Сцената Лудвиг Баварски - Кралот на несреќата колективен труд на група емигранти пишувана 1946 година во надреалистичката кафеана Клозери де Лила на Монпарнас. САМСА: Која сцена? ИСИДОР: Кралот Лудвиг Баварски наредува, неке биде полноќ! БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Прекинете ја операцијата. ЦЕЗАР: He e cè уште ноќ, височество. ИСИДОР: Прекршете ја ноќта сосила. САМСА: Немаме алат. ИСИДОР: Вратете назад, уште назад! Повторете ја, и повторувајте ја секоја ноќ церемонијата на моето крунисување, условите, законите, обичајните права. Повеќе не зборувам. За секој мој изнуден збор ќе ви сечам уво, нос, грло, грчманик, врат, прсти и мочалото ќе ви го сечам ако треба!!! ЦЕЗАР: Така играше тој додека не ни отиде во Лечилиштето за бездомници. Инаку, во принцип, Тој не беше за политички театар. ИСИДОР: Навади ми ја душава малку, милосрдна мадам. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Запишете Делириум. Тој умира. Допуштено му е да се збогува. Поздравете се! СЕДМА СЦЕНА Прошетка низ Заводот за капење на мртовци. Еригон заминува. Црни облаци во неговиот песји ум. Средба со лешот на неговиот сонародник. ГОСПОЃАТА ДИБУА: Празник мил мој, празник во нашиот дом. Стаса официјалната потврда за твоето учество на Европскиот конгрес на кучешките права и слободи на XX век. ЕРИГОН:Кај ќе ме водат? ГОСПОЃАТА ДИБУА: Доаѓај по мене, чекори претпазливо и мудро. ЕРИГОН: Ене онде прелета еден був Госпоѓо Дибуа, да не е мртов, да не не е искапан. ГОСПОЃАТА ДИБУА: Тишина! ЕРИГОН: Зошто? ГОСПОЃАТА ДИБУА: Сега ќе ми бидеш сведок. Гледај убаво. Ова е мојот Завод. Се плашам никогаш да не не умрам. Има уште недокапани, некои оставени со години, криза, голема криза, светска економска криза за течноста што ги одржува. Ги вариме за сапун. Ќе ги слееме сите самотници во една содржина, нека знаат дека не се бега од дадената и призната кожа! ЕРИГОН: Кој е овој Госпоѓо Дибуа? ГОСПОЃАТА ДИБУА: Автор на три романи. Мртов по своја волја. ЕРИГОН: Блазе си ви со ваков мртовец. ГОСПОЃАТА ДИБУА: Заобиколен од наградите на Француската академија, од наградите Гонкур, Ларус, Медиси, Макс Жакоб, Грасе, Фламарион, Пуф д Франс, од сите награди по ред зашто, рече, дека тие се венци за слабите, за конформистите, за властодршците што и ги лижат женските мадиња на Академијата, на нејзините патронажи. Ние живееме во изнајмен свет, велеше, изјавил еднаш во Франс-соар дека сака да предложи нова поделба на знаењето на Човекот и Светот само на два дела: Историја на власта и Историја на уметноста! ЕРИГОН: Кој ви го донесе? ГОСПОЃАТА ДИБУА: Брат му. Тој е претседател на фондот што се формира по неговата смрт. Се работи за благотворен фонд што ќе инвестира потфати за колективни самоубиства под геслото: Животот - ѓубре на човечките идеи! ЕРИГОН: Кај ви е водата. Можеме да го докапеме. ГОСПОГАТА ДИБУА: Тоа не е вода, колкупати сакаш да ти повторам? ЕРИГОН: Кој е овој? (Трча како попарен), оној таму, кој беше тој? Познато ми е ова лице, великодушна госпоѓо, сопственичке на привремениот број незакопани мртовци, пардон недокапани, ова лице како да сум го видел некаде и кое е ова лице, од каде е она другоно, она таму и ова овде и уште потаму и уште овде? ГОСПОЃАТА ДИБУА: Те доведов да ги видиша не да правиш попис на моето богатство пресметано во смрт! Жива мера на немиена смрт! Те предупре-дувам мил мој песу, болеснику од меланхолија вулгарис, мил мој Франсоа Кучешки Први што ти одредив имот на блескава иднина не гледај натаму, не, не, таму, гледај во моето лице! ЕРИГОН: Зошто никаде ме нема меѓу нив. Гледаш колку им недостасувам! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Остави ги моите клиенти! Те чека Конгресот, нови познанства, нов воздух, Емилија, Шарлот, подгответе ги новите куфери, светлите и темните очила, приборот за бричење и потстригнување, нега на забите, дезодоранси, кремови и помади, свечениот обелиск со темните букви на педигрето, лектира исклучиво класична, контрацепција, топломер, тоалетна хартија, хартија за пишување, нотес за импресии, музичка кутија. Црна папка за текстот на твоето соопштение. Врз твоето чело ќе го залепиме фамилијарниот амблем со бројот во кучешките анали 1146 - 118 Мак 43 - Артес Меланколикус. ЕРИГОН: Кажете ми од каде ова лице овде и овој што ме стрела со очите, и овој виј од далеку и од блиску и овие секачи што ми се точат и овој ветер што ме ежи, од каде сето тоа во Вашиот Завод, кој ви го донесе, та сето тоа личи на Родниот дом на самата судбина. ГОСПОЃАТА ДИБУА: (Низ морничава смеа) Каков сјаен почеток на твојот говор! ЕРИГОН: Сега гледам. Благотворен монструм. Ќе се чувствувам виновен ако останам жив. Зошто ме прскате со мртва крв во очиве...? ГОСПОЃАТА ДИБУА: Ти забранувам да гледаш. Ослепи се, занеми се, другото останува тајна, тргнувај пред мене, си одиме, ќе не надмине ноќта ќе се појават моите работници што ги плаќам на парче, колку капани толку франци, без пресметан данок на осигурување. ЕРИГОН: Кои беа тие што се вратија, зошто беше заглушена, зошто го чуваш ова купиште, како ги прекупуваш, ти ли си Берзата на смртта, како ги препродаваш по нации или по определби? ГОСПОЃАТА ДИБУА: Од сета плејада мртовци никој не ми го постави тоа прашање, тоа извикано и отровно, ох што дочекав во својот Дом, Европа нема време да мисли на сите бубачиња и штеточини од условни народи и нации што и го забија смртниот нож во нејзината престиж! ЕРИГОН: Каков е приливот на мртовци од балканските земји? ГОСПОЃАТА ДИБУА: Ги има сосема малку. ЕРИГОН: Кога го капевте најпресниот? ГОСПОЃАТА ДИБУА: Вчера. Дојдоа двајца. Донесоа трет. Тој зборуваше како тебе. Македонец рече со одземен грчки пасош, шивач, роден во Едеса, во Воден разболен и умрен по своја вина. Никој не му е крив. Фрлете ме во Котелот за варење сапун - ми рече. Имам пари - ќе ви платам. ЕРИГОН: (Врти со секавична брзина околу местото на замислениот или реален труп). Да не го познаваш Исидор Солунски, да не ти е роднина, светијон или побратим или некое далечно колено, да не сте крстени во иста вода, сè ми се чини како да те знам, разбуди се, сум те изгубил, можеби сум и јас виновен, кој те препорача во оваа фабрика на смртта, кај мојата сопственичка, опули ми се во очиве, ти сигурно знаеш да кроиш џамадани и клашенци и везени кошули, миленик си можеби на Бога, та затоа сакал да те крене во своите двери, да ти го даде небото за татковина, шири се колку што ти душа сака... ГОСПОГАТА ДИБУА: Биди спокоен, погали ме еве овде и овде, насекаде, раскини ме за да знам дека сум сè уште жива. ЕРИГОН: (Сè уште кружи околу трупот). Што ќе беше ова, јас да вијам над твојата мртва крв а ти да не ме слушаши да не ме гледаш, уште помалку да ми веруваш, како не се знаевме од порано, зошто не остави адреса по париските ѓубришта, ќе те најдев под дрво и под камен, ќе те најдев меѓу еврејските буништа од кожи каде што си ја шиеше сопствената судбина. ГОСПОЃАТА ДИБУА: Но, престани насилнику, еве ги ѕвонат, некој доаѓа, тоа мора да се тие, Емилија, Шарлот, отворете, нека влезат и свирете нешто некаква разделба, добар ден мадам Сиго, добар ден господине Ламбриш, простете ми тој е малку возбуден кружи околу некоја мртва крв, но ќе му мине, тој е возбуден од Конгресот на кучешките права и слободи на Дваесеттиот век, дозволете му да се возбудува од својата јавна средба со Европа, та тој ќе говори, мора да се вежба! ЕРИГОН: Зошто никој не ми кажа низ колку премрежиwа си се проврел и од каде си доаѓал за да се сретнеме овде, не можеше ли ко човек вратот со ножици да си го пресечеши самиот да се скроиш, за таму кај што си се ветил. ГОСПОЃАТА ДИБУА: Престани!!! ЕРИГОН: Тој ми кажа нешто, што рече, повтори, не те разбрав, жити крстот повтори, господа тој навистина нешто зборува, го слушате ли, господа, молчете, тој зборува! ПАТРИЦИЈА СИГО: Донесете го синџирот со амблемот, бројот со катанец и ознаките! ЕРИГОН: Некој ми го украде зборот што го чув! Вратете ми го зборот! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Мадам Сиго, Господине Ламбриш, тој доаѓа, тој е болен од кучешка логореја, ќе му помине, тој добива хуманизирани напади во вид на јата броеви, тој јаде броеви, понекогаш се храни со пеперуги. ПАТРИЦИЈА СИГО: Проверете му ги исправите! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Направете пат, широк пат ве молам, синџирот молам, синџирот придржете му го ах, твојот антички врат, како се викаше земјата кај што си роден, со која буква почнуваше не се сеќавам, та таа ли дојде да говори во името на француските пци за слободна кучешка Европа!?!? (Мракот се распрснува во силна светлина. На сцената се пак тие. Тој се двоуми меѓу длабочината на сцената и Публиката. Co синџирот и торбата на рамо црна од неговиот лаеж тргнува во Искушението) ЕРИГОН: Збогум, збогум (Влегува доверливо лице од персоналот на Госпоѓата Дибуа и со крајно покорен поглед што прашува се обидува да ѝ се обрати). ГОСПОЃАТА ДИБУА: Веднаш испратете наши луѓе во Лечилиштето за бездомници. Нека се поведе строга контрола кого примаме! Сноваат разни штеточини низ Европа, емигранти - мали народи, луѓе и пци од разни комунисти, терористи. Внимание! Да не повторувам! Известете ме што станува! ОСМА СЦЕНА Како Исидор Солунски ја виде Црна река да тече на Монмартр. Артистите од Некролог М. сè уште гостуваат во неговите привиденија. Ги виде или не своите деца додека во креветот на Лечилиштето за бездомници мислеше дека го игра Лудвиг Баварски – кралот на несреќата. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Нека се разбуди кралот Лудвиг Баварски. Му дојдоа старите гости. Промена на доводите на крв. Продолжете. САМСА: Театарот Некролог М. е подготвен да се спротивстави. Ги напуштаме старите теми. Тргнуваме во Универзала. Да живее Универзалата! ЦЕЗАР: Никој веќе нè не бркаше од Луксембуршката градина. Дипломатите се вратија дома. Светот повторно беше поделен. Но... ИСИДОР: Почнете! САМСА: Но, Ваше благородие, ние немаме сили. ИСИДОР: Изумрете сите ако немате сили, ќе Be погубам! ЦЕЗАР: Но Кралу, ние со Ваша дозвола играме само една приказна и устите павлага ни фатија и зборовите што ги кажуваме веќе се смрдени и мувлосани, дај ни да смениме малку зборови, сонот доаѓа во различно време и од различен збор, допушти ни кралу! ИСИДОР:Не може! САМСА: Народе, легни на земи. Народе лежи. Падни во очајна радост и гледај во својот крал. ЦЕЗАР: Имам идеја Ваше благородие и ќе ви ја кажам. Ајде да заколеме две илјади деца! Така чини, пролетен празник е зелен, имам впечаток господару дека се раѓа грешен народ кој треба да се кастри, да заколеме две илјади деца од областа на Големите езера оти од таму се раѓаат побунети и востанати, просто треба да ги забраниме децата во тие региони на нашето кралство, за да не си го срамиме лицето на нашата Татковина. ИСИДОР: Да!!! Што чекате!?! Да!!! САМСА: Како да се колат, во групи или едно по едно. ИСИДОР: Во групи... не... едно по едно... Главчињата набашка, рацете, нозете, трупчињата... (Се слуша хор од деца што патуваат во фаталната претстава за рајот). БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Исклучете го високиот напон. Избришете му ја внимателно потта. Вклучете ја плазмата! ИСИДОР: (Како обраќање no безимениот глас). Те сонував Еригон, ја сонував Црна река како потекла од Црни врв, водата бела како билјурен камен и слегува во мене во Париз. Ѕвонеа камбани, клепаа, и водата мртви како да ми ги донесе Ташета, Колета и Евдокија, сигурно смртта им умрела, и им се отворија устињата, почнаа да ме бацуваат и тогаш дојде Ти од некаде ги видов Цезар и Самса и кога се сетив на Лудвиг Баварски, кралот на несреќата јас заборавив дека играм... Вратете го сонот, повторете го сонот, сцената со децата ве молам... Се друго повторно, се, на сцената Лудвиг Баварски, кралот на несреќата... Оживете ги сите мртви, оживете ги децата, нашите деца!!! (Го враќаат во креветот. Неговата пресуда е изречена. Стражарите на болестаја враќаат тајната во својот жив гроб). МЕЃУ СЦЕНА: ИСТОЧНИТЕ УЧИЛНИЦИ Школски ѕвонец. Деца од7 до11 години. 10 на број во училница на источните земји. Учителката, инструкторка на Комунистичката партија на Грција ги учи децата на грчки јазик. Потоа на: полски, чешки, романски, унгарски, руски. Реченица: Добар ден. Каде одиме? Во средишниот простор е поставена школска трпеза за јадења. На ѕидот, огромен портрет на Сталин. Децата со црни облеки и бели околувратници треба да го започнат оброкот. Нестрпливо се редат околу трпезата. УЧИТЕЛКАТА: Прво ќе научите грчки а потоа ќе јадете!(грчки букви) Сите пред мене, Песната од вчера. Грк се родив и Грк умира. (грчки букви) (Децата повторуваат) УЧИТЕЛКАТА: Повторете: Да живее комунистичката партија на Грција. Да живее другарот Сталин. (грчки букви) Вашиот втор мајчин јазик. Реченица: Добар ден. Каде одиме? полски: Dzien dobry. Gdzie idijme? чешки: Dobry den. Kamj deme? романски: Buna ziua, unde mergem? унгарски: Jo napot. Nova megyunk? руски: Здравствуите! Куда идём? Повторяите за мнои! Привет... Прошу вастишину! Повторяите все вместе громко и сложно! Привет товаришу Сталину! Едно по едно децата ја повторуваат дадената реченица на односниот јазик усно или на Црната табла. На крајот седнуваат околу трпезата и жедно го започнуваат својот оброк од останатите канчиња на Втората светска војна, во звуците на сталинистичкиот марш. ВТОР ДЕЛ ДЕВЕТТА СЦЕНА Пристигнување во градот на европската кучешка канонада. Церемонијален дел. Отворање на работниот договор. Интернационална кучешка химна. Амфитеатрално распоредените кучешки делегации го очекуваат почетокот на Европскиот конгрес на кучешки права и слободи на Дваесеттиот век. Нетрпеливост. Разни кукли и украсни форми, од сите кучешки групи и подгрупи. Во фонот огромни кучешки портрети на фелд-маршалот, англискиот булдог Сигфрид Поњатовски Балтимор Арденин. Од петте столови на централната маса празен е само еден. Од страните седат делегатите на националните кучешки организации. Пред секоја стои име на земјата штоја претставува. Еригон седи од левата страна. Влегува фелд-маршалот. Бурно лаење. Тој ги смирува. На говорницата излегува еден од работното претседателство. Кучки и пци, дами и господо! Дозволете ми да се претставам: СВЕТИ БЕРНАР ЛИОНЕ БЕРСО ДЕ РУЖМОН: Поминаа 5982 години, тоа беше 4000 години пред Исуса Христа, од денот кога Етиопјаните го избраа за свој крал нашиот Возвишен и пресветол Бог, неговото Височество, песот Диндониус. Поминаа кучешки 5982 години до човечката 1982 од денот што е означен како прв во Универзалниот кучешки календар и поминаа епохи што ја сееја славата на Нашиот бесмртен род за да не сретнат во овој прекрасен средноевропски замок во Билефилд, горди на своето кучешко име и на традицијата, нашата неприкосновена слобода. До Европскиот конгрес на кучешките права и слободи на Дваесеттиот век поздравни телеграми испратија 54 национални организации од сите континенти кои во името на останатите триста милиони пци вон Европа ни посакуваат успех во нашата работа. Конгресот ќе го отвори неговиот висок покровител, англискиот булдог, фелд-маршалот Сигфрид Поњатовски Балтимор Арденин, претседател на Интернационалната кучешка федерација. (Текстот тече на англиски, француски и руски) ФЕЛД - МАРШАЛОТ: Дами и господа! Бескрајно сум среќен што се наоѓам меѓу вас, во Европа, во старата дама на универзалните текови на цивилизацијата, во време на неповторливите вистини на нашата кучешка благосостојба на духот во која имаме чест да бидеме вардачи и градители, подвижници и воздигнувачи, прославувачи и законодавци, чувари и бранители. (Бурно лаење) Интернационалната кучешка федерација го изразува своето огромно задоволство од единството што постои во нејзините редови, единство дами и господа што е нашата најплеменита инвестиција во Иднината, кон која стремиме со сите свои сили и можности. Го нарековме овој работен договор Европски конгрес на кучешките права и слободи на Дваесеттиот век. Векот не е завршен. Но ќе заврши, дами и господа, ви ветувам, тој ќе заврши. Пред нас во Европа, оваа древна и вечна Родителка на Светот и Историјата се отвораат просторите на најголемите победи и реафирмации низ кои минува стварноста на идеалите, што треба да ја скамениме! Да ја направиме вечно неменлива, заштитена од деструктивните елементи што сакаат да ја поткопаат користејќи револуционерни средства, различни средства, дами и господа не им е срам, нека се засрамат! Го прогласувам Европскиот конгрес на кучешките права и слободи за отворен! СВЕТИ БЕРНАР: Нашата безмерна благодарност кон зборовите и присуството на Претседателот на Интернационалната кучешка федерација со чие што име денес се гордее и најмалото куче во последниот кат на Земјава. Најнапред предлагам да го усвоиме Деловникот за работа на Конгресот што ќе рече: Колкава е слободата на нашите права и што треба да содржи Правилникот за Кучешката слобода на Дваесеттиот век. Be молам! Простум! Јас сум човек - пес твој и немој да имаш други пци освен мене! He изговарај го напразно името на човекот твојот врховен пес! Ти немаш татко и мајка, а имаш Сопственик на твојата Слобода, Родител и мислител на твојот гнев. He раскинувај ги веднаш но постапно и темелно тие што треба да бидат убиени. Туѓото сакај го за да знаеш што е твое! He мочај лево! Ви благодарам! Седете! Уводен реферат ќе поднесе прославената кучка Андилена Ариер Анаван која ќе говори на тема: “Развојот на педигрето во Европа во текот на ХХвек.” Повелете! АНДИЛЕНА АРИЕР АНАВАН: Дозволете ми најпрвин да ја цитирам дефиницијата за педигрето што ја даде англискиот булдог, фелд-маршалот Сигфрид Поњатовски Балтимор Арденин во третиот том од неговите собрани дела на стр. 147 под наслов “Универзален кучешки календар”. Цитирам: “Педигрето е најголемата придобивка на кучешката историја што трае неколку илјади години. Тоа е првиот предуслов за големата иднина на кучешкиот род, огледало на неговиот совршен конформизам, што ќе рече неговата слобода!” Статистичките податоци зборуваат дека во Европа, XX век е богата жетва на високата чест на нашиот род, чијашто генеалогија достигнува безгранично позитивни резултати. До 1930 година Европската книга на потеклото содржи 1126 регистрирани видови на кучешки иницијали кои се делат во различни групи и подгрупи од кои 12% во пораст кон 34%, 27% се движи кон 13%. Во тенденциите на современите барања и потреби, педигрето доживува расцут пo Втората светска војна сè до денешен ден кога двојно и тројно и четворно, дами и господо е зголемен бројот, простете ми што ја соопштувам кучешката стратешка тајна 4 368 723 педигреа од кои блеска челната ѕвезда на среќата, пред кои се постилаат патиштата на благосостојбата, законски заштитена и неуништива! СВЕТИ БЕРНАР: Го повикувам неговото свето височество кардиналот Донатело I, врховен претставник на европскиот кучешки клер да зборува на тема: “Верската сомилост и разбирање на различните религии -сигурен пат кон Божјото кучешко единство” КАРДИНАЛОТ ДОНАТЕЛО I: In nomine patris etfilis et spiritus sanctus. Amen. Стадо мое! Ce собравме овде пo волјата на Создателот, да ја обединиме во верноподанички спокој нашата заедничка Европа - нашата Родителка и Татковина што ја чуваме од разните можни јадачи на нејзината света и неповредлива доблест! Се народија безверни, безбожни и други семиња, се нарекоа народи, за да го продлабочат злокобниот јаз меѓу Источното и Западното царство, за да плукаат и хулат, за да додаваат и измислуваат Богови а ние имаме сомилост и треба да ја одржуваме, да ја негуваме, зашто во густ мрак е скриено присуството на нашиот вечен и неменлив Диндониус, Диндониус, Диндониус. Силата на нашите разлики е надмината; да се претвориме во едно, под една света управа да го организираме нашето лаење со право на посебност во слоговите и завивањето. Нека се распространи нашиот возвишен и непатворен јазик од Ватикан до Константинопол да ги свикаме илјадагодишните собири, време е веќе на оваа кучешко божја вселена, и да продолжиме да живееме, едните доаѓајќи кон другите, барајќи го својот Бог. Но, треба да се знае, постои казната која ќе биде последниот нож, забоден во расколебаниот грешен пес. Бидете благословени од врховниот поглавар на европскиот кучешки клер, од мене стадо мое!!! (Простум. Кучешка симфонија во А-мол) ДЕСЕТТА СЦЕНА Пеколната жед на Исидор Солунски. Зошто не му навраќаат река во устата. Сонот за Магна карта либертатум. Појавата на Малина. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Останете неподвижен. Управата на Лечилиштето за бездомници во Париз ќе биде принудена да ви го откаже своето гостопримство. Вие сте единствен случај. Та вие јавно сонувате!!! (На сцената се појавува Малина. Во шамија, со бовча.) МАЛИНА: Дојди и вовлечи се во мојот гроб. Барем од земјата не можат да не искорнат. Ќе си се претвориме во родна почва, ќе раѓаме босилек и здравец, боливач и сил, ќе раѓаме џунџулиња, дудумани, не можеме веќе деца, уште да можеше деца да излегуваат од гробовите, имаш ли абер за нашите, дојди си преку вода, испиј го, исуши го Белото Море, дојди си преку земја има темјан во камарчето во црквата недотурната, така здивот ќе ти го познаам, донеси ми бела шамија за на Дуовден, сега никој не се жени во Баница леринска, не се мажат, донеси ми бела шамија и црно гушаре и од таму викни, барем викни, да те чујам. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Co кого разговарате сега? ИСИДОР: Извинете, може ли да ми навратите една француска река во устава. Нека ми тече. Нека тече, кога ќе можам ќе ви се оддолжам, ќе ви донесам едно кобличе, ќе ви ја вратам, со почек, направете нека течи една година барем во устава, за да ми се врати силата... БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Be прашувам со кого разговарате? ИСИДОР: Ќе ви ја вратам водата. Ќе ја играме за пари нашата нова претстава Магна карта либертатум, само направете нека течи едно рекиче низ мојава уста, за да можам да зборувам, вака зборовите ми се лепат на меѕрето од јазиков, треба варта да ја угаснам што гори во душава. (Цезар и Самса влегуваат како живи реквизити во неговиот сон) ЦЕЗАР: Гробишта Орландовци, Софија. Приватен детал од раната младост на Исидор Солунски. Во “Македонска емиграција” од Војдан Чернодрински тој игра со забранета жестина и страст! САМСА: 1934 година. Наредба од царските поданици на Дворот, легитимни претставници на Македонските Б’лгари. Гробот да му се ископа на артистот, опасниот сепаратист од Леринско, поган пес со разорна уста што лае. Гробот да му биде ископан пред да го дочекаат да умре. Наредувам. Без остаток. Јасно. Во потпис. Ванчо Михајлов. С.р. ЦЕЗАР: Каква беше сцената на која што го кажа тој проклет монолог на твојот учител Војдан Чернодрински? БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Qui est Cernodrinski? ИСИДОР: „Бугарската влада ја стави полицијата на нивната страна зашто таа сака пo секоја цена да ги земе уздите на македонските работи во свои раце па да не води каде што ќе посака... Да, нашето дело нема ништо општо со Бугарија... Нашата слобода, нашето име, нашиот живот се одземени...” БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Повторувам, вашиот однос е арогантен, го доведувате во прашање вашето следување на нова крв. Кажете Qui est Cernodrinski? ЦЕЗАР: He зборувај ништо. Можат да те прекажат. He мачи се. Почни. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Врзете го преку уста! (Во очајничкиот поход на неговите спомени повторно се враќа Малина со црната шамија и бовча) МАЛИНА: Ми рекоа тогаш дека си дојден во селото, те видело едно чупе, на самиот ден на Водици, ние бевме на срет село и го игравме последниот танец, танецот за мртвите, ти си поминал откај Долна црква и по јалици скришно си дошол дома, така ми рече чупето од Мангови, да не те види никој, ние Танецот на мртвите го игравме и слушнав како ги извиваа гласовите како ги завлекуваа нозете, како да сонував играјќи Три вренгии вода што течеше, мртов ќе го донесат дома Исидора... Се отпуштив од Танецот и трчам ко недоветна а едно гласче по мене... Си дојде, си дојде... Уште никој не знаеше дека јас те чекам, детето не ни беше родено, врнеше снег, колку среќна година... ЕДИНАЕСЕТТА СЦЕНА Конгресот продолжува со работа. Еригон го изнесува своето соопштение. СВЕТИ БЕРНАР: И благодарам на нашата милосрдна Андилена Ариер Анаван за нејзиниот исцрпен остроумен реферат. Го поканувам Ротвајлер Леонберг Несман кој ќе зборува на тема: “Богатството со витамини на кучешката храна на XX век.” РОТВАЈЛЕР ЛЕОНБЕРГ НЕСМАН: Аааааа. Ууууу. Вввввв. (Се извива неговиот лаеж, се мачи да почне. He може) СВЕТИ БЕРНАР: My благодарам на Ротвајлер Леонберг Несман. Текстот на неговото излагање ќе биде разделен на паузата за секој да може да го однесе во своите матични средини. Го поканувам Жифон Барбисон Болоњи кој ќе зборува на тема: „Кучешките сексуални односи на ова столетие”! ЖИФОН БАРБИСОН БОЛОЊИ: Има време, кучки и пци, време на живот и време на смрт. Време на љубов, дами и господо. Нашиот нежен и крволочен род, бара љубов во современите услови, секс, современици, односи, општење, значи општествени односи. Треба општење! Кратко и јасно! За разлика од периодот меѓу двете светски војни кога владееше сексуална анархија и не се знаеше кој со кого и во кого, последниве неколку години владее ред во тие работи, особено во високите општествени слоеви каде истакнатите претставници од нашиот род се во најинтимна милост на нивните поседници. Внимание, остварени се бројни и епохални приближувања со човечкиот род! Бројот на нашите оргазми во Европа се намалува од 1901 до 1905 година, потоа како последица на големите залагања влегуваме во еден условен кучешко сексуален расцут кој ќе биде грубо нарушен 1917 година сè до 1926 година, потоа настапува огромен скок со 1939 година, забележителен пад 1956 година за да се прекршат сите законитости на развојот во погубната и деструктивна 1968 година. Но веќе од 1973 година реконструирана е кучешката сексуална самодоверба. Повторно се враќаме во златното доба на кучешката какафонија од радоста на свршувањето. Да живее убавиот крај! Во најпокорна сервилност ние ја развиваме слободата на општењето со Човекот, нашиот сопственик, слободата на нашите најинтимни врски која еден убав ден ќе не стопи во среќна синтеза со Човечкиот род и во век и векови. Амин. СВЕТИ БЕРНАР: Јас сум толку задоволен мили мои што го слушнавме прекрасниот Болоњи, простете ми за овој излив на емоции. Ја поканувам Марија Луиса Балванера и нејзината тема: „Абортусот, опасен непријател на кучешкиот род на XX век” МАРИЈА ЛУИСА БАЛВАНЕРА: Никакви абортуси не треба да бидат дозволени од нашите надлежни органи во време кога се создаваат најблаго пријатни услови за експанзија на нашиот род. Тоа се срамни влијанија што голем број на кучки во различни средини ги трпат од својата човечка околина. Да ја заштитиме интегралноста на кучешката средина, сестри и браќа. Ние треба да раѓаме. Мене не ми е важно само за XX век, треба да се раѓа во сите векови. Кога ќе нема место на земјата, тоа само ќе каже. Абортусите наслепо исчезнуваат освен во планинските предели на Јужна Европа, но со време и таму ќе исчезнат. Нашите претставници работат на тој простор. Еве имам храброст пред цела кучешка Европа да речам: Никаков абортус на XX век и точка. Зошто, ќе ви кажам по неколку илјади години! СВЕТИ БЕРНАР: Последниот дискутант на денешниот работен дел, Франсоа Дифрен Дежени Дибуа ќе зборува на тема: “Слободата на Духот во рамките на нашите права со посебен оглед на загрозените подрачја каде што живеат непризнати кучешки нации”. ЕРИГОН: Се прашувам, дами и господа, каде се наоѓам јас, каде сум и кој ме доведе во ова грозоморно гнездо во кое една слепа, испоганета и збеснета сурија пци расправа за кучешката иднина. За која слобода и за кој дух очекувате да зборувам кога во вашите глави кучешката власт е првата и последна содржина со која живеете, погубувате и расчеречувате. За вас Духот е празна мижитатарка, вечно оптегнато јаже врз кое се сушат телата на пците - еретици што се смели и повикани да не мислат како вас, на спротивставените пци, на револтираните кучешки сизифи што го тркалаат каменот по ридовите на историјата и човечкото општество, исчезнувајќи под неговите тежини. Вие делите рецепти за кучешката иднина! За вас, тие што не владеат не постојат. Тоа е вашата одбрана од чии маски се храните, лаете и живеете! Што ќе правите ако ја запалат Европа пците - сонувачи, пците -поети кои со јазикот во прашината и коските од вашите трпези ги пишуваат одите на новата слобода од балканските распетија до балтичката темна мистика во сè што е надвор од вашата демократија со која пропагирате европско кучешко единство! Ѕидовите на срамот ќе бидат урнати дами и господа од исконскиот кучешки Дух којшто се моча врз урнатините на вашиот Пантеон на вашата самоповикана кучешка власт! Ќе дојде тој! Ќе биде тоа ден што не ќе ве раздени во името на непризнатите кучешки групи, подгрупи, видови и подвидови што сте ги делеле во Берлинските конгреси и Мирцтешките реформи, во капалиштето на отоманската смрдеа Сан Стефано, со договорите во разни Букурешти и Версаи (0 mon Dieu) тие непризнати пци што вијат ко волци над својот непознат гроб!!!(Бурно лаење, негодување од агресивен вид) СВЕТИ БЕРНАР: (Исплашен до коски) Го....по...кану....вам... Сигфрид Поњатковски Балтимор Арденин да резимира... ФЕЛД-МАРШАЛОТ: Вчудовиден сум дами и господа, од каде се појави овој жолчен анонимус што фрла таква кал во лицето на историјата на кучешките права и слободи. Како е инфилтриран, во чија делегација и по кој пат е доведен. Чиј инструмент е тој толку сомнителен и отсутен од нашата реалност пес, кои загадочни сили ги остваруваат преку него своите мрачни интереси во кучешкото европско единство и како се слушна сето ова од пиедесталот на нашиот конгрес, од неговите хумани платформи и резолуции и кој ќе ја избрише оваа бесрамна лузна од славните анали на нашата борба до конечната победа! (Плаче) Таа бедна појава, тоа бизарно кучиште, тоа врело мозоче е разбојник од досега невиден вид кој во кожа на пес е испратен од Нечистиот да ги поткопува и уништи темелите на нашето единство. Тој е всушност ординарно лајно што засмрде во парфемите на нашата хармонија, тој е копиле пар екселанс, што треба да биде распнато, дами и господа, сега во овој миг и без одлагање, веднаш, веднаш, веднаш!!! My предлагам на високиот собир да формира специјална комисија која ќе ги испита, пребара и анализира сите животни подробности на ова пциште што сака да ги валка нашите свети традиции, да го испита потеклото, животниот пат, патувањата, неговите сопственици, педигрето, начинот на добивањето, припадноста, национална и социјална, идеолошките убедувања, сексуалната фрустрација со детално користење на стенографски белешки од ова грозоморно кучешко хулење што го нагриза, го извалка срцето, моето срце, премили мои кучки и пци, срцето на нашето благородие идостоинство! СВЕТИ БЕРНАР: Дали конгресот го прифаќа предлогот на нашиот Претседател? (Еригон е окружен од органите на кучешката безбедност) Ви благодарам. Конгресот продолжува со работа утре! ДВАНАЕСЕТТА СЦЕНА Сновидението на Исидор за разговорот со Малина во врска со децата и наредбата на Партијата, епидемијата на тифус во градот Воден и посебниот оглед кон сцената: Никој веќе во Европа не знае да крикне! МАЛИНА: Партијата ни нареди. Никој друг за децата не смее да се грижи. Таа и никој друг. Четиринаесетти март беше четириесет и осмата година. Пребарувавме низ амбарите, војно мори војно, да не останало некое зрно или да се смилувало да падне од окото на Ангелот. Да најдев едно зрно ќе опечев голем леб, голема погача, светла како огледало, мека како душа. Одеднаш се огласи ридот наспроти нас, како да се собра Небото и видов едно облаче како одрано јагне што се стркала таму, горе кај Невидливиот... И рекоа: денеска на полноќ, спремајте ги децата, ќе ги спасуваме! ИСИДОР: Која беше Ти. Јас те познавам или не. He. Ти не си ти. МАЛИНА: Војниците рекоа да се соберат децата. Рече Партијата. Другарот Сталин нема да не остави. Едно колено однапред ќе биде спасено, има братски земји што ги чекаат! Таму е комунизмот и ги чека со јаслите, ќе цицаат како мали кутрина, кукавица да се сторам ова да не го гледам. ИСИДОР: Ако си глас, кажи ми чиј си. Ако си Ти ела, слези, еве прстиве ми ѕемнат, допри ми ги, подноктица е... МАЛИНА: He гледате, авионите ќе ви ги погубат рожбите, бомбите и куршумите не ги гледате! Ништо не прашувајте! Ги давате децата во народните републики, нека е жив Сталин, има леб и млеко за нив од Црвениот крст. Што ќе беше пусти Исус Христос, колку народ спаси, голем дену, истрај сега, оти доаѓа ноќ душманска и бездетна. ИСИДОР: Заврти се! МАЛИНА: Co месечина тргнавме кон границата. Господ плачеше. Прст пред око не се гледаше. Може ли другари назад, и назад чинеа тргни децата и тргни мајките по нив. Комунизмот ги чека, драги другарки. Co ѕвезда на челото биле родени вашите деца, не е само овде среќата. Евдокија ми спие врзана на грбов, другите две, од двете страни. И погоре има татковина другарки и подолу, и подалеку и поблиску. Нека се одделат општите мајки, мајките водачи, омадархите, секоја по триесет деца, нека се одделат по села и по години, овде е Границата...! Плачењето беше забрането. Ќе стреламе другарки, кој ќе тргне назад со децата или напред со нив, ќе се вратите сами, класната борба не е завршена, не е важно што сте ги родиле, важна е Партијата! ИСИДОР: Заврти се со лицето кон мене! МАЛИНА: Црни мои соколи, леле, какви магли, каков ветер ќе ве земе, ами никогаш да не се родевме кога сме биле од повеќе, што не бевме едно билје, една вода што не бевме, ах, лица мои, очиња мои, кој ни е крив што сме живи... Трите ми беа облечени во доносени аливца, да имав барем да си ги облечам, да си ги завиткам, се чипчат околу мене, камбаните клепаа, народот останува без деца, бездетен народ... Подобро ископајте Голем Гроб сите да влеземе внатре, никој да не нè види, отколку децата да ни ги корнете, не водете ги на север, подобро на островите однесете ги, да си ја видат барем челадта татковци им таму, за на едно место сме, не сме за раздавање! ИСИДОР: Кој е? (Влегуваат Цезар и Самса во униформа на мртви војници на Демократската армија на Грција) ЦЕЗАР: Проглас од Градскиот одбор на ЕПОН за Воден до младината на градот Воден со кој се повикува на мобилизација за да се спречи појавениот тифус во градот Воден! САМСА: Во нашиот град се појави смртоносен тифус. Нашиот живот е во опасност ако веднаш не се преземат мерки! ЦЕЗАР: Како да не не погоди тифусот кога илјадници обездомени се натрупаа во нашиот град, гладни, голи и нечисти бидејќи цели месеци не можеа да видат сапун. САМСА: Нашиот град се наоѓа во опасност. Властите покажуваат злосторничка незаинтересираност бидејќи го прижелкуваат нашето уништување! ЦЕЗАР: Тифусот ќе не ожнее ако не се побуниме! Објавете војна против вошките! САМСА: Побарајте веднаш да Ви се даде ДИ - ДИ - ТИ! ЦЕЗАР: Изолирајте ги куќите во кои има болни од тифус. Попарете ги вашите алишта! ИСИДОР: Мавнете се од мене за да не ве кубам, кубам, кубам, до коренот на вашето мало, мало, мало мајче што ве раѓа од плуканица и од ветра кај ме најдовте живи бога, кажете ми да не сме роднини па кој ве натера во Париз, не сум во Воден, јас сум избеган, имајте го тоа предвид, еве ќе го изнесам тоа на Париската мировна конференција, проблемот со вошките во Егејска Македонија, ве молам кај ме најдовте па кој сте вие преправени... не ве препознавам... која сцена... каква сцена... нема сцена... има сите да молчиме не се предаваме веќе со зборови! БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Што сонувавте ноќеска, господине? Продолжете. Вклучете го записникот. Запишете сè. ИСИДОР: (Како исправена жива икона) Ја сонував Европа нацртана на една голема стомна. Внатре бучеа води. Се загледав во нејзиното темно дно и видов се уриваше нејзиното тло. Го чекав Еригон. Го немаше. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Затворете го кругот на крвотекот! ИСИДОР: И тогаш помина еден човек, се викаше Арто. Антонен Арто са vous dit quelque chose, ja удри стомната со едно камче, таа се распука по границите на Европа и тој се доближи до мене, ги крена рацете, се изви ранет од сопствениот гнев! Стоевме двајцата и пред да ме праша јас мислам му реков: Зошто никој веќе во Европа не знае да крикне? И потоа тој крикна, еве вака:!!!!!!!!!!! (Крикот е нем. Сцената е исполнета со сите сновиденија, појави, актери, живи гробови, кловнови, мачки, госпоѓи, пци и емигранти. Се одвива Ритуалната процесија. Тапија на немоќта на театарот или Ј а в н о м о л ч е њ е ТРИНАЕСЕТТА СЦЕНА Комисијата за кучешка егзекуција. Обвиненијата дејствуваат како да се пишувани со лигите на кучешката апокалипса. Еригон си ја сонува смртта. Песот - лирик, црниот песнопоец изнесен е на постот на европската кучешка анатема. СВЕТИ БЕРНАР: Кучки и пци, дами и господа, болна е нашата гордост, болна и неутешна по завчерашниот инцидент, по тој тежок скандал, забоден како зол нож во нашите кучешки срца. Во овие 48 часа додека Комисијата за испитување на случајот неуморно и непрекинато заседаваше, пребројуваше, испитуваше, сослушуваше, консултираше, елиминираше и егзекутираше од сите страни на географската карта на Европа пристигнаа 1240 телеграми со безусловни барања врз виновникот да биде изречена смртна пресуда без одложување, без чекање, без двоумење, без сомнително лаење! Тој пес од тера инкогнита, та тој е можеби човек во песја кожа! Го поканувам претседателот на Комисијата за испитување на случајот да го поднесе Извештајот. Мадам Андилена Ариер Анаван, повелете! (Таа излегува на говорницата и гледа во Свети Бернар) СВЕТИ БЕРНАР: Воведете го обвинетиот! (Органите на кучешката безбедност го водат) АНДИЛЕНА АРИЕР АНАВАН: (Капната од умор говори со остатокот на жолч во себе си. Халуцинира.) Нашата комисија во текот на 48 часови време со кое располагаше, реализира ефективни 46 и 30 минути. Се работи за приказна од грозно низок вид. Дами и господа, почитуван претседателе, тој е обичен пес од диво и нецивилизирано семе, вулгарен овчар кој во придружба на едно друго суштество што се претставува како артист-пантомимичар, доаѓа во Париз првите години по Втората светска војна, во својата рана младост и во неговиот смрден патувачки театар ја започнува својата клошарска улична одисеја. Ми е гнас да продолжам... Се грозам! Тој е болен отсекогаш. Прележува според наодите на нашата комисија, дијареја, тифус, тенија, ехинококус, туберкулоза, шпанска кашлица, различни видови шуги, чиреви, кожно-венерични болести и незнам уште што, допрва ќе утврдиме. Како член на патувачкиот театар Некролог М... крстари многу градови и села на Западна Европа и ги прикажува своите срамни скечеви против сите модели на владеење! Неговото кожинче требало уште прд многу години да виси на јажето на Кучешката вистина одредена од нас - Творци и спроведувачи! (Паѓа во транс. Ја изнесуваат) СВЕТИ БЕРНАР: Нека излезе вториот член на Комисијата, нека повели да продолжи Ротвајлер Леонберг Несман. (На сцената излегува Ротвајлер Леонберг Несман. Како толкувач на неговиотнем говор се појавува МаријаЛуиса Балванера) РОТВАЈЛЕР ЛЕОНБЕРГ НЕСМАН: А...уа...аааааааа...у...(Гестикулира со пеколно силни движења) МАРИЈА ЛУИСА БАЛВАНЕРА: Тој вели: Комисијата сослуша 24 сведоци во 8 европски градови. 21 од сведоците дадоа изјави што се потпишани и регулирани, а тројца од сведоците... Што, што велиш? А, да, тројца од сведоците комисијата ги изеде на лице место. РОТВАЈЛЕР ЛЕОНБЕРГ НЕСМАН: (Продолжува да ги точи шепите кон Еригон и да покажува на него со своите канџи) Аааа... ay, ay, ay МАРИЈА ЛУИСА БАЛВАНЕРА: Оваа бездарна творба, рече сега кутриот Леонберг, со својата некултивирана муцка ги пребарува кантите за ѓубре на Латинскиот кварт во Париз. Bo тој период чита делови од својата плукачка лирика на плоштадот Контрескарп, тој е поет Ледис енд Џентлмен, поет во чии што песни е изречена според белешките на тајната полиција најжолчната осуда на сета кучешка историја на Духот, тоа е како што рече јавниот обвинител на нашиот благороден род во овој град, кучешко „Цвеќе на злото” чиј автор е едно копиле што умира од сифилис, фрлено во гробот на својот очув на гробиштата Монпарнас. РОТВАЈЛЕР ЛЕОНБЕРГ НЕСМАН: Оооооо, мммммм, ооооошшшшшшшшш... МАРИЈА ЛУИСА БАЛВАНЕРА: Леонберг рече! Слушнете што рече тој! Обвинетиов потекнува, дами и господо од една земја која зборува на новоизмислен и неафирмиран јазик. Црно е дивото сечиво на неговиот бесен глас, беснило со кое што дојде да ја валка нашата пресвета слобода, во замоков Билефелд, тој црн песнопоец во чии што куфери во чија што крв и моч, Комисијата - ние, откривме само болест, беда и гнев и грозоморно заразна лига. РОТВАЈЛЕР ЛЕОНБЕРГ НЕСМАН: (Силно лае со жестока закана кон врзаниот. Тој му се спротивставува) СВЕТИ БЕРНАР: Внесете ја повторно Андилена Ариер Анаван за да продолжи! Внимание! Смирете се ве молам! Држете го добро! Марш! АНДИЛЕНА АРИЕР АНАВАН: (Ја враќаат како окапана мачка) Фалсификуван е начинот по кој овој ништоверец го добива своето високо педигре, преку сомнителните врски, сексуалните врски, меѓу неговиот сегашен сопственик Госпоѓата Ежени Плењер Дибуа, патрон на Заводот за капење на мртовци и една жена, висок функционер во Дирекцијата на Националната кучешка федерација на Франција, склона на најразлични перверзии со секакви претставници на нашиот род. Изјавите можеме да ги прочитаме по барање на поротата или публиката во салата, нумерирани и прецизно класифицирани. Во нив се гледа бедната сторија на овој балкански овчар од македонско потекло, јадач на ѓубре и секаква нечистотија што мислеше дека со својот збор, поет плус тоа, ќе му касне од мадето на нашиот кучешки Господ-Бог Диндониус! Слава му, Слава му, Слава му! Предлагам дами и господо, високоумни пци кучки: Смрт, со смрт да го крунисаме Европскиот конгрес на кучешките права и слободи и да го сотриме ова семе, со смрт и смрт, само, само смрт!!! (Пее, додека се развива трогателна кучешка арија во унисоно диригирано лаење) КАРДИНАЛОТ: Приближи се до мојата закрила за да те благословам, грешно семе!!! ЕРИГОН: Одбивам да ме благословите оче! Јас сум пагански пес. Мојата душа ќе се вгнезди во едно дупче од черепот на еден човек. Кажете ми сте слушнале ли за него, Оче!!! СВЕТИ БЕРНАР: Заклештете ги синџирите, молам најубаво! Благодарам. ЧЕТИРИНАЕСЕТТА СЦЕНА Студеното бунило на Исидор во кое Тој, бегајќи од траурните окови на сонот ќе се сретне со Себе си. ИСИДОР: Простете ми мадам... Покорен слуга сум ваш... Наредете мадам една чаша вода, еден бокал, едно барде, една стомна со вода, јас веќе нема да го вознемирувам овој блажен дом, ве уверувам мадам... Да има некој да ми ги наврати водопадите... да има... Еве, не носете ми вода, кажете ми зошто го нема Еригон вие мора да знаете, некој ви кажал, или не, разберете пресветла мадам. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Престанете еднаш ова не е лудница па да сонувате кога ќе ви текне! ИСИДОР: Ако дојде и не ме најде кажете му дека одлетав, мадам. Речете му одлета тоа ѓубре во Видвиделија ни трага има од него ни поштивија така речете му... БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Што зарем вие очекувате непознати гости, што е тоа што го спомнавте човек или лиот? ИСИДОР: Тоа е мојот дух мадам, мојата душа е тој пес, мене ми треба душата што ми е откорнета а не Вашиот бубрег од От Савоа и од Јужна Африка, ништо не ми треба за пресадување. БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС-. Молкнете! Ви забранувам да сонувате! Добра ноќ! (Хор од детски гласови му пее побожна песна од времето на неговите спомени сврзани за Солунската богословија) (Мртви чекани во мртви ѕвона. Четири ковчези во неговиот Сон) МАЛИНА: Јас сум Малина. Како можев жива да лежам в земи, ни ти тука ни Коле, ни Таше, ни Евдокија. Кога ме закопаа, барав пат под земјата за да дојдам. Заминав кон Драмско, за да побарам една другачка, за да не идам сама по далечини. И не ја најдов другачка ми таму, и сетне фатив под земја да прашувам, која беше оваа земја пустината, кај се наоѓам јас? Ами имам ли јас деца или немам, не ми беа за раздавање децата и чинеше речи ми така, нешто под земјата некој народ умрен ли, жив ли, не знам, ами мори не се самотвоите, нашите кој ќе ни ги врати...? Кај ми е Исидор, му велам, јас со него ќе ги бараме, која беше, не знам, ми рече децата големи ќе ни ги вратат за да знаат в лице да ни плукнат и така сум ти риела под земи, си велев него да го видам да му кажам оти и крстот и името ми го откорнаа и сега нема ни име ни крст, ни деца можам да видам ни тебе да те видам. Дојди и истури еден грст војца на местото кај што ми гнијат коските и речи му на Колета ако го видиш, да не ми оди ноќе по месечина по покривите, срце мајкино, одведи го да го крдисаат ах пусти очи негови што гледаат невидено и кажи му на Ташета бездруго да не пие вода на гладно срце оти од ветра ми е болен, порачај му, порачај му жити крстот и нека се варди Евдокија, Богоројца да е довардит и нека го најдит мојот дуљбен и моето гушаре, нека си го носит, ами кај ќе го најдит, сонцето да ме не најдит Исидоре, Исидоре, што замолче... (Се губи) ИСИДОР: Кој си ти, кај ми бегаш, кој си, чекај, не, не, не... КОЛЕ: Јас сум Коле. Умрев во Тулгеш, Романија. Немаше кој да ми направи сандаче. Било ноќе. Јас сум ги барал крововите на нашата куќа а немало кровови и немало куќа. Другиот ден барав мајка, татко, дедо и стапчето за на волови си го барав. Me мачкаа некои жени во црно. Ми велеа нешто, не разбирав. И ми се запали главата и очите ми гореа, му велев гаснете ме мори тетки, господ здравје да ви даде, угаснете ме. ИСИДОР: Коле, жити татко, Коле застани (Тргнува кон детето што се губи) Коле бре пиле мое, кога ми порасна толку, чекај татко да ми те виде... He оди... татко да ми те види! БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: Вклучете го рефлекторт. Еве го, тоа е тој. Гледајте го. Подготвен е за последна проверка. Започнете. ПЕТНАЕСЕТТА СЦЕНА Изрекување на пресудата за песот-еретик Еригон. Која е кучката од Средна Европа која исчезнала со неговото семе? ФЕЛД - МАРШАЛОТ: Наредувам: Произнесување на дефинитивниот предлог на Комисијата за егзекуција. Свети Бернар продолжете! СВЕТИ БЕРНАР: Жифон Барбисон Болоњи што чекате, Вие копавте во неговото минато? ЖИФОН БАРБИСОН БОЛОЊИ: Обвинетиот доаѓа на свет на 16 октомври 1943 година на верски празник што го слави племето, народот или според некои нацијата, во чија што закрила, во чии зли пазуви е родена оваа тажна кучешка креатура. Уште во раната младост се пројавува како илузионист и додека другите ги вардат своите котари тој лови пеперуги и светулки, пие ракија и вино, единствените пијалаци на неговиот прост народ и на јавни кучешки празници зборува за античкото потекло на неговата Татковина, зборува за некои сончеви фаланги се дружи со компромитирани пци, се пушта во бесни походи на бесполезно завивање! Неговата реалност е повеќе од никаква: Чува овци во демирхисарските планини (цитирам) во бачилата под Црни врв, сè до мигот кога со едно стадо ја минува јужната граница кај градот Битола и го наоѓа неговиот сопственик Исидор Солунски, борец на погрешната страна на фронтот, партизан и артист со кого ќе патува по разни земји ширејќи ја насекаде срамната ерес на гневот и револтот! Имајте го тоа предвид: Правото на слобода е право на привилегираните пци, почитуван конгресу! Овде во овој случај се работи за погубно оружје на предумислата, со кое овој кучешки злосторник крстари низ Европа сеејќи го семето на својата отровна идеја. На пример. Ќе ви изложам само еден пример. Доведете го обвинетиот. Врзан како што е. Дајте му го овој лист хартија и сам нека ја прочита својата пцост, својот флагрантен деликт, до сè што е кучешко, славно и чесно! За пример само... (Го водат Еригон со темната торба на неговата отсутност и неговиот сон. Тој ги убива со поглед) ЕРИГОН: Вашиот злостор го признавам за свој О пци на Европа, о такцири мои О магли нека се спуштат Во гробот на кучешки Вавилон Ако ја разбравте вистината на мојот чемер О ќе ги претопам облаците Мртов ќе се вратам Кучешка песно моја О исчезни со мене во безвремен галоп Зошто ме следите пци на Европа Таму сум кај што не треба И вашиот злостор го признавам за свој (Мртва тишина) СВЕТИ БЕРНАР: Што предлага комисијата? ЖИФОН БАРБИСОН БОЛОЊИ: Co што може да го почести Конгресот освен со смрт без остаток, смрт со јадење дами и господо, каде ќе бидеме принудени или да го повратиме или да го свариме понесувајќи ја на тој начин одговорноста на чинот да се потомори оваа грешна творба на природата, на кучешкиот род. СВЕТИ БЕРНАР: Има ли нешто да каже Обвинетиот во своја одбрана? (За сето време на процесот Еригон го држат два булдози од кучешката безбедност) ЕРИГОН: Утре ќе биде нов век. Ќе ви се ругаат за двете илјади години проповеди и законици, за Слободата што ни ја фрлате како мртва коска од која треба да ја цицаме иднината. Ви зборувам од името на неродените, утре ќе биде нов век. Вашата власт ќе се претвори во буниште од распаднато време. Ќе испратам сведоци од непризнатите родови на таа процесија зашто за мене нема збогум, смртта е мојата последна предрасуда. Не знам кој против кого ќе постои, но знам, еден по еден ќе ги черечите пците од мојот побунет сој. Диоген, најдобриот познавач на луѓето беше наречен пес и тоа е врвен доказ дека човекот никогашнемал храброст да ја прифати сликата за себеси и дека секогашбезмислено ја отфрла вистината! Додека ве гледам како се распаѓате пред моите очи, се буди во мене приказната за спасот што покрај една река на Балканот ми ја раскажа мојот дедо, песот Делјан: Чедо мое, треба да си касниш од сенката што трча покрај тебе во реката, ако сакаш да видиш од каде си и колку вредиш. Да се фрлиш во реката, да си касниш од сенката, велеше мојот дедо песот Делјан, Бог да го прости! СВЕТИ БЕРНАР: Врзете го! ЕРИГОН: Ене, гледајте кучки и пци, видете ја, Таа трча... Трча Револуцијата со пресечена глава. Главата напред, телото по неа, каде ќе се сретнат прашање е сега! СВЕТИ БЕРНАР: Држете го цврсто. Арет. Арет. Фелд-маршалот Сигфрид Поњатовски Балтимор Арденин има збор! ФЕЛД - МАРШАЛОТ: Според непосредната сила на моите убедувања, нашиот конгрес, низ овој обвинителен акт ја добива својата шанса да ги обнови демократските судови како начин на пресметка со кучешката ерес. Апелирам за уништување на заразната лига донесена под јазикот на ова пчиште! Информациите што независно од формираната комисија ги прибра кучешката локална власт во замокот Билефелд го кажуваат и потресниот податок дека ова белосветско чудовиште имало односи со една сè уште неидентификувана кучка која мистериозно се појавува и исчезнува под неговите ѕидини. Наредувам: Да се острижат сите кучки во Средна Европа и околината! Најдете ја и доведете ја уште утре кучката блудница, пред овој прекрасен аудиториум! ШЕСНАЕСЕТТА СЦЕНА Исидор го продолжува својот разговор со ковчезите. Сцена во која сонот ќе го води до синорите на смртта. Репетиција на мртвото време во неговата болест. ТАШЕ: Дојдовме во Струга во една жолта куќа или дом. Домот се викаше Дом за сирачиња од Егејска Македонија „Гоце Делчев”. Крај домот течеше реката Дрим. Ги прашував децата зошто се вика Дрим, никој не знаеше да ми каже. He знаев зошто сум овде и зошто сум сам. Една вечер, беше празник, нè шетаа покрај реката. Кренав два прста и му реков на учителот, може нешто да прашам. Тој ми рече може. Дали се враќаат мртвите и дали некој ќе се врати да не земе... Сакав со водата да дотечам и да си дојдам дома... На гладно срце сакав да го испијам Дрим во Струга, ти можеби не ја знаешСтруга... ИСИДОР: Немој така Таше, јуначе на татко не се пие Дрим така, ами, тоа време треба, сакав да те прашам таму си сега или кај си во кој месец која година, ами му остави ли на татко од реката едно стомне барем вода испрати ми од Дрим, не носете го, не, ве преколнувам... (Се губат лицата од неговиот сон како да ги изнесуваат во ковчези од сцената) ЕВДОКИЈА: Ти ја заборави Евдокија. Знаеш како ми велеше, кога ќе пораснеш ќе учиш за артистка, како Марија Чернодринска ќе бидеш... Која беше таа... Зошто ме заборави тате... Сега јас имам и друг татко и друга мајка, живееме во еден град што се вика Вроцлав во Полска. Јас ништо нив не им кажувам оти се за вас чувам. Имам едно црно куче, мало црно куче, со него си зборувам, јас те чекам и тебе и мама и братињата... ИСИДОР: Ами, како стигна до таму, во кој град и во која земја, не те разбрав, кој ве водеше убавице моја, ами, како Марија Чернодринска вистина ќе бидеш, ами кај го најде тоа црно куче, ем куче, ем црно, еве јас сега доаѓам, еве доаѓам, не бегај... немој... (Останува сам во белите окови на Лечилиштето за бездомници) ИСИДОР: Почекајте, чекајте ме... Вратете се! И откорнати, расселени, разнародени сте ангели мои како ќе се препознаете, ќе прашате ќе ви кажат за да знаете од кај бевте и кај сте... Од кај се најдов сега меѓу еребици, џивџогани и ластојчиња, елате ми... Што се овие камења што паѓаат од небото и оваа моја облека од кожа... Јас веќе нема да зборувам. Се откажувам од сите зборови, јас ќе се збогувам со вас... He признавам ни време ни театар... Нешто го пара воздухот, кои се овие испружени раце... овие раце кон мене... (Исидор Солунски во очајнички преграб со самиот себе си се струполува пред својот кревет во Лечилиштето за бездомници) БЕЗИМЕНИОТ ГЛАС: (Влегуваат двајца болничари). Morte infuzionem alienis. Правец: Заводот за капење на мртовци. Разбирам. Разбирам. Ало, госпоѓата Дибуа. Quelle chanse!!! Тој умре. Испратете за да го подигнат. О мадам, нема на што... Довидување! Је suis tout a fait a votre disposition! СЕДУМНАЕСЕТТА СЦЕНА Злословие. Конгресот се претвора во Егзекутивен кучешки комитет. Предлог: Да биде распнат на три дела и изеден според византискиот циклус од канонот: Делење на душата од телото. Телото му го распнуваат а душата останува во вид на Голо дете. Блудната кучка Еринија Крафт и нејзиното зачнување со Еригон. Уништување на идните гени на опасноста. Гневната тортура на недојденото време. АНДИЛЕНА АРИЕР АНАВАН: Нека се распне, распарчи на три, прождере, иструпи на ситно ситно, ситно. Неговата смрт ќе претставува скапа придобивка на Европското кучешко единство на XX век. Дами и господа слушајте ме! Јас и мојата комисија за масовно стрижење на кучките од Средна Европа утврдивме дека коцката на идното зло е фрлена! Тој стапил во интимни односи со самата кучешка иднина! По деталното стрижење на сите кучки во Средна Европа мојата комисија утврди дека овој злосторник ја минал првата ноќ со една западногерманска кучка по име Еринија Крафт, прва братучеда по женска линија на злогласната Улрике Мајнхоф, таа бесрамница, ороспија со девствено семе од познатиот род, ах што ни се случи, што нè снајде, замислете од познатиот род Крвоследници од хановерски тип, што ловат само елени, дами и господа, само елени! Според исказите на очевидците таа завивала толку силно расчешната пред овој бездарник што нејзината утроба е просто разнесена од овој балкански песји самоник што плачел додека огнено ја силувал! Таа е балерина на Кучешкиот национален театар. Слабокрвна. Таа е ѓаволско провидение... Какво предавство... Cera ќе погледнете низ нејзината проѕирна кожа, се гледа во утробата неговото гнасно семе... Уважете го моето беспоговорно и неприкосновено барање: Да ги раскинеме заедно, разбудете се песождери, сетете се на нашата традиција! (Ги воведуваат двајцата од различни страни. Прават фотографска снимка на нејзината утроба. Тој е во црно. Таа во бело.) ЕРИНИЈА: Колку убава смрт, Еригон! ЕРИГОН: Сега си само ти око на Домот што го немам. ЕРИНИЈА: Ќе го родам. ЕРИГОН: Тие ќе нè јадат! ЕРИНИЈА: He можат до плодот. ЕРИГОН: Ти играј пред да нè погубат. ЕРИНИЈА: Што? ЕРИГОН: Ќе ти кажам. ЕРИНИЈА: Ама што? ЕРИГОН: Исидор ме чека, Еринија. Треба да се вратам за претставата Големата карта на слободата. Веќе сум преполн со смрт. ЕРИНИЈА: Кога дојдоа да ме водат, на ѕидовите видоа списоци од истомисленици. Me прашаа каде е Еригон...? Да бидеме реалисти, да го бараме невозможното! Кој би можел да го запали Рајхстагот господа, кој повторно ќе го урива Зимскиот дворец и зошто би требало дозвола од Вас, за разгромот на секоја приватна Бастилја? На улиците поминуваше обичен ден. Луѓето брзаа. Никој ли веќе нема време да ја менува Историјата? СВЕТИ БЕРНАР: Го поканувам Жифон Барбисон Болоњи да го прочита образложението во својство на Јавен обвинител. Нека се знае. За вниманието. Редот и Јавноста. ЖИФОН БАРБИСОН БОЛОЊИ: Високопочитуван суде! Откривме. Се работи за беснило! Кучињата без педигре се мост на беснилото! Кучињата од ниските родови, од родовите во развој. Што помалку кучиња без педигре помала е можноста за раширување на беснилото. Но, високиот род на Европа не се плаши од тоа! Ни најмалку! Ние имаме методи! Но, замислете какви неволји може да нанесе едно бесно куче од презрениот балкански сој, вовлечено во срцето на европската кучешка дипломатија! Во својата незадржлива жедност за скитање тоа преминува безброј километри, граници, држави, епохи! По патот напаѓа и нагризува сè, видовте што содржат нашите записници, та тој активно дејствува и преку кучешкиот театар! Тој напаѓа и нагризува пци и кучки од високиот род, луѓе, мачки, говеда, коњи, овци, свињи па дури дрва и тараби. Co оглед на горе наведеното јас ја извикувам овде пред вас во овој миг: Кучешката анатема! (Во средината на тој песождерски трибунал Еригон и Еренија водат отсутен дијалог) ЕРИГОН: Првин ќе тргнеш напред, а ќе гледаш во мене. Потоа ќе се вратиши ќе почнешда вртиш околу мене. ЕРИНИЈА: Што ќе видам таму, напред? ЕРИГОН: Ќе ја видишземјата обесена на Ништо. ЕРИНИЈА: Да почнам да ја досегам? ЕРИГОН: Јас ќе лаам по земјата, ти ќе вртиш околу мене. ЕРИНИЈА: Ќе почнеш? ЕРИГОН: Ајде почнувај! (Започнуваат претсмртен танц) КАРДИНАЛОТ ДОНАТЕЛО I : Погубувањето да се изврши според православниот циклус „Канон за поделба на душата од телото”! Девет обвинители, сведоци и егзекутори да му изречат девет анатеми и тројца гоничи на три да го растргнат. Кладата од коските да се постави, мрежи да се исплетат од тие погубни речи и на крајот душата да му се извади со чингел! (Еринија и Еригон во својата отсутност ја продолжуваат играта) ЕРИНИЈА: Имаш раска во окото. ЕРИГОН: Каде? ЕРИНИЈА: Лицето ти се распаѓа. ЕРИГОН: Не знам. (Тројца гоничи се доближуваат и ја раскинуваат кучешката ерес со неговиот лик. Тој сè уште лае по Земјата) ФЕЛД - МАРШАЛОТ: Нека излезе Сен Бернар, нашиот верен поданик и пес, нека му ја извади душата! Нека настапи тој толку скапоцен и неповторлив миг за да се издиши Европскиот конгрес на кучешките слободи и права на ХХ век. СВЕТИ БЕРНАР: (Силно тргнува за синџирот со кој е врзан песот Виновник. Тој застанува на местото. Свети Бернар почнува да трга. Како да му го вадат џигерот од утробата. Чингелот е неговата изнајмена кучешка шепа. Долго и морничаво лаење, делење од кучешката душа. Еригон паѓа. Во раката на Свети Бернар останува нешто мало, што се превиткува како Голо дете.) Еве ја твојата душа! Кутра престилка од ништожно мевце! Еве ја твојата душа што ќе ја уништи блескавиот песји ум на Европа! (На сцената се ниша, обесен на јаже осуммесечен фетус. Се мисли, што бара во Иднината.) АНДИЛЕНА АРИЕР АНАВАН: (Засилено втрчува на сцената) Каква несреќа дами и господа, исчезна блудната кучка за која ја отстриживме цела Средна Европа, исчезна заедно со неговиот пород, исчезна Еринија Крафт... ФЕЛД-МАРШАЛОТ: Наредувам, вонредно заседание на Кучешкиот егзекутивен комитет. Конгресот продолжува со работа утре. ЕПИЛОГ Свадба во мртовечницата. Во свечено украсениот Завод за капење на мртовци во Париз, госпоѓата Ежени Плењер Дибуа се венчава со мртвиот Исидор. Мртвиот матичар и мртви сведоци. Оркестар на смртта. Животот продолжува. (Окружени од Персоналот на Заводот, капаните и пресните трупови, ковчезите и останатите сведоци на сцената се појавуваат Госпоѓата Дибуа во бело и мртвиот Исидор. Таа го води за рака. Оркестарот на смртта ја започнува својата увертира.) МАТИЧАРОТ: Бидете благословени сите мртви што сте живи за овој светол чин, бидете единствени и покорни прислужници на овој Дом кај што смртта се мие за да биде чиста пред Вечноста штоја венчаваме со овој мртов и непознат човек. Простум! Денес на Денот на 42 маченици во Амореја се венчаваат Госпоѓата Ежени Плењер Дибуа и Овој непознат човек! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Побрзо!!! МАТИЧАРОТ: Според членот 182 од Законот за бракот меѓу една Жена и еден Човек не е предвидено дали еден од нив треба да биде мртов или не. Бракот го прогласувам за склопен! Радувајте се! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Подгответеја водата! МАТИЧАРОТ: Нека излезе првиот сведок! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Соблечете му ги алиштата! МАТИЧАРОТ: Потпишете овде, молам убаво! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Ми се гледа како да не е доумрен! МАТИЧАРОТ: Вратете го мастилото! Нека влезе вториот сведок! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Турајте! Така, така, така. Тријајте... тријајте... добро... МАТИЧАРОТ: Од каде го познавате? СВЕДОКОТ: Го видов на Кучешките гробишта во Аниер, кога го закопуваа! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Облечете му ја прво црната наметка. Префрлете му го синџирот преку вратот! Така! (Го држи цврсто за рака). МАТИЧАРОТ: Оркестарот нека се приближи до младенците! ГОСПОЃАТА ДИБУА: Ceгa кажи нешто, изусти некој збор, убавец мој! Сега сме сами и толку многу мртви! Завеса „Мацедонише цуштенде“ (железна композиција со пролог и епилог) ЛИЦА: ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ ИЛИ ВИКТОР КОНСТАНТИНОВИЧ АКСАКОВ, борец за интернационален комунизам, предавач по Теорија на веројатноста на КУНМЗ во Москва, посмртче, роден на 20 години, човек без детство, од Скопје. НИЊЕЛ ВЛАДИМИРОВИЧ ЗАБОЛСКИ – Виш инструктор на НКВЦ ГРЕТА ЗОНТАГ ИЛИ ЉУБОВ ТИХОНОВНА – германски комунист во Комунистичката интернационала. КОСТА ВУЈОВИЌ ИЛИ ПАВЕЛ МИХАЈЛОВИЌ САШИНКОВ, несреќен комунист, член на КПЈ во Коминтерна, родум од Белград ЈОСИП КЕЦМАН ИЛИ ВАЛЕРИЈ КУЗМИЧ ИВОЛГИН, револуционер навреден од историјата, претставник во Коминтерна родум од Далмација ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА ИЛИ ТАТЈАНА МЕНДЕЛЕЕВНА -студент по виолина на Музичката академија во Виена, трудна. со дете КИМ во утробата МИХАИЛ АНТОНОВ ИЛИ ПЕТАР ИВАНОВИЌ БЕЗУХИН- – свештеник во служба на Коминтерна, тргнат за Ерусалим САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ, син на Трајан Поп-Стефанов, поет и предавник, ce самоубива на денот на ослободувањето на Скопје. РОСА ПОП-СТЕФАНОВА – негова жена ГОРАН И ВЕРА ПОП СТЕФАНОВИ, повоени пионери, нивни деца ПОТЧИНЕТИОТ ГРАГАНИН ГРИГОРИЈ ЧУРКУНЅЕ САНДРЕ ЗРЕТОСКИ – комшија со полномошно и заслуги за власта TETKA BETA – народна бабица ИСЛЕДНИК НА ОЗНА ДЕЖУРЕН ИСЛЕДНИК HA ГОЛИ OTOK Сите настани и личности не постојат, Дејствието е во тек. ПРОЛОГ ПОЧЕТОК HA ДВАЕСЕТТИОТ BEK. ЧУДО HA БАЛКАНОТ PAЃАЊЕ HA ЕДИНСТВЕН ПРИМЕРОК ВО ИСТОРИЈАТА: ТРАЈАН ПОП СТЕФАНОВ, ЧОВЕКОТ БЕЗ ДЕТСТВО. ПАГАНСКИ РИТУАЛ HA ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ВОДА. СТАРОСЛОВЕНСКА ЛИТУРГИЈА И ФРЕСКАТА НЕПОЗНАТОТО МОМЧЕ, НЕРЕЗИ 1164. HАРОДHATA БАБИЦА JA СЕЧЕ ПАПОЧНАТА ВРВКА. ПРАВОСЛАВНИОТ СВЕШТЕНИК ВО ЦРНА МАНТИЈА CO БАКАРЕН ЃУМ И ПЕТРАФИЛ JA БЛАГОСЛОВУВА РОЖБАТА. ЧОВЕКОТ БЕЗ ДЕТСТВО Е РОДЕН НИ КРИВ, НИ ДОЛЖЕН. СВЕШТЕНИКОТ: Нека ce закова со шајка в чело денов денешен за да не забораваат утрешниците дека детето може да ce роди од една до сто години ако севишниот науми искушение. Еве, во сирот и чедоморен дом се роди Трајан, не дете a маж што ќе го обгрне светот и кому земјата под босите нозе ќе му ce топи. Кое дете си по ред? ТРАЈАН : Деветто! СВЕШТЕНИКОТ: Колку ce живи? ТРАЈАН: Ниедно. СВЕШТЕНИКОТ: Ти ја донесе на свет оваа рожба – маж, господи, пo осум мртви чеда со кои ја казни утробата на оваа жена што ја воздигнуваш со достоен дар, враќајќи ѝ ги мртвите години на нејзините покојни чеда, собрани во по-МИНАТИОТ живот на ова момче, штотуку родено a веќе старо! ТЕТКА ВЕТА: Овој нишан што сега го клаваме на неговото уво (вади обетка од дрвеното чекмеџе) нека биде знак, знак од кого ќе ce одбиваат сите кобни ветрови, сето зло што ce мрести во нашите идни денови и во вечни векови, амин. Овој нишан е кован во три града: Битола, Прилеп и Велес. Среброто е држано три зимски ноќи на полна месечина, четириесет кравајчиња ce фрлени во три туѓи синори, од три ридови вода е цедена од камен и од суво дрво, во три реки името му е фрлано за да го додржат распаќата под нозете што ќе му течат. Нека е жив Трајан и трајна трагата нека му биде! ТРАЈАН: (Излегува од длабочината, гол и обрастен во мов, ги отвора очите) СВЕШТЕНИКОТ: Смилувај ce господи и дај му троа детство, оти го роди без детинство и обраснат во мов и кажи му кај растеше оти не ќе знае како светот во очите му растел, ќе мисли дека cè е создадено да остане така и никако инаку! ТРАЈАН: Кое време е сега? TETKA BETA: Безбожно време е синко, веќе нема бог! ПРВА СЦЕНА КРАЈОТ НА 1936. ПРЕТРЕС ВО ХОТЕЛОТ „ЛУКС“, – ДОМОТ HA КОМУНИСТИЧКАТА ИНТЕРНАЦИОНАЛА. ПОЛУМРАК. ХОДНИК ВО ВИД HA ПОЛУКРУГ CO БРОЕВИ HA СОБИТЕ. ВО ЦЕНТРАЛНИОТ ФОН НA ОТВОРЕНИОТ ПРОСТОР ПОД СРПОТ И ЧЕКАНОТ ДВЕТЕ ПАРОЛИ HA СТАЛИН: „НИЕ ГИ НЕГУВАМЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ KAKO ЦВЕЌИЊА“ И „СЕГА ЖИВЕЕМЕ ПОДОБРО И ПОВЕСЕЛО“! КОМАНДАНТОТ HA ХОТЕЛ „ЛУКС“: Вперёд Народниы комесарият внутреннеіх дел! (Болснува силна светлина со тропотен гром во која влегуваат главниот иследник и двајца потчинети.) НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Отвори го потсетникот! ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Разбирам! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Кој е на ред? ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Балканската комунистичка федерација! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Точно. (Пред прагот на собата 319. Влегуваат. Во два кревети – два револуционери) НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Според налогот од Извршниот комитет на меѓународната контролна комисија на Коминтерна, Be известувам дека сте уапсени. (Ги окружуваат. Започнува претрес по собата.) ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Павел Михајлович Сашников! КОСТА ВУЈОВИЌ: Јас. ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Петар Иванович Безухин! МИХАИЛ АНТОНОВ: Јас! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Платениците на меѓународната реакција и непријателите на комунизмот ce луѓе со илјада лица. Облекувајте ce веднаш! Ништо не ми е чудно! Паразити! Ја изедовте Комунистичката Интернационала! Радековисти, зиновјевци. троцкисти, бухаринисти! Книги, книги, книги!!! He ce владее светот со мастило! Побрзајте, брзај, брзај .... ! Излегувајте .... ! КОСТА ВУЈОВИЌ: Сигурно е грешка, ние . . . (Влегуваат во собата 319.) ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Љубов Тихоновна! На нозе! ГРЕТА ЗОНТАГ: (Скока од креветот, полугола) Јас сум борец за комунизам – Ich bin ein Kampfer fur kommunismus! ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Ништо чудно, облечи ги гаќите и пред мене! (Натрапнички влегуваат во собата 323) НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Што има овде? ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Валериј Кузмич Иволгин и Татјана Менделеевна. Ќе бројам до три. Имате време. Ако не ве видам простум, ќе ве видам ничкум. Имате време. Еден . . . ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА: (Болна во бела ноќна кошула) Кој дојде? ЈОСИП КЕЦМАН: Тие. ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА: Речи дека не сме овде! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Забрането е да ce зборува југословенски! ЈОСИП КЕЦМАН: Никој досега не зборувал така! ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА: Јас сакам да ce вратам . . . Јас сум ќерка на Револуцијата . . . Чекајте .. . ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Тргнувајте! ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА: Тргнувајте! ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА: Јас работам во Црвените заводи ... го кревам револуционерниот морал. . . сакам да бидам свечено погребена во Москва . . . кој ќе ја угасне мојата ѕвезда . .. ЈОСИП КЕЦМАН: Простете . . . таа е болна . .. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Немам овластувања да признавам болни непријатели на советската власт! ЈОСИП КЕЦМАН: Протестирам! Јас сум член на Кадровското одделение на Коминтерна, ќе ce жалам лично до другарот Горѓи Димитров .. Секое без причина споменато име значително ви ја отежнува положбата! Завршено! Излегувајте! (Ситв притворени службеници на Комунистичката интернационала ги истуркуваат од собите на хотел „Лукс“ во ходникот на катот, онака како што ќе ги затекнат во ноќта) (Насилно ја отвораат вратата од собата – 325) НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Каде е Виктор Константинович Аксаков? (Светлината на рачната батерија покажува празен кревет) Каде е во ова време? Команданте на хотелот „Лукс“, кај ви ce гостите другар, команданте? КОМАНДАНТОТ HA ХОТЕЛОТ „ЛУКС“ Ha КУНМЗ – Комунистичкиот универзитет за националните малцинства од запад. Toj останува таму секоја ноќ... НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Кој е тој Универзитет што работи во 1 часот по полноќ, другар команданте на хотехот „Лукс“? КОМАНДАНТОТ HA ХОТЕЛОТ „ЛУКС“ Останува сам, замислете, вели дека црта проекти на црните табли на Универзитетот и уште вели дека сака да направи подземна железница одовде до Сибир. Замислете Москва–Сибир! Сака под земи да ја минуваме нашата татковина за посигурно, поефикасно и побрзо! Замислете! Toj е чуден човек, другар инспектор на НКВД Понекогаш таму останувале луѓе, ми вели, и го слушале, така вели, го слушале ... НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Добро, добро, доволно! (Во ходникот ce создава врева меѓу разбудените комунисти. Ce собираат на студот како голиштарци) ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Вие сите значи, мешате на Балканот? ГРЕТА ЗОНТАГ: Јас сум од Берлин! ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Молчи! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: (Сè уште врти како пес окулу празниот кревет) Кој е тој Виктор Константинович Аксаков со позајмено име од советската власт што ќе гради подземни железници за да го вози комунизмот до сите земји и народи, да не биде тука во 1 часот по полноќ, кога спие сета работничка класа и нејзината диктатура, сиот пролетеријат! Каков е овој ред? Може ли да каже некој од вас? Каде е? Тргнувајте сите пред мене ! ! ! (Ги туркаат како што ги затекнаа по коридорот во Домот на Комунистичката интернационала.) ВТОРА СЦЕНА ОТКРИВАЊЕ HA ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ КАКО ДРЖИ ГОВОР ВО ПРАЗНИОТ АМФИТЕАТАР HA КОМУНИСТИЧКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА ОД 3AПАД ВО ЕДНА СТУДЕНА НЕДОУМРЕНА МОСКОВСКА НОЌ ПОЛНА CO НАДЕЖ И НЕИЗВЕСНОСТ. ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Нашиот живот е слободно паѓање во отворената гробница на времето, Звучи чудно, но гордо. Ние сме сите исти во присвојувањето на разликите и затоа сакам да ѝ го оставам на советската власт своето последно ветување пред да заминам во доброволно прогонство, пред да пристапам кон изградбата на подземната железница, Москва–Сибир. Почитувани слушатели, од сите земји, видни преставници на поробените народи, дојдени на КУНМЗ, сакам да ви ја оставам сопствената политичка биографија како доказ што има неизбришливо значење, барем за мојата душа која може да ми одлета секој миг ако не ја држам под клуч. Јас бев легален слушател a ceгa сум предавач по теорија на веројатноста на Комунистичкиот универзитет на националните малцинства од запад, потекнувам од мал народ и имам мала, но значајна и страшно несреќна предност: Роден сум на 20 години! Замислете: Господ ме роди на 20 години, a јас не верувам во него. Toj не е субјект за да му верувам. Значи, бидувајќи роден јас го исклучувам од сопствената сегашност излишното и банално прашање – како и на кој начин ce случило тоа! Bo Скопје работев како повереник на Црвената помош што ce грижеше за болните од туберколоза, за инвалидите и сирачињата од војните, за затворените активисти на работничкото движење. Станав комунист на погребот на монополската работничка Персида Трајкова, на еден социјалистички закоп во кралска Југославија. Кога другарите од Покраинскиот комитет ми рекоа дека ќе заминам за Советскиот Сојуз на школување, мислам дека еден облак падна над небото во Вардар и го поплави Скопје во мене, од радост. Признавам, јас бев гладен a знаев, во Советска Русија никогаш немало глад. Си мислев кога дојдовме овде со бродот од Финска како можеме да го одведеме сонцето на комунизмот во срцата на нашите мали народи! Си мислев почитувани, како, како, како? Во овој Комунистички Универзитет, каде картата на светот стана вистинско поприште на нашиот идеал, гледајќи како ce слегува удолу во утробата на Мајката земја, под Москва, дојдов до големото откритие на мојата скромна помисла: Зошто во широките и безгранични пространства под земјата да не изградиме железница со која ќе ги поврзиме тие две вжештени и витални точки на нашата судбина: Москва и Сибир! Зошто да не? Москва и Сибир! Замислете! Почнав да ја проучувам Теоријата на веројатноста, да навлегувам во нејзините таинствени предели, верувајте ми, другари и другарки, на пат сум да ја откријам непознатата формула: Р(В/А) = Р(А) Р(АВ) Условот ќе биде првин овде да го пробиеме тој пат (Повлекува различни линии на црната табла).... a потоа да тргнеме кон сите земји и народи, кон исток. кон север, кон секаде, кон мојата земја, кон Балканската комунистичка федерација која во . . . (Ce втурнуваат тројцата од НКВД, заедно со плениците од хотел „Лукс“ и го окружуваат) НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Ha кого му зборувате, Виктор Константинович Аксаков? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: My зборувам на комунистичкмот воздух, ѝ зборувам на комунистичката земја, им зборувам на комунистичките ѕидови, ѝ зборувам на комунистичката тишина. . . НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: По наредба од Кадровското одделение на Коминтерна задолжен сум да Ви ја одземам слободата! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Подземната железница, другари, подразбира длабоко навлегување ва кое ... НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Затворете му ја устата ! ! ! (Двајцата потчинети му ја врзуваат устата.) Пребројте ги колку ce! Пред мене! (Заминуваат) ТРЕТА СЦЕНА СОСЛУШУВАЊЕ BO ЗАТВОРОТ БУТИРКА BO МОСКВА. МИРИС HA ВЛАЖНИ ЛИСЈА. ОТВОРЕНОТО ПИСМО „41“ ОД ЈУГОСЛОВЕНСКИТЕ КОМУНИСТИ ДО КОМИНТЕРНА И ПРВАТА ЧИСТКА HA БАЛКАНСКАТА КОМУНИСТИЧКА ФЕДЕРАЦИЈА. ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Другар Заболски, дојдена е другарка ви, вашата жена. Вели дека утринава починал вашиот татко. Треба вели, да земе потврда за парцела, посмртница, вели треба да го закопате, вели веднаш . .. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Марш, да те нема! Речи ѝ да ce изгуби одовде, денеска го вршам своето пресудно идејно и партиско крштевање, доделен ми е секторот на Балканската комунистичка федерација, a тие ќе ми ce расправаат со парцели. Има да го чува мртов додека ce вратам. Утре, задутре, в година-не знам, брзо пренеси, и на свое место. Го гледаш на ѕидон (локажува на сликата од Сталин) тој ми е татко, тој ми е мајка, пренеси брзо и на свое место ! ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Разбирам! (Излегува) НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: (Останува сам за миг пред да почне со сослушувањето. Стои мирно со вперен поглед во иднината) Ти беше толку мал, другар Нињел Заболски другарче мое ти беше дете кога ce вети пред Револуцијата, како пред икона, служител сум твој ѝ рече. . . немам време, сега немам време, татко, мртов татко, што ќе правам со мртов татко, треба да ce сослуша половина Москва, утре ќе ми речат: сослушај еден град, немам време .. некогаш ти беше дете . . . Доведете ја Татјана Менделеевна!!! Веднаш! (Ја водат Евгенија Занданска во ноќната кошула од претресот во „Лукс“. Премалена и бледа таа ce ниша, како на ветер, од неговиот поглед) ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА: He заборавајте дека јас сум трудна ... и болна . . . болна и трудна . . . Моето дете ќе ce вика КИМ, Комунистически интернационал молодјожи ние сме. . . можеби казнети, но тоа не е... другарки, другари . . . НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Молк ! ! ! Име и презиме! ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА: Татјана Менделеевна, конспиративно име. Преведувач во Меѓународната контролна комиија, студент по виолина, политичка ориентација . . . НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Имаш сопстввно име? ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА: Го оставам во архивите на НКВД моето револуционерно име Татјана Менделеевна. Нека најде земја тоа име во темните простори каде ќе вирее и нека никне, нека цути .. . Јас сум Евгенија Занданска, јас не сум провокатор, некогашен студент по виолина на Виенската музичка академија, сакате да свирам, можам да свирам ео меморија, можам да ви пејам (Започнува со некакво занесно извивање на некоја позната класична етида). . . НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Доста, доста ! ! ! Податоци, бројки ми требаат! Кажувај! ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА: Родена сум на 3 мај 1912 година. Од Кукуш, Грција, бевме прогонети во Софија, Бугарија. Татко ми е чувар иа едни значајни коски за балканската историја во црквата Света Недела во Софија, препродава свеќи за македонската емиграција во Бугарија. ... Co парите од тие свеќи ме пушти да учам виолина во Виена кога разбра за весникот „Балканска федерација“ и ВМРО – обединета. . . Љубовта ме доведе во Советскиот Сојуз, јас го сакам револуционерот Иволгин, јас ќе имам дете со него, нашето дете ќе ce вика КИМ – Комунистически интернационал молодјожи. . . (Ce држи за стомакот од бол) Ах. ти ce јази мој малечок КИМ, превртувај ce и играј срценце, тебе никој нема да ти го одземе правото ва слобода, дотогаш ќе биде cè завршено. .. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Злоупотребата на името КИМ за деца на контрареволуцијата е исто така забрането. Откажете ce од сите идни споменувања на тоа име на вашиот далечен пат во кој ќе зе придружувам! Надвор! ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Другар Заболски, дозволете да се обратам! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Ајде! ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЗЕ: Другар Заболоки, вашата жена не сака да си оди. Таа писка пред надворешната врата на службениот влез. Помина полковникот Аркадиев и рече, ако не престане да ја исфрлиме со затворското ѓубре. Таа престана и повторно ве чека. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Ви давам рок – десет минути! Ако не ме ослободите од нејзиното присуство заборавете на себе си! Веднага! Следниот! (Гo водат Коста Вујовиќ) Доближете ce! Поблиску, поблиску до мене! Име....? КОСТА ВУЈОВИЌ: Павел Михајлович Сашников. Име добиено по доаѓањето во Москва од Париз. Вистинското име – Коста Вујовиќ, роден во Белград, Југославија. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Вие сте ми познат од поодамна. Вие ... сте еден од потписниците на познатото „Писмо – 41“ на југословенските студенти на КУНМЗ што го испративте до Контролната комисија на Сојузната комунистичка партија на болшевиците. Обвинети сте за троцкизам и поткопување на темелите на новата советска власт. Ќе ве погребам сите 41 во Алејата на троцкистите во Сибир! Јас лично! Па, соработувајте и натаму на веќе откажаната линија на Коминтерна–Балканска комунистичка федерација ... Троцкистичка федерација ! ! ! Седи! КОСТА ВУЈОВИЌ: Јас бев во Младинската интернационала.. . јас не бев. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: He одговарај без прашања. Кажи, кога беше одржан последниот таен состанок на вашата фракција во врска со обновата на идејата за Балканска федерација? КОСТА ВУЈОВИЌ: Чесниот комунист нема тајни! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Погледни ме в очи! Како географски карти ти ce очите! Само го делите и пределувате континентов! Еве, Сталин не е за Балканска федерација, ама можеби е за Европска федерација откај знаеш! Ceгa за сега, Балканот ќе биде поделен како што е и точка. И што има врска Балканската федерација со Троцки... ве лажат на сите страни ! КОСТА ВУЈОВИЌ: Ние сме сите оружје во рацете на новото време. Допуштете, да бидеш комунист, не значи да владееш, значи да сонуваш .. . Нашиот сон е отворен сон, ние го сонуваме во името на еден наш, Балкански октом-ври, сите Конгреси на Коминтерна нè поддржуваа во тоа. . . Ние ќе го градиме Балканот според мерата на нашиот идеал. Замислете, таму cè уште дејствува Комитетот за жртвите против белиот терор, таму на-ционалната омраза ги надминува сите норми на човечкото однесување, државните граници пресечуваат цели народи, секој во секого гледа сопственик на туѓа земја... Каде е мисионерот на советската власт Алберт Голдштајн, тој шеташе низ Југославија, Грција, Бугарија и Албанија. зошто го стрелавте, ceгa, немаме сведок другари од НКВД! Ние не сме дојдени овде за да не сомелат вашите воденици . . . Ние сме луѓе од мали народи, кај нас еден помалку е како кај вас илјада. Ако не потоморите под земја, ние може да израснеме . . . НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Ќе израснете вие на куров мој, сите! КОСТА ВУЈОВИЌ: Како полен ќе ги надминеме сите комунистички далечини и беспрегледи на советското небо, бидете уверени секој балкански народ живее само со своите мртовци. Ние немаме заеднички гробници. Имаме само еден против друг. Си рековме еве шанса во Балканската комунистичка федерација, но вие ни ја одземате! Нашата единствена заедничка гробница ќе биде Сибир. Каква иронија! Како ce вика логорот ве молам? Ce надевам тој е веќе одреден. Можам ли да ѝ испратам адреса на мојата Партија? НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Тебе ќе те испратам од таму, завиткан во црвено предиво. И ќе им напишам што мајка барате да ја правите Балканската федерација, овде ...?). Ние главата нe си ја знаеме од себе си, a тие ми дошле по држави. He ги дели Сталин државите од џебот. Заминувај веднаш! (Го водат Коста Вујовиќ, Нињел Заболски останува сам. Врти збеснето низ истражната канцеларија.) Кој ти го одреди овој сектор другар Забо-лски, другарче, мое, сите те мразат, татко ти чека мртов дома, жена ти ја спремаат за затворското ѓубре, ти го подготвуваш комунистичкиот Балкан за Сибир. Ти беше дете, другар Заболски и веруваше . . . Доведете ја веднаш кучката од Германија, што бара таа со Балканската секција, малку ми ce овие, уште таа ми требаше. . . (Брутално ја туркаат Грета Зонтаг. Ce слуша нејзиното тешко дишење. Co фенер ѝ проверуваат дали нешто крие во устата и мегу нозете) НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Име и презиме. ГРЕТА ЗОНТАГ: (Ги прибира парталите врз своето полуголо тело. Ce собира во себе. He може да изусти ни збор) НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Обвинети сте за уривање на советскиот систем преку организирана контрареволуција, поврзана со меѓународната антикомунистичка реакција. Имате ли забелешка? ГРЕТА ЗОНТАГ: Немам. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Меѓународната контролна комисија и кадровското одделение на Коминтерна ви ја даваат следната препорака: Искажи задоволително разјаснување. Признај ги своите политички грешки. Исполни ja заповедта на будноста и откривај го без поштеда секое критичко држење на луѓето со кои ce дружиш. Стави ја во запионик секоја изјава на твојата околина која мириса на застранување. Тогаш ќе бидеме уверени дека си ѝ верна на Партијата и ќе те внесеме во идната работа. ГРЕТА ЗОНТАГ: Да живее комунистичкиот бог Јосиф Висарионович Сталин! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: (Ce фаќа за револверот) He заслужуваш да те стрелам пред неговиот портрет. Ќе го оскрнавам со твојата курвинска крв. ГРЕТА ЗОНТАГ: Јас сум исправен и горд комунист што не верува не само во Сталин, туку и во Господ. Дали сум курва тоа вие не можете да го знаете, бидејќи свршувате пред погледот од неговата фотографија! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Нека влезе во записник. Сакаше да стрела во портретот на нашиот генијален водач, кого исто така сакаше да го убие 1934 година на Црвениот плоштад кога од полит-Бирото на КП на Германија беше исклучен Ханс Шулц, нејзиниот љубовник, кој спротивно на директивите на Коминтерна, повикуваше на борба против нацизмот. ГРЕТА ЗОНТАГ: Да, да, точно. Како смее да повикува на борба против нацизмот, тоа е скандал. Нацизмот е пријател на советската власт. Шест букви со шест ce исклучуваат како непријатели. Сталин и Хитлер. Така е другари. Напред! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Оставете го пеколното оружје од вашата уста. Нацизмот не е непријател на работничкото движење. Никој од вас не бара оценка. Молк. Какви ce вашите врски со луѓето околу Балканскта федерација. Вашата соба во „Лукс“ беше меѓу две балкански соби, вие имате увид во дејноста на Виктор Константинович Аксаков и неговите беседи по амфитеатрите на Универзитетот, ајде Љубов Тихоновна, ајде Грета Зонтаг, ајде германско-балаканска врско, кажувај кажувај (Co фенер ѝ свети меѓу нозете). ГРЕТА ЗОНТАГ: (Ce свиткува како покосена) Нека ме слушне небото и нека ce отвори, едно прозорче од првата замрзната земја на комунизмот! Co фенери ми копате во утробата, другари, браќа, пролетери, советски луѓе, зачем, зачем, зачем ! ! ! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Потпиши овде! (Го плука в лице) Каде? НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Ќе додам со тебе во Сибир и ќе ce погрижам засекогаш да останеш во мразот на првиот комунизам. Изнесете ја. (Збеснет ја фаќа за гуша). (Ја изведуваат Грета Зонтаг). И што е ова со тебе, Нињел, ти на сите им ветуваш засебна смрт, a утре ќе те праша полковникот Аркадиео, ајде, кажи ми другарче, кои ce твоите нови сознаиија, ти немаш најнови сознанија, a ваму твојот татко не може да најде парцела во московските гробишта и никој не ја прима неговата душа, тебе те замешале во некои балкански каши и федерации и женана те чека надвор, ах, Нињел, Нињел .... Влегувај! ЈОСИП КЕЦМАН: (Го туркаат наврапито низ вратата) Кажете му на Горѓи Димитров, дека членот на Кадровското одделение на Балканскиот секретаријат Валериј Кузмич Иволгин или некогашниот Јосип Кецман од Трновица, далматинско село во Југославија е готов да умре, ама не знае зошто. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: На 17 минатиот месец си ѝ ce заканил на директорката на Комунистичкиот универзитет, другарката Фрумкина, дека со срп ќе ѝ го пресечеш вратот a со чекан ќе и јa толчиш главата, ако ја видиш уште еднаш како предава списоци на органите на НКВД? ЈОСИП КЕЦМАН: He ѓибајте ми ги српот и чеканот! Ѝ реков како на кокошка ќе ѝ го скинам вратот. Тоа ce измислици! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Ce откажувате од идејата за Балканска Федерација, од уривањето на советската власт и од фракционерскиtе заговори? ЈОСИП КЕЦМАН: Каква федерација? Таа не е создадена за да ce откажам. Еве дајте ми нож, ќе ја поставам на вашата маса, нашата идеја за балканска федерација и ќе ја заколам како жртва пред вечниот господар на ко-мунизмот, пред неговото височество – Сталин! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Cè е повеќе од јасно. Немам веќе прашања. ЈОСИП КЕЦМАН: Што ce случува со револуционерката Татјана Менделеевна. . . ? Што можат да сторат болните од туберкулоза против цврстата власт на советските републики. A плус едно детенце вртка нејзината утроба, ако нe е предомислено досега . . . мало колку ноктов детенце . . . мало цицалче . . . зрно . . . нишан . . . НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Непријателите на Комунистичката интернационала немаат право на брачен живот и ништо мало, ни зрно, ни цицалче не ме интересира разбираш . . . Губи ми ce од пред очи, да не те гледам! ! !! Уште колку има, да ти го ебам и Балканот и неговата федерација? ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Уште двајца, другари Заболски! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Дали можеш од двајца да направиш еден, другар, дали можеш ? ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Немам пробано, другар Заболски, ама не верувам, не верувам! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: (Ce смее) Така е. Пуштај го следниот. (Влегува Михаил Антонов) МИХАИЛ АНТОНОВ: (Зборува со исплашен и засипнат глас) Јас сум свештеник. По грешка сум дојден во Советска Русија, јас бев тргнат во Ерусалим на Божјиот гроб. Во Виена отидов да го видам мојот братучед, член на ВМРО-обединета, уредник во весникот Балканска федерација. Јас сум Михаил Антонов. Јас не го признавам второто име Петар Иванович Безухин. Од таму ми рекоа дека треба да поминам низ Русија па после да одам во Ерусалим, ми беше ветено. Ми вети човек на висока функција. Me сместија во хотел „Лукс“ и видов дека на комунизмот не му треба господ, значи не му требам ни јас, си реков. Тие ми рекоа – оди пред црквите низ Москва и мирисај кој доаѓа на таму, одвраќај ги и вели им дека Господ те испратил за да кажуваш дека е умрен, дека не постои повеќе, дека ја завршил работата со луѓето, cera е пуштен, како пуст самотник да си го дотроши времето што го има. .. Инаку јас го чекам денот за Ерусалим, за Божјиот гроб . . . НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Тебе, да те барав, немаше да те најдам. Ти си како порачан. За секој случај ќе бидеш испратен во Сибир за да не мислат твоите балкански пријатели дека ти проштаваме. Ти го ветувам Божјиот гроб, ако запи-шуваш cè што ќе ce зборува одовде до Сибир. МИХАИЛ АНТОНОВ: Јас нема да запишувам. Господ ќе запишува па ќе ми прераскаже. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Идеално, Господ е со мене. Слободен си другар Петар Иванович Безухн. Немој да го заборавиш твоето револуционерно име. Догледање. МИХАИЛ АНТОНОВ: Co господ напред! (Излегува) НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Ти, кој некогаш беше дете, другар Заболски, ти кој некогаш веруваше во непознати сили, еве, пак си предодреден да си го докажеш тоа, да го видиш со сопствените очи .. . ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Другар Заболски. Другарката Заболска, вашата жена падна во несвест, ене ja лежи на скалите, јас ѝ ce заканив да замине, таа ми вели не знае каде ce Градските гробишта, не е од Москва за да знае, a вас ве нарече вампир, разболен од власт и комунизам. . . лежи на бетонот, другар Заболски . . . НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Губете ce одовде! Последниот, најважниот ми е на ред! (Влегува Трајан Поп-Стефанов) Каде сте вие, Виктор Константинович Аксаков. не можам веќе да издржам, чекајќи го вашиот ред, не можам да издржам за да те слушнам каква е таа твоја теорија на веројатноста и која е таа подземна железница што ќе ja правиш и ќе ја водиш од Москва преку Сибир до Балканот, запалена и заразена главо? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Обвинет сум во врска со Подземната железница? НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Изнесено ти е. ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ќе бидам слободен од претставникот на НКВД и советската власт да побарам една црна табла. Полесно ќе ги изложам работите. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Донесете и држете ја! (Внесуваат црна табла) ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: (3ема креда и почнува надгледна експликација) Ако ние ce наоѓаме сега овде, во затворот Бутирка во Москва, во неговите подруми и ако тргнеме на пат кон Сибир, каде нè чекаат преставници на разни народи, обземени од вистината на комунизмот, ние ќе ce подготвуваме со оружјето на револуционерните формули, како нашиот пат може да го постигне својот идеален облик, да биде жесток, прецизен, ефикасен и точен, a невидлив, другари, невидлив. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Јac ништо не ве разбирам. Зборувајте нормално. Кажете име и презиме, професија, ден на стапување на советското тло. He заборавајте дека сте предавник, обвинет од меѓународната контролна комисија. ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ja повлекувам оваа бела црта на црнава табла и во истиот миг ce креваат двеста илјади советски срца кои ријат под земјата и прават блескав коридор со својот здив. Светлината на нивната љубов и непоколебли-вост гo брише подземниот мрак и ce отвора новиот пат по кој ќе тргнат идните возови на меѓународната среќа и самодоверба. Но, допуштете, јас cè уште немам пронајдено рецепт за дупчењето во самата Москва, зашто може да ce случи да пропадне Кремљ, значи недостасуваат извесни елементи на системот за сврзување на градот со отворениот простор. Имам мали сомненија околу материјалната основа за техничката пресметка во новонастанатите услови во светот каде би можеле да ја пренесуваме револуцијата по подземни патишта, според најавена или неочекувана потреба, но нив ќе ги разрешам во најскоро време. И замислете, другар од НКВД како ќе бревта подземниот глас на железницата, усреќителка на народите .. . НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Напиши ја формулата! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Нема формула. Ние ќе ја дупиме земјата со ликот на Сталин на нашите чела, земјата сама ќе ce отвора од тие нови машини на нашата љубов, само кога ќе одекне името Сталин ќе ce разгроми тврдата земја и ќе тргне комунизмот на својот бестрашен пат, како небески ѕвер што ја појадува земјава како нафора, како играчка, така ќе тече, како реките на нашата младост, како Вардар, Јенисеј, како Дунав, како Волга, како Тихиот Дон, само не над земјата, под земја другар мој .. . НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Јас би ве стрелал пред таа црна табла, ако не за друго, за идеализам! Губи ce! Подгответе ги за пат! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Пресечен е нашиот пат, другар Заболски и можете да стрелате во нашите сенки, убијте ги нашите сенки за да не ce шетаат по советските републики и по нивната хармонија, за да не може утре никој да нè про-најде и никаде за да останеме како глуви клукајдрвци во гробот на нашата надеж! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Престани еднаш со тој општ и неподнослив јазик, како може надежта да има гроб . . .? И кој ве научи сите да го валкате ленинистичкиот поредок со такви јалови зборови кои до никого не допираат? Јас не знам кај ми е главата, a ваму Татковината ме бара сиот, без остаток сосе cè, јас сум нејзиниот извршен орган, a ваму татко имам мртов дома на постела во предгрдието, жена имам што лежи на бетонот и ме чека, треба да пишувам молба за парцела во новосоветските гробишта, не сакам да ce мешам со царските мртовци, овде ме јадете вие како од мене да зависи вашата идеја, да ce измочам во неа, и ништо не ми кажавте одповеќе, за ништо ве сослушувам, немам нови сознанија и по-арно да не се потпишев под линијата одговорен за Балканската федерација и да не ce замешав во тие каши, да затворав чесен свет, чесни пролетери, вистински комунисти, a не како вас лежилебари и голиштарци на Комунистичката интернационала што ја крмиме ние, работниот народ, за да ни речете утре. Ништо немаме од вас, не мешајте ce во нашите внатрешни права! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: He мрдај! Остани така! Рацете горе! Од кога сиот ин-тернационален комунизам ce претвори во ѓубре што ви смрди во куќата и од кога почнавме да ја делиме револуцијата на наша и ваша? НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Ти си мрднат од умот! Co кое оружје наредуваш? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Наредувам со мојот збор. Јас имам дадено збор пред мојот мал и никаков народ што мислеше дека ќе биде спасен од комунизот, a ceгa гледам дека никој веќе не спасува и никој не гради, гледам дека сите разградуваат. Немам оружје, но имам право да ти наредам: Оди закопај го татка ти и оди извади му посмртница. не плаши ce, Сталин ќе ги сослуша сите народи на земјината топка и без тебе, cè ќе биде навреме завршено. Оди ceгa, оди кога ти велам. Еееј, татко ти ќе скапи, ќе зоврие црви, те чека онаа камница, легната на бетонот велиш, a ти зеде мера да му земаш на Балканот, на Црвениот Балкан, на нашиот Црн Балкан, судбината да. му побели и вид виделија да ce витоса. . . Оди ceгa, оди и не прашувај ме ништо, веќе ништо . .. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: A кој си најпосле ти, непознат професоре по некаква теорија на веројатноста да ме бркаш од посебните уреди на затворот Бутирка, што е за тебе Народни комесаријат внутрених дел, што е? Сте ми дошле како болвосерки, како јата мрави што се кучите на советскиот леб, сите замаени од сонцето на комунизмот, a ceгa сакате да го угаснете и сонцето и Сталин и Сојузната советска партија на болшевиците.. . Што барате на Исток, ене ви го Запад, нека ве ослободи. Појдете на Запад ќе ви дадат и Балканска федерација и демократски права, cè ќе ви дадат. . . Кога ќе си го видам тилов, ќе си го избришат газот со вас и ќе ве вратат во дупчето од кај што сте излезени . .. треба да ce занемите и да слушате, секоја казна е привилегија за вас, сите Сибири не можат да ве соберат, толку сте лакоми пo самоволие и слепи за вистината, во кланица Москва да ja претворат. A, нема да речам нека ја претворат, оти пак треба да ве храниме во поправните логори, пак има да гладуваме, само уста ако отвориш ќе те ... ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ќе молчам отсега, другар Заболски, ќе молчам и ќе ce молам до Маркса и до Енгелса ќе ce молам, до Ленина и до сите мртви светци отсега натаму да ce раѓаат само неми револуцинери, никој за збор да не знае, да им бидат закатанети устите, никогаш збор да не излезе од нив, a само да ја туркаат историјата како слепа кучка, само напред и напред, само напред...! НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Дежурен граѓанину Григориј Чуркундзе, влезете веднаш (Ѕвони на дежурното ѕвоно) Одведете го во ќелијата и подгответе ги сите за транспот! Ce разбравме? ГРИГОРИЈ ЧУРКУНДЅЕ: Овај .. . простете, другар Заболски . . . која е вашата крајна цел во врска со вашата жена. . . таа чека на бетонот. .. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Речете ѝ замина за Сибир со подземната железница на Балканските комунисти! ! ! Сфаќате или не?!?! ЧЕТВРТА СЦЕНА 1937. БОЈКОТОТ СКОПЈЕ – МОСКВА. СТРОГА ПАРТИСКA KAЗHA 3A ПОЕТОТ ШТО ГО ДОВЕДУВА ВО ПРАШАЊЕ ЦЕНТАРОТ HA СВЕТСКИОТ КОМУНИЗАМ. РОЖБА HA ВИСТИНСКО ДЕТЕ ПРАВЕНО НА МАКЕДОНОКИ ЈАЗИК, ВО ДОМОТ НА СИНОТ HA ТРАЈАН, САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ. ЦРВЕНИ БАТАНИИ, НИЗА ЛУК И ЦРН НОЖ. (Зима. Во трошната скопска куќа, во близината на црквата Света Мина, Роса поп-Стефанова треба да ce породи секој миг. Самоил седи на работната маса запретан во хартии) РОСА: Мил мој . . . појди до долапов овде зад врата и извади ги црвените батании, низите со лук. . . земи ги и обеси ги на ѕидов, јас верувам во Бога ... ме стега детево, еве го ми тропа, кожинчево ќе ми прсне и биди овде вечерва. . . остави ги зборовите. . . остави ја Партијата . . . САМОИЛ ПОП -СТЕФАНОВ: Ceгa, веднаш! (тргнува кон долапот и ги вади црвените батании и низите со лук) Никој веќе не ме вика. . . Вечерва имаат состанок, јас разбрав од други. . . Вечерва ќе ми судат во отсуство . . . Татко ми бил затворен во Москва! Самиот тој чин бил доволен за да ме газат како плуканица He, не. . . He ме бараат веќе, не им требам . . . РОСА: И земи еден нож со црна дршка и зариј го во земјата да не ни го фатат детево зли очи . .. еве го, еве го доаѓа. . . појди и викни ја тетка Вета ..појди САМОИЛ ПОП -СТЕФАНОВ: Ja сум тука, зошто ти е Вета, јас ќе ја пресечам врвката.. . Тие нека ме судат... јас сакам да си го пречекам детулето со моиве раце! РОСА: He мисли мил мој...Праведниците ги чува небото. Никој не може да ти суди, никој ! САМОИЛ ПОП -СТЕФАНОВ: Гледаш врне снег ... Да не беше снегов можеби немаше да ја напишам песната: Мојот крст на сибирскиот гроб. .. Снегов е крив, него нека го обвинат и нека му изречат казна! РОСА: Мајкимо мое, снегот да ти го чува лицето, онежето што ќе го дробиш со прстињето и носето подмрзнато, нека те чува снегот тој бел сон што паѓа додека те чекам. ..Самоил, викни ја тетка Вета можеби вечерва ќе ce роди . .. САМОИЛ ПОП -СТЕФАНОВ: И јас ќе раѓам прекрасна моја, и јас со Тебе .. . Прочитав дека кај еден старосибирски народ, кај Аините, мажот раѓал заедно со жената. . . се извивал и крчкал исто како неа ... ce делел од себеси . . . замисли татко е, можеби таму кај старо сибирските народи и мисли на нас.. .каква случајност! Да тргнеме! Остани до мене.. . Остани можеби вечерва ќе дојде и ќе биде мегу нас . . (Некој тропа на вратата) (Самоил ce стрчува да отвори) (Влегува Сандре Вретоски, партиски активист) САНДРЕ: Партиска задача. Задолжен сум да ти кажам. Ниеден комунист во цело Скопје не смее да ти проговорч. Ни да те погледне. Така е одлучено на состанокот. Ќе те стреламе со молчење. Ти ce најде да фрлаш таков сомнеж среде народот, за Москва, за Советскиот Сојуз, за другарот Сталин. Татко ти Трајан поп-Стефанов е провокатор. Toj не е комунист. Комунистите нe ce провокатори. Си му прочитал на нашиот симпатизер, вратар во Државната болница стихови, песни со наслов: Каде оди комунистичката река и Мојот крст на сибирскиот гроб . . . САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Значи, вие ќе молчите, скопските комунисти !? САНДРЕ: Ние ќе молчиме! САМОИЛ ПОП -СТЕФАНОВ: Co кого ќе зборувам јас? САНДРЕ: Ќе зборуваш сам со себе ако останеш под небово! САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Значи да одам ко гроб по скопските улици....!? РОСА: Самоил. .. дојди до мене. . . еве го ме стега, прета.... САМОИЛ ПОП -СТЕФАНОВ: Me гледаш јас сум овде.. . слушаш никој не смее да ми зборува. .. САНДРЕ: Препорачано ти е да не врвиш преку Камениот мост, ниту во празник ниту во делник, ниту навечер ниту на пладне, да ce завиткаш во црно и да бегаш ден далеку кај што ќе видиш чесно лице на комунист. САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Види Сандре, жена ми ce пораѓа. .. . Ако сакаш пренеси им на другарите јас ќе ги прочитам песните пред нив... САНДРЕ: Ни збор! Никој не бара од тебе да читаш и да го загадуваш нашето идно црвено Скопје! Никој! Cè е одлучено! РОСА: Мајко. .. Мајко.. . Викни ја тетка Вета!!! Самоил! САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Нека ce роди детево па ќе видиме! САНДРЕ: Детето е ваша работа! САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Го вардиме од зли очи! САНДРЕ: Никогаш повеќе, никој не сака да те види. Замисли дури во Москва стигнале твоите зборови и од таму дошла депеша што да ce сторм со тебе. Ти ли требаше сега после татка ти да ни го усрамиш Скопје? Тие душа ни даваат, a ти плукаш во неа! Ти и сите крлежп како тебе што риете во нашата борба. . . Викни ja тетка Вета... мил мој. . . викни...! САНДРЕ: И збогум сега. Засекогаш. Заборави на сите скопски комунисти, оди кај сакаш, оди во Загреб, ене ти го Белград, оди и вадете ои ги очите со твоите истомисленици немој да ни ја валкаш Советска Македонија, Сталин ќе ми ја даде Македонија, бела како гулабица! САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Да не раѓаше Роса, ќе излезев сега на среде Скопје. Ќе ce искачев горе на Кале и ќе викнев толку болно да ме слушне ова мало Македонииче: Сакам да дојдам во Москва, подземи татко мој и да те прашам, што ќе биде со нас?!? РОСА: Викни ја . . . викни ја. . . нека дојде! САНДРЕ: Никогаш нема да појдеш, ќе гниеш овде како куче! Ако си против Москва, ти си против Македонија и против Капеју! Така да знаеш! САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Сандре постој еден миг со жена ми да ја викнам тетка Вета. САНДРЕ: Немам време. Збогум! САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Остани да го видиш детево, Сандре! Ова дете е правено на македонски јазик! Коминтерна го призна македонскиот јазик! Ова пиле што прета во утробата на Роса е правено на признат јазик! He како нас, правени на ветер! Остани, веднаш ce враќам! (Истрчува како истрел од сцената) САНДРЕ: Немам време. .. немам. . . ме чекаат.. . Господе чувај и брани. . Господе.. . . РОСА: Луѓе, трчајте ce корнам од земјава. .. луѓе... (Ha сцената ce втурнуваат Самоил и тетка Вета. Таа носи црн котел, ножици и кантар). TETKA BETA: Ајде Росе. . . Господ нека ни е на помош! Дванајсе пати имам раѓано ќе помине како на сом! Жената е како река, додека секне.. . Ајде биди ми храбра. . . ! РОСА: (Ce извива во породилни болки) Ох . . . . летни ми, летни ми. . летни. . . летни ми оооох. . . САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: (Легнува на подот и ги повторува нејзините извици) Ох. . . летни. . . ми. . . летни ми. . . летни. . . летни ми ох. . . мајка ти телото, јас душата ти ја раѓам, летни ми. . . летни. . . ми TETKA BETA: Ајде оптежи, пресновај, виткај, преди, плети, калосувај, заврти, одврти, крени ce, замавни, промени, ајде Росе потечи и така да ми течеш, ајде одмотај, навали се, пресегни ce, навези го, ткај, ткај, чкрипците нека вртат, пуштај го, пуштај го, пуштај, нека иде, нека удри, нека згази, нека падне и нека ce воздигне. . . еве го еве го уште, уште, уште, еве ги очите. . . . еве го дојде јунакот. . . . јунакот, јунакот. . . јунак. ..!!! (Се слуша детски плач) (Co големите црни ножици врвката е пресечена). РОСА: Мајкино мое. . . САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ Значи тој дојде. . .!! Дојде! САНДРЕ: Што барам јас овде. . .? TETKA BETA: Самоил, дај ми го кантарот! САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: (Ce исправа мигум од подот) Еве го веднаш! TETKA BETA: (Го зема детето завиткано во бело и го става на кантарот) Тежино земјина и наша, потомори се во невидлија пред очите на овој роден јунак и замини таму кај што нити има нити ќе имало нешто! Сведоци бидете на овој благослов Мајко, Татко и ти непознат човече и вие снегови, снегови, снегови што паѓате над Скопје! ПЕТТА СЦЕНА ЛОГОР „КОЛИМА“ BO СЕВЕРЕН СИБИР. ПРОСТРАНА ЗЕМЈАНКА – ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ПРИФАТИЛИШТЕ ПРЕД РАС-ПОРЕДОТ ПО РАЗЛИЧНИТЕ МЕСТА HA РАЗМНОЖЕНИОТ „КОМУНИСТИЧКИ ИНФЕРНО“. ДЕЛЕЊЕ HA УНИФОРМИТЕ И БРОЕВИТЕ. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Вечерва ќе ce разделам од вас. Ќе ве распоредам на илјада квадратни километри, ќе ви врзам по еден бел број на вратот и ќе ве предадам на судбината. Таа ќе ве чува. Верувајте во неа. Јасно, Ce разбравме или треба да повторам? ГРЕТА ЗОНТАГ: Ce разбира дека разбравме, другар Заболски. Ние разбираме cè. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Да видиме. Проверка на претставувањето пред комисијата што ќе ги одреди имињата на вашите идни домови во бескрајниот Сибир. Тоа е нашата таинствена татковина која ќе ве зачува од реакционерните пороци, која ќе ви го спаси умот. Да видиме. По ред. Минувајте пред мене и кажувајте го само потребното, исклучиво потребното и ништо повеќе! ГРЕТА ЗОНТАГ: Прва сум јас. Број 147 745. Грета Зонтаг. Берлин, Германија. Опасен антикомунистички елемент. 7 години. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Хумано, другарке, хумано. Никаде не би поминале вака. Сигурно! Јас знам. He велам попусто. Седум години. Ништа Ништо!!! КОСТА ВУЈОВИЌ 132 156 комунистичко име Павел Михајлович Сашников Посебно име Коста Вујовиќ, балкански разурнувач на советск:ата власт. 10 години. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: He чекај. Немаме време. Колку е часот. Уште две минути и ќе ви кажам. Трпение, само трпение! На ред! МИХАИЛ АНТОНОВ: Број 115 562. Поправна работа. Антикомунистички заговор против. ... 5 години. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Добро. ЈОСИП КЕЦМАН: Сите имиња, сите чинови, напред. 173 378 – 9 години. Меѓународна реакција и пропаганда против Коминтерна. Остроумно. Точно. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Натаму ! ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА: Болна студентка по виолина во Виена. Жител на Балканскиот полуостров, трудна, со дете КИМ во утробата – 5 години, навреда на името и делото на Јосиф Висарионович Сталин и Револуцијата што.. . ме храни. . . што ми ја даде мојата рожба.. .. која прва ќе го понесе. . . (Ce губи. Ce струполува на земи). КОСТА ВУЈОВИЌ Другарке Евгенија издржи го ова искушение на темнитс сили на Интернационалата,, зошто нас нема да не ocтават да страдаме, никој не знае за сево ова, никој. . . Кога ќе разберат во Белград сигурно ќе не повикаат да ce вратиме, што ќе прават нашите народи без нас, не ќе играат петкамен, ние сме силата. . . Сибир е грешка за нас. . . ЈОСИП КЕЦМАН: Евгенија, еве јас ќе те лекувам со зборови, слушни ги моите зборови. . . . НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Никому не смее ништо да му ce случи пред да дојде Комисијата за распоред. Од Москва ве водам дури во Сибир. Колку денови и ноќи, колку месеци, колку векови. Уште мирисам на сите вас, мојата кожа мириса на Балканска федерација, од сослушувања, од испитувања, од насоки и сознанија. . . Мојата жена остана да ме чека пред вратите на истражниот затвор, мојот татко, можеби cè уште и не е закопан поради вас, вие овде ќе ми ce разболувате. ... Денеска во Централната управа... слушајте ме добро... денеска во централната управа на логорот Колима добив една важна наредба. Денеска е 7 ноември 1937 година. .. Ви зборува нешто тој датум?!! Наредено ми е балканската секција да подготви пригодна програма што сакаат да ја видат во 20 часот, другарите од Централната управа и примерните осуденици во чест на новиот распоред. Наредувам во 20 часот. Под итно. Досвиданија. 20 години од Големиот Октомври! Вам Ви е дадена таа чест со една цврста и мала, со една откопана, од вашата некогашна исправна комунистичка свест, љубов и самодоверба да го запрете ова бело сибирско време и да му речете: Чекај, слушни го нашиот збор, Револуцијата има веќе 20 години, cera не с ни моја, ни твоја, ни ваша, ни наша, таа е ничија!! Да живее таа! Под итно. Досвиданија. ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ Допуштете ми, другар Ниљел Заболски, јас да ce погрижам околу програмата. Има некој предзнак што ми ce врти во едно ќоше од главата дека нешто можам да пронајдам да не обедини сите нас.. . како да ми ce врти едно драмиче, едно сониште. ... и после. . . бројката ми е многу блиска.. . Револуцијата навршува 20 години, a јас сум роден на 20 години... НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Ти ми одговараш за програмата! Досвиданја. (Нињел Заболски излегува) ГРЕТА ЗОНТАГ: Евгенија умира. Луѓе! Таа умира. Умира Евгенија, првата виолина на Балканската федерација. Русијо силна и немоќна, богата и сиромашна, умира и КИМ – Россия, сильная и неможднал, богатая и нипдая, умирает и Комунистическии интернационал малодежи, некој мора да го спаси. . . . ЈОСИП КЕЦМАН: Љубов моја, нека те спаси некој Бог, нека те спаси некој реакционерен бог, само да те спаси, дојдете лекари од северен Сибир да ja видите. .. КОСТА ВУЈОВИЌ Каде е овде управата на логорот и претставникот на Сесоветската комунистичка партија – болшевици, да види како умира нашата Евгенија. МИХАИЛ АНТОНОВ: Слези, Исусе, во северен Сибир, тргни од својот небесен гроб и спаси ja рожбата КИМ, нека биде КИМ, никој тебе не може да те отргне од нас... ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Чекајте, тријајте ѝ го челото, тријте го сега cè бидува, таа можеби ce породува. (Надвор завиваат пци) ГРЕТА ЗОНТАГ: Евгенија, ме слушаш? ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА: Нема никој овде. . (Ce извива во страшна треска) Нема никој. He е овде мојот малечок КИМ, не барај го, нема никој. . . ЈОСИП КЕЦМАН: Сибир, боже над боговите, доаѓаме ние, грешни и немоќни чеда пред твојата челуст, остави не да го видиме детето КИМ, толку сонувано и толку мало како гулаб! Гулапче!!! Гулапче!!! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ha смртта ѝ било најтешко да води деца за рака. И бегале децата ваму-таму, и тешко и било да ги стигне. Можеби смртта ќе ни го остави детето КИМ. ГРЕТА ЗОНТАГ Но како да го спасиме? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Немаме сврдел, другарке Грета Зонтаг, да ја продупиме оваа сибирска ноќ, да излеземе со волците што имаат поголема слобода од балканските комунисти во Сибир, да заминеме кон Кремљ, кон црвениот плоштад, да ја повикаме Црвената помош, црвена мајко наша, дојди во Црниот Сибир, донеси ја Историјата на СКП (б) истури ги зборовите врз нашите глави и речи им, ајде зборови, спасете го детето КИМ, што сега, од вечерва треба да расте. Научи нè слободо што тè нема, мајко изгази не како мравки, како плуканици, Евгенија, прости ни друтарке Занданска, нека ти го огрее лицето едно зраче од Охрид, едно мало заскитано зраче, ќе остане Балканот без тебе, ќе стане тој слободен можеби некогаш, но без твојата струна! ГРЕТА ЗОНТАГ: Другарке Евгенија, еве сонувам овоштија, еве ќе ти скинам од ова дрво што ми расте пред очи, сочно јаболко беларозе, еве, го чувстуваш, касни, другарке Евгенија, од каде да измолзам млекце да му капнам во устето на КИМ, неговото жедно усте во твојпта утроба. ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА: He ... не . . . не е овде детето ... не барај го, тоа е во Москва (Ги испружува рацете кон Архангел што ѝ ја вади душата) јас сум овде, јас сама ќе дојдам... ЈОСИП КЕЦМАН: He умирај, другарке Евгенија, другар КИМ, со кого ме оставаш? КОСТА ВУЈОВИЌ Како ќе те носиме од Сибир во. . . Овде нема гробови, луѓето замрзнуваат по неколку векови за да ce разбудат и да видат до кај стигнала светската револуција.. . Овде нема гробови... МИХАИЛ АНТОНОВ: Тргнете ce. Пуштете ме.(Се стрчува кон неа) ГРЕТА ЗОНТАГ: Очите. . . видете ѝ ги очите. . . ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ми треба еден писател, еден инженер на душата, не е важно кој! Ќе остане непознато сето ова, барем тебе немој да те опише, детенце КИМ, ти мртво неродено пиле, писни однатре, барем да те слушнеме . . . МИХАИЛ АНТОНОВ: Душата е врзана за чинтел и тој cè уште ja трга, не ја пушта! ЈОСИП КЕЦМАН: Покажи ce, синко мој, покажи ce, КИМ, да те видам.. . МИХАИЛ АНТОНОВ: Дојде Исус во Сибир и рече: Тргни со мене, жено, во Елеонските гори, таму ќе биде угасната твојата жед, во житата светозарни ќе си го видиш детето како јагне што блее, чекајќи го мајчиниот пој! (Евгенија Занданска ce обидува да стане. Ја придржуваат). ГРЕТА ЗОНТАГ: Истерај го злодухот што ти го пие детето, нашето дете, другарке Евегенија! ЈОСИП КЕЦМАН: Нас нè венча Балканската Комунистичка Федерација и нејзините претставници во Москва, ce сеќаваш кога те сретнавме во Виена, ce врати од часови од Музичката Академија. . . Наврати во хотелот Ерц Херцог Рајнер, седна во црвениот салон, ja остави виолината и долго и занесено нè гледаше. Ти зборувавме дека комунизмот ќе насади ѕвезди на нашиот Балкан, ти зборувавме дека светот не ce менува со виолина, љубена моја, стани, земи ja виолината и засвири, можеби тоа ќе биде куршумот со кого ќе ce сретнам, измисли нешто, некоја Балканска мижитатарка во Сибир, стани, стани сега.. . ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА: Дај. .. дај ми ја . . сега.. . (Станува и почнува да свири на замислената виолина.) (Ce движи кон отворените порти на смртта) ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: (Тропа на вратата од земјанката) Отворете, братски народи. Ни умира Евгенија Занданска, ако има некој од мајка роден, ce губи ѕвездата на нашиот фронт во Комунистичката интернацинала, отворете за да ce ро-ди нашето чекано дете, ние не сме виновни што ce сменија директивите, ние не сме против Сталин, Коминтерна ни велеше дека ќе ги разбива државните граници, ние сме за. . . КОСТА ВУЈОВИЌ: Никој не го фатил волкот за опашка додека е жив. . . ЈОСИП КЕЦМАН: Ние сме за 20 годишнината на Октомвриската револуција и Евгенија и Грета Зонтаг и малиот КИМ, отворете. . . ЕВГЕНИЈА: ЗАНДАНСКА: He. . . ! ! ! ! КИМ не е овде. . . Toj ќе спие. . . Сака да спие. . . (Ce држи за стомакот како да има живо дете в раце) (Во еден миг застанува. Умира во движење) МИХАИЛ АНТОНОВ: И дојде Исус во Сибир и рече: Тргни со мене, жено, во Елеонските гори, таму ќе биде угасната твојата жед, во житата светозарни ќе си го видиш детето, како јагне што блее чекајќи го мајчиниот пој! ГРЕТА ЗОНТАГ: Ова е мајчиниот пој другар Безухин, нашиот издив, ракописот што го оставаме во воздухот дишејќи. . . Слушни нè, неродено детенце КИМ и спиј, остани во утробата, заспи длабоко и преспиј го овој век, преспиј го Дваесеттиот век, мое мало другарче, бебе мое, наспиј сè, не доаѓај, спиј, мека како морна музика е душата и твојата мајка, скриј ce во празнините на твојата мала и темна Татковина, скриј ce и нани, лули, нани, нани, лули, зошто да ce раѓаш и кому ќе те покажеме, на кој комунизам и на која слобода, молчете, мол... тишина.. . тишина... јас ќе му пејам заспивалка на нашиот нероден другар КИМ. . . (Ги крева рацете и паѓа на коленици пред исправената икона Евгенија Занданска. Ги зарива ноктите во земјата и како да ги копа зборовите на песната-Балканска мижитатарка во Сибир што ја прифаќаат сите). Нани, лули, нани, лули, нани лули не раѓај ce, ќе немаш никого и ништо и никому не ќе трсбаш другар КИМ однапред сн сослушан, во забрани збран Нани, лули, нани, лули. нани, лули за иднината папочето ќе ти го врземе за да знаеш cera и секогаш на тoj пат ист најсреќен е неродениот комунист ШЕСТА СЦЕНА ПОГРЕБОТ HA ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА И ПРОСЛАВАТА НА 20-ГОДИШНИНАТА ОД ОКТОМВРИСКАТА РЕВОЛУЦИЈА. MA-ЦЕДОНИШЕ ЦУШТЕНДЕ И СВЕЌАТА HA КРАЈОТ. ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Нема камен да заковам. Нема шајка. Нема дрво за сандак. КОСТА ВУЈОВИЌ: Со јазик не ce лепи. Co глава не ce чука. ЈОСИП КЕЦМАН: Да ce простиме ceгa, е ред... МИХАИЛ АНТОНОВ: Прими ги, господи, во твоите двери. . . ГРЕТА ЗОНТАГ: Заборавивте на прославата. Kaj ви е прославата. Ceгa ќе дојдат да нè гледаат. Како да ce простувме од неа, славејќи ја 20-годишнината на Октомвриската револуција? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ќе поставиме жица над нејзиното мртво тело. Ти ќе одиш по жицата, обраќајќи му ce на светскиот пролетеријат, a ние ќе ти влева.ме доверба. Ти ќе одиш и ќе викаш, a ние ќе бидеме твојата совест. Ќе викаш: Еве сме, револуцијо, ти требаме само мртви! Hier sind wir, Revolution, wir brauchen dich nur Tod! ГРЕТА ЗОНТАГ: Ќе зрее овоштие од мојот глас по кое ќе тргнат сите гладни пo вистина и леб. . . He! Nach wir werden aile hungeriege kommen, fur Wahreit und Brot! Плукам на cè што е гледање во иднината, Нема иднина другари. Иднината е мртва. ЈОСИП КЕЦМАН: Toj беше идината. Мојот КИМ! КОСТА ВУЈОВИЌ: Hero веке го нема. ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: A што е ова, сега? ГРЕТА ЗОНТАГ: Ова е mazedonische zustânde! или македонски состојби, разбираш? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: He разбирам. ГРЕТА ЗОНТАГ: Во почетокот на оваа година Адолф Хитлер сакаше да воведе нов политички поим во меѓународната терминологија. Mazedonische zustânde, тоа значи македонски состојби – Да не ce знае кој кого убива и во чие име! Тоа беше одговор на едно прашање што му го упати бугарскиот царски амбасадор. Имено, тој го праша што ќе стане со источните региони на Европа и со Балканскиот Полуостров кога нацистите ќе завладеат со нив. Хитлер одеднаш рипна од столот ја крена раката, замавна и рече „Не, јас нема да дозволам да владеат македонски состојби во источните региони на Европа, да не ce знае кој кого убива и во чие име, ќе заведам ред!“ ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Грета, ja те сакам Jch Lebe dich! Сакам да водам љубов со тебе, овде во Сибир, зашто ми откорна еден црн камен одовде... Грета, јас сега сакам да потечам во една река со тебе. Ти од најмоќниот народ на Европа, a јас од последниот и непризнат... и двата подеднакво ce убиваат, не знаејќи зошто, a ние со тебе бегаме од нив и стигнуваме овде во Сибир.. . ГРЕТА ЗОНТАГ: Ќе дојдеш и ти со мене на жицата, зашто ние сме во бегство од сопствените народи. .. ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Мојот народ го газат од сите страни, нема таков пример. .. a тој ce убива.. . КОСТА ВУЈОВИЌ Убиваат и овде. Во чест на 20 годишнината од Октомвриската револуција објавувам јавен закоп на Балканската федерација. Закопот ќе ce изврши вечерва, во присуство на Нињел Владимирович Заболски, виш инструктор на НКВД! ЈОСИП КЕЦМАН: КИМ, каде си одлетано сега, усте мое, каде? ГРЕТА ЗОНТАГ: Другар Виктор Константинович Аксаков, продолжете во врска со Вашата љубов! МИХАИ АНТОНОВ: Смртта е меѓу нас, миленици на Сесојузната комунистичка партија – болшевици, заробеници на комунизмот, смртта е меѓу вас! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Јас сакам покрај Елба да чекорам со Тебе, покрај нејзините спокојни води, да те одведам до Дрезден, да ја вратам есента Дваесет и осмата, кога ce одржуваше Четвртиот конгрес на Партијата или Балканската кон-ференција на словенските братски партии во куќата на трговецот Курт Ауринг, на улицата Кирбах, бр. 4, да те одведам во Сончевата земја-Зоненланд кај Рајхенберг, таму сакам да те одведам и да ти кажам како ce колневме дека државите и границите ce буржоаски творби, дека ќе го видиме од Дрезден Балканот како во огледало, во својата идна федерација... Грета јас те засакав по патот за Сибир, во вагонот „Црвена Русија“ оти ми ce виде твоето лице како Богородица, ми ce виде како некој блесок да прошетал под твоите очи од лицето на мојот син, јас имам син во Скопје, Самоил поп-Стефанов ce вика, ceгa е израстен, сигурно, ми ce виде како неговата мајка да си Бисера што ме чека таму, тие можеби не знаат дека сум жив, a јас сум жив и те сакам! ГРЕТА ЗОНТАГ: Убава е смртта кога умира идејата дека луѓето утре ќе бидат подобри, дека некој ќе ја распрета иашата пепел за да ја открие сопствената... мил мој другар поп Стефанов! КОСТА ВУЈОВИЌ: Време нема. Треба да ce подготви уводен збор. Треба да ce измисли посмртно слово во кое што ќе ги споменеме сите наши другари и другаркм на сите страни од Сибир, кои вечерва не ce со нас за да ја споделат радоста од погребувањето на Балканската фаедерација. ЈОСИП КЕЦМАН: Евгенија Занданска! Мртво е твоето лице, a ние бевме тргнати по некој Балкан, по некои граници и разурнати држави кај што ќе шета твојата тенка струна. Сега знам дека немало ништо освен тебе, ништо, каде е сега . . . шепни ми, шепни ми. . . ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Застанете. Тишина. (Става една штица потпрена на ѕидот) Да ja префрлиме Евгеиија овде и да ce наредиме. Таа ќе биде покрај нас. Никој нема да знае оти е мртва. Така, наредете ce! (Ce редат сите во една линија). МИХАИЛ АНТОНОВ: Кога ќе стигнам во Ерусалим, пред гробот на синот човечки ќе ти ce доверам, мој боже, ќе ти кажам cè, од кој ветер сум носен и во колку вреќи душата ми е гмечена, газена, горена и толчена, само за да те за-чувам во сопственото срце, ова замрзнато срце во Сибир, на оваа годишнина од мртвите на Големиот Октомври, прибери го, Боже, во својот простран дом и Октомври, и тие беа луѓе и мислеа оти носат добро, не отфрлај ги своите чеда Ти великодушен човечки сине, презри ја нашата ништожна житејска беда и одведи нè во твоите ливади на спокој, пушти ни жубор на божјата вода по нашите валкани лица, ceгa сме толку далеку од тебе во овој непрегледен Сибир, кажи ни кон каде е Твојата постојбина за да те пронајдеме ние од Балканското одделение на Комунистичката Интернационала и јас, Твојот служител што го згрешив патот. .. .? ГРЕТА ЗОНТАГ: Можеме да ја накитиме Евгенија со снежно цвеќе за да ce премисли нејзиното лице, можеби повторно ќе заигра тоа лице, другар Иволгин! ЈОСИП КЕЦМАН: Можеби, можеби, cè бидува. Да, со снежно цвеќе, ајде ... ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Утре треба да ce делиме. Вечерва ќе ја закопаме Балканската федерација и утре секој со својот Сибир. Вечерва ќе ѝ ce поклониме на 20 годишниата од Октомвриската револуција, ќе ѝ речеме: Ти благодариме, револуцијо што нè доведе овде, над овој бел гроб во подземниот Сибир, ние нема да тргаме никаде, зашто сите наши патишта завршија во Тебе, ние себе си ќе ce оставиме овде, зашто кај ќе ce вратиме без тебе во нас! ГРЕТА ЗОНТАГ: Молчи, ceгa малку. И слушај како ѝ ce зборува на Револуцијата. Таа е проститутка. ТАА не сака поезија. Таа сака да ja ставиме жицата и да тргнеме по неа. Згази јас, згази ти, згази јас, згази ти викни сега: Про-летери од сите земји, на нозе, на жица, сега, три четири, напред, напред, пролетери од сите земји, кој ни го знае крајот, Сибир ни го знае крајот, крајот ce вика мацедонише, крајот ce вика Мацедонише Цуштенде, не ce знае кој во кого и во чие име! Ајде згази јас, згази и, згази јас, згази ти.. . КОСТА ВУЈОВИЌ: Грета, држи ја добро! Ќе падне! ТРАЈАН ПОП- СТЕФАНОВ: Другар Иволгин, погледни ме, Иволгин, кај ce пренесе Иволгин. ГРЕТА ЗОНТАГ: Cè ќе пропадне, cè! МИХАИЛ АНТОНОВ: Уште неколку минути и тој ќе дојде! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ништо не ни е завршено! КОСТА ВУЈОВИЌ: Од каде да почнеме? ГРЕТА ЗОНТАГ: He е важно од каде, можеме да почнеме. Ти запишувај, Антонов! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ce наредуваме сите овде, Иволгин, разбуди ce! ЈОСИП КЕЦМАН: Јас сум овде. Еве, ја држам Евгенија. .. ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Немаме букви да напишеме! МИХАИЛ АНТОНОВ: Што? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Да живее 20 годишнината од Октомвриската револуција. ГРЕТА ЗОНТАГ: Ти, другар Антонов, ќе застанеш овде напред, ќе ги рашириш рацете и ќе викаш: Да живее 20 годишнината од Октомвриската револуција! Ајде пробај! МИХАИЛ АНТОНОВ: (Излегува напред) Да живее 20 годишнината! ГРЕТА ЗОНТАГ: Ти, другар Иволгин, ќе ја придржуваш мртвата Евгенија и ќе ја отвориш устата кога ќе ти дојде редот, ќе речеш: Еве, мајко револуцијо, ти ја подарувам мојата мртва жена, Евгенија Занданска, студент по виолина, преведувач на Балканската комунистичка федерација и мојот малечок, нероден син КИМ – Комунистички интернационал молодјожи, и ти ветувам дека ќе ги продолжам твоите свети идеали! ЈОСИП КЕЦМАН: Еве. . . . мајко. . . . револуцијо. . . . ТРАЈАН ПОП- СТЕФАНОВ: He мора сега. . . после, после, после!!! ГРЕТА ЗОНТАГ: Ти, другар Вујовиќ, ќе ја отвориш свеченоста со поздравен говор, уводен збор што имаш 20 мига време да го составиш и да си го оставиш во главата да ти тлее. Ти Трајане поп-Стефанов што ќе ми бидеш последната љубов, ќе ја растегнеш жицата, ќе ја врзиш за двата краја од земјанкава, ќе ја затегнеш толку силно, како да е врзана за двата земјини краја, ќе ми ја подадеш раката и ќе скокнеш по мене на жицата. Ќе играме двата, како преставници на нашите два народи! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Првиот и најмоќен народ на Европа и последниот непризнат и распарчен, играат на жица во Сибир, a под нас течат 20 години на Октомвриската револуцмја и умира Балканската комунистичка федерација, и сето тоа пред нас, ние значи можеме да направиме cè. Нешто непредвидливо, нешто што нè спасува како револуционери што знаат да ја расечат земјата како погача ако треба, згази јас, згази ти, згази јас, згази ти, ајде! ГРЕТА ЗОНТАГ: Почнуваме! (Сите застануваат на своите места) СЕДМА СЦЕНА ПРОСЛАВАТА Е ПОДГОТВЕНА. CE ЧЕКААТ ИЗВРШНИТЕ ПРЕ-СТАВНИЦИ HA НКВД ЗА ДА JA ВИДАТ И ОДОБРАТ. ГРУПЕН ПОРТРЕТ CO СМРТ И ЕДЕН НЕПРЕДВИДЕН ЖИВ ЧОВЕК. (Во мртвата стража на сцената влегува Нињел Заболски во тежок шинел, чизми и црвена поткапа). НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Подготвени сте? Да видам. Ајде веднаш! Сега ќе дојдат! ГРЕТА ЗОНТАГ: Знаете, другар Заболски, ние немавме многу време. .. Ние што туку пристигнавме во овие краишта на првата земја на комунизамот, cè уште сме нови и недоволно вешти. .. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Независно. Независно. Почнете! ГРЕТА ЗОНТАГ: Дозволете само да ги дадам последните напомени за да тече cè пo утврдениот ред. Внимание! Сега! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Излегувај сега ти, Безухин! МИХАИЛ АНТОНОВ: (Излегува од редот) Да живее 20 годишнината! (Ги шири рацете). ГРЕТА ЗОНТАГ: Сашников! КОСТА ВУЈОВИЌ: Во чест на 20 годишнината од Октомвриската револуција ја погребуваме овде, во Сибир, идејата за Балсканската комунистичка федерација и го положуваме овој бел снежен венец врз нејзиниот гроб за вечен помен, за да ja топли сибирската земја и да ги збере душите на сите патници од балканските краишта шго тргнааа по твојот повик, Октомвриска револуцијо, мајко на нашиот сон што уште свети и уште блеска во голе-мава сибирска ноќ, во ноќта на нашата. .. НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Доста, прекини ! ! ! МИХАИЛ АНТОНОВ: Да живее 20 годишнината! ГРЕТА ЗОНТАГ: Другар Аксаков, кај ви е жицата? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Нема жица. . . ГРЕТА ЗОНТАГ: Како нема. . . со што ќе ја играме нашата точка, брзо по жицата, другар Аксаков, брзо не чекај! (Трајан поп-Стефанов истрчува надвор низ вратата на Земјанката) Продолжете вие, продолжете! ! ! ЈОСИП КЕЦМАН: Еве, мајко Револуцијо, ти ја подарувам мојата мртаа жена, Евгенија Занданска. . . . (Ги истргнува револверот) Тишина! ЈОСИП КЕЦМАН: И мојот малечок нероден син, КИМ – Комунистически интернационал моолодјожи, и ти велам дека ќе ги продолжам твоите свети идеали, еве земи ги, ти ги давам за секогаш (Ја држи мртвата Евгенија) Земи ги од моиве раце.. . ГРЕТА ЗОНТАГ: Жицата, каде е жицата.. . НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: He. . . не. . . повеќе. . . не. . . (To вади револверот и ги покрива очите и стрела во сите нив) (Неколку мига трае метежот и настапува беспрекорно мал меѓупростор на чудесно опело.) (Тој останува со вперениот револвер в раце). ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: (Ce втурнува на сцената со жицата в раце) Еве, донесов, . . . донесов.. . не. . . мртви. . . кои. . . како. . . јас мислев дека стрелаш во чест на Револуцијата, другар Заболски.. стрелај во мсне, стрелај веднаш додека те гледам. . . Грета, станувај ајде, згази јас, згази ти, јас те љубам Грета. . станувајте другари од Балканското одделение јас сум со вас. . . јас не сум сам. . . стрелај, другар од Сесојузната комунистичка партија-болшеви-ци. . . стрелај, убиј ме додека те гледам нема веќе Октомври нема револуција, cè е само грда измама, стрелај ! ! ! Ти што убиваш неродени поколенијата што го носат твоето име, поколенијата на нашиот нероден КИМ, стрелај ceгa, ceгa, сега ! ! ! ! (Ce врти како маѓосан со очи прекриени од рацете и ветрот) Еве. . . еве. . . веднаш. . . веднаш. . . (Стрела во сопствениот слепоочник и ce струполува). ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Кој ќе ме убие сега, извршни преставници, другари комунисти, кој, зошто ме осудувате на живот, зачем, зачем,зачеееееееееем! ! ! ОСМА СЦЕНА СКОПЈЕ,, НОЕМВРИ 1944. ВО ИСПУСТЕНАТА И БЕДНА КУЌА HA СИНОТ HA ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ. ВО ГРАДОТ ВРИЕ KAKO BO КОШНИЦА. ПО БУГАРСКАТА КАПИТУЛАЦИЈА, ГЕРМАНЦИТЕ ГИ ПРЕЗЕМААТ ОСТАТОЦИТЕ HA ВЛАСТА. САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Уште нема никој. РОСА: Кого го чекаш? САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Татка го чекам! Koгo го чекаш?!?!? РОСА: Прости ми. САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: (Го пушта радиото) – Германски утрински марш. Беспрекорен спикерски женоки глас на германски. Unserer Sieg ist nicht im Frage gestelt. General-leutant Sacrlen gruzt die Zuhorer der Radio Skopje auf die Mutter sprache Нашата победа сепак не е доведена во прашање. Генерал-лајтнатот Шајерлен ги поздравува слушателите на Радио Скопје на нивниот мајчин јазик: (Пред микрофонот доаѓа тукашен човек со преплашен глас) Водачите и работниците на Внатрешната револуционерна организација дадоа реални докази за својата искреност и отвореност: Влегоа во крвава борба со агентите на великобугарската, великосрпската, великоалбанската и великогрчката политика и дадоа многу силни жртви. Влегувањето на Македонија во една југословенска федерација ќе биде крајно несполучиво решение на македонскиот вопрос: Повторување на старите политички грешки отфрлени од живиот живот... (Ce слуша превртување на листови) Германците потполно го изменија ставот кон Македонија. Лично Анте Павелиќ бил кај Хитлер и интервенирал по македонското прашање. Фи-рерот ce согласил по победата Македонија да стане самостојна и независна држава на чело со Ванчо Михајлов. Треба да ce по.могне и да ce изрази вашата доверба кон Германците, а тоа може да ce направи само со формирање корпус-Македонски доброволечки корпус, кој рамо до рамо, ќе ce бори со војските на Вермахтот против растечкото комунистичко зло! (Го исклучува). Додека тече гласот на радиото Самоил стои како стаписан додека Роса пере алишта). САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Ќе одам во манастирот Побожје во Скопска Црна Гора. Ми кажаа дека таму бил Одборот на Фронтот. Сакам да докажам. РОСА: Што? САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Никого не предадов! РОСА: Ќе дојде време, ќе разберат. САМОИЛ ПОП -СТЕФАНОВ: Зошто не останав во снеговите на Шар Планина, зошто не ме изедоа волци, не ме растргнааа... РОСА: He си крив. САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Утре ќе дојде Слободата и ќе ме праша: Ајде сега кажи ти, Самоил Поп-Стефанов што работеше пред да дојдам, кај беше? Co лицето или со газот ќе ја гледам? Kaj лидаше ќе ми реча таа, по бугарските непобедиви места на ова Скопје, зошто тргна во партизани и зошто го предаде одредот? Кому му го предаде сето тоа и што ти врати Toj? Kaj го остави детето што го водеше и толку ли семенки немаш во главата дека утре cè ќе биде прочитано, проверено, докажано. .. Да ти го ебам пилето што ти пее во душата, твојата посрана душа, што не издржа една снежна ноќ, да ти ги ебам очите што ти ги врзаа Бугарите и те тераа да ја кажуваш вроката, да ти го ебам пустиот гроб кајшто ќе гниеш. поштивија поарно да немав, да си ебев мајката да не нè родев и нив да нè ги родев. .. РОСА: Никој не те разбираше. САМОИЛ ПОПО-СТЕФАНОВ: Јас ги разбирав нив! РОСА: Ако те сакаа тие, ќе те викнеа во борбата порано, пред три години. Но знаеја за татко ти, дека таму бил затворен, бил во Сибир, бил против Сталин, бил против Русија. Осуден бил таму и убиен можеби бил, тие немаа доверба во тебе, да имаш татко против ослободителот на народите и да тe пуштат во партизани, не може не може. . . Ако бил за победата ќе умрел ко човек, a не по затвори. . . Така велеа. . . САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Никој не знае за тоа. Затвори ја устата! РОСА: Простими, јас само.. . САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Каде ce децата? РОСА: Kaj Драга, ги учи германски. САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Тие македонски не знаат, таа ќе ги учи германски. Оди викни ги. РОСА: Ќе појдам, еве, да доперам. САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Рибаров ме вика во Виена да одам, за да ги убедуваме нашите работници да влезат во македонскиот доброволечки корпус против комунизмот. A во Скопје го очекуваат Иван Михајлов, брат му на Анте Павелиќ да ѝ удри тапија на Македонија.. . РОСА: Срамота. САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Cè е повеќе од срамно, гнасно. Ништо не ме држи. Удри ми ja главава со секира да ce разлета, така ќе ce ослободам. Ги гледам секој миг како ги стрелаат тие што мислат дека од мене ce предадени. Ги стрелаат в грб, во тилот. Им прскааат очите, јас сум сиот со крв, не ја гледаш мојата крв, мила. Јас не отидов да ги предадам, јас мислев дека ќе загинам јас сум казнет со тоа што живеам. Одредот, другари, не го предадов, јас, тие ме водеа, ме облекоа во бугарска униформа, ме тераа да покажувам. . . Јас не стрелав. .. Овој кој е, ме прашаа, јас велам – не знам, ме возеа со мотор, ме плукаа, ајде кажувај – кој е следниот, ќе ти го убиеме детето. . . Јас не предадов никого, јас го зедов детето со мене во снежните виулици за да ви докажам дека сум со Револуцијата, јас бев болен, не знам што ce случи, не пукајте, не пукајте. .. РОСА: Самоил, ќе те слушнат децана! САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Сношти го сонував Кузман Јосифовски, слегуваше од Водно. Беше мртов. Знаев дека е мртов. „Така“ – ми рече – „Јас тебе во партизаии, ти нив в гроб. Јас знаев cè за татко ти, но тебе ти верував. Новинар, поет, ин-телектуалец. Јас ce изложив себе си на голема опасност и мртов ce превртувам поради тоа, a ти им ги лижеш мадињата на бугарските офицери во „Кроссалон“ и по скопските ресторани ја подготвуваш фашистичка Македонија. Кузмане, му велам, чекај, Кузмане, ништо не е верно, јас не сум со нив, ништо немам предадено...? РОСА: Добро, послушај ме, жити децана! САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Јас ќе им докажам и за текстовите што ги пишував во „Целокутша Б'лгарија“, тоа кукавичко скопско весниче на бугаро-македонскиот фашизам и за моите средби со бугарските полицајци од обласната дирекција, јас сакав да навлезам во темната кал на нивнат подла ствар-ност, сакав да ја опишам во поема што ќе ја почнам со секира врз хартијата, една поема што ќе ја пишувам, убивајќи ce себе си, трупејќи ce на парчиња, од ситно поситно, од ситно најситно за да не си го гледам сопствениот грев. . . Co прстите ќе пишувам запирки, со коските реченици, со месото симболи, тоа е социјалистички реализам на Балканот што сакаше да го напише еден посран поет ставајќи крај на cè, раскинувајќи со cè што не може да ја сфати неговата потреба да излезе од изгазеното чувство за да ce откорне од местото кај што стои, ставајќи точка, две точки со сопствените очи: Еве, тоа сум јас! РОСА: Очите ти горат, ќе ти прснат очите! (My го лади челото со влажните раце) САМОИЛ: Кој датум е денеска? РОСА: 12 ноември 1944. САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: A јас сум уште жив? РОСА: Ништо чудно. Имаш деца. САМОИЛ ПОП- СТЕФАНОВ: И татко имаше деца! РОСА: Да појдам да ги викнам? САМОИЛ ПОП- СТЕФАНОВ: Појди и враќај ce веднаш. (Роса излетува) Ceгa сме сами, дому мој, и толку многу пусти. Никаде не заслужив да ми го споменат името. Избришете ме од сите весници, книги и тетратки. Изгорете ги сите фотографии, избришете го секој мој чекор и влези Слободо, единствено Божество во кое верувам, ослободена од мене, Самоил Поп-Стефанов!!! (Ги гори ракописите од масата. Ce слуша бомбардирање. Ce затресува куќата). ДЕВЕТТА СЦЕНА ОСЛОБОДУВЛЊЕТО HA СКОПЈЕ, ПРЕСМЕТКА CO СЕБЕ СИ ТРИ ПИСМА ДО ТРИ АДРЕСИ. ГОРАН: Денеска најмногу научив. ВЕРА: Јас сум гладна. РОСА: Мирни, сега мирни. ГОРАН: Тате, зашто си толку тажен? ВЕРА: Ајде кажи ни колку леб ќе ни донесе слободата, тате? САМОИЛ ПОП- СТЕФАНОВ: Многу, многу. Cè ќе донесе и вие ќе ги отворите устињата и ќе лапате од неа, оти таа е мека како душа. ГОРАН: A ти што ќе работиш, тате, кога ќе дојде слободата? САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Ќе пишувам. ГОРАН: За неа ќе пишуваш? САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Да. ГОРАН: A таа ќе биде бугарска или германска слобода. САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: He, тоа ќе биде наша слобода. ГОРАН: A зошто досега кај нас не растеше слободата, тате? САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Кога ќе почнеше да 'рти, ja преоруваа земјата и пак беа угари, пак! пустелија. ВЕРА: (My приоѓа на Самоил) Го најдов ова ливче на улица, тате. Тетка Драга ми рече да ти го прочитам. САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Прочитај да видиме! ВЕРА: (Чита) Wer weiter, stribt. Jeder Weg und Strasse aus Skopie, fuehrt zu den Partizanen. Ihr koenut Euch bei jedem Bewehner dieses melden. Deutschen Wehrmacht-komando bei den partisanen. САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Toa e ПОВИК до гермаиските војници да ги напуштат своите единици и да го предадат оружето. Од партизаните. .. ГОРАН: Koгa ме носеше кај партизаните, зашто ме остави во селото, во снеговите. Ти ми велеше дека ќе останеме, a ние ce вративме.. . ВЕРА: Кого ќе го убијат партизаните, тате. . .? САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Тие нема да убиваат. Тие ќе ослободуваат. РОСА: Ви чувам малку лепче. Ќе ви го поделам на две исти половинки. ГОРАН: Јас сум поголем. ВЕРА: Јас сум помала. (Роса им го дели лебецот) САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Горанче, дај ми и мене една трошка! ГОРАН: На, еднаш ти, еднаш јас! САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ, Еден црн злосторник и убиец на македонскиот народ ce шета по улиците на Скопје... ГОРАН: Кој? САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Ванчо Михајлов. Хитлер му ја препишал Македонија пa дојде да ја преземе како да му била сермија на Фирерот. ГОРАН: Ајде да го убиеме, тате! САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Да ! ! ! ! Така малечок мој! Ти и јас да го убиеме. Да стреламе прво во агентите на Гестапо, a потоа во него! ГОРАН: Кога? САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Вечерва! Ноќеска! РОСА: Самоил, што го учиш за смрт? ГОРАН: Кога ќе си дојде дедо Трајан, тате? САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Ќе си дојде некој убав ден со бели коси и со озарено лице. .. Јас не го паметам многу. . . ce сеќавам, како во сон, за човек што ми помина со рака по челото. .. баба ти, Бисера, плачеше и тажеше no него и една ноќ ја најдов умрена во креветот каде што спиевме заедно. . . Дојдоа луѓе од Монополот, ја погребаа.. . после јас работев во Црвената помош, ме прибираа луѓе од Партијата, ми велеа татко ти е голем човек, тој е испратен за да го донесе комунизмот, тој ќе ce врати, ќе направи Советска Македонија. Ти си дете на голем човек.. . Потоа, од некое време престанаа... Toj не ce јавуваше. . . He знам, можеби е жив..., можеби ќе дојде до слободата! ГОРАН: Ќе ни донесе ли слободата, здрави аливца, тате.. .? САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Сигурно, сигурно. ГОРАН: Тетка Драга ми рече дека, кога ќе дојдела слободата тебе ќе те стрелале оти си бил предавник, a ти не си, тате, јас знам, ти не си предавник! САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Таа. . . зборува сешто. . . животно. . . гнаса. . . РОСА: Нека гледа таа што ќе прават со неа. Нека не мисли за другите... .! ВЕРА: Јас ќе ѝ речам на слободата дека најмногу сакам бело симитче! (Ce слушаат страшни експлозии. Скопје го бомбардираат од сите страни. Куќата ce тресе). САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Роса, земи ги децата и одете во скривницата, веднаш! Јас доаѓам. .. РОСА: (Тревожно собира cè што ќе ѝ дојде до рака. Ги чипчи децата во себе) Тргнуваме. Ајде, Самоил, ајде. . . . (Тргнуваат). САМОИЛ ПОП-СТЕФАНОВ: Ракописите. Морам да ги земам ракописите. (Тие излегуваат. Куќата ce тресе) Еве доаѓам, доаѓам. . . (Застанува на масата. Зема лист хартија го става во машината и пишува) Прво: До Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија – Драги другари, Ви ја честитам слободата. Јас не сум предавник. Второ: До Роса Поп-Стсфанова – Мила моја, про- сти ми. Ти ги оставам алиштата. Умирам гол. Слободата можеби ќе ги заборави моите деца. Соши им облеки од мојот костум. Te сакам. Т р е т о : До Апостол Црнев, другар од Движењето – Брате, спаси барем еден мој стих. He треба повеќе. Ни толку. Збогум. (Ce соблекува секавично. Ja зема пушката ја исправа вертикално и си го разнесува черепот, исправен и гол покрај масата, го потегнува орозот со палецот од десната нога) (Завладува молк) Како заумни птици во пејсажот влегуваат зборовите на песната: Денес над Македонија ce paѓa Ново сонце на слободата) Главниот град на слободна Македонија во Демократска и федеративна Југославија, градот на Орце Николов. Цветан Димов и стотини други народни борци – Скопје je слободно. Во ослободуењето на Скопје зедоа участие единиците на 42 македонска дивизија и другите единици на нашата славна Народноослободителна војска. Градот беше превземен после дводневни улични борби. Благодарение на геројските граѓани кои бестрашно им помагаа на нашите борци, многу минирани згради беа на време спасени. Да живее слободно Скопје! Да живее слободна Македонија во Демократска и Федеративна Југославија ДЕСЕТТА СЦЕНА 1948. BO ДОМОТ HA РОСА ПОП-СТЕФАНОВА И ДЕЦАТА. СЛОБОДАТА ТЕЧЕ. РОСА ПРЖИ РИБИ, ВЕРА И ГОРАН УЧАТ. НЕКОЈ ТРОПА HA ВРАТАТА. CE ВРАЌА СТАРИОТ КОМУНИСТ. ДОАЃААТ И ГО ВОДАТ. ДОЦНА ЕСЕН. ВЕРА: Бате, гледај кај ќе згрешам. . . .! ГОРАН: Ајде! ВЕРА: Републико мила / топло гнездо мое /Го славиме денес / раѓањето твое Вечно да си ведра. ... (Ce мачи, не знае да продолжи) ГОРАН: Прочитај ја уште десет пати, па после дојди да те проверам! ВЕРА: Добро, бате! РОСА: Горан, ти беше денеска кај чичко ти Сандре? ГОРАН: Бев. РОСА: Ќе дојде вечерва? ГОРАН: Да. РОСА: Ќе ги испржам рибиве за вечерва, за душа од татко ти. Вечерва прави четири години. Колку за душа. ГОРАН: Душата не живее и престани со тоа! Ќе те слушне некој! РОСА: Добро де, ние сме наши. . . ГОРАН: Toj умре гладен и гол. . . РОСА: Toj тебе најмногу те сакаше. . . ВЕРА: Бате, ја прочитав десет пати! ГОРАН: Да видиме! ВЕРА: (Рецитира) Републико мила топло гнездо мое. .. (Ce слуша тропање) РОСА: Горан, оди отвори, сигурно е чичко ти Сандре? ГОРАН: (Оди кон вратата и отвора) Кој е. . . .? (Влегува Трајан Поп-Стефанов, изнемоштен старец со побелени коси.) ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ Добровечер. РОСА: Добро. . . . вечер. ... ГОРАН: Кој си? ВЕРА: Мамо ! ! ! (Ce стрчува кон мајка си) ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Некогаш и јас живеев овде. . . ГОРАН: Дедо Трајан.....! РОСА: Вие сте таткото на... ВЕРА: Мамо, тој е ист како тате! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ Вие сте семејството на Самоил.. ..? РОСА: Јас сум Роса, жена му и Горан и Вера, децата. ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: A каде е тој? Мајка му? РОСА: Toj ceгa. .. . пред некое време... . мајка му... одамна ГОРАН: Од каде ce враќаш, дедо? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ами пиле.. . . како да ти речам. .. ce враќам од оној свет таму, од кај многуте. . . ГОРАН: Тате ми велеше дека си бил во најубавата земја во светот, во земјата на големиот октомври. . . .? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ами, бев. . . како не бев.. .. бев, за право бев... да.. . ГОРАН: Колку е голема таа земја, дедо, и дали таму децата ce среќни? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ами... ела ми кај дедо. .. како да ти речам. .. јас не оти видов деца. . . само едно дете што требаше да го видам ми умре пред очи, од една нашинка и еден нашинец. . . така, си умре кутрото, деца не оти видов. . . . сега, вас што ве гледам. ВЕРА: Ние сме сега ослободени, дедо! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Јас ништо не ви донесов, пиленца.. . долги патишта по-минав. .. Да ви скинам малку од срцево и тоа е горчливо, црно како катран... (Некој тропа) (Роса отвора) (Влегува Сандре) САНДРЕ: Добровечер. ГОРАН: Чичко Сандре, си дојде Трајан, овој е дедо ми Трајан! САНДРЕ: Мило ми е, Сандре Вретоски, со полномошно и заслуги. . .! РОСА: Сандре. .. уморен е човеков, немој. .. ВЕРА: Дедо, зошто носиш обетка? Немам видено дедо со обетка? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ами, ми ja клале, пиле, за да ми трае судбината и никако да дотрае, пустината. . . затоа ми ја клале ко сум ce родил. . . ми го дупнале ушево со врела игла, бабушка. . . ами јас памтам, голем бев ко ce родив и ѕвездите ги броев дење на пладне. . ! ГОРАН: Дедо, ти сега ќе си живееш со нас. . .? Ние ќе бидеме сите заедно? РОСА: Сигурно, сигурно, Горане, тој ќе си биде со нас, толку години го чекаме...! САНДРЕ: Документи, нешто, таква работа имаш, ко на пример, да речам лична карта, ти реков ми рече, објава, потврда. за учество во војната и на ними слични маривети. ..? TРAJAH ПОП-СТЕФАНОВ: Сега засега. .. . немам. . . уште црпкава на мене што ја носам од тврда, потврда документ повеќе-здравje... . Ти, како ти беше името, овдешен си. .? САНДРЕ: Комшија, најблизок комшија со полномошно, со заслуги, за лошо и за арно-најблизок што ce вели, јас само така. .. ВЕРА: Toj ни донесе дрва зимоска, државни дрва без пари и ние ce греевме крај печката, сите заедно! РОСА: Многу ни ce наоѓа. . . . сама куќа без домаќин. .. . и точки за леб ни носи и секое иешто.. . ГОРАН: Дедо, јас сакам да викнам cera да ce затреси Железниов мост на Вардар, да ме слушне цело Скопје: Еве, си дојде дедо Трајан и ние не сме сами. ..! ВЕРА: И јас! ГОРАН: Колку години ce бориш за слобода, дедо? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Како да ти кажам, бре пиле, не оти памтам, ми ce измешаа годините и слободата, не знам точно, не знам, годините си врвеа, слободата си леташе, никако да ce стигнеме, еве, до ден денешен.. . ГОРАН: A дали некогаш си го видел Сталин, дедо? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: .... Сум. .. сум.. .. како не... сум! ! ! Еден ден, на еден голем празник, ... на Црвениот плоштад.... мислев тој ја огреа Москва, како сонце, кога излезе со очи вперени во народните маси и нивните преставници. . . . пред нашите болснати очи. . . пред нашите цврсти чекори ечеше едносложен извик што ги преплавуваше нашите длинији дароги, фабричките оџаци, железничките пруги, металоките постројки, рудниците, болниците и булеварите и црквите и cè што постоеше: Сталин, Сталин, Ста-лин, Ста-лин, Сталин! ! ! САНДРЕ: (Скокнува како попарен и тргнува да оди) Простете, си имате муабет, јас само така... сега. .. ГОРАН: Ама остани чичко Сандре, гледаш колку убаво раскажува! РОСА: Остани ќе вечераме! САНДРЕ: He, не.... ме чекаат... не... Добра ноќ! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Co здравје. ВЕРА: И после, дедо? И после.. . почна друго време.. . како да ви кажам, бре пилиња, не е овој муабет ни за мене, ни за вас... РОСА: (Ги допржува рибите) Деца, не гледате ли колку е уморен дедо ви? Немојте сега да прашувате за cè. Ќе даде бог, ќе ce раздени, па утре ќе почнете од кај што застанавте.. . Ајде земи го ѓумов и потури му на дедо ти да ce измие лице. .. толку пат поминал.. .. ајде рипај.... ! ГОРАН: (Радосно ce стрчува кон ѓумот и носи леѓен пред нозете на дедо му. Вера држи крпа за лице во рацете и стои крај него) Еве сега.. .. Ајде дедо... да видиш колку е убава скопската вода. .. ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: (Ги засучува ракавите со чувство дека не ce измил еден век. Co првиот плисок на водата како да му ce враќа блесок на одамна закопана светлина на лицето) Ох, ox, ох. .. Cè што е родно е убаво, Горан, a знаеш, еднаш одамна. .. (Ce плиска) кога беше мал татко ти ме праша кому му е мајка водата, тате, и јас не знаев (Ce плиска) да му одговорам.. . a тој вели зашто нема деца водава... a го гледам, држи в раце едно болно ластојче, едно птиче што цивкало под пенџерето паднато од гаездото и уште плачеше толку жаловно циу.. . циуууууу. циууууууу. . . циуууу.. . (Ce плиска) и јас му велам, ами водата им е мајка на птиците и ги испраќа на небото за да има по кого да тажи. .. ВЕРА: Дедо, ај кажи уште еднаш како цивкаше ластовичето? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ами вака. . . ци. . . ци циуууууууу. . . ци. . ци. . циуу-УУУУУ ВЕРА: (Ce смее) Ќе ме научиш и мене така да цивкам? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ќе ми те научам, пиле, сигурно, ќе ми те научам (Ја зема крпата и си го брише лицето). РОСА: (Ja поставува масата) Ајде седни сега, Татко, на трпе- зава, да повечераме. .. (Се прибираат сите окулу трпезата) (Тишина) ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Самоил, загина во војната? (Сите го гледаат. Молк.) (Ce слуша тропање на вратата.) (Влегуваат тројца луѓе, меѓу кои, и Сандре). НАДЛЕЖНИОТ: Во името на народната власт и во присуство на 2 граѓани ве лишувам од слобода! ЕДИНАЕСЕТТА СЦЕНА ИСТРАЖЕН ЗАТВОР ВО СКОПЈЕ СТОЛ, СИЈАЛИЦА ШТО МУ СВЕТИ В ОЧИ ИСЛЕДНИК И ДАКТИЛОГРАФКА. ИСЛЕДНИКОТ: Продолжи! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Јас случајно останав жив. Тоа беше толку случајно што не знаев како. Во Сибир нема со што да ce убиеш. Вие немате престава. .. . Неговиот револвер беше веќе празен... ИСЛЕДНИКОТ: Запиши! Единсгвено овој предавник останува жив во Сибир каде што е одведен под лажно обвинение дека е против Сталин, тој всушност, од својот почеток безочно ги извршува сите наредби на НКВД за да ги на-веде другите да настрадаат, a тој да остане жив! Точка. Стој. ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Луѓе, што правите со мене? ИСЛЕДНИКОТ: Како замина во Шпанија? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Зошто не ме убиете? ИСЛЕДНИКОТ: Немаме доволно докази и признанија. Извршувај ги наредбите и зборувај отворено. Само така можеш да нè разувериш! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Од Сибир ce формира една група за Шпанија. Заминавме седумдесет души, осудени на смрт. Смертное наказание. И така, нè имаа одповеќе, барем да не арчат куршуми. Ја напуштивме вечната зима на Колима на денот во кој пристигнаа три илјади замрзнати затвореници. Ce прашував што е подобро за еден балканскп комунист: белата смрт во Сибир или умирачката на боиштата во Шпанија. ИСЛЕДНИКОТ: Чекај. Запиши: Во организација на НКВД ce формира експедиција која заминува во Шпанија со двојна улога, навсдно за да ја помага Републиканската армија, работејќи против нејзините основни интереси! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Немојте да ги извртувате моите зборови. ИСЛЕДНИКОТ: Наше е што ќе прифатиме од твоите приказни! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: He е роден тој што може да му суди на револуционерот! ИСЛЕДНИКОТ: Има разни предавници што ce мислат револуционери! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Знам! ИСЛЕДНИКОТ: AKO знаеш, оди! Оди без престан и одговарај на моите прашања. He заборавај дека ce наоѓаш во истражен затвор на народната власт. Кружи, кружи, кружи, така подобро ќе ти идат збсровите, врти околу, врти! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Во Албасета кај што беше центарот на интербригадите ja видов првата балканска чета и си реков, и овде стигна Балканот, пред портите на Шпанија, но никому не смеев да јавам, толку време немав зборнато по македонски, ама бев казнета сибирска експедиција, си реков, измочај се, Трајане, на твојата среќа ако гледаш живи луѓе од твоите краишта и ако не им проговориш. ИСЛЕДНИКОТ: He раскажувај безначајности. He те прашувам. Запиши: Во Албасета ја гледа првата Балканска чета, но се сака со никого да проговори зашто ce има дадено под кирија на советската шпиунажа! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: He ти е срам! ИСЛЕДНИКОТ: Co кој јазик ми ce обраќаш, контрареволуцијо! (Вцрвен од бес замавнува да го удри. My ja доближува сијалицата до очите) Ќе те убијам со оваа народна струја за која работниот народ на Македонија ја лее својата пот! Запиши: Безочно ja навредува народната власт и ce поигрува со неа! Седи! Продолжи, кога ce врати во Советскиот сојуз? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: He ce вратив никогаш повеќе! ИСЛЕДНИКОТ: Остана во Шпанија? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Бев тешко ранет. На реката Манзанарес. Откриена беше сибирската казнена чета. Сите беа убиени, само тројца бевме тешко ранети. Hè пронајдоа во житата разнесени до голи меса... нè однесоа во болницата во Харама и оттогаш овде, кај што ми е раната, (покажува под десното рамо) кога ќе ce допрам ми ce отвораат многу бои пред очите, ми ce губи светот пред очите и тлото под нозете, боите на Шпанија што завршуваат во еден црн круг, едно крвче ми расте на главава и едно мало човече, едно Исусе Ристе ми расте на главава и си го корнам додека вика како збудалено: Но пасаран, Но пасаран... ИСЛЕДНИКОТ: Запиши. Вели дека е ранет во Шпанија. Понатаму! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Во болницата го дочекав крајот на Граѓанската војна. Таму, еден од ранетите ми кажа дека во Мадрид го убиле велешанецот Ганчо Хаџи-Панзов, кога ја отворал устата за да вика Напред, в уста му влегол куршумот блазе си му на тој другар Ганчо Хаџи-Панзов, си велам со себе си што ќе правам, ме замрази смртта, нејќе да ме земе, пустината, ни во Сибир, ни во Шпанија. ИСЛЕДНИКОТ: Изјавува дека го мрази смртта и дека не сака да го прими. ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Болницата ја заробија Французите и нè водеа низ Сан Силпис. Гурс, Верне – Vous voulez mûrir monsieur? Allez, allez, allez, quest – ce que vous atandez? Allez, allez, allez!!! И таму ми заздраве раната, работевме во еден рудник заграден со ѕидови, копавме некоја сребрена земја и единствено што имавме право, беше да го гледаме небото колку еден час време на ден. He знам што мака видоа тоа Французите од нас борците во Шпанија, толку. He само леб, и вода не ни даваа. Имаше другар, еден од Банат, беше гладен почна вака, алиштето да си го јаде ,едно палто од мртов војник, почна да го јаде . . . тогаш рекоа дека фашизмот е и во Франција и молчете до кај ќе ce оди, нека ce оди! ИСЛЕДНИКОТ: Потоа, според неговиот исказ е затворен во Франција! Во кој затвор? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Во Верне! ИСЛЕДНИКОТ: Во Верне. Нема Верне и не врти ми го муабетот. ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ќе да имаше блиску до нас некоја вода што бучеше и горе на небото летаа птиците и ни кажуваа кое време е, и јас мислам дека научив пиуски јазик, еден чуден јазик што го зборуваат тие. .. Во лето правеа пиу-ки пиу-ки, пики, во есен различно пиу-пиууу, пиу, пиу, пиуууу, во зима пи, гти, пи, пи, пи, пи, пи, a во пролет пиу-еиии, пиу-еииии, ггиу-еииии, еиииипиу, еиииипууе-иии. . . ИСЛЕДНИКОТ: Запиши дека знае животински јазик, пилешки јазик, мајко моја! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Пролет беше и тоа асли пролет, кога така пееја и јас им одговорив! Ги прашував од кај идите бре раски мали во ветеров, имав троа земја и јас ко луѓено, дали сте биле кон таму, кон тоа Балканот и ме стегна нешто тие денови додека ce расправав со пилињата. почна целата кожа да ми ce лупи, да ce корне од мене, почнаа голи меса да висат, да ce бесат, па си реков ебати битисувачката моја да ти ја ебам, да ми прости чупево, бити даваси со оваа револуцијава моја, ќе ce умира во ова Францијава овде. Туку една утрина ce отворија вратите на затворот во Верне и почнаа да излегувалт шпанските борци. .. Бевме неколкумина болни... Лежиме така во тоа сламјаците, a од мене паѓаат и кожи и нокти и меса, та неоти има месо, ова коскиве гледам уште ce држат... Сами останавме во затворот, сите ce разбегаа и затвореници и стражари и управа, cè. Близу беше та имало едно село, ce викаше Буаси и беше тргнал народов да види што унер бил овој пусти затвор, што катара бил ... ИСЛЕДНИКОТ: He бегај ми од смислата. He знам што да диктирам! Говедо! Ноќеска ќе ме прашаат, непријател од кој вид, биографија, постапки, дела, предавства. Кажувај со ред, кога, каде, како, зошто! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Me спаси една стара жена. Тетка Катрин. Имала син загинат во војната, Жан-Ив беше ce викал. Нешто ѝ ce јавило и рекло, земи го овој човек, излекувај го, ќе му ce најде твојата добрина, на оној свет таму, на сина ти Жан-Ив. . . Me доведе дома во едно одајче од куќата (окружена со дрвја и сенки, со овошја, сливи, круши, портокали, нектарини... Me мачкаше три пати на ден по снагава со една жолта маст што мирисаше на мајчина душичка и ме мачкаше гол како што ме мајка родила на 20 години ,а врвеше време, ниту знаев кај сум ниту сакав да знам, ама пуста смрт ме нејќеше и не ме зеде! ИСЛЕДНИКОТ: Неколку пати повторува дека е роден на 20 години. Да ce провери веродостојноста на оваа глупост. Продолжи! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: He знам колку време помина... не фаќај ме за збор, јас ce имам скарано оо времето и со годините. Една утрина трпнавме да си идиме за кон ваму, демек, ce готвиме со ова италјанчево што го прибраа во Буаси заедно оо мвне.. . . Од тука и велиме, вака и вака, тетка Катрин ние ќе одиме. Кога рече плачам, пуста Катрин, кога рече тажам; Тражан, викаше Тражан ва a та Маседуан, биди ми здрав и жив велеше и децата да ти ce здрави, ако имаш, и внучиња, ако имаш cè да ти е живо. . . Кутрата моја спасителка, тетка Катрин.... И така оттаму тргнавме пеш и како ме води, ме води тој Марио Серини преку гори и долини, преку ноќи и стравови. . . Hè затворија во Ѓенова, не држаа една година од таму јас стигнав до Трст, со него ce разделивме една ноќ, без збогум и без солзи, можеби ќе ce отвори некоја нова Шпанија во светот па таму ќе ce сретнемс, ми рече. . . ce вртев окулу Монфалконе околу границата, како пес и една ноќ, ни една ни две, зедов и ја пречекорив, ja престапив, ја згазив земјава моја. .. немам ни документ, ни пустина, ни штурина. . . ИСЛЕДНИКОТ: Запиши: Ноќта меѓу 12 и 13 октомври 1948 година илегално ja минува југословенската граница и ce движи во правец на Скопје. Забележан е од органите на безбедноста меѓу Славонски брод и Винковци. Стигнува во Скопје на ден 7 ноември 1948 година и во куќата на својот син Самоил Поп-Стефанов, реакционер и предавник во присуство на граѓанинот Сандре Вретоски извикува: Напред само со Сталин! Сите елементи на постапката зборуваат дека лицето Трајан Поп-Стефанов, во таен договор со Советската разузнавачка служба, е уфрлено во нашата земја со посебна политичка и непријателска цел за поткопување на нашите темели. Точка. Извлечи го записникот. ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Другари, јас. . . ДВАНАЕСЕТТА СЦЕНА ПРЕД ИЗГРЕЈСОНЦЕ. ЕДИНСТВО HA МЕСТО, ПРОСТОР И ВРЕМЕ: ГОЛИ OTOK, ДОЖД ОД КОМУНИСТИЧКИ ПЛУКАНИЦИ HA НЕГОВОТО ЛИЦЕ. СОН CO СИБИРСКИТЕ МРТОВЦИ И ДУХОТ HA СИНОТ. ГУБЕЊЕТО HA ОБЕТКАТА. (Сцената ce отвора со купови ѓубре, кожа од компири, голушки, коски од риби со страшна pea, скапан расол... Трајан Поп-Стефанов е запретан до гуша во Централното буниште на Голи Оток. . . Разбарува низ ѓубрето како да ја лови сопствената душа... Рацете му ce избербатени од отпадоците што вријат во црви... . Сака да внесе нешто во устата, си ги цица прстите. . . Како во лудило копа низ ѓубрето, си мислиш сака да почне да ce јаде самиот ссбе си. .. Ce слуша силен свиреж. Влегува дежурниот иследник) ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: На нозе! Три-четири! До каде си, друтар, предавнички професоре? Резултат, каде е резултатот? Како може да ce преработува Централното буниште на Голи оток за добротворни цели. Измисли, ајде да ти го видиме мозокот! Измисли сок од ѓубре, манџа во прав! Како ќе ве рани Југославија кога ѝ забивте нож в грб. Ем ја усмртувате, ем барате да ве храни! Простум, предавнику! Дојди до мене да ти го ставам гушникот! Утринава ти си на ред! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Јас. . . не можев ништо да измислам. . . и ништо не е досега познато во науката да ce прави. .. еве сам да ce посадам овде... овде ми е местото, ама не ме сака, пуста смрт, и не ме сака. . . ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: Ништо значи. Ставено ти е на располагање сето можно ѓубре на островот, a ти откажуваш. Ништо немаш признато, плус тоа и кој знае со колку нетрпение Москва ги чека твоите сигнали. Мрзнат нашите војници по граничните ровови, a ти сакаш да ни газиш по слободата! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Жити очите, бре дете, спаси ме од оваа пустелија. Ова не знам која земја е Југославија или Видвиделија...? ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: Околностите околу крајот на твојот син ти ce познати? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: He! ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: И тој е предавник на нашата револуција! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Toj . . .? ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: Да, ce самоуби на Денот на ослободувањето на Скопје, си го разнесе предавничкиот череп. ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Кого го предаде? ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: Ce знае кого . . . нас ... ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Зошто вие не го убивте? ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: Toj нè претече! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Значи ништо не е должен! ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: He ce знае! ТРА.ЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Кога ќе ме пуштите? ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: Ko ќе роди врба грозје! Татко на предавник, поврзан со советската разузнавачка служба, илегално влезен во Југославија со цел да го урива поредокот и народната власт, уште не стигнат во Скопје одржува говор за величината на Сталин пред пионерите Горан и Вера поп-Стефанови и пред нивната мајка, работничка во фабриката за чорапи „Црвено знаме“. Ти треба да загинеш од плуканиците на оваа банда на која што ѝ при-паѓаш, на контрареволуцијата. Заврти ce околу себе за да видиш со кого си овде... Co сите презрени луѓе од сопствената судбина што сакаа да им ја продадат нашава братска заедница на Русите и тоа вересија . . . ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Мене .. . ми паѓа кожата, мршата, коските . . . јас не знам со години кај сум и кое време е . .. ме прогонуваат мртвите од Сибир, ми врие Шпанија во главава . . јас сум надвор од ова време, дете, еј не играј си со мене, која советска служба, каков камен . . . јас летав преку планини да си ја видам земјата.. . ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: Преполни ми ce ушиве со такви лаги! Молк! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ти беше дете, малечок мој, кога стрико ти Трајан, роден на 20 години, ја започна својата револуција на Балканот . . . Нашиот збор беше нож забоден во болното месо на Историјата. .. да не бевме ние на почетокот, сега не ќе беше комунизам ... ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: За тебе е cè јаоно. Утрово тебе ти е редот. Сега ќе те накитам за да видиш кој си! (Во рацете држи завиткаи бел лист хартија, заврзан со сиџим од двете страни на ко) е напишано: „Јас сум предавник на македонскиот народ и на цела Југославија.“ Гo фаќа за гуша и му го обесува на вратот). Има да загинеш од реката комунистички плуканици, има да те удават! Слушна! Стани cera! Стани! И викај, ајде .. . Јас сум предавник на македонскиот народ и на цела Југославија и. . . ајде викај, викај, викај, што чекаш ... ? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Како . . . како да викам . . . како . . . ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: Плукај ! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: (Ce брани како од poj смртоносни инсектн што го нападнале) He . . . не ... не . . . ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: Викај! Плукај! Викај! Плукај! Викај! Плукај! Викај! Плукај! На-пред марш На деоно рав-најс! Напред! Сите сега; плукај! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: О, мајко моја, зошто не ме роди на сто години за да го преококнев овој век. .. Kaj ми е обетката?... (Ce фаќа за ушите, ги корне косите) Kaj ми е обетката? .. . Ми падна кога слегувавме од бродот.. . Каде е бродот, кој остров е овој, дали ќе ce врати бродот.. .? ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: He зборувај глупости' ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Одбирај зборови засрами ce од моето лице! ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: Од кого да ce срамам, никој не те познава! ТРА.ЈАН ПОП-СТЕФАНОВ- Мртвите ме познаваат, непознат трудбениче! Мртвите што не ги знаеш, a утре ќе ce колнеш во нив. Me познаваат легендарните секретари на СКОЈ, ме познаваат Перо Поповиќ-Ага и Јосип Колумбо, ме познаваат Аугуст Цесарец и Драготин Густинчич, ме познава Коста Новаковиќ и Никола Оровчанец и Малина поп-Иванова . . . и знаеш кој ме познава уште ... ме познава Николај Иванович Бухарин и Надежда Крупскаја и Владимир Мајаковски ... ! Јас со стнхови биста не спечалив Умри Умри стиху мој. ко прост војник ќе ce јавам во ЦК... ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: Ќе ги проверам јас сите нив! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Kaj ми е обетката? ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: Што ти загина? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Обетката ,кована во три града. .. обетката, мојот ангел чувар, цел овет го поминав со неа и овде ми ја снема, викнете ги луѓето од стројот, некој ми ја зеде, некој ми ja тргна, жлепчето го разлабави и ми ја тргна, викнете го бродот.. . Ако е в море .. . пуштете ме да го одвратам морето, живи очите, пуштете ме (Ce затрчува кон напред) пуштете ме . . . (,На сцената почнува да врне дожд од гласови. Виолината на Евгенија Занданска, гласот на Нињел Заболскн, гласовите на Коста Вујовиќ, Јосип Кецман: Михаил Антонов. Гpeтa Зонтаг ја пее Дојчланд, Дојчланд ингер алес. Катрин вика; Тражан, Тражан ва a та Маседуан . . . ce пој-авува духот на неговиот син Самоил поп-Стефанов) САМОИЛ : Татко! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ти си постар од мене! САМОИЛ: Татко! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Зашто не ме пречека? САМОИЛ: Обетката е кај мене! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Koгa ми ја зеде? САМОИЛ: Лежам без работа во гробот! Да имам нешто од тебе барем! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Кој ти кажа дека сум овде? ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: (Пребарува запретан во ѓубрево) Kaj исчезна, казненику Трајане поп-Стефанов ... Kaj избега ... Kaj си . .. Јас сум задолжен со тебе .. . Јас те должам .. . не е завршено моето дежурство . . . САМОИЛ: Слушам, гледам, читам. Ти мислиш мртвите ce ослободени од себе си? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Зашто ми рекоа дека си бил предавник? САМОИЛ: Кој ти рече? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Револуцијата не признава самоубијци! САМОИЛ: Татко, тие ме враќаа од партизани. Ми рекоа дека ти си бил против Сталин и светската револуција, ме гледаа како црна овца . . . Јас бев сирак. . . без тебе и без борбата .. . тебе те затворија во Сибир, a борбата ми ја зедоа од раце ... јас отворив фронт со себе си сакав да ce разнесам, сакав да ѝ ce раздадам на победата за душа, затоа тргнав во гнздото на окупационата бугарска смрдеа во Скопје, во весничето „Целокупна Б'лгарија“, сакав да го доживеам фашизмот врз сопствената кожа, сакав да ce заразам од него и потоа да го корнам, корнам, од себи си . . . та нели, знаеш, јас пишував во сите забранети и реакционерни весници на кралска Југославија за да преживеам и секој ден ми беа гладни децата ... та, нели знаеш јас бев новинар и по малку поет... немав време . . . ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Ништо немаш од мене... ништо. .. Израмнет си со земјата, ти си бил значи слуга на сите режими, си ги воспевал, дури си им го одржувал местото во вечноста. . . Ти значи против никого не си ce борел, ти си ce барал себе си! ! ! Дно, човечко дно, проклето дно на. мојот пород! Што значи да ce спасуваш со такви откупени зборови, за тој срамен леб што ти го фрлале, како на куче, кралска Југославија и царска Бугарија, тоа е толку кукавичкм. Си можел да го кренеш семејството да одите аргати по кочанските оризови полиња, по монополите, по тутуните. . . си можел да кршиш камен, a не да ce продаваш на два туѓи јазици, на две туѓи држави. . .! САМОИЛ : Никому не му ce продадов! Јас своето дете го зедов по најголемите снегови за да го бараме одредот по Шар Планина, му мрзнеа прстињата и бладаше со устенцето: Уште ли ги нема, нашите, тате. . . уште ли ги нема. . . Кога ме пуштија да земам леб од селото бевме фатени од бугарската милиција. . . јас никого не предадов, предадоа други, пред да ме фатат мене.. . детето знае, нека го прашаат. . . жими јазиков на кој што ги напишав последните стихови. . . јас знаев дека ни јас ќе имам татко, ни ти ќе имаш син! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Кој можел да те сака тебе со толку стопани на твојата глава, те гледале како ce лигавиш по скопските кафеани со спортските извештаи од Вардарска бановина и од новоослободените блгарски територии, a луѓето тргнале да ce борат за нов живот, за една нова Југославија, за една стота Македонија! Никој не може да те сака! Никој! САМОИЛ: A ти... Ти зашто ce бореше на десет илјади километри одовде, за која Југославија, за каква Македонија...? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Дојдете ми, сведоци, мртви другари, Сибири и Шпании, расцепи ce земјо, и кажи кој сум јас! (Ha сцената низ мистичен звук ce спушта сибирската политичка фреска со појавите на Нињел Заболсш, Коста Вујовиќ, Јосип Кецман, Грета Зонтаг, Евгенија Занданска и Михаил Антонов). НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Ја здјес тавариш Поп-Стефанов! КОСТА ВУЈОВИЌ: Прими поздрави од алејата на Балканска федерација во Сибир! ЈОСИП КЕЦМАН: И мртвите ги фаќа подноктица! Блазе си ти што остана жив! ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА: Сакаш да ја слушаш Балканската мижитатарка. . . Алегро ма нон тропо. . . Слушај. . . слушај. . . ГРЕТА ЗОНТАГ: Кажи ја формулата за веројатноста, мајне либен.. . Сè е неверојатно. .. признај ми, пак ќе одиме во Зонепланд во Сончевата земја. .. ми студи овде, мајне либен. . . ми студи! МИХАИЛ АНТОНОВ: He отидов во Ерусалим, Трајане. . . He отидов. . . Си велат, можеби, каде е човеков, тргна, a не дојде. . . He беше праведно да ме лажете во Виена, јас тргнав по Господ, a вие ме водите во комунизам, Трајане. . . ТРЛЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Дојди овде и слушај ги самоубиецу! Сине мој! САМОИЛ: Никого не сакам да слушам! Ни тебе! Еве ти ја обетката! Носи ја! (My ja фрла в раце) ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Да имав револвер, ќе те убиев ! ! ! Еве вака. . . (Ја извива раката и го повлекува орозот од празниот прстор. Ce слуша истрел. Самоил ce струполува на потполно ист начин како што ce самоуби и на истото место на сината. Сибирските мртовци го окружуваат неговото тело). ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: (Го наоѓа конечно на сцената избербатен од пребарување низ ѓубрето) A тука си, никаквецу. . . крајно време беше да те пронајдам. Пред мене и право – во Петрова дупка! Под земја ќе бидеш од денеска. Ќе видиш како работи подземната железница што ја бладаш! Пред мене, контра револуцијо! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: ((Тргнува пред него обѕрнувајќи ce назад) Чекајте, луѓето останаа сами, и син ми, чекајте. . .) (Дежурниот иследник го исфрла од сцената и тргнува по него). НИЊЕЛ ЗАБОЛСКИ: Момчето го познавате? ГРЕТА ЗОНТАГ: Toj ми е син. ЈОСИП КЕЦМАН: Комунистот мора да може самиот себе си да си биде син! ЕВГЕНИЈА ЗАНДАНСКА: Мојот син спие. Тивко, тивко, ќе го разбудите! КОСТА ВУЈОВИЌ: Јас немам никого. Јас сум сам. МИХАИЛ АНТОНОВ: Трајане, каде си Трајане, He викна во сонот, a ceгa те нема. Me доведе во овие краишта. Еве си го држам срцево в раце тоа е одмрзнато можам да пеам, Трајане. . . Толку мртви крај мене во јавето и во сонот и никого не отпеав. . . He ми дадовте време, комунисти, да ви ги отпеам мртвите, ме излагавте, цел в земи ќе лежам за пусти Ерусалим. Како не беше по-блиску овој Сибир до некое топло море, до некое мртво море, ако треба, од таму да те видев, граду на мојата црна мечта, да ве видев Витлеем и Голгота. . . ми замрзна мозокот во ова бело чудовиште со грешниците, на една револуција што не ја разбирам. . . да имав сега еден Требник во рацеве, да видев само неколку збора од Светото писмо да ти го отпеам барем синов, Трајане сме ce нашле на местото, да не стојам без работа, оти кој знае дали некој ќе ме сонува мене ушге никој нема да ме запомни, Трајане, a Господ никогаш нема да ми проети. . . Знаеш како ти велеше Грета Зонтаг, ги запамти ли тие два збора, го запомна ли нив-иото значење. . . Мацедонише, мацедонише цуштенде. . . He ce знае кој кого и во чие име. . . Боже, спаси ја Историјава. . . .! Како ce вика детево? Самоил Поп Стефанов. МИХАИЛ АНТОНОВ: (Co глас на певец што ѕвони во сонот) Дојдете ближни за последно целивање зошто Toj ce дели од своите и брза. кон гробот. Toj нема веќе да ce грижи за суетни нешта и за многустрадалната плот Каде сте cera, роднини и другари Да ce помолиме за неговиот покој Зошто в гроб ce полага и со камен ce покрива во Темнина ce населува. Таков е нашиот живот Навистина е како цвет и дим Како утринска роса! Мајко на сонцето што не заоѓа Спаси ги оние што ce надеваат во Тебе И со преблаги молитви пресели ги кај што Почиваат духовите на праведните (По завршувањето на песната сибирските гости исчезнуваат. Сцената останува празна. На сцената истрчува дежурниот иследник) ДЕЖУРНИОТ ИСЛЕДНИК: Toj изјави дека овде имало луѓе. .. други луѓе.. . јас не ги гледам, кажете каде ce другите луѓе. .. (Свири со дежурното свирче). . . Ги виде ли некој. . . јас ќе ги внесам во Записникот на моето дежурство... јас ќе ги запишам. .. Треба веднаш да ce јави во Белград, островот го напаѓаат невидливи гости. . . веднаш. .. веднаш. . .! ЕПИЛОГ 1984 ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ, НИШТО ОД ЧОВЕК. ПОЛУСЛЕП, CO ТРАНЗИСТОР ВО ЕДНАТА И CO БАСТУН ВО ДРУГАТА PAKA, ПОД КАМЕНИОТ МОСТ ВО СКОПЈЕ ТЕЧЕ ПО ВАРДАР KAKO ВОДА. ВОДА НЕМА, УДИРА НЕКОЛКУ КАМЕЊА CO СТАПОТ. ЧЕКА ОДГОВОР. ОДГОВОР НЕМА. (На сцената дотрчува Горан Поп-Стефанов, неговиот внук, четириесет и неколку годишен човек потполно идентичен со татко му Самоил. Го допира Трајана за рамена.) ГОРАН: Дедо ти пак си побегнал? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: (He го препознава) Кој.. . си ти...? ГОРАН: He прави се недоветен. Јас сум Горан, внук ти! Зошто пак си побегнал? ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: He можам да живеам пак в затвор! ГОРАН: Дедо, ти не си в затвор туку во најубавиот дом за старци на Македонија! Врати ce таму! (Тргнува) ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: Каде? ГОРАН: (Нестрпливо) Имам предавања. Me чекаат студентите. Довидување! ТРАЈАН ПОП-СТЕФАНОВ: (Отсутно гледа во правецот на неговото исчезнување. Стои како скаменет и доживува стравичен миговен удар на својот занес) . . . Драги. . . студенти, почитувани слушатели на комунистичкиот универзитет. Јас сум сам како вода. Нема крај. Смртта не ме сака. Ќе ѝ го пресечам патот, ќе измислам нова слобода и таа пак ќе ми рече: И ка тој пат ќе бидеш сам, окружен од волци што молчат! Но, јас не ѝ верувам, зошто знам ќе расте слободава што ја имаме како збувната погача. Ќе расте и ќе ce пече. Просто.. . епохата ќе ce пресоблекува cè во нови облеки, cè во нови чуда, a ние ќе бидеме мртви и невидливи луѓе во воздухот што ќе го дишете. Ќе чепнете еве вака со раката, ќе ви ce заврти во свеста нашиот дух и пак ќе исчезне... Каде... не знам каде. .. зошто. . . нема зошто. .. вода. .. како вода... волци.. . кои волци. . . ново. . . кое таово. . . пиу. . . пиу. .. иууу. . . гу. . . гу. . . ку. . . ку. . . ку. . . ууут. . . ууут. . . уууут. . . ку.. . ку. . . гра. .. гра.. . гра.. . уууут... уууут.. . уууууууууТ. . . ку. . . ку. . . КУ. . . ку. . . ку. . . ку. . . ку. . . ку. . . ку. . ку. . . ку. . . (Го пушта транзисторот. Пладневни радиовести). (Седејќи на еден камен под Камениот мост, продолжува да пиука во себе и надвор од себе во живото време на новиот јазик) „Ју-антитеза“ ЛИЦА: ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ, трубач во Градскиот погребен оркестар „Нова слобода“ од Белград, 63 години ЕВРОСИМА ЛУЛОВСКА-ФИЛИПОВИЌ, чувар во Одделението за птици во Зоолошката градина во Белград, 62 години НЕВЕНА ФИЛИПОВИЌ, нивна ќерка, матурантка во Училиштето за глувонеми деца и младинци, 20 години НАЈДАН ФИЛИПОВИЌ, политички работник, син на Живадин Филиповиќ од првиот брак, 39 години. БОРО ФИЛИПОВИЌ, капетан од прва класа во ЈНА, син на Ж. Филиповиќ од приот брак, 37 години МАРКО ФИЛИПОВИЌ, слободен мислител, син на Ж. Филиповиќ, од првиот брак 36 години ТРЕНДАФИЛ ЛУЛОВСКИ, рударски техничар од Шљонск, Полска, син на Евросима од првиот брак, 38 години АНАСТАС ЛУЛОВСКИ, наставник по музичко воспитување од Прага Чехословачка, син на Евросима од првиот брак, 37 години СЛУЖБЕНИК во Сојузната служба за барање при Црвениот крст на Југославија НАСТАВНИЧКА во Училиштето за глувонеми деца и младинци ДИРИГЕНТОТ БЕБАСИСТОТ ТРОМБОНИСТОТ ТАПАНАРОТ КЛАРИНЕТИСТОТ БОЛНИЧАРОТ ПРВА СЦЕНА БЕСПЛАТЕН ПОГРЕБ HA РАБОТНИКОТ ЧОВЕК (Од Капелата на белградските „Нови гробишта“ ги изнесуваат посмртните останки на долгогодишниот директор на Агрокомбинатот „Победа“, Петко Крстиќ. Количката на која ce наоѓа сандакот застанува во централниот простор пред Капелата. Од десната страна е нареден Градскиот погребен оркестар „Нова слобода“, a од левата страна ce наоѓаат три микрофони пред кои ce наредени неговите најблиски соработници што треба да ce простат од него. Траурна атмосфера). ДИРИГЕНТОТ: (Во мигот кога количката застанува во централниот простор, тој дава знак за спремност на погребниот оркестар. Следниот миг оркестарот започнува да го свирн Лениновиот марш.) НАЈДАН: (Ce доближува до микрофонот, дува и го удира со прстот да види дали ce слуша.) Драги друтар Петко, Подобро никогаш да не дојдеше овој ден и подобро да застанеше времето, пред да те земе таа нечиста и извалкана смрт што влезе во животот на нашата работна организација, Агрокомбинатот „Победа“ и ги пресече рацете и нозете на сите наши работници од халите за конзервирање, до полињата на нашитг земјоделски култури, меѓу нашите машински и возни паркови, во нашите канцеларии каде ce чувствуваше ТВОЈОТ чекор, твојот глас, твојот авторитет. Koгa ce зборува за Агрокомбинот „Победа“ ce мисли всушност на Тебе, бидејќи никој друг освен Тебе, не знаеше нити ќе знае, не можеше нити ќе може да биде она што беше Ти. Другар Петко, Ти умре во време во кое разни подметнувачи и разни јавни пискарала, по разни бесрамни весници ce обидоа да го извалкаат твоето лице со разни махиназми и измислици дека твоите материјални добра, што ги поседуваше Ти, биле заработени со јавен економски криминал, и биле, цитирам, „плод на црни трансакции за кои треба да ce поведе сериозна и сеопфатна истрага“. Завршен цитат. Но, тоа не е вистана! Ние, твоите најблиски соработници тврдиме дека не е вистина. Твоите материјални добра ce твои и ничии не можат да бидат! Ти беше триесет години на чело на Агрокомбинатот „Победа“ И тие ce плод на твојот деноноќен труд. Да, на твојот труд. Ти беше за богатство на нашиот човек a тие што те напаѓаат, тие ce за неговата сиромаштија! Да, за неговата сиромаштија! Но, ние твоите најблиски соработници од деловодниот одбор што денес ти приредуваме посебно испраќање, нема да допуштиме никој да навлезе таму кајшто не му е местото, ние ги отфрламе сите обвинувања на твојата ценета адреса која ќе биде патоказ на нашето идно водење на Агрокомбинатот „Победа“, твое чедо, твоја творба, твое дело! (Пауза) (Нестрпливо реагира. Удира по микрофонот) Музика! ДИРИГЕНТОТ: (Ги крева рацете и замавнува со палката. Почнуваат да го свират новиот марш. He ce слуша првата труба – Фригорната Диригентот збеснува.) Свирете Живадине Филиповиќ!!! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: (Излегува од стројот на оркестарот) He свирам! ДИРИГЕНТОТ: (Преплашен и пребледен) Ова никогаш и никаде не ми ce случило! Свирете ве молам, ако има нешто, после ќе ce расправаме! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Нема после! Има да ce расправаме сега! После вчера, после денес, после утре и сите важни работи ни останаа нерешени, нема време за ништо другар диригент! НАЈДАН: (На микрофонот) Свири кога ти наредуваат! ДИРИГЕНТОТ: Свирете Живадине Филиповиќ, свирете, човек е во прашање! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Ако човекот е нашето најголемо богатство, тогаш, јас ce прашувам зошто не го погребуваме бесплатно и зошто не му свириме бесплатно! Умреле толку работници на овој колектив и никогаш досега не сте го поканиле Градскиот погребен оркестар да ги испрати достојно до нивниот вечен, студен дом. Денеска, телеграфски ги испративте државните пари да не остане без музика вашиот директор за кого веќе излегоа оценки во јавноста кој е и каков е! Па тој можел да ја продаде Југославија во 24 саати a јас, овде треба да му свирам на погребот и тоа со општествени средства!? ДИРИГЕНТОТ: Вратете ce на местото! Вратете ce Живадин, во прашање е исплата по Новата тарифа на погребните услуги, во прашање е угледот на нашиот оркестар по кого така брутално газиш! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Новите цени на нашата дејност ce неприфатливи за народните маси! He може да ce издвојува од устата на работниот човек за наплата на погребната музика нa вакви криминалци! Јас сум на страната на народот, што ќе рече на работниот човек! И доста веќе со лаги! Јас не сакам да свирам! НАЈДАН: Почитувани членови на Деловодниот одбор, драги КОлеги! Кој можеше да претпостави дека еден мизерен трубач на погребниот оркестар ќе ни ја наруши тагата по нашиот ценет директор, дека тој ќе го посипе со кал неговиот ковчег! Но, сега јас наредувам, почнете веднаш да свирите! Јас го водам внатрешниот протокол за испраќањето и свирете веќе еднаш! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Никогаш! ДИРИГЕНТОТ: На една од пробите на нашиот оркестар ти беше наречен непријател, ти не само што си непријател ти си опасен разурнувачки елемент! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Јас сум учесник во Народноослободителната војна и револуцијата. Мојата младост е сврзана за растежот на нова, братска Југославија, и сето ова го зборувам со полна одговорност! Ние не можеме да ce откажеме од традицијата на погребната музика, која пред cè, треба да ce свири на погребите на работничката класа и тоа бесплатно! ДИРИГЕНТОТ: И на погреб веќе не си сигурен што ќе ти ce случи! Па, јас пропаднав завршено е со мене! Ти жив ме погреба мене Живадине Филиповиќ! Жив! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Јас барав јасни и конкретни нешта: Бесплатен погреб на работниот човек, бесплатна музика на неговиот закоп, задржување на револуционерната традиција на нашите маршеви, барав третман на нашата работна и уметничка дејност a вие барате нови пари! Вие сте во право, јас не сум! Нема да свирам на бесплатни погреби на вакви криминалци од самонаречената општествена елита бидејќи тие ја покрадија Југославија, градејќи ги кулите и тврдините на својата ненаситност во името нA љубовта кон работничката класа која ce претвори во маскота на нивните приватни конта. Јас нема да ги свирам новите маршеви што вие ги воведувате нудејќи го веднаш новиот ценовник бидејќи мојата свирка ја памети историјата, a оној што не ja памети осуден е да ја повторува! НАЈДАН: (На мнкрофонот) Другар диригент! He ме интересира ништо, овде има музика и продолжете да свирите! Исфрлете ги од вашиот оркестар луѓето што не знаат што е тага! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Јас знам што е тага и знам што е проклететво кога сум можел да те родам тебе! НАЈДАН: Ние ќе докажеме ceгa или никогаш! Сега или никогаш! Музика! Овде има музика! ДИРИГЕНТОТ: Подгответе ce! Стартуваме без првата труба! Ова е платено и има да ce досвири! Има да свирите живи или мртви! Слободен сте Живадине Филиповиќ! (Сите затануваат на своите места. Диригентот ја зема палката. Живадин ja зема футролата, ја става трубата во неа и тивко со подзастанување ce упатува кон излезот. Застанува, сака да каже нешто, но музиката е cè посилна и посилна што неговата сенка ce губи во звукот на ноките погребни маршеви.) ВТОРА СЦЕНА НАДВОРЕШНИ ПРИТИСОЦИ (Во старата и трошна куќа на улица Балканска бр. 317а, покрај мијалникот, масата и шпоретот, на ѕидовите ce обесени семејни фотографии и повеќе кафези со разпи птици. Во пејсажот е втиснат печатот на душата на Евросима Луловска-Филиповиќ, која заедно со својата ќерка Невена Филиповиќ чека нечие враќање. На средината од одајата во голем леgен Невена си ја мие косата, a Евросима ѝ потура со вода.) ЕВРОСИМА: Денеска во Зоолошката градина, во Одделот за птици не влезе никој! НЕВЕНА: (Ja спушта косата пред очите и ја цеди) ЕВРОСИМА: Ги наранив утрината, ги напив вода, ги испрскав кафезите од болви и други штеточини, и цел ден ми пееја птиците, сами, посами од секогаш. Цел божји ден не дојде никој. (И потура шампон од пластично шише) ... He може никој во цел Белград денеска да не помисли на птиците во Зоолошката градина. Па и тие ce души. И тие сакаат очи да ги погледнат, некој да ги помилува. Да им фрли едно зрно. Никој, Невенке моја, никој. (Повторно и потура со чиста вода) НЕВЕНА: (Си ja расчешлува косата. Ce подисправа наведната над легенот. Чешелот тешко ce движи низ влажната коса) ЕВРОСИМА: Koca моја на мајка... Иста таква ми беше и мене жими тебе и ја плетев во плетенки... Една ноќ за време на војната ce криевме во збегот и потови течеа од нас како реки и почнаа некои мрави да ме лазат по гла-вата, почнаа да ги прекасуваат плетенките, почна да ми паѓа косата во пластови жими тебе... и ги зедов овчешките ножици и почнав да ја сечам жими тебе... да ja сечам... иста ми беше како твојата жими тебе... иста... (И подава крпа за бришење) НЕВЕНА: (Ja гледа. Ja зема крпата и ce брише) (Го зема леѓенот и го истура. Ce враќа.) Што учевте денеска на школо? НЕВЕНА: (Прави круг со рацете кренати нагоре и со показалезот од десната рака удира точки во него) ЕВРОСИМА: Небо? НЕВЕНА: (Потврдува и удира точки во воздухот) ЕВРОСИМА: Птици? НЕВЕНА: (Одречува и мавта со рацете со прстите кренати нагоре) ЕВРОСИМА: Летаат? НЕВЕНА: (Одречува и прави круг со показалецот од кого изистуваат линии) ЕВРОСИМА: Сонце? НЕВЕНА: (Одречува и прави помал круг покажувајќи угоре на сводот) ЕВРОСИМА: Ѕвезди? НЕВЕНА: (Потврдува, прави мали кругчиња и во нив мал крст) ЕВРОСИМА: Паѓаат... ce креваат...? НЕВЕНА: (Co прстите од десната рака ги затвора очите) ЕВРОСИМА: Очите... што очите... ? НЕВЕНА: (Го повторува движењето на двата прсти од деснага рака, палецот и показалецот) ЕВРОСИМА: Гаснат? (Наврапито ce отвора вратата и влегува Живадин Филиповиќ во униформата од Градскиот погребен оркестар и со футролата од трубата под мишка) ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: (Ги гледа. Молчи) ЕВРОСИМА: Толку брзо го закопавте...? ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Јас никого не закопувам! ЕВРОСИМА: Ништо не те разбирам... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Јас не сум закопан, јас сум сега откопан човек, откриен сум и непријател сум, разурнувачки елемент сум, така да знаеш и ти, јас не сум тој што бев, удрен сум со секира в чело и главата ми е расцепена на две по-ловини и еве в раце ги држам тие две половини ги удирам една од друга и слушам како и гледам како ми тече мозокот пред нозе и не знам кај да одам... ЕВРОСИМА: Што било човече, што зборуваш. .? ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ.: Ми врие мозоков и ми тече пред нозе, еве земи го в раце додека е врел и појди однеси го во Месната организација на Сојузот на борците, општина Стари град и речи им, еве овде, во ова крваво куче е запишана биографијата на мојот маж Живадин Филиповиќ, трубач на Градскиот погребен оркестар, борец, роден 1921 година во село Ариљево од татко Стојадин и мајка Љубица, умрени од туберколоза во Скопје, бивша Jyгославија, каде што татко му работеше како џандар, сирак изгледан во Де Де Be Бе – Дечји дом Вардарске бановине, каде што научува да свири труба и порастува до метро и седумдесет, учесник во НОБ од ослободувањето на затворот во Сремска Митровица до завршните операции на Сремскиот фронт, два пати оженет, првпат со Радојка Станисавлевиќ која ќе му умре нa третото раѓање и втор пат со мене, значи со тебе, една вечер на Железничката станица во Белград... незнам кога незнам како, еве носи го префрлај го со рацете ова врело купче не мисли ce, заминувај жено божја, заминувај . .! ЕВРОСИМА: Kaj да заминувам, што станува со тебе човече? ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: (Ja отвора футролата. Ја положува трубата на масата и од футролата вади сатар) И речи им дека денеска, на 7 јануари 1984 година купив сатар од пазарот во Палилула со кого сакам на парчиња да ја иструпам мојата труба која испрати илјади мртовци до вечниот спокој, која ми прехрани шест гладни усти со својот звук и речи им дека ќе си ја расцепам устата (мигновено го крева сатарот и замавнува) никогаш да не може да дува... НЕВЕНА: (Избезумнено ce стрчува кон него, му ја оттргнува paката со сатарот и ја става нејзината рака пред неговата уста. Застанува пред него и го гледа.) ЕВРОСИМА: Господе... Боже мој... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ.: Знам дека нема ништо поважно од тебе, немо пиле мое. Знам. Прости ми... знам... никого не сакам да видам... сакав да ми светне точилото преку устата.. Немам време ништо да објаснувам... некој ми ја расцепи главата со сатар... без ништо... стави ми ги рацете на челово... прости ми... знам... (Тишина. Пејат птиците во кафезите) ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Да можев со некој звук да го извлечам твојот глас, да можев со труба, со оружје со војски да го барам твојот збор, да можев да ги поткупам сите држави на светот, да пронајдам таков лек, да те слушнев што ќе речиш, да можев да ги проколнам сите јазици на кои нема да проговориш, да можев, да можев, a еве веќе не можам ништо, ce ми гасне пред очиве, додека те гледам... НЕВЕНА: (Остро ce спротивставува на неговиот израз како да сака да ги искрши предметите што ја окружуваат.) ЕВРОСИМА: Гледај ја малку. Само гледај и не зборувај ништо. ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Проговори, на каков сакаш јазик, само речи да ce знае дека велиш: вода, исихија, амур, гутен абен, шампс, Даблин, сега, речи: мајка, речи татко, речи умрете, речи цркнете, оти сакавте уште да ce продолжувате, малку ви беа три сираци на едниот, три на другиот, проколни го нашето глуво семе, глуво семе, глуво семе... НЕВЕНА: (Ce спружува на земи. Ги крева рацете кон небото) ЕВРОСИМА: Глуво семе, глуво семе, глуво семе и речи нема Бог, пак речи нема Бог, да те видам, ајде ајде речи, пак, речи ѕвездо моја на мртво небо родена во мувлосаните ѕидови на улица Балканска од двајца тажни многудетни борци, речи да те видам...! (Некој тропа на вратата. Влегува Марко) МАРКО: Добар ден или добровечер, не знам што е. (Сите стојат како скаменети) МАРКО: Здраво трубачу! Нешто си тажен! Нели!? Жалиш нели!? ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: (Ja свртува главата. He сака да го гледа) ЕВРОСИМА: Te нема два дена дома, жими тебе Марко... Кажувај кога не ce враќаш... МАРКО: My свиревте денеска, нели... My трубеше на Петко Крстиќ, големиот професионален револуционер за интересите на работничката класа, да, да, револуционер, му свиреше свечено, со втренчен поглед кон небото, да, да трубачу, ти му свириш, a син ти му држи говор, му држи посмртно слово, каква синтеза ти трубиш a тој беседи, неверојатно... генерациите ce преплетуваат, ce надополнуваат испраќаат, нели... да, да испраќате и свирите и држите говори a работните маси плачат, точно, плачат... ЕВРОСИМА: Седни Марко... седни, има време... ќе ce... МАРКО: Да, да, вие свирете и држете говори a мене ќе ме отфрлаат, ќе ме одбиваат на сите страни ќе ме плукаат бездарници и позиционери... A никој не ми создава услови за моето сè уште ненапишано животно дело... Да бев роден во Америка сега ќе имав Нобелова награда по хемија, да бев роден во Москва, сега ќе одлетав до Венера, ќе ме исфрлеа до вселената за да не ми биде досадно, ќе го видев ова планетче, како безимена точка на бескрајот, a овде немам услови за да го завршам својот политичко-поетски спев со кого сакам да ја оставам единствената вистина за оваа земја на Балканот пред светската јавност со кого ризикувам, не, со кого сакам да го оставам својот крик во пустина и нека излезе некој да ме сослушува, да ме суди, да ме казнува, да ме спалува! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИК: Нема сигурно да те бричат и да те мазнат! Ти мислиш дека со твојата посрана книга ќе го превртиш времето однопаку ! МАРКО: Да, да. Зошто мојата книга ќе остане! Што ќе остане кажи ми од твојата труба!? Моето интелектуално оружјо може да го води времето напред a не твоето боречко кукање за правда и твоето понижено свирење по сите видови мртовци низ белградските гробишта! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Зад мене ќе останат солзи, мртовци и звуци и писмо што не знае никој да го чита, напишано со воздух наместо со мастило, напишано со уста наместо со рака, како ветер, синко мој, ветер што дува и уште зад мене ќе останат два црни бели дробови собрани како пијавици и жедни за дишење, оти сета нивна сила ce спуштала низ мојата труба, ќе гнијат и тие со мене, зад мене ЌЕ остане земја синко мој што утре, може пак тебе да те роди... МАРКО: He може. Јас сум неповторлив! ЕВРОСИМА: Марко, помолчи жити мене, нешто е болен... помолчи... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Да, синко мој, писателе, мислителе, ветер сум што дува, не гледаш како дувам, не гледаш како ce тресат прозорците, како ce нишаат гредите и покривите, ce движиме надолу по Балканска и дувам, јас дувам, така да знаеш тоа ќе остане од мене... (Заедно со бран на студен ветер во одајата ce втурнува Најдан Филиповиќ, задишен и премален) НАЈДАН: Како не ти е срам да прекинеш човечки погреб, како не ти е срам мене да ме погребиш жив и да го напуштиш оркестарот пред цел свет што те гледаше... Живадине Филиновиќ... Тебе не ти е јасно во какво време живееш... ако не можеш да ми помогнеш немој да го доведуваш во прашање моето место во ова општество. Јас самиот cè имам стекнато и сам ќе располагам со cè!... Јас сум платен секретар на партиската организација на Агрокомбинатот „Победа“ и сите очи денеска беа вперени во мојот говор, a ти го прекинуваш погребот, тоа е злочин, кон мене кон сите нас, тоа е вистински злочин! ЕВРОСИМА: Вие сакате да го умрете денеска човеков, деца мои! МАРКО: Претчувствувам, трубачу, револуционерно финале на твојата биографија. Па ти умираш како револуционер, си прекинал погреб, неверојатно! НАЈДАН: И да знаеш, немам време да ce расправам повеќе со тебе, немам време да си ги објаснувам твоите постапки, немам време, ме чекаат на една важна вечера (Гледа на саатот) и сакам само уште ова да ти го кажам, ти ќе повикуваш значи на побуна, на контрареволуција и тоа денес во ова време на општа благосостојба, ти ce крена на бунт со несвирење против богатите и моќните мртовци, ти истеруваш правда, ти и таквите како тебе сакаат да ја направат оваа земја сточно трло на бедната урамниловка, ти и таквите како тебе сакате да ја претворите оваа земја во парталав социјален логор на глупавата рамноправност, што мириса на сталинизам, да, бидејќи долго време ги имитиравте мустаќите на Коба Џугашвили... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Надвор, губи ми ce од пред очи! Надвор! (Некој тропа на вратата. Влегува наставникот од Училиштето за глувонеми младинци) НАСТАВНИЧКАТА: Добровечер... НАЈДАН: И да знаеш ќе одам надвор и ќе објавам три реда во малите огласи на „Вечерни новости“, дека од денес јас немам татко и дека не сакам да го имам, штом ме погребува жив без вина и без причини. Така да знаеш. И збогум! (Тргнува кон вратата) ЕВРОСИМА: Влези Милице, добровечер, толку време... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Ни збор повеќе ни збор, изгуби ми ce од пред очи. Те чекаат микрофоните, вечерите, рефератите, идеологиите, заклучоците, те чека работничката класа и морето од лаги што ми е запрено во грлото од вас, подобни функционери, изроду мој... НАСТАВНИЧКАТА: Простете ми, ce извинувам... НЕВЕНА: (Преплашено реагира на нејзината појава, тргнувајќи кон неа и враќајќи ce на истото место) МАРКО: Слободно, влезете слободно, тоа е само благо, безопасно недоразбирање. НАСТАВНИЧКАТА: Пак ce извинувам што доаѓам толку доцна, но ce вратив побрзо дома, ce вртев како попарена, де ваму де таму, и кожа не ме траеше, морав да дојдам, денеска не ја видов Невена на школо за време на мојот час, мислев да не е болна, ce прашував зошто ги напуштила часовите... ЕВРОСИМА: Влези Милице, влези, толку време те немаме видено. He си дошла одамна. Повели седни! НАСТАВНИЧКАТА: А, ти си тука Невена? НЕВЕНА: (Ја поздравува) НАСТАВНИЧКАТА : Погледај ме Невена, јас животот ви го посветив вам, на моите ученици јас немам никого, јас сум сама и страшно ме заболе помислата дека вие бегате од мојот час затоа што можеби не откривате ништо корисно веќе во мојот труд, дека не ве интересира она што ви го предавам, замислете колку е тешко Невена, (Во нејзиниот говор, во нејзиниот израз, со помош на многу движења на устата, главата и рацете ce оставарува сосема јасна комуникација меѓу неа и Невена) на предавањето по марксизам, на мосто најинтересно предавање во текот на учебната година што денес го одржав да небидеш ти... Па јас си реков дека ce работи за аверзија кон самиот предмет или можеби кон мене... ако е така, јас не верувам дека е така... НЕВЕНА: (И ce извииува и вели дека ѝ ce свртел светот во главата, дека не гледала ништо пред очи и дека и ce nовраќало) НАСТАВНИЧКАТА: Но, Невена зоштоа не си ме почекала, ќе одевме заедно на лекар, ти си исцрпена, па ти премногу работиш, со твојот успех ce гордее целото училиште, мене затоа ми беше чудно... ЕВРОСИМА: Чекај мори мајче, ништо не ве разбирам, таа си дојде денеска дома порано и ништо не ми рече... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Значи таа избегала... МАРКО: Бегството е природна последица што ја предизвкува затворениот човек! НАСТАВНИЧКАТА: Ништо, ништо... Cè ќе исправиме... ќе ја повторам лекцијата што денес ја учевме... Важно е што Невена е дома и ce чувствува добро... ЕВРОСИМА: Добро добро, тоа е завршено. Зборувајте со неа повсќс со движења, прифатете го нејзиниот јазик. He кукајте над нејзината несреќа. Прифатете ја како рамноправен соговорник. (Кон Невена) Јас ќе ти ја повторам лекцијата што денес ја учевме по марксизам. Нејзиното име е: Надворешни притисоци врз независноста на нашата земја и обидите за скршнување од патот по кој тргна предводена од Партијата на чело со другарот Тито. Види Невена; во најкратки црти: Дали сме со СССР? – He. Дали сме со САД? – He. Co кого сме? – Нме сме сами. He зависиме од никого. Од кога? – Од 1948 година. Дотогаш бевме под СССР. Но другарот Тито и нашата земја од таа година почнаа да живеат сами. Без никого. Независни. Другарот Тито е творецот на самоуправниот социјализам. Другите земји од почетокот не HИ мислеа добро. Ги поткопуваа нашите темели. Разни непријателски елементи и од социјалистичките земји и од капиталистичките дејствуваат против нашата неврзана и незавиона политика. Тие не нè сакаат нас. Тие ја мразат нашата среќа. НЕВЕНА: (Ги отвора очите со најголема љубов кон говорот на Наставничката) (Влегуѕа Боро Филиповиќ. Сите ce стаписуваат. Лекцијата е прекината) ЕВРОСИМА: Каде си сине Боро? БОРО: Еве сум! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Што има? БОРО: Мајко, в сабота навечер сакам да ce собериме сите дома и да ce поздравиме. Добив прекоманда за Приштина! ТРЕТА СЦЕНА BO СОЈУЗНАТА СЛУЖБА ЗА БАРАЊЕ ПРИ ЦРВЕНИОТ КРСТ HA ЈУГОСЛАВИЈА (Во Сојузната служба за барање при Црвениот крст на Југославија, пред канцеларијата во која ce отворени нивните досиеја и претставки за изгубените деца на Евросима Луловска-Филиповиќ, чекаат Живадин и Евросима. Процедурата е во тек. Пауза на вработените од 9 до 9 и 30 Тие ce сами.) ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: He можеш да го избериш ни народот со кого ќе живееш, ни луѓето што ќе те родат. ЕВРОСИМА: He можеш, па што? ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Ништо продолжуваме натаму. ЕВРОСИМА: Каде? ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Во длабокото! ЕВРОСИМА: Ha кое место? ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ.: Овде, во животов... ЕВРОСИМА: Губам надеж. Губам. Cè повеќе губам. ЖИВАДИН ФИДИПОВИЌ: Еве, јас и ти! Да земеме да подвлечеме една црна црта под нашите животи (Вади лист и молив од палтото) да ги собереме, да ги помножиме па да ги поделиме ќе видиме... ЕВРОСИМА: Остави ме малку... сакам да гледам како ти играат образите додека чекаме... што ќе беше ова, како да не има плукнато Господ заедно во еден ден... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Јас тргнувам од овде.. и стигнувам овде... Ти тргнуваш... ЕВРОСИМА: He, јас бев болна тогаш, измрзната од снеговите, ми беа пресечени рацете и нозете и додека седев на вреќата на перонот ce видов како црн кожурец што ќе го згазат шините на следниот воз и тогаш некој ме допре за челото и ме праша: Кого го чекаш другарке? ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Јас те прашав... Кого го чекаш другарке...? ЕВРОСИМА: Ти ме праша... Кого го чекаш другарке...? (Таа тргнува кон некаде, прави еден чекор. Низ главата како да му минуваат возови што сака да ги дофати со рака) ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: И јас те прашав, зошто плачеш другарке...? ЕВРОСИМА: И јас ти реков да, ми ги пресекоа децата ти реков, одовде од градиве од здивот и нозете, ми ги пресекоа и рацете... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ.: А... јас имам сами деца дома, ти реков, ене онаму во ноќта кајшто свети, она прозорче со растурен покрив под хотелон Москва што свети како светулка, три ce, не е едно... мајка им умре... со последното дете што нема години, a ќе нема и денови... ЕВРОСИМА: И јас ти реков... кревај ме непознат другару, кревај ме одовде како крбло, како жив труп и носи ме кај твоите деца... твоите ќе ги гледаме, моите ќе ги бараме... Така било за да биде... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: И ноќта кога излеговме, ти ce фрлија сите тројца... ноќта купивме пченкарен леб со точки... и јас сакав да ја земам трубата од жал... сакав да ја земам... ми беше срам да плачам... (Во ходникот влегува Службеникот) СЛУЖБЕНИКОТ Добро утро. (My отпоздравуваат) Ако доручкува човек. како на времето в кафеана, платата не му стига само за доручек За ручек и за вечера треба да свири на кавалче. Дали ќе има крај оваа економска стабилизација, господ знае... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Cè има крај, пa и стабилизацијата... (Влегуваат во канцеларијата) СЛУЖБЕНИКОТ: (Седнува на бирото) Да видиме сега, зошто беше работава. Повелете. Име? ЕВРОСИМА: Евросима Филиновиќ, првпат мажена Луловска, родено име Георгиевска. СЛУЖБЕНИКОТ: (Бара no досиејата и архивските регистри) Да, да... ништо не е чудно, во денешно време cè е можно... Ce губат луѓето без трага... ЕВРОСИМА: Еве... јас го добив писмото... на Сојузната служба... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Co години добиваме писма... a трага нема... СЛУЖБЕНИКОТ: Cè повеќе лица исчезнуваат на земјава, замислете, минатата година во светот исчезнале 11 милиони луѓе. Тоа е цела една држава. Замислете. A во нашава Сојузна служба за барање на исчезнати лица во Југославија (Продолжува да бapa низ досиејата)... ЕВРОСИМА: Ај да појдеме до таа исчезната држава Живадине... СЛУЖБЕНИКОТ: Kaj нас, ви велам, имаме досиеја од роднини на исчезнати лица кои ce изгубиле уште во Првата светска војна, па Втората, па пријави од Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 и така натаму до денешен ден... ЕВРОСИМА: Ние за тоа сме дојдени... писмо за разговор... (Ja загледува добро Евросима) Ах... да... ce сеќавам на вас, вие сте чуварката на птици во Зоолошката градина... Долго време не сте биле овде... јас... ЕВРОСИМА: Си ме видел таму...! Убаво! Еве, запознајте ce тоа е мојот маж Живадин Филиповиќ! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Мило ми е! СЛУЖБЕНИКОТ: Да, да, ce сеќавам вашите деца беа депортирани во Источните земји, a мажот ви убиен на грчките острови... ЕВРОСИМА: Јас сум таа... Јас... јас сум таа... јас... јас... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Евросима, ти падна шамивчето... СЛУЖБЕНИКОТ: Еве ги вашите барања и документацијата што е стигната... (Tu вади на бирото) Сега ќе видиме ce. ЕВРОСИМА: Јас сум таа... јас... јас... СЛУЖБЕНИКОТ: Чекајте, овде има нешто ново... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Ново? Имаме еден анекс во документацијата, писмо од Полска: Драги другари, полскиот граѓанин Трендафил Луловски живее во Шљонск, рударски техничар по занимање, неоженет, известен е за адресата на лицето што го бара, т.е. Евросима Филиповиќ, Белград, Балканска 317а и ќе пристигне во февруари оваа година, ва назначената адреса! ЕВРОСИМА: Јас сум таа... јас... јас бев таа... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Пристигнува...? СЛУБЕНИКОТ: Вашиот предмет е разрешен до крај! Што ce однесуиа до Чехословачка и таму имате среќа: Имаме известување од тамошниот Црвен крст; Граѓанинот Анастас Луловски живее во гратчето Влтава во близината на Прага и работи како наставник по музичко воспитание, оженет, татко на едно дете, жената ce вика Ева Стрниско, заболекар. ЕВРОСИМА: Јас сум таа... јас сум... жими тебе... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Ништо не е човекот, ти велам јас, ништо не е. Животот е ветер, ти велам јас... СЛУЖБЕНИКОТ: Во случајот со вашата ќерка cè уште ce трага по наведените елементи. Пронајдени ce три презимиља на мажени жени кои ce оовпаѓаат со нејзиното моминско име, во најскоро време ќе добиете потполно известување за случајот. ЕВРОСИМА: Јас сум... мајката нивна... јас... жими тебе... јас сум жената од кај птиците... Трендафил и Анастас ми летале... Спасија ми летала кај мене... јас сум таа... јас... еве писмото го носам... ако не е верно... СЛУЖБЕНИКОТ: Cè е така како што пишува во анексот... ЕВРОСИМА: (Тргнуза кон вратата. Ce враќа кон Службеникот) Така е жими тебе... Ќе појдам јас сега да ги пречекам... јас сум таа. ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Евросима... Чекај... Ќе одиме заедно! СЛУЖБЕНИКОТ: Дваесеттиот век е век на исчезнати луѓе. Век на раселувања. Век на војни. Изгубени луѓе, мали во големи народи, големи во мали... И така. Бидете спокојни, толку време сте чекале... ЕВРОСИМА: He... не, ќе појдам... ќе излезам и ќе кажам, ќе трчам по улиците, ќе ги запирам луѓето... можно ли е еве ги ce вратија возовите, ќе појдам во кафезите на Зоолошката градина... моите деца, државјани на туѓи држави... ќе ги вратам како грст вода што ce враќа од разлетаните облаци, од небоно замрежено... јас сум таа, јас сум другар службеник... еве јас го добив писмото, ме турнза грчките комунисти од возот, ми рекоа ние мајки нема да спасуваме, ќе спасуваме деца, таква беше паролата „Да ги спасиме нашите деца“... ме турнаа од возот a возовите сите заминаа, мажот ми го растргнаа како волци ми кажа човек со очи што го видел и еве жива сум до денеска (Гo фаќа за раце Живадин) He била смртта побрза од сите... (почнува да ce губи) гласот бил побрз од поморот, еве што ce стори еден живот на толку пеколи поделен... Ме затворија монархофашистите во Ксанти, во Албанија со сврдел ни ги дупеа главите... сега си идат моите деца... кај да трчам... не немој да ме слегувате од возот, BOЗOT што заминува ме прегази, поделено ми е срцето на две... немојте, јас сум помошник пушкомитралезец од Костурскиот одред што ќе го донесе комунизмот... тој одред ќе го донесе... немојте... со едната рака држам деца... со другата редам муниција и почнувам (Почнува да пее) За слобода и за живот Само напред, само напред Јас никогаш никаде не оставив, јас немав со што да лутам, да имав оружје ќе пукав во Земјата што е обесена, a ништо како празна црпка. Јас никого никаде не ставив За слобода и за живот Само напред, само напред .. ги прашував птиците секоја утрина, да не ве имам видено и вас птици мои, што жедувате во кафезите рижливо миени од чуварката Евросима Филиповиќ, наградена со Орден за труд со сребрени зраци... Засвири ми Живадин сега нешто како растење на деца, колку деца ние растевме, твои, мои, ничии, Невени и уште многу... многу... имавме ce... имавме и среќа... кај ти е трубата... ама јас ќе пеев тогаш и со зборови ќе пукав... (Ce стрчува кон замислената линија на фронтот) Само напред, само напред За слобода и за живот Само... само... (Пaѓa на подот како свеќа. Уште пелтечи со суви усни) ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Извинете. Извинете... Искорни ме од местово, Евросима, искорни ме! Повикајте брза помош. Таа ce гуши, повикајте! СЛУЖБЕНИКОТ: (Веднаш врти на телефонот) Be молам дојдете... Брза помош... Be молам дојдете во Сојузната служба за барање на Црвениот крст на Југославија, има итен случај ! ЧЕТВРТА СЦЕНА УСМЕНАТА КНИГА ЈУГОСЛОВЕНСКА АНТИТЕЗА ИЛИ ПОМЈА-ТЕНИЕ ЈЕЗИКОВ (Заеднички жив сон на Невена и Марко Филиповиќ пред Картата на светот во која глаголивиот брат ѝ ja прикажува на својата нема сестра личната претстава за генезата на општочовечкиот раскол кој започнува во Вавилон, при ѕидањето na Вавилонската кула и завршува во неговата усмена книга Југословенска антитеза или Помјатение језиков.) МАРКО: Невена, јас сум роден во Вавилон! НЕВЕНА: (Ce чуди, не знае што ѝ вели) МАРКО: Така пишувам во својата книга... Kaj Вавилонската кула... во земјата Сумерска, кајшто живеел еден народ и зборувал еден јазик, таму... ! Јас одбивам да бидам роден овде... Јас сум таму...! НЕВЕНА: (Каде?) МАРКО: Дај ми го атласот од твојата школска торба! Земјописот! НЕВЕНА: (Вади атлас од торбата и му го дава) МАРКО: Каде е картата на двете полутопки...? (Ha сцената ce спушта kартата на светот) Види, Невена, Вавилон е овде. Овде живеел тој народ. Да речеме, мојот народ. Некогаш, одамна, пред илјади години. Времето врвело и злоделата и расколите меѓу самиот тој, мој народ ce множеле, ce множеле од ден во ден, од ноќ во ноќ. Тогаш потомците на синовите човечки ce договориле: Ајде да изградиме град и кула на која врвот ќе ѝ биде на небото, да стекнеме свое име и да не ce раселуваме по целава Земја... НЕВЕНА: (He може да разбере... Што, кој, кога и како...) МАРКО: (Продолжува во транс) He, некои луѓе не сакаа да учествуваат во таа незаконска работа. Во почетокот тоа грозно дело одело успешно. Но, господ го срушил. Toj го помутил го измешал, јазикот на ѕидарите и така тие престанаа да ce разбираат еден со друг. Тогаш, тие го напуштија ѕидањето и ce разотидоа на разни страни... наваму, натаму, нагоре, надолу... Јас така пишувам во својот спев... во својата книга... дека сум од таму, a дека ти си празнината на таа кула... НЕВЕНА: (Покажи го точно градот) МАРКО: Градот што почнаа да го ѕидаат и не го доѕидаа беше наречен Вавилон, a тоа значи мешаница, Невена, мешаница... НЕВЕНА: (He можам ништо да разберам. Кој град, која земја, зошто, таму, од каде ти таму, зошто не, јас, таму...) МАРКО: (Ce обидува да ce смири) Значи, почнаа да заминуваат народите секој на својата страна и заборавија на своето сродство... Малку помалку ce промени и самиот јазик на кој зборуваа и така постанале разни народи кои зборуваат на разни јазици... НЕВЕНА: (Јас ништо веќе не разбирам. Te колнам објасни ми) МАРКО: Јас тргнувам од таму... (Покажува на картата) и стигнувам овде... во мојава и твоја земја и сакам да ја воведам неа во светската историја, директно, без посредници, без протекторати, без заштитен појас... НЕВЕНА: (Јас ce плашам за тебе. Ce плашам) MAPKO: Пишувам нешто грозоморно... Сакам да напишам политички спев за дваесеттиот век и него да го посветам на мојата земја, a потоа таа да ме издигне, a не да ме гони... Спевот ќе ce вика Југословенска антитеза... во него ќе употребам стихови, проза, драма и ноти, ќе употребам челични монти и армиран бетон, црвен камен, ќе ги отворам сите прозорци на мојот духовен затвор (Почнува да ги отвора сите прозорци) Дали си Вавилон или Антивавилон земјо на општонародниот копнеж Европска разградба или балканска доградба Ни Вавилон си ни Антивавилон Ни европска разградба ни балканска доградба ти си поле на мојот темен сомнеж!... НЕВЕНА: (Што ce случува со тебе, што?) МАРКО: Ќе излезам од зборовите и жестоко ќе влезам во животот: Ако можел трубачот Живадин Филиповиќ да прекине погреб во името на Револуцијата јас ќе исфрлам куп вистини, ќе измислам ново обраќање до јавноста (Отвора нов прозорец) и ќе го наречам усмена книга, самиот ќе ce изберам и ќе ce изгласам ќе влезам и ќе прекинам едно редовно заседание на некое високо политичко тело и пред сите ќе изјавам: Во Југoславија не живеат народи. Во неа нема народи. Bо неа има луѓе и нелуѓе. Народите ce измислица на историјата и тие ја создаваат забуната, омразата, потиснувањето, доминацијата, лагата, немоќта, желбата за превласт. Измислете наднароден човек кој ќе ce бори за својата лична слобода, избришете ги јазиците зошто јазикот не значи народ, ќе изјавам, една способна држава мора да измисли јазик што ја обединува, a не да допушта развој на јазици што ја делат! (Налудничаво ги отвора и ги затвора прозорците) НЕВЕНА: (Што станува со оваа куќа, што ce случува, ce плашам за сите вас, за птиците во кафазите) МАРКО: Да, сестро моја, да, ќе измислам подвижна говорница од која ќе ce огласам: Работни маси, создадете општ обединувачки јазик во Југославија во кој ќе влезат сите јазици според бројот на населението! На пример, една реченица која гласи: Ние одиме таму кајшто никој досега не стигнал ниту ќе стигне, за да ја видиме слободата што никој не ја видел ниту ќе ја види! – со 70°/о српскохрватски, 10% албански, 8% словенечки, 7°/о македонски, 2% унгарски, 1% романски, 0,01°/о турски, 0,05% словачки, 0,03% цигански, ,0002% руски, итн. во останатите промили би звучела вака: Mi idemo tamo gde niko dosad nije stigao ni bo prišel za da ja vidime liria neden hogi meglatjuk naj niko. HEBEHA: (Остани. Надвор e страшна ноќ. Остани. Затвори ги прозорците. Куќава ce ниша. Ќе не одвее ветерот. Ocтаnu прочитај нешто од моиве очи... ) МАРКО: Збогум cera, и да знаеш, ако не ce вратам сум извршил јавно самоубиство на Плоштадот на Револуцијата во нејзино име, a ако ce вратам сум ја надживеал смртта и сум ce претворил во апсолутно независен човек! (Исчезпува) НЕВЕНА: (Останува сама пред Картата на светот. Почнува да бара некого низ куќата, каде сте, зошто ме оставивте сама. кој дојде, зошто никого нема, кај отидовте; луѓе, птици, зборови...) ПЕТТА СЦЕНА СМРТ ВО ОДДЕЛОТ ЗА ПТИЦИ HA ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА (Во еден од големите кафези во Одделот за птици во Зоолошката градина, влезена е чуварката Евросима Филиповиќ, облечена во црн пластичен мантил со метла и црево во рацете. Птицата црнозлатен фазан е болна, безутешно спружена врз подот на кафезот) ЕВРОСИМА: Ами, што ти е мори душо златна... Te гледав јас оневелесена ми беше со денови, нешто црно го има зафатено твоето срце... Што да ти дадам што да запустам... Седум дена ништо немаш каснато... само душата на тебе што е останата... каде и за кого побргу лек да барам... ништо не помага (Ја гали по перјата, ја чисти од мушички, го забришува подот од кафезот еве едно зрно касни од житово, напиј ce малку од војцава, ајде ќе ѝ кажам вечерва на Невена дека си ми подобра, таа те знае од мала, од кога те донесоа во кафезов, вие сте врснички со Невена, толку денови со таква сласт во очите ми те гледала, ајде стори нешто за да го израдувам девојчето... ноќеска ce разбуди од сон и ме праша што прави црнозлатната птица мајко... не, не ми рече мајко... таа не знае да зборува... таа ме вика вака (Прави полукруг со десниог показалец околу лицето) таа не знае да вели мајка, ајде напи се ќе ти ce разлади устата... вчера и лек те напиваа од управата ама ништо... не знам да не си болна за нешто друго... за небо да не си болна. Овде е небото над нас, ама не смееме, не можеме... (Доаѓа Најдан и застанува пред кафезот) НАЈДАН: Мајко... ЕВРОСИМА: (He го слуша) Може да нè казнат двете... тебе за бегство, мене за несовеоен однос кон работата... НАЈДАН: Мајко, јас дојдов да ти кажам... ЕВРОСИМА: A можеби ќе ти помине... и јас бев склечкана како мивка, речиси гробу на врата бев, ама, еве, ce накренав, имам луѓе уште за чекање, право да ти кажам, ми јавија, бев на разговор, со Живадин бевме, ами јас какви маки имам тргано, ништо не ce твоиве... ништо... НАЈДАН: (Тропа на кафезот) Мајко не ме слушаш... ЕВРОСИМА: (Ce сепнува) А... ти си Најдане, што мака те натерала... дома како сте, како е Мирјана, детето... НАЈДАН: Cè е во ред... Само дојдов да ти кажам дека не можам да дојдам в сабота... кажи му на Боро дека не сум тука... ќе заминам некаде на пат... ЕВРОСИМА: Еве јас со птицава ce заврткав, овде чекај ќе излезам... Болна е многу на смрт... многу... НАЈДАН: Треба веднаш да одам! ЕВРОСИМА: Cera, сега ќе излезам... немам со што да ја завиткам, ce тресе, некоја силна треска ja има фатено... сега ќе излезам... НАЈДАН: Сакав да ти речам уште нешто во врска со стариот. Toj слегува во провалија, во чиста провалија. Co тие години, тоа е несфатливо! ЕВРОСИМА: Како можеше оваа птица да ја зграпчиш во канџите црно болесиште, јас те прашувам, да ми кажиш... гледаш колку ce тресе и клунов веќе ѝ паѓа... (Ce слушаат болни крикови на птица) Го гледаш клунов ѝ е паднат... очите веќе не ce на неа... види ја Најдане... a дома сите сте добри... и ние сме добри... Боро ќе го испраќаме во Приштина... дојдете некогаш кај нас... доведи ги жената и детето... Невена многу ја сакаше оваа птица Најдане од мала ја водевме овде! Па и ти си идел овде кога беше мал, те водевме со татко ти... ја знаеш оваа птица... црнозлатниот фазан, ама еве... готова е нема веќе душа... НАЈДАН: Речи му на стариот нека ce повлече! Нека поднесе молба за предвремена пензија! Речи му нека ce соземе! Цел оркестар е против него! Треба да сфати дека тој ништо не може да менува! Toj не е повикан да менува! ЕВРОСИМА: Kaj ќе менувате Најдане, што ќе менувате cè е веќе изменето... Кој ќе ми признае што било со птицава кој ќе ми помогне и дење и ноќе гореше струјата во кафезов ce плашеше од мрак оваа црнозлатна убавица, a немаше лек, a утре треба да си одам и некој ќе рече сите заминале a неа ја оставиле да умира... некој ќе рече така... така Најдане... одамна не си дошол, сакав да ти кажам бевме на разговор со таткоти во Црвен крст, во службата за барање... немој да не дојдиш кога ќе си дојдат... што да правиме сега кажи ми со кутрава душа... ни мрда ни прета... НАЈДАН: Мајко, јас ќе одам сега. (Ce слушаат болни крикови на птица). Не знам што ќе правиш со птицава... Јас ce сеќавам на оваа птица... Но, морам да одам...Јас дојдов да ти кажам... ЕВРОСИМА: Знам 1203 видови на птици и имиња на сите нив, знам отровни и благи, лути и проколнати, знам птици што дошле од Кина до Олимп и птици што одлетале од Балканот до 'ртот Добра Надеж, знам птици што се качувале до небеските двери и свивале гнездо над трепките од Исус Христос, знам птици што живеат само за да има со што да ce хранат ангелите од сите неба и вери на земјава и знам птици што ce викаат базилиски и убиваат со својот поглед, те гледа и те убива, но ете не знам сега лек, не знам по кого да викам, треба да кажам во Управата... еве умира... треба да претрчам во управата (Ja крева и ѝ плука в уста, ја растресува) немој сега... немој, не е ден за умирачка... НАЈДАН: Добро мајко, ајде јас заминувам... ЕВРОСИМА: (Ja крева птицата в раце) Немој, немој сега... не... не ќе појдам до Управата... еве сега ќе претрчам... Hajдане, мајке подржи ја, еве јас сега ќе претрчам до Управата, еве не е далеку Управата да кажам ќе одам... нека дојдат... НАЈДАН : (Влезен во кафезот, затегнат во вратот и во својот елегантен сив костум ја држи птицата со двете раце подалеку од себе си) Јас треба да одам... ЕВРОСИМА: Сега ќе ја викнам Управата... сега веднаш... сега ќе стигнам со Управата (Заминува) НАЈДАН: (Ja преметкува во рацете птицата) Немој сега... немој... чекај ќе дојде чуварката, ќе дојде управата... (Птицата ce превртува во неговите раце и умира) немој... мртва... мртва... немој... чија смрт носиш, во што ќе не претвориш... по кого да викам... јас не сум за овде... ме чекаат! ШЕСТА СЦЕНА ИСПРАЌАЊЕ (На Железничката станица во Белград, Живадин Филиповиќ, Евросима и Невена го испраќаат капетанот од прва класа Боро Филиповиќ кој заминува прекоманда во Пришгина. Возот е поставен и секој момент треба да тргне. Ce слушаат најави и одјави на возови.) ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Не знам што ќе правиме. БОРО: Татко, нема не знам. Ќe правиш како што ce договоривме. На закажаниот состанок во Оркестарот ќе истапиш со своето гледиште, што ти си го изнел веќе во една отворена, безрезервна форма. Ќе речеш, вака, вака и вака. Ти си ce борел за оваа земја. He може сега разни диригенти да ѝ ce серат во устата и тебе и нејзе. Има да се знае кој е чист a кој е валкан. ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Јас го кажав тоа. Нема што да го повторувам. Пред кого ќе го повторувам? БОРО: Нема откажување. Ти има да појдеш таму и мирно, сосема спокојно ќе речеш: Има да избираме кому ќе му свириме вс оваа земја. Јас го кажав своето, јас ќе ви го повторам, и еднаш и двапати и трипати и стопати ќе ви го повторам! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Да ти кажам право Боро ич не ми ce живее. Сакам да најдам некаде, некое скришно место, да си ископам самиот една дупка и да влезам жив во неа сосе трубата. Не знам кому да му повторам, не знам зошто, не знам како, разбираш? БОРО: Нека ce закопуваат кукавиците. И тоа живи. Ти нема да ce закопуваш Зошто ја губиш силата? ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Ти си ми единствена поткрепа. А, еве одиш. Другите ги нема. Еве и овде ги нема. Не знам каде е едниот, не знам што бара другиот. Останавме сами. БОРО: Секој треба да ја плати цената на својата вредност. Има да ce мериме на јавни терезии. Да видиме кој колку вреди. A не кој што бара. За барање е лесно. Јас и ти не сме сами. Ние сме заедно. Во тоа е разликага меѓу нив и нас. Да бидеш заедно не е лесно. (Ce слуша најава на воз која силно одекнува и го покрива нивниот разговор. Евросима ce доближува до нив н нешто им објаснува, a Невена со голема љубов го гледа Боро и ги тресе прашинките од неговата униформа) БОРО: Невенче, дојди некогаш кај мене во Приштина. Ќе прошеташ. НЕВЕНА: (My вели дека многу сака да дојде) БОРО: Ќе те чекам Невенче. Има таму убави мачастири. Ќе одиме во Високи Дечани. Ќе гледаме ангели по фреските... ќе одиме... НЕВЕНА: (Гo прашува кога да дојде.) БОРО: Гледај, учи добро, за време на распустот или за некој празник... ќе дојдете заедно сите тројца ќе ве чекам... ЕВРОСИМА: Ќе дојдеме сите заедно, жими тебе, ќе дојдеме... да нè чекаш... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Напиши некој ред, ако сакаш... И ожени ce ако имаш време...! ЕВРОСИМА: Еве, овде на овој плочник мајче си ги испратив децата... овде вака, ко вчера да било... a ceгa ќе ми дојдат... ние ќе ти порачаме... тогаш да си дојдеш да си ги видиш браќата, еве овде ќе си ги чекаме вака... да ми дојдиш... и да ми ce вардиш таму од студ, од неола, од невреме, од болесиште, од нелуѓе, од скитнати куршуми да ми ce вардиш и волнениот појас да го носиш и нагоре да ми гледаш, оти ти си ми таков... ѕвездарлија си ми, ти личи нагоре да гледаш, таков си ми жими тебе и жими мајкати што не те видела и што гние млада в земи... да ми дојдиш ко ќе те порачаме и среќно да ми одиш... еве одовде ти велам од овој плочник жими каменов што го газам, ако ти е тешко спомни си за мене... (Возот од Белград за Скопје преку Краљево, Титова Митровица и Приштина е поставен на трети колосек. Тргнува веднаш) (Те поздравуваат брзо сите Живадин, Евросима и Невена. Боро веќе е качен на возот). БОРО: Ајде догледање... Ќе ce видиме... Порачајте, јас ќе ви дојдам... Мајко... би сакал да постои некаде некој голем вајар, да го изваја твојот лик... да го поставам на највисоката планина на Балканот и од таму да го гледам твојот живот, распронат, расселен, раздробен, да го чувам со мртва стража распоредена околу неговата болка и да ѝ командувам лично на судбината в очи, право В ОЧИ: Мирно ! (Живадин, Евросцма и Невена долго мавтаат на перонот) СЕДМА СЦЕНА НАРОД БЕЗ СОЛЗИ HE Е НАРОД. ДРЖАВА БЕЗ ПЛАЧ HE Е ДРЖАВА (Вонреден состанок на Работната заедница на Градскиот погребен оркестар „Нова слобода“ во врска со инцидентот на првиот трубач Живадин Филиповиќ, кој ce случи на Белградските нови гробишта) БЕБАСИСТОТ: Го отворам вонредниот состанок на Работната заедница на Градскиот погребен оркестар „Нова слобода“ со единствена гочка на дневниот ред: 1) Разгледување на постапката на Живадин Филиповиќ на настапот на Градскиот погребен оркестар што ce одржа на 7 јануари 1984 гсдина на Белградските нови гробишта. Дали ce сложувате со дневниот ред? Благодарам. My давам збор на другарот диригент. ДИРИГЕНТОТ: Драги колеги, Нашиот оркестар, кој речиси точно 40 години погребува безброј мртовци од нашиот сакан град, на 7 јануари 1984 година ce погреба самиот себе си. Неговиот погреб го изврши долгогодишниот работник, еден од неговите основачи, првиот трубач Живадин Филиповиќ. Ние с.ме сите овде мртви луѓе, мртви музичари. Ние веќе не постоиме од тој ден. Угледот на нашиот оркестар е погребан, ние сме закопани длабоко в земи, нашето лице нашата чест, нашето професионално достоинство. Еве го меѓу нас е авторот на тој срамен чин, тој ce вика Живадин Филиповиќ, безгрижен е и со радосни црти на лицето! Замислете! A Градскиот погребен оркестар, тоне длабоко во земјата, исчезнува, пропаѓа, веќе го нема! Замислете другари, го нема! Јас овде немам ништо да додадам, јас вам ви ја препуштам одлуката и ништо нема да ви сугерирам! БЕБАСИСТОТ: My давам збор на другарот тромбонист. ТРОМБОНИСТОТ: Прво и прво овде нема место за дискусија. Ова има длабоки корени. Треба да ce оди до крај. Треба, да ce види овде кој е авангарда, ме разбираш, a кој не. Еве ќе си поставам неколку прашања и ќе си одговорам. Кој беше против прогресивните мерки и нашето ме разбираш општествено престројување: – Живадин Филиповиќ. Кој беше против новите маршеви во нашата програма: – Живадин Филиповиќ. Кој беше против новиот ценовник на нашите услуги: Живадин Филиповиќ. Кој го прекина платениот погреб: Живадин Филиповиќ. Кој направи од нас јавни мајмуни: Живадин Филиповиќ. Да ce разбериме, овде cè е јасно како ден. Или тој или ние! БЕБАСИСТОТ: Бара збор другарот тапанар. ТАПАНАРОТ: Има три години откако не сакам да го видам. Toj ми е душман пред очи. Да не заборавиме: Нашите цени за кои крваво ce боревме од 45 илјади до 100 илјади нови динари во зависност од местоположбата на мртовецот и километражата до градските гробишта, тој ce обиде да ги отфрли и со тоа да згази на нашата пот! Toj ќе ми ce залага за работниот човек! Па и јас сум работен човек! И да имав оружје во тој ден јас ќе те направев педа покус! Ти цело време некого штитиш! A нас кој ќе не штити? Јас не ce сложувам... БЕБАСИСТОТ: Има збор другарот диригент! ДИРИГЕНТОТ: Јас не би сакал повторно да го злоупотребувам место право, но, во врска со музичко-погребната тарифа, ставот на Живадин Филиповиќ е апсолутно неприфатлиз, ве потсетувам само на фактот дека нашиот прв трубач беше против нашата одлука да ce склучува посебен Договор за дело при погреб на високи претставници на народните маси! Тоа е за мене непоимливо. Но сето тоа е ништо наспроти инцидентот што Живадин Филиновиќ го приреди пред Капелата. Зошто сето тоа не беше сон...? Да беше сон, ние ќе ce спасевме... но вака, ние сме... реков, закопани! КЛАРИНЕТИСТОТ: Другари, јас... БЕБАСИСТОТ: Во тој миг Живадин Филиповиќ излезе од стројот, излезе од нашиот строј и ја изговори таа фатална реченица: He свирам! Јас си реков зошто ни треба овој скандал и кому му служи сето ова, му служи ли тоа на нашиот непријател!? ТРОМБОНИСТОТ: Да, на тој непријател треба да му ce столчи главата како на змија! ТАПАНАРОТ: Јас ce пријавувам за доброволец за толчење на таа ГЛАва и на тоа осило! Ce пријавувам! Другари дозволете ми... БЕБАСИСТОТ: Без дофрлувања, ве молам. Кој ce јавува за збор! (Тишина) БЕБАСИСТОТ: Ако нема, да одиме на гласање! (Тишина) БЕБАСИСТОТ: Нешто можеби сака да каже посочениот другар! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: (Пред него е отворена футролата со трубата што постојано ја брише со сидол) Никому нема да му дозволам да го валка моето лице. Овој оркестар ја изгуби својата класна свест. Toj не знае каде припаѓа. Мојот протест има своја длабока причина. Го сторив тоа зо името на работничката класа на која и припаѓам! ДИРИГЕНТОТ: Co нашата музика ние ја изразуваме народната волја. Ние го свириме она што ce наметнува како актуелна потреба на народната тага пo блиските и далечните. Ние ја изразуваме таа тажна стварност! БЕБАСИСТОТ: Ние треба да живееме. Ние не можеме да правиме списоци за нашите настапи. Кој припаѓа на работничката класа a кој не припаѓа. Тоа не е наша работа. Ние не сме политички оркестар. Ние сме погребен оркестар. ТРОМБОНИСТОТ: Да престанеме и да одиме на гласање. Јас веќе не можам да го гледам! Па бил борец... Што дека е борец кога денеска не знае за што ce бори? КЛАРИНЕТИСТОТ: Ce сеќавам... ДИРИГЕНТОТ: Да не ce враќаме во минатото по секоја цена! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Но имате ли вие претстава какви цени нудиме ние денес за најболниот чин на човечкиот живот и кој cè може да ја плати музиката со која го погребуваме нашиот народ? Да. Има луѓе што можат да платат. Има, не велам не. Особено ако плаќа друг во нивно име. Ако плаќа државата или работната организација. Но, што станува со нашиот работник, што станува со работничкаат класа другари? Кој ќе ѝ свири на таа класа? ДИРИГЕНТОТ: Ние свириме во нејзино име! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Едно е името a друга е свирката, другар диригенте! Ние со нашата музика го закопуваме и го уништуваме човечкото достоинство, нашата музика веќе не е свеченост, таа е кражба, отворена кражба! На овој начин, реков, нашиов оркестар ce претвора во музика за погреб на нашата елита! ТРОМБОНИСТОТ: Запамтете cè што кажува, да не речете после не слушнавме! ТАПАНАРОТ: (Тргнува кон него) Добивам желба во овој миг да ти ја смачкам главата со блеховите, да те зачекам од двете страни! БЕБАСИСТОТ: Па ти сакаш да ги избришеш сите позитивни елементн на нашата погребна услуга со која ce гордееме! ДИРИГЕНТОТ: Да, да, погребна услуга. He заборавете дека нашите фамилии живеат од нашата музика! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Вие го воведувате тој збор погребна услуга и во нашите документи, во нашите нормативни акти. Во нашиот статут. Be прашувам кој го измисли тој збор? Be прашувам сите вас, кој работник денес со евојата заработувачка може да плати толку милиони стари динари за музиката на својот погреб на кој нема да присуствва. Значи тој цел живот треба да работи за да ја заработи музиката на својот погреб! ДИРИГЕНТОТ: Во крајна линија никој не го тера да ce погребува со музика! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ.: He заборавете другари, дека ние сме социјалистички оркестар за погребна музика! ТРОМБОНИСТОТ: Јас ќе бидам најсреќниот човек ако наскоро свирам на твојот социјалистички погреб! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Јас сам ќе си свирам и сам ќе ce закопувам! ДИРИГЕНТОТ: И што значи сето тоа труење на еланот на идните поколенија погребни музичари? ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Јас никого не трујам. Напротив. Ви зборувам дека нашата традиција на постоење е сврзана со Октомвриската револуција, лично со Лениновата смрт и со зборовите: (Почнува да пее) Co тага ве спуштаме во студениот гроб Зошто секој од вас е побунет роб (Тишина) ДИРИГЕНТОТ: Драги колеги, Првата труба на нашиот оркестар во последниве три години загрижувачки лошо ce вклучува во нашиот исполнувачки квалитет. Можноста за напон во дувањето кај Живадин Филиповиќ е исцрпена. Тоновите што ги произведува неговото музицирање ce од очајно слаб квалитет. Toj не може со музика па сега сака да нè заплиснува со зборови, протести, инциденти. Да не го заборавиме тој факт драги колеги. ТАПАНАРОТ: Страничните мускули му ce за на буниште. Нека зине, еве го нека зине за да му ги видите излижаните заби! Нека зине да го видиме! КЛАРИНЕТИСТОТ: Чекајте јас имам само... БЕБАСИСТОТ: Јас имам конкретен предлог како претседател на Работната заедница. Предлагам другарот Живадин Филиповиќ... ТРОМБОНИСТОТ: Toj не може да го издржи престанокот на дишењето потребен за некои тонови, неговата градна дупка е оттишена, направена е како тушка. A овде ми држи предавања. Овде е потребно свирење. Овде ce потребни погреби на кои ќе свири до посер. He ce потребни проповеди! ДИРИГЕНТОТ: Немам подобро мислење ни за неговите усни, драги колеги. Тие ce направеии како цигарски книги, тие не можат да ce соочат со потребите на устинката на трубата, која бара цврсти и самоконтролирани усни! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Јас никогаш не сум го очекувал ова што денеска го слушнав од вас... (Почнува да ce гуши)... Толку години мојата труба цвилеше и ги изведуваше сите тешки бас фигури, толку години највисоко плачев со неа... плачеше и народот што ме слушаше... во што го претворивте овој оркестар... нема веќе народ што може да го расплачете... a народ без солзи не е народ, држава без плач не е држава... со моите три прсти из-ведував сто тонови трипати и пет пати на ден... и толку години го штедев воздухот да ги изведам сите легата, да ги досвирам без да дишам... да ги досвирам, па нека цркнам, така си велев... во колку клозети, во колку белградски подруми, пред колку отворени дупки течеше мојот живот, a ceгa ништо на мене не чини . cè е изабено на мене... cè... БЕБАСТИТОТ: Да не должиме! Јас предлагам да ce распише конкурс за нов трубач! ДИРИГЕНТОТ: Предлагам да го испратиме нашиот колега Живадин Филиповиќ на посебен специјалистички преглед со кој пo пат нa електроенцефалограм ќе биде утврдена неговата способност за натамошното вршење на работата! ТАПАНАРОТ: He ce сложувам. Toj треба да биде казнет со отказно решение кое ќе го носи денешниот датум. Предлагам на следната седиица на партиската организација да биде исклучен од Партијата! Toj изразува недоверба, cee лаги и криво ги прикажува приликите во нашиот систем! КЛАРИНЕТИСТОТ: Другари... мојот син Филипче... другари јас барам збор... никој не ми дава збор... сакав да кажам нешто во врска со мојот син Филипче кој доби за домашна задача пиомена вежба: „Ликот на борецот во нашето денес“ и ме праша мојот син Филипче... тато, кај можам да видам жив борец денеска за да го опишам за утре... и ние отидовме кај другар Живадин Филиповиќ, на улицата Балканска... кајшто живее, јас и мојот син Филипче и јас му реков еве ти борец синко, борец и пол, ама што му вреди... И го опиша мојот син Филипче и плачеше кога го опишуваше, ама што му вреди... јас само сакав да кажам толку за мојот син Филипче... БЕБАСИСТОТ: Без вакви емоционални изливи ве молам, што немаат ништо заедничко со Дневниот ред! ДИРИГЕНТОТ: Во година во која ќе го славиме јубилејот 40 години од основањето на нашиот оркестар и во која ги почнуваме подготовките сврзани за тој ден, јас бев првиот што мислев ти да бидеш еден од трите члена на деле-гацијата која по тој повод ќе го посети Титовиот гроб во Ужичка 15 и ќе положи свежо цвеќе, а, еве, за тебе ce предлага исклучување од работа, исфрлање од партија... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Сум свирел и во најтешки времиња... Сум свирел над отворените гробови на Сремскиот фронт, сум свирел на закопот иа недоброј чесни борци и на секој закоп ce кинела мојата душата... еве ce колнам во оваа труба што свети, сум свирел во слобода за која самиот сум ce борел... и така ќе свирам, сам ќе свирам, не доаѓам со вас со цвеќе пред Титовиот гроб! Јае сам ќе положам цвеќе пред неговиот гроб, бидејќи на челото на секој чесен човек од оваа земја треба да ce читаат Титовите зборови, што вие секојдневно ги заборавате: „Револуцијата не е мирен живот!“ Да, драги мои, револуцијата е нешто друго! БЕБАСИСТОТ: Да резимираме. Да го приведеме состанокот кон крајот. Од сите изнесени мислења предлагам со кревање на рака да ce произнесеме за следните заклучоци: Суспендирање од работното место на трубачот Живадин Филиповиќ, упатување на специјалистички преглед од каде пред работната заедница на увид треба да го стави електроенцефалограм и распишување на конкурс за нов трубач на Градскиот погребен оркестар „Нова слобода“. Кој е за? Сите. Кoj е против? Еден. Бла-годарам. Состанокот е завршен. Утрешниот погреб е закажан во 13 часот. ОСМА СЦЕНА ПРЕПОЗНАВЛЊЕ HA СОПСГВЕНИТЕ ДЕЦА (На Железничката станица во Белград. Зимска ноќ. Живадин, Евросима, Марко и Невена ги чекаат синовите на Евросима Луловска-Филиповиќ, кои ce враќаат од Полска и Чехословачка. Доаѓаат од длабочи-ната на сцената, како да сакаат да ce сретнат лице в лице со возовите. Евросима е облечена во црно, Невена носи цвеќе a Живадин и Марко ги придружуваат од двете страни.) (На системот за интерфонија на Железничката станица ce слуша-. Возот Акрополис пристигнува во 21 часот и 50 минути. Тргнува веднаш. Возот Балкан-експрес тргнува веднаш и пристигнува веднаш. Возот Конвенционал, сè уште ce очекува да тргне. Возот Ориент експрес ќе пристигне. Toј е на пат. Возот Исток транс доаѓа на триесеттиот колосек со задоцнување од шест дена... Тие застануваат Тишина. Ha интерфонијата ce слуша: Внимание, внимание. Се молат патниците Трендафил Луловски и Анастас Луловски, што стигнаа со возот Варшава–Белград да се упатат кон својата мајка Евросима Луловска-Филиповиќ, облечена во црно, завиткана во црн шал, која стои пред трафиката за весници на која пишува „Политка“. Повторувам, да ce упатат кон својата мајка, заради препознавање. Внимание, внимание. Повторувам: Podrozni Trendafil Lulowski i Anastas Lulowski proszni sa utorowanie sobiie drogi w tumie i przejscie dalej w kierunku czekajacej matki w celu rozpoznania. Uwaga, uwaga, powtarzam, w celu rospoznania... Ce молат патниците Трендафил Луловски и Анастас Луловски да минуваат слободно низ народот и да ce упатуваат во длабочината, кон својата мајка, која ги чека заради препознавање. Внимание, внимание, повторувам, заради препознавање... (Полскиот граѓанин Трендафил Луловски ce доближува со куферот од едната страна a чехословачкиот граѓанин Анастас Луловски со куферот од другата страна. Ce упатуваат кон длабочината) ЕВРОСИМА: Овде нема никој. Никој не доаѓа. НЕВЕНА: (Покажува со рацете во длабочината. Дека нешто ce наближува, дека нешто доаѓа) ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Тие доаѓаат. Сега ќе дојдат. МАРКО: Наше е да чекаме. ЕВРОСИМА: A ние... дали сме тука...? ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ.: Тие сс приближуваат. A ние сме тука. ЕВРОСИМА: Дали ги затворивме кафезите дома. Прозорците ce отворени...! A нив ги нема! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Кафезите ce затворени. Прозорците ce затворени. A тие ќе дојдат. МАРКО: Важно е да ce чека. Чекам, значи постојам. ЕВРОСИМА: Провери колку е саатот и зошто ги нема. Зошто уште ги нема... НЕВЕНА: (Ceтa ce извива во гестови за да докаже дека нешто ce наближува) ЕВРОСИМА: He верувам. Губам надеж... Можеби никогаш нема да дојдат... A можеби поминале, a не сме ce виделе... сме се разминале... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: He можеме да ce разминеме, нема од каде да ce разминеме... (Внимание, внимание. Ce молат патниците Трендафил Луловски и Анастас Луловски да минуваат слободно низ народот и да ce упатуваат во длабочината кон својата мајка, зараци препознавање. Внимание, внимание, повторувам, заради препознавање...) ЕВРОСИМА: Кој си ти...? Кој си ти...? Кој си? Кој Кој си ти...? Кој си ти...? Заради препознавање...? Кој? Кој? Заради препознавање...? ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Ти, ти, што гледаш на ваму, доаѓај, оосема слободно... МАРКО: Ти си овде чекан и дочекан. ТРЕНДАФИЛ: Nazywam sie, Trendafil Lulowski, jestem obywatelem polskim, szukam matki w celu rozpoznania. Jac сум полскиот граѓанин Трендафил Луловски, ja барам својата мајка, заради препознавање! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Гледај напред. Тие доаѓаат од мракот. ЕВРОСИМА: A мракот од кај беше родум? Кој беше внатре во мракот АНАСТАС: Jsem Anastas Lulovsky z Ceskoslovenska. Prisel jsem večera. Hledam svoji maminku. Neznam ji. Jac сум Анастас Луловски, од Чехословачка дојден! Пристигнав вечерва! Ја барам својата мајка заради препознавање ! МАРКО: Извинете, кој бевте вие Познато ли ви е кој бевте вие? И од кога, и од каде? Вие, вие, вие вие! Заради препознавање! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Кој беше ти? Кој? Кој беше ти? Бараме луѓе заради препознавање! ЕВРОСИМА: Кој си ти?... Кој си ти? Кој? Кој беше и кој ќе бидеш ти? Заради препознавање? ТРЕНДАФИЛ: Nie moge sobie przypomniec. Obraz z dziecinstwa zgubi-em. Kto može otkryé czern moj ego urojenia z powodu rozpoznawania. Czy widzieliscie moja matke w zwiazku z rozpoznawaniem? Jac не можам да ce сетам. Ликот ми ce изгубил од детстовто. Кој може да ја открие црната точка на моето бунило заради препознавање. Сте ја виделе ли мојата мајка, заради препознавање? АНАСТАС: Nikdy se mi о ni nezdalo. Neznam jejf jazyk, nemuže se mi o ni zdat v jazyce, ve jsem de nenarodil. Pochopte, prijel jsem, abychom se seznamili. Никогаш не сум ja сонувал. He го знам нејзиниот јазик, jac не можам да ја сонувам на јазикот на кој не ме родила. Разбирате, јас сум дојден за препознавање. ЕВРОСИМА: Заради препознавање! Доаѓајте кон длабочината на вашата мајка, која ве чека, заради препознавањс! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ.: Тргнувајте, времето е против нас. Времето нема време да нè чека. Да имав труба ќе свирев. Заради препознавање. МАРКО: Тргнете, не плашет ce од Историјата! НЕВЕНА: (Ги повикува со рацете. Како да сака да им рече. Дојдете ова е препознавање. Ги шири рацете со цвеќињата и им ги подава. Покажува на Евросима. Еве тоа е вашата мајка) Полскиот граѓанин Трендафил Луловски и чехословачкиот граѓанин Анастас Луловски, зимата 1984 година, на Железничката станица во Белград, ce приближуваат кон својата мајка Евросима Луловска-Филиповиќ, заради препознавање! ДЕВЕТТА СЦЕНА ЈАВНА ВЕЧЕРА (Во домот на Живадин Филиповиќ и Евросима Луловска-Филиповиќ, ce движи кон крајот семејната вечера во чест на враќањето на синовите на Евросима. Таа седи меѓу нив. Од двете страна ce распоредени Живадин, Невена, Боро, Марко и Најдан) ТРЕНДАФИЛ: A, w Prištinie, jak jest w Prištinie? A во Приштина, како е во Приштина? БОРО: Jac ви кажав, cera е мирно. Мирно, тивко. Тишина, Разбираш. Но, една глетка... еден поглед, не можам да го заборавам... едно утро кога ce разбудив во шаторот... разбираш... ме разбудија гласови, слушнав не-кои крикови... плачеа... леле, леле, леле, викаа, мајчице мила, леле, леле, леле, кај ке одиме, кај ќе ce давиме... под нас беа гробиштата на блиското село... разбираш, и jac ce стрчав долу, гледам распарчени крстови, растурени гробишта ... ноќта ги растуриле, ги откопувале, сакале да ги откопаат мртовците и јас застанав, ce стаписав, значи ние не можеме и мртви заедно, некој да откопува коски разбираш, да откопува, вака, да копа, не можам да разберам, крај мене зјаеја дупките и плачеа жените, кукаа, леле, леле. леле, ce прашував тогаш кој ја произведува омразата меѓу народите на Балканот... АНАСТАС: Počekejte, ničemu nerozumim. Kdo vykopava mrtve? Чекајте, не можам да разберам. Кој ги откопува мртовците? БОРО: Toa е иридента. Разбираш, албанска иридеита... Народи што сакаат да ce шират, разбираш? Тоа ce народи, што не можат да гледаат во својата близина ни живи ни мртви луѓе, разбираш кои не ce тоа што ce тие... разбираш... He народи, туку луѓе... ТРЕНДАФИЛ : To znaczy, ze na Balkanach nie nowego? Значи на Балканот нема ништо ново? БОРО: И додека плачеа... разбираш додека кукаа над дупките од гробовите додека ги држеа крстовите в раце, додека ги стискаа во градите... еве вака... еден војник ce доближи до мене и ми рече, друже капетане дозволете да ce обратам. Јac му реков, ајде... осумнаесет години, разбираш тогаш завршен гимназијалец... Ми рече друже капетане jac сум југословенски војник, моите родители ce родени во Грција, Егејска Македонија каде што никогаш не можат да дојдат, зошто друже капе-тане Грција со закон им го одзема правото да ce родат оние што не ce Грци, зошто друже капетане... Во Бугарија од сите различни народи создаваат социјалистичка нација, зошто Албанија така брутално сака да ce шири во „својот“ етнички чист простор... Зошто ce масакрираат мртвите на крајот од овој милениум друже капетане... каде е хуманизмот друже капетане... Jac молчев само, разбираш, молчев и гледав во гpoбовите... AH ACT AC: Nechapu. Nemohu pochopit. He можам да те следам. He можам. ЕВРОСИМА: (Ce тресе на масата) Ми студи, некако, ми застуде многу... незнам одошто... НЕВЕНА: (Ја гледа мајка ѝ, веднаш рипнува од столот за да ѝ донесе џемпер. Махинално со замавот скршува чаша na масата. Жали за тоа) ЕВРОСИМА: Ништо, ништо. Нема ништо. Ce крши за среќа... Ништо. МАРКО: Да. Среќата насекаде нè следи. Ние сме срекни. Навистина среќни. Многу среќни. НЕВЕНА: (Ce враќа и ја наметнува Евросима со црниот џемпер Таа топло ја допира со рацете) АНАСТАС: Kdys se nam narodila Uranie (И кажува на Евросима) V lete V šesdesatem osmem, na ulicich bylo ruskych vojako... stal jsem pred porodnici v Podoli v Praze... pred porodnici... a myslel jsem na to, jestli jsem se vubec narodil, když ničemu nerozumim. Koгa ни ce роди Уранија (И кажува на Евросима) летото 1968 година, беше полно руски војници пo улиците... jac стоев пред Државната болница во Прага... болница... и помислив дали сум jac воопшто роден кога не знам ништо... ЕВРОСИМА: Ништо не те разбирам жими тебе... ништо . . АНАСТАС: Моето дете... ти велам мојата ќерка... НЕВЕНА: (Ѝ објаснува на Евросима дека ce работи за неговата ќерка) ЖИВАДИН: Ти вели имам дете... за болницата ти кажува. ЕВРОСИМА: Како за болницата, која болница... БОРО: He... вели, кога му ce родило детето нему... АНАСТАС: Nevedel jsem, со je to laska materska... laska... chtel jsem to nekomu ričt, chodil jsem prazskymi ulicemi... chtel jsem nekomu rict, že tu, maminko, jsi možna živa... ty... ale neviš o nas... vrtel jsem se všemi smeгу... sem... tam... ze všech stran prijizdely tanky... do Prahy... ten den se jeden človek zapalil... jeden student... slyseli jste o Janu Palachovi?... Na soše svateho Vaclava byl nakis: „Jaka je to doba, kdyz cestu k budućnosti vytycuji lide-pochodne?“ Lide, kteri se sami zapalili... Stal jsem sam pred porodnici... kričeli, vratte se domo... ptal jsem se v te chvili, se se to de je se socijalizmem... proč tanky... proč horici lide... Jac не сум знаел што е тоа мајчинска љубов... љубов... a сакав некому да му кажам, трчав пo улиците на Прага... сакав некому да му кажам дека Ти мајко... Ти.. си можеби жива a не знаеш за нас... ќе ce стрчав наваму, натаму, од сите страни влегуваат тенкови во Прага... истиот ден еден човек гореше во Прага... еден младич... сте чуле за Јан Палах... гореше Јан Палах, a на гробовите пишуваа: Какво е ова времс во кое патот кон иднината го одредуваат луѓе-факели, самозапалени луѓе... останав сам пред Породилното... Вратете ce дома викаа... Ce прашував тој миг што станува со социјализмот... од каде тенкови, од каде луѓе што горат... ЕВРОСИМА: Мајке... кажи ми со здив... со здив (Ce тресе) Луѓе преведете, мајке, разбор дај ми... АНАСТАС: Chtel jsem horet laskou će sve dceri Uranii... tam horel človek... a ja nevedel co je se mnou... či jsem... Jac сакав да ce запалам co љубовта кон мојата ќерка Уранија, таму гореше човек... jac не знаев од кај сум... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Анастас... седни... одмори... ќe докажеш има време... ноќва е наша... Евросима... БОРО: Вели дека тогаш не знаел каде е... АНАСТАС: (Ce мачи на некој словенски есперанто) Horel človek... zapalil se človek. Co mohu ja... Mohu jit na East River, do sidla Spojenych narodo a zavolat: Sudte mi, že nevim kde je moje matka ani kdo je moj otec... Гореше човек... Ce запали еден човек. Што можам jac... Можам ли да појдам на Ист Ривер во седиштето на Обединетите нации и да крикнам: Осудете ме што не знам ни кој ми е мајка ни кој ми е татко... БОРО: Вели дека сакал тој ден да појде... тој ден кога горел човекот Јан Палах дури во Обединетите нации за да му кажат кој го има родено него, која мајка и кој татко! Така сакал! ЕВРОСИМА: Имаш cè, имаш чедо... Ами кај да те најдам за да ти кажам... кај да ce невидам... Студи Анастас, чедо... Кoj гореше чедо, горит татко ти под земја по вас, горам јас над земја, мали луѓе, мали народи, никој не нè знае, не можеме да ce разбереме... АНАСТАС: A bez lasky materske se žit neda... A не може да ce живее без мајчинска љубов... ЕВРОСИМА: Ништо не знам. Ништо не разбирам. Ништо. НЕВЕНА: (Почнува засилено да им објаснува на сите што, всушност, сакаше да каже Анастас. Целата е претворена во гест.) MAPКO: Реков jac во мојата усмена книга нека ce измисли еднаш тој општ обединувачки јазик, нека ce укинат народите, нека ce измисли јазикот да видиме кој што кажува кој co кого е и кој против кого е. Jac живеам co постојаната, секојдневна градба на мојот спев, мојата усмена книга Југословенска антитеза, jac реков и ќe одговарам ако треба, важно го реков тоа... нека ме изведат пред суд, нека ме судат за вербален деликт, jac реков... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Да, ти рече cè, a не разбра ништо... He треба само да речеш нешто, не треба само да отцепиш нешто, треба да гледаш како расте судбината на луѓето, кој од каде доаѓа и кој што бара... МАРКО: A кој ќе гледа во растот на мојата судбина кои продадени и сервилни идеолошки мозоци, јас, исто така, имам право на судбина! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Немаш! Треба да го извојуваш! ЕВРОСИМА: (Ce тресе на. столот) Многу студено денеска, надвор завива ветер... многу, многу... ТРЕНДАФИЛ: Matko, dwa lata temu, na Nowy Rok... padal hesty snieg platki jak obloki padaly... Plac przepelniony byl demonstratami, bylem sam i zmieszalem sie z tlumem, grzebalismy zabytych gornikow... wtedy w Polsce przelano robotnicza, krew... jestem technikiem gorniczym, byli moimi przyjaciolmi, pracowalem na trzeciej zmianie... Widzialem jak za nimi szly ich matki i swoimi lzami topily snieg... myslal em kto roztopi snieg w mojej duszyi grzmialy dzwony koscielne, wysoko w niebiosach krazyla Matka Boska Czestochowska, Jezus Chrystus stal przed mikrofonem... Polska przypominala sniežna Golgote, a mysmy grzebali przelana krew robotnicza... Знаеш мајко, оломнани на Нова година... врнеше многу снег, снегулки како облаци паѓаа... Плоштадот беше преполн со луѓе што демонстрираа, јас бев сам и ce смешав меѓу нив, тогаш ги закопувавме убиените рудари... Тогаш во Полска беше пролеана работничка крв... Јac сум рударски техничар, тие ми беа другари, јас бев во третата смена... Видов како зад нив одеа нивните мајки и го топеа снегот со нивните солзи... си велев кој ќе го стопи снегот во мојата душа и ечеа камбаните од сите цркви, Богородица беше дојдена од Ченстохова и шеташе по небото, Исус Христос дојде пред микрофоните... Полска личеше на снежна Голгота и ние ја закопувавме пролиената работничка крв... БОРО: Кажи на руски, која крв...? ТРЕНДАФИЛ : Рабочја кров! Рабочја! БОРО: Работничка крв течеше тогаш... ТРЕНДАФИЛ: Przemawial Lech Walçsa, bylismy zasypani oblokami, ludzi nie bylo widac cylko slowa przedzieraly sie przez biel, patrzylem na trumny i przed oczyma widzialem szyb naszej kopalni, czarny wiegiel topil sie przede mna, z moich oczu cieknie czarny wiegiel, cieknie... Лех Валенса држеше говор, бевме сите покриени од белите облаци, луѓето не ce гледаа a зборовите го сечеа белилото. Јac ги гледав ковчезите и помислив на јамскиот коп на нашиот рудник, црн јаглен ми ce топеше пред очите, еве ми течи црн јаглен од очиве, ми течи... ЕВРОСИМА: Очи мои. Очиве да ги немам... ТРЕНДАФИЛ: A Walesa mowil: Polska zwyciezy, jest nas miliony, Bog z Polska... jezeli zostane sam to kto mnie pochowa i gdzie poczywaja moi rodzice, poniosla mnie fala zebranego tlurnu na placu, robotnicze trumny wzlecialy... Polak jest orlem a nie plazem... wzlecialy robotnicze trumny, pedza, miszaja sie dzwony, msze, przemowienia i przepowiednie, Jezus Chrystus osobiscie mo-wi do mikrofonu: Pragne milosierdzia a nie ofiar, mieszaly sie dzwony i slowa, smierć i piesn, krew robotnic-za i grozby robotnicze i grzmialo: jeszcze Polska nie zginela... A Валенса велеше: Полска ќe победи, ние сме милиони, Бог е co Полска... Ако бидам сам кој ќe ме закопа мене и каде ce закопани тие што ме родиле мене, a народот ме занесе во бран на плоштадот, ковчезите на работниците почнаа да летаат... Полјаците ce орли, не ce гуштери... почнаа да летаат работничките ковчези, да јурат во висините, ce мешаа камбани, миси, говори и проповеди. Исус Христос лично ce обраќаше пo микрофоните: Милост сакам, a не жртви, ce мешаа камбани и зборови, смрт и песна, работничка крв и работнички закани и ечеше. Јешче Полска не згинела... НЕВЕНА: (Го гледа в очи и трепери како лист. Зошто ништо не разбирам?) БОРО: (Сака да повтори) И додека течела работничката крв, ковчезите почнале да летаат и тие пееле... и Исус Христос дошол пред микрофоните и рекол Полска уште пропадната не е... ЕВРОСИМА: A што му е Полска нему и тој на Полска та толку да биде... кроце, кроце синко Трендафиле, пo кроце... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Значи летале работничките ковчези... и прашувам jac зошто co шајка на нивните мртви чела не го испишете заветот на посмртниот марш на пролетерите: Вие паднавте жртви и дадовте cè, и крв и живот и младост за слобода, значи вие одевте по нивните гробови, социјализмот во лимени ковчези ги испраќа своите пролетери, кој ќе ја врати таа паоворка, кој ќе го пресече нејзиниот пат... МАРКО: Нека ме остават да набавам оружје, нека стигнат во ceдум пристаништа, седум носачи на авиони со оружје и муниција ќе стрелам во сета светска гнила свест, десна и лева, во десните девизни концерни и левите гнили мозоци и според Марксовите темели на слободата ќе го изменам светот и тогаш: „Индивидуумот A нема да му служи на индивидуумот Б co посредство на роба“ и многу мудрото и перфидно остварување на еднаквоста и слободата нема да ce покажуваат како нееднаквост и како неслобода, трубачу Живадине Филиповиќ! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Влезете еднаш во пеколот на Животот... толку несреќи има пo земјава... a светот ce дави во изобилие... Светот заборава од каде е испилен, од каква ѕирка ни проѕирка, славиме криминалци, славиме крвопии на ра-ботничката класа, a нејзе ja убедуваме дека тие ce нејзините светци... Срамно... НАЈДАН: (Скокнува одеднаш) Ha кого мислиш? На мене? Јас ништо не ѝ пијам на работничката класа, јас не знам која е таа класа, сите зборуваат работничката класа, рботничката класа... нека излезе да ја видам и нека каже кој е, a кој не е работничка класа, што сум јас, која класа, кој ред, кој воз...? ЕВРОСИМА: Земете нешто... Cè остана... Земете... пресигнете се... Запејте една песна... ТРЕНДАФИЛ: Matko, ja nie znam naszego jezyka... pamietam jedynie twoja piesn... kiedy wyruszylismy... kidyscie nas usypiali w pociagu... te piesn... Jac не го знам нашиот јазик мајко... но запомнив една песна од тебе... кога тргнавме да одиме... кога не заспивавте во возот... една песна, вака што беше... (Станува од столот и почнува да пее) Два орли се бие горе на небото Две змии ми ce тепе долу во полјето. Во полјето има длабока ми река До реката има висока зандана. Во зандана лежи млади добар јунак Млади добар јунак с десет лути рани и го него лета пиле соколово. „ Ој ти, пиле, пиле, пиле соколово јас ќе те прата на мојо вилает, писмо да занесиш на мојата мајка“! ЕВРОСИМА: Се доближува до него и ја прифаќа песната во грч и солзи) НЕВЕНА: (Ce стаписува на местото, потстаната од столот) ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ.: (Станува од столот, ja зема футролата co трубата, ја отвора и ce враќа на масата) Сакам ceгa за вас... Немам свирено од еден погреб што го прекинав... Сакам... НАЈДАН: (Рипнува од столот) Кој погреб!? Од тогаш започна мојата смрт, мојата истрага, мојот попис, моите контроли, ти ги започна сите нив... ти ги погреба моите перспективи, од тогаш почна ловот на вештици a вештица сум јас... ме ловат ceгa во записници, во испитувања...! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Ти си уловен сам од себе ти и не можеш да ја отплеткаш сопствената мрежа! Тешко е да не знаеш што си a да знаеш кого го газиш! Тешко е да мирисаш на ѓубре, a да жалиш што не си ангел! БОРО: Немојте ceгa, не е време! И... срамота е! Песната беше потресна! АНАСТАС: Obetkan jsem twou... me veći jsou trna... ma kože je trna... ma duše je trna. Až se budu vracet do Ceskoslovenska, buduli muset platit cio a tuto tmu??... Ja tuto pisen neznam... V očich mam tmu... Moj hlas je hluchy... Jac сум завиткан во мрак. Алиштава ми ce мрак. Кожава ми е мрак, душава ми е мрак! Koгa ќe ce вратам во Чехословачка, дали ke ми го царинат мојот мрак. Jac не ja знам оваа песна, очиве ми ce мрак, гласот ми е мрак... ТРЕНДАФИЛ: Oto, przywiozlcm z Polski swiece, Newena zapal te swieceii niech bedzie cisza, cisza pachniaca Polsa, niech dogorywa swieca i niech pachnie Polska... Еве донесов свеќи од Полска, Невена, запали ја оваа свеќа и нека биде тишина, тишина која мириса на Полска, нека гори свеќава и нека мириса на Полска... НЕВЕНА: (Ja пали свеќата) ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: (Ce обидува да ce совлада) Сакав, јас еве со трубата да ce искажам, што ce вели... (Кон Трендафил) устава како да ми е скочанета, како од камен да ми е... НАЈДАН: Me гонат бесоници, по мене трчаат акти резолуции, заклучоци, останав сам... Ce качив на трамвајот вечерва за ваму, ce фатив за држачот и гледам околу мене ce кршат стаклата, ce множи мојот лик, ме гонат работници, попишувачи, контроли, гласачи, кадровски служби, јас не сум виновен за двете илјади комбајни што не стигнаа никогаш во Југославија, за увозот на десег илјади тони песок, јас спроведував ставови, водев развојна политика, вршев усогласувања, градев, имав... имаат и други, кули до небеса... МАРКО: Да, имаат! Извршивте јавна распродажба на Револуцијата ! ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Да не сум го чул тој збор уште еднаш! Молкнете! Никој нема да го види тоа опело! Жива е Револуцијата синови мои! Ниедна трговија и ниедна лага чема да го ископа тој гроб, нека ja парчосуваат нека и кинат од голите меса, жива е таа и ќе го урниса кукавичкиот труп на лагата израснат на нејзиниот оган, од солзите, од крвта и од пепелта, сите вие синови мои... И молк! И молк! И молк! БОРО: Соземете ce! Од каде стигна тој презир и и злоба во оваа куќа, само расколот ли остана меѓу нас, cè ли е овде поткопано и тонеме ли ние во бездна, не остана ЛИ ништо овде да крепи и цврсто да држи, кај исчезна нашата љубов...? (Кон Анастас и Трендафил) Ние така понекогаш... ЕВРОСИМА: Тропаат вратите... ce нишаат прозорците (Ce тресе на столот) ветерот... ѓаволот со црна торба минува... сетете ce кога бевте мали, тој неделен ручек... го чекавме татко ви да ce врати од погреб... од 3 јајца, 3 главици кромид и 3 лајци брашно направивме голема гозба и вие пеевте... Живадин ja зеде трубата и почна да свири... НАЈДАН: Тогаш ми свиреше a cera јавно ме погребува! Јавно! Пред цел свет! Да, така ќе ја брани револуцијата... ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Освен трубата jac ja носам на рамо и пушката на мојата чест! МАРКО: Сепак не ми е толку јасно, зошто ce боревте? НАЈДАН: И тој погреб ли го најде за да ја одбраниш револуцијата...? ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Да, ќе ja бранам од тие што ѝ ја пијат крвта, претворајќи ја во празни реферати, како тебе, од тие што плукаат во нејзиното лице, како тебе, зошто ние ce боревме за човечко лице, за нејзиното лице... сум скапувал 108 саати во еден ров, стотици мртви тела течеа крај мене во каналот кај Вирпоље, сум закопувал се уште живи очи по сремските рамнини и бари и ништо не сум рекол, сум ce сонувал распарчен на воените команди за напред и за јуриш... БОРО: Татко, смири ce... Престанете веќе еднаш, срамно е од вас! Овде cè е разнебитено, cè е распаднато и cè ce урива, ниедна провалија нема да нè собере! Ништо нема да остане од нас! НАЈДАН: (Кон Живадин) И што сум ти jac крив, излези и викај пред Скупштина, пред Централниот комитет, пред Извршниот совет, зошто мене истрага, попис... БОРО: (Од внатрешниот џеб на униформата го вади револверот) Ќе си го застрелам слепоочникот ако во овој миг не престанете. (Го положува револверот на масата) НАЈДАН: (Молскавично го зема револверот) He ти... Јас ќе се застрелам... НЕВЕНА: (Во истиот миг ја фаќа неговата рака, му го одзема револверот и цврсто го стегнува во сопствените гради) (Тишина) ЕВРОСИМА: Види, да не замрзнало некое пиле во кафезите... толку студ... толку вее и завива ветерот... фучи... фучи... (Тишина) МАРКО: Непознати сили дајте ми мастило душа и крв да напишам еден ред за оваа ноќ... ! (Надвор вее силен ветер. Кафезите ce нишаат, како да сакаат да избегаат птиците сосе кафези) Некој ѕвони на вратата) Влегува Наставничката од Училиштето за глувонеми младинци) НАСТАВНИЧКАТА: Добровечер. Bo пожелувам на сите добровечер. Дојдена сум по повод една пријатна вест. Училиштето за глувонеми младинци ве поканува на Свечената академија која ќе ce одржи по повод патрониот празник во нашите простории на улицата Михаил Булгаков број 7 и на која вашата ќерка ќе ја изведе својата точка: „Тајната на мојот живот“! ДЕСЕТТА СЦЕНА ТАЈНАТА HA МОЈОТ ЖИВОТ (Свечена академија во Училиштето за глувонеми деца и младинци во Белград. Настап на Невена Филиповиќ co точката „Тајната на мојот живот“. Негација на јазикот во блиската иднина на човештвото.) (Од двете страни на сцената ce одвива влегувањето на личностите кои формирајќи еден ред од седиштата што ce поставени на самата сцена, седнуваат всушност во првиот ред од преполнетата сала на Училиштето. Дејствието на сцената „Тајната на мојот живот“ ce одвива пред нив. Учесниците во Свечената академија ce свртепи кон публиката, a присутните личности. Живадин Филиповиќ, Евросима, Најдан, Боро, Марко, Трендафил и Анастас, седнати во првиот ред го следат дејствието од зад грб.) (Свечената академија е во тек.) НАСТАВНИЧКАТА: (Пред микрофонот) A, ceгa на ред е една од нашите најдобри ученичкм Невенка Живадин Филиповиќ, која ќе настапи со својата пантомимска точка „Тајната на мојот живот“ грижливо подготвувана во текот на оваа учебна година. Обратете внимание на симболите со кои ce служи. Гледајте ги сите нејзини движења. Нејзината перфекција со која го совладува просторот. Нејзината физичка и телесна негација на јазикот, нејзиниот заговор co кој ја насетува блиската иднина на човештвото во која ќе исчезнат зборовите, во која луѓето ќе ce разбираат со движења, тие движења ќе блидат оружје на тишината, бидејќи зборовите ќе ја изгубат сопствената важност. Луѓето ќе ce разбираат со очи, и на тој начин ќе биде отстранета една од најтешките трагедии, воопшто на човечкото живеење: лагата на зборот. Да. Историјата на лагата со зборови од кои постои маската навлечена на неговото лице, таа тешка лага дека co збор може да ce освои вселената, природата, општеството и нашата стварност. Во почетокот, драги родители, не беше зборот туку гестот! Во светот постојат 5651 јазик! Од 4200 кои ce самостојни, проучени ce само 500, како ce разбираат останатите луѓе на непроучените јазици, кажете ми како? Обратете внимание драги родители, на тој чин, и сфатете ја нашата пионерска должност во овие клупи, каде ги пригушуваме, просто вршиме организирано убиство на зборовите во нас, за да ce доближиме до големата тишина и нејзиниот јазик на кој утре ќе зборуваат луѓето и ќе нема потреба од поделба по нации, јазик, истории, спротивставувања, војни и помори, човекот ќе го има в раце сопствениот живот и ќе го води низ тоа немо достоинство, ќе нема судења поради зборови, ќе нема ликвидирања поради зборови, ќе нема непријателски елементи, ќе нема вербални деликти, ќе нема луѓе што знаат и не знаат јазици, ќе нема доминантни јазици и јазици што ce губат, ќе нема мали и големи народи, ќе нема светски и регионални, мегународно признати и непризнати јазици и конечно луѓето ќе бидат исти, исти, исти. Човештвото ќе зборува на јазикот Гестуно! Настапува Невена Филиповиќ и Тајната на MOJOT живот! (На сцената излегува Невена Филиповиќ облечена во совршено бела пантомимска облека. Почнува да ја nee co молчење, својата песна без зборови) ТАЈНАТА HA МОЈОТ ЖИВОТ Тргни кон животот Невена Кажи им ги на народот основните знаци на Твојот јазик Гестуно Кој, каде, како, зошто, кога, време, Причина, место, услови, односи и знаци Кон твоето детство Меѓу трубата на твојот татко И птиците на твојата мајка Играј Детски воз Препарираии птици Играј кафез Играј Црна шамија Играј пушкомитралез Играј сатар Играј јаже за бесење Играј свирење на погреб Играј смртоносно Чекање на возови Железнички станици Бакнеж меѓу љубовта и смртта Остави cè Разбуди ја реката на страст од твојот молк И кажи како некој без зборови може да ce сака Татковина, Човек или Птица Нацртај ја картата на светот Каде си Ти Покажи каде си Ти Раскажи ја со молчење Твојата земја Земи залет Koja беше Ти Раскини ги канџите на Твојот молк Оковите на твојата немоќ Раскини cè што те затвора во форма Остани гола и сама И Крикни Само Крикни Ceгa Крикни Со раширени раце и распуштени коси безшумио паѓа врз подот како во бескрај кој останува да ледби во егзактната рамнина. Таа ce претвора во мртва точка. Нејзиното време е „помножено со нула“.) Аплаузи. Аплаузи. Аплаузи. (По завршувањето на аплаузите повторно ce појавува Наставничката) НАСТАВНИЧКАТА: Имајќи ги предвид досегашните резултати, покажани во текот на школувањето, како и сите околности нa правилниот духовен развој, Наставничкиот совет на Уилиштето за глувонеми младинци во Белград, донесува Свечена одлука: Ученичката Невена Филиповиќ, од татко Живадин и мајка Евросима по завршувањето на учебната година, да замине на четиригодишно школување кај познатиот пантомимичар од светски глас, Марсел Марсо, во Париз. Co тоа Југославија ќе ја добие својата прва вистинска пантомимичарка, која со молчење ќе ги соопштува сите важни работи, која првпат во нејзината историја, без употреба на зборови ќе ce издигне на пиедесталот на вистината соопштувајќи ги симболичките значења на гестот, на безговорната ко-муникација co публиката. Одлуката е донесена со мнозинство на гласови на ден 7 март 1984 година. Be поканувам сега со топол аплауз да ги поздравиме нејзините сиромашни родители, кои ѝ го подарија ова молче-ливо богатство на својата земја! Повелете! (Евросима и Живадин ce доближуваат до микрофонот) НАСТАВНИЧКАТА: Еве тоа е нејзината мајка Евросима Филиповиќ, чувар во Одделеиието за птици на Зоолошката градина! Аплаузи. Аплаузи. Аплаузи. И нејзиниот татко Живадин Филиповиќ, трубач во Градскиот погребен оркестар „Нова слобода“. Аплаузи. Аплаузи. Аплаузи. A ceдa да ја поздравиме славеничшта, Невена Филиповиќ! (Ce свртува кон неа) Повторувам Невена Филиповиќ! (Ce стрчува кон неа и крикнува) (Живадин и Евросима доаѓаат над неа) ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: (Ja крева, таа е веќе студена во неговиот преграб. Тргнува кон излзот). Што... He... не... Сега што... Невена... несвената билко моја, нема птицо, бесшумно растение мое, тишино, празнино на мојата труба, ти молчеше јас зборував кај ќе молчиш ceгa ти и кај ќе зборувам јас, кај ќе нè водат Невено моја, кај ќе ce сретнеме за повторно да те родиме тебе, земи нè ветру да ја видиме таа твоја нема земја од која ни дојде, без-глаголив ангелу, таа твоја нема земја без зборови, таму да ce скамениме, бсз глас, без здив во мермерни кожи и порои да паѓаат на нас витли и витли да вртат земјава да ja откорнат и тебе во река да те претворат, нема река што ќе тече... Невена... Невена... нема река што ќe тече како тајната на твојот живот до нашите студени чела, до нашите камени срца, нема реко пеј, пеј, пеј, пеј без глас без здив и без и без и без... и без... нема реко, пеј, пеј, пеј, пеј, пеј... ЕВРОСИМА: (Ja допира за лицето и ce струполува) Помош, викајте помош, луѓе божји, помош, викајте, леле, викајте... викајте, божји... божји, (Најдан, Боро, Марко Трендафил и Анастас ce доближуваат незнаејќи што ce случува) НАЈДАН: Што станува? БОРО: Чекајте да ја видам! МАРКО: Тоа е сигурно игра ! ТРЕНДАФИЛ: Таа сакаше да крикне! , АНАСТАС: Bože, zachran ji, Bože moi... Боже, Спаси ја, боже! (Низ општиот кошмар наставничката ce пробива до микрофонот) НАСТАВНИЧКАТА: Драги родители! Годишната свеченост на нашето Училиште ce прекинува бидејќи од возбуда умре нашата ученичка Невена Филиповиќ! ЕДИНАЕСЕТТА СЦЕНА ЖИВ ЧОВЕК ВО ФРИЖИДЕРОТ ЗА МРТОВЦИ (Во неуролошкото одделение на една од белградските болници Живадин Филиповиќ сонува дека присуствува на својот погреб. Членовите на семејството ce пред влезот на Болницата.) (Од главната капија на Болницата ce појавува еден болничар кој превртува повеќе налози за тукушто починати луѓе.) БОЛНИЧАРОТ: Кој е дојден за ковчегот на Живадин Филиповиќ? НАЈДАН: Ние сме. Ние БОЛНИЧАРОТ: Треба да причекате. Toj е во фрижидер. Треба да ce плати. МАРКО: Грижата за работииот човек не престанува до последниот миг. Иако е мртов тој треба да биде свеж... јас не знам да плачам! ЕВРОСИМА: Сега ништо не ми текнува што требаше да ти речам... Уму, уму, мозоку црн мој, кај ми одлета, кај Невена, кај неа... Кога ќе се видите, научи ја да вели. A, У, И, О, Е, научи ја да вели Ж, Ж, Ж, Ж, ако сретнеш некого таму, кажи му да не ce секира, нека ce распише потерница преку Меѓународниот Црвен крст во Женева, нас ќе нè најдат овде... (Како замаена почнува да кружи околу влезот на болницата Ние сме овде... те чекаме... НАЈДАН: Мајко... прости... мајко, смири ce, ние сме тука... АНАСТАС: Ve vsech nastrojich svych žaku budu hledat tvuj duch, protože ty jsi byl nastroj ktery se bouri, takoveho jsem te prijmul, a jedine jsem si netroufal rici ti otče... slovo, ktere jsem nikdy v živote nevy cul. Bo сите инструменти на моите ученици ќе го барам твојот дух, зошто ти беше побунет инструмент, јас така те доживеав тебе и само што не ce осмелив да ти речам татко, тој збор што никогаш не сум го изговорил во својот живот... (Во една од болничште соби на Одделението за неурологија ce шета сенката на Живадин Филиповиќ, во пижами, co мал мртовечки ковчег во рацете, направен од дневни весници.) ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ.: Го немам посмртниот марш на пролетерите... ги изгубив нотите, кај ми ce нотите... за кого ce борев, за нив или за нас... Cè е поделено... Значи ќе ce делимс, нема враќање, покорни напред! побунети стој!... еден нула за вас... разбудете ги мртвите пролетери, прекинете го тој сон, повторно во барикади, дува, дува црвен ветер. Ќе ви го отсвирам на труба призракот што снови над Европа, покорни напред! побунети стој! (Ce отвора внатрешната капија и двајца болничари на количка го туркаат затворениот ковчег со мртвото тело на Живадин Филиповиќ. По количката ce движи Диригентот, заедно со погребниот оркестар „Нова слобода“) (Ковчегот застанува. Пред капијата co војничка торба и папсан од умора пристигнува Боро Филиповиќ) БОРО: Koгa слушнав за веста, го пишував првото писмо во мојот живот, упатено до тебе. Ти напишав само три реда, додека дојде поштарот со телеграмата. Драги татко... Овде сум повторно сам... На Балканот нема ништо ново... Нема време за сите мои команди, пред твојот веќе изминат живот... Сакам со строев чекор да те испратам, ќе газам строев чекор по сите улици на овој град и сакам да те погребам, без документи, без посмртница, без платено место во градските гробишта, без ничие известување, вака како што сме, сосема сами... (Паѓа во прегратката на Евросима) ТРЕНДАФИЛ: Nigdy nie slyszalem jak grasz... A chcialem zapamietać ten dzwiek i rozglosić po calej Polsce, posadzić go w garsci ziemi w donicy posadić... bo pamietasz, przyby-lem celem rozpoznania... He слушнав ниеднаш како свириш... A сакав да го запомнам тој звук и да го раскажувам низ Полска, да го посадам некаде во грст земја, во саксија да го посадев... зошто, jac, ce сеќаваш дојдов за препознавање... МАРКО: Татко... тоа беше препознавање... Сите возови минуваа преку нас, како држави во движење... сега сме сами.. ja нема Невена и нема тишина, те нема Тебе и нема звук, умреа моите зборови... НАЈДАН: Ја видов на некрологот твојата глава разлеана од оловото на печатарската боја и почнав да бегам, да бегам, да бегам... Сакав барем уште еднаш да те видам и да ти кажам само уште еден збор, само толку... ЕВРОСИМА: Научи ја да вели... A, У, Е, О, И и Ж, Ж, Ж, Ж, ... Така... така научи ја А... (Налудничаво тргнува некаде) АНАСТАС: Maminko, my jsme s tebou... Maјкo, ние сме co тебе... ТРЕНДАФИЛ: Matko, dokad... ? Мајко, каде...? (Bo болничката соба на Живадин Филиповиќ ce крева неговата сенка) ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Никој не ме слуша... Зошто не ме слушате? Кој ми ja украде борбата? Мојата борба? Me бркаат сите отворени гробови пред кои сум свирел... Kaj ми е трубата... Тие ќe нè победат, кој ќе ѝ свири на нашата борба? Кој ќe ja закопува. И тргни cera, земи залет, заштеди воздух и дувај, дувај, дувај без издив, дувај, дувај, дувај, истерај го до крај, до крај, до крај, никој ништо за тебе не може да рече и дувај тргни во нов јуриш, тргни напред! (Количката повторно тргнува) БОРО: Наредувам: Да ce испалат три почесни плотуни за борецот од Сремски фронт, од Четириесет и осмата дивизија, трубачот Живадин Филиповиќ! Почесна чета: Мирно! Пали! (Градскиот погребен оркестар почнува да го свири Лениновиот марш) (Во Болничката соба, ce тресе во став мирно Живадин Филиповиќ, ce веат неговите пижами во напорот да го задржи мртовечкиот ковчег од дневни весници што почнува да лета) ЖИВАДИН ФИЛИПОВИЌ: Тишина! Престанете! Инструментите долу! Наредувам! Инструментите долу! Молк потчинети свирачи! Јас ви реков, никој не сакам ниту да ми свири, нити да ме закопува.. Горе... гope... сам ќе си ископам воздушен гроб, мојот гроб ќе биде над вашите глави, мојот ковчег од звуци на труба ќе ви тежи, овде на темето... (почнува да имитира труба). Сам ќе си св-ирам, никој нема да ме види, сам ќе ce погребам, ќе бидам прв непосрден производител што присуствува на својот личен погреб... Невена, ми ја зедоа борбата, скапо време, нема кој да ја плати нашата смрт... никој ништо не ми верува, со кого да зборувам... кој сите остави, зошто ме оставивте сам...? Сам!? Сам!? Сам!? (Во Болничката соба влегуваат двајца болничари, го врзуваат за креветот, ja гаснат струјата и излегуваат) (Ковчегот, Оркестарот co музиката и Фамилијата продолжуваат со бавен чекор кон Вечниот дом.) 3 A В Е С A „ПОДЗЕМНА РЕПУБЛИКА“ (неoбарокна политичка поема врз античка основа) Париз – Битола, 1990 Белешка на авторот Во оваа поема, создавана меѓу Париз и Пирин, меѓу Женева и Солун, меѓу Сена и Вардар ќе биде извршено свечено откопување на македонската „Подземна република“ наречена така во англискиот весник „Блексвуд“ магазин во почетокот на овој век, а прогласена со алогична поетичка експлозија на крајот на XX век! Co силата на убедувањето на солунските атентатори, со идеализмот на македонската саможртва која си си разнесуваше мозокот со љубов по европските метрополи, ќе биде прогласена една Подземна република со подземни извршни органи, со подземни амбасадори, со надземни митови. Процесијата ќе биде извршувана во сите простори каде живееле Македонците, од Пела преку Европа дo Канада, Америка и Австралија, a последната претстава ќе се одржи во еден наш подземен Вавилон! Погребана на Берлинскиот конгрес, Букурешкиот мировен договор и Версајската мировна конференција, нејзината подземна Голгота ќе продолжи во европскиот воен контекст со голем број политички убиства кои ќе ни го донесат „престижното име“ средба по македонски, мацедонише цуштенде и салад а ла Маседуан. Македонците се убиваа пред Скала ди Милано, Бург театорот во Виена, Сен Жермен, Вацлавските намести, Невскиот проспект. Во естетиката на нивните трауми ќе одекнуваат античките хорови, паганските кавали и христијанските молитви додека ја играат нивната „чиста и подземна револуција“ во најтешкиот занает на балканската политичка историја, занаетот на поразот! Авторот Лица: Подземниот император – изгубен емигрант, 91 година Три артистки – жени што играат кралици и мајки, принцези, девици и курви Шест артисти – мажи што играат терорисши, егзекутори, љубовници и жртви. Дејството се случува на сцената. Пеење прво ИЛИ ПАЛЕЊЕ НА СВЕЌА ВО ЕДНА ЛЕТАЧКА МАНСАРДА ШТО ЗАПИРА НА ПЛОШТАДОТ САН ПИЕТРО ВО РИМ Јас императорот на Подземна Македонија Емигрант во Рим На возраст од деведесет и една година Доаѓам на Плоштадот Сан Пиетро Во државата Ватикан Летото Господово Илјада деветстотини и деведесетто И го слушам Папата Јован Павле Втори Како им го честита Божик На сите покрстени народи на Светот. Облечен сум во истата ношница што ја Купив во Истанбул пред педесет и три години Од Капали Чаршија за сто и дваесет лири Ношница од која не можев да се одделам во Моите долги странствувања прибидејќи При секоја вечерна молитва ги пребројував Мртвите во политичките убиства за и во Врска со мојата Црна Империја Педесет и три години во државите и пара државите од кои се враќав без никогаш да стигнам Точно, деветнаесет илјади и триста пет ноќи Нe сум заспал господе и Свети Петре Око не сум склопил, смилувај се Севишен И направи, пред да ми ја земеш душата Да потонам во сон како онаа ноќ на Босфорот Co мојата вечна свршеница што веќе е близу до тебе На небото! Направи Семилостив по педесет и три години прогонуван Од очите на мртовците што лично ги испраќав во Адот да лизнам (Го исплазува јазикот) од она што беше Сон (Во мигот кога го исплазува јазикот се отвораат девет врати на чии прагови стојат девет непознати патници: Три жени и шест мажи) (Co исплазен јазик императорот емигрант ја продолжува молитвата) Во моето срце – гробишта закопани се три илјади седумстотини осумдесет и седум мртовци на чии се сеќавам лица Мојата Душа Севишен е пондила во која зобаат тие ненаситни коњи и газат низ мене и газат пепел е сторена мојата империја од Пела се до Вавилон! (Преку неговиот исплазен јазик минуваат пресечените глави на непознатите патници – намерници) Које? – Орце Поп Орданов, математичар и терорист Од Женева доаѓам Така облечен мојот воздушен скелет Нобеловиот динамит е во моите зглобови Патувам оваа ноќ Мојата цел е Солун Се сеќаваш ли на мене, не Мајка, туку Татко Смрт Отворивте ли Музеј на мојот очај во Велес Императоре на таа без граници како што ја Наречуваше Тит Ливие, Земја Во тој Балкан каде Тацит забораваше како се вика Каде Херодот живееше дваесет и седум века Пишувајќи со крв Императоре, јас сум Орце, да не сум го слушнал Уште еднаш прашањето кој е Невенчан заминав од гибелот наречен живот Дојден сум службено ќе се венчам Co мојата Рајска вереница и ќе Прогласам безвластие во Твоето празно од безсон срце! Које – Константин Кирков љубовник и анархист Од Париз поминав преку Ерменија во посета На Хај Хегапохакан Дашнак Цајтун срменската Револуционерна организација Сместен сум во хотелот Партенон Сите бесилки се подготвени за свежите вратови мојата размножена а една и единствена глава Но пред да се сретнам со смртта од чисто Мистички причини сакам да направам попис: Што се случува во Македонија. Каде се... Житото, Јачменот, Овесот, Пченката, Р`жта, Волна- 15 та, Памукот, Сусамот, Афионското семе, Опиумот, Кожурците Сувите сливи, Градежното дрво, Суровите кожи и Тутунот Како е односот Увоз – Извоз Од мистички причини, молам! Кој е? – Ана Шепец, курва од Будимпешта, Особено ми е драго што ве среќавам, Имам лунарен химен не смеам да викам кога Свршувам во нема молитва ги вознесувам Македонските атентатори моите љубовници Пренесувам експлозив од креветот во Хотелот Батемберг до возот Ориент Експрес Убиена во долен веш Ку д кер смеам ли да ве запрашам Доби ли Македонија автономија? Кој е? Павел Шатев, гемиџија и министер по правосудство Се извинувам што се појавувам во сламената Паларија изработена во париската работилница Тридо Ho пo поминатата валпургиска ноќ на долгите Ножеви во Берлин, реков да ве посетам во Рим Го одлагам своето враќање во Татковината Бидејќи веќе нема поколение кое што Може да го разбере мојот никому непотребен завет: He може да се почувствува убавината Ако не се крие, не се развива и не расте Страшната и разјадувачка идеја на разурнувањето! Koj е? Владо Пингов, бербер и фаталист! Дојден сум да те потстрижам пред да Те убијам на непостоечкиот трон Црн монарху на Стравот Ништо од лешеви чии коси ми се лепат на Јазикот не можам да Те плукнам Бессилен е мојот гнев наспроти мојата нежност Гледам кај ни се среќава Судбината Ти безмерно да живееше а безмерно да страдам По живот јас О младост моја погребана од Толку ништожна и света реч: Идеја! Које? Које? Које? – Никој. Како никој, те гледам! – Никого не гледаш и ништо Од никаде никој нема Me има само мене! Те видов, кој си? – Анѓелот сум од Курбиново Претставник на Македонскиот хуманизам и ренесанса! Дојден сум да ти ја земам душата! Кој е? – Македонската Шарлота Корде! Да – Порачај мермерна када, за да те удавам во крв! Мила, што се случува на сцената на Бург-Театарот во Виена! – Ништо. Австрија е мртва но во воздухот се уште прска Мозокот на оној што го заслужи мојот бесшумно Разорен куршум! Које? – Твојата Јованка Орлеанка Зашто не ме препознаваш Треба ли да те убијам за да видиш која сум? Које? – Твојата Кармен! „Многу долго живеев а ништо Особено не направив. Многу фантазија а малку можности. Идеите во врска со делото не можеа да се остварат. Бевме врзани од секаде!“ Има некој? Се сеќаваш ли на стиховите на Ламартин јас сум Анѓелот на убиството! Се сеќаваш ли на повикот на жирондинците Кога таа го забодува ножот во срцето на Мара „Губејќи не таа не учи како да умираме“! Мила душо моја! Кој е? - Петар Манџуков пријател на шумите и гемиџија. Сите подземни тунели се завршени Од Високата Порта преку Солун до Скопје Виа Белград, Софија, Атина и Тирана На даден знак се ќе биде кренато во воздух! И не се револверите, пушките и бомбите или Адските машини тие што даваат сила во борбата Туку само идејните побуди Бестрашието на револуционерниот конспиратор Од нејзиното Величество, Смртта! Така да знаеш и-м-п-е-р-а-т-о-р-е!!! Да!??? – Милосрдната сестра Виолета старешина на француските сестри, лазаристи од Париз Никаде не сум видела толку убави пресечени глави Како во Битола на Пенинсула Балканика Боже ако не е грев ми идеше да ги ЈБубам тие усни на античките глави Се сеќавам на жената што ја симна шамијата од Главата, сето нејзино богатство Овде студи, се тресат нашите срца Нејзините прсти паѓаа од гниење Пет мали деца умираа од глад и студ Спијат на Гола Земја Дали, всушност, Европа не е само една гола Лага...? Господа старешини лазаристи, го видов Бикфордовиот Фитил кој што треба да биде запален Се прашувам, „Дали Твојата трулеж ќе биде Доволно богата тревата над Гробот да ти ја одржува“. Господе, ја палам оваа свеќа на Плоштадот Сан Пиетро и не барам ништо друго од Тебе Само капка, само зрно, само ронка Сон! Пеење второ ИЛИ КОПАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ ОРГАНИНА ПОЛИТИЧКОТО ПОДЗЕМЈЕ HA CTPABOT (Излегува човек во црн костум, од џебот вaдu пониклуван месинган висак на бел конец) – Луѓето се бранови. Предметите – бранови! Мислиме дека двајца луѓе можат да воспостават Контакт со говор со писмо со знаци Или со некои други сигнали забораваме дека основата е анимистичката врска Стара милиони години Пред човекот да проговори еден единствен збор Можеме само да претпоставиме зошто човекот Проговорил??? – Дали причината треба да се бара Во потребата луѓето полесно да се разберат Или тоа е блокада која Го одвоила човекот за навек Од она што го нарекуваме натчулно??? – Висакот сте го виделе сигурно во пракса или на слика! Bo продажба ќе најдете Апсолутно подготвен инструмент за подземни Истражувања. Пример: Подрачје на истражувањето: Археологија Предмет на истражувањето: Античка историја Инструмент: Висак Контакт со предметот на истражувањето: Антички сад! Јас Убиец по професија Костимограф во Бургтеатарот во Виена Се бричам денеска Во едно магливо сабајле На Ринг Штрасе Co Огледало поставено пред моите нозе Во водорамна положба И прашувам: Кој така разорно и мракобесно болно По поткожни патишта се шета Низ мојата на чингел обесена душа? Жител сум на еден локален Ад Во штитови е запретана тајната На таа Држава – Смрт Што сега да ја откопам сакам! Колку булдожери колку кранери колку Ласерски копачи треба да ангажирам Од Експерти на Европскиот парламент За да ја откопаат таа Земја чиј сирак сум безусловен И кој може да каже кај се крие Круната На Првиот Човек на Македонскиот Империјализам? – Според резултатите што ги дава висакот Најблиску до вистината е тврдењето Дека главниот сензорен центар се наоѓа Точно во зоната на Твојата трбушка Односно во нејзината дупка И тоа меѓу градната коска и Папокот! Обработката на така добиените податоци Се врши во мозокот И само преку овој радиестезиски инструмент Ние стануваме свесни за Резултатот! Копај овде! – Каде? Овде! (Пет мажи и три жени погребани во земјините слоеви во различни костуми од фундус формираат вертикална трансисториска театарска некропола од черепи, скелети живо и во пепел претворено човечко месо) - Како? Co нокти! - Од каде, одозгора надолу или од Надолу кон Пругоре? Слези до дното од Новина до Погибел Ископај Бунар во мене И најди ја живата вода На мојот приватен Свет и Смртен Дух! (На сцената се отвора длабок светлосен бунар - утроба од која излегуваат следните слоеви на театарската археологија) - Добравечер, Јас сум Војникот-Камен! Што? - Моето постоење се должи на тврдењето На Жан Пиер Вернан Според кого Дури и варварите пред Македонската династија Ги закопувале своите никогаш непронајдени војници Претставени како Камена плоча во човечки Обем Кој наместо нив се положува во Гробот. Варвар сум во вечно скаменета форма Но тоа не ми пречи да тврдам дека Смртта на бојното поле постоела дури и пред Античка Македонија! He крадете ми костими од Фундусот ви се молам! Ќе се жалам до претседателот на Австрија Курт Валдхајм! Го познавам! Кралицата на Македонија Олимпија ќе изјави: – Прво да расчистиме: Немам ништо Co убиството на поранешната владетелка Евридика Но напротив мистеријата е отворена Co убиството на мојот маж Македонскиот крал Филип Втори Од страна на атентаторот Паусание Токму пред влезот на Нашиот Амфитеатар во Воден! Се извинувам на индискреција но на ова Исклучително место морам да се измочам Дали сте виделе Кралица што се моча!? Кралице наша, ваше височество, Од која претстава е Вашиот костим Курво!!! Се сеќаваш ли на мојата песна Дали Шекспир сакаш или Писмо сакаш Или мене сакаш да те обљубам? (Човекот со висакот ги реди откопаните претставници еден по еден) Досега имаш Војник-Камен претставник На Варварските племиња Пелагонци, Орести и Ерденци И нејзиното височество Кралицата Олимпија. На што ќе ми се заниша висакот сега? He. Тогаш гледај! – Доколку ги споредите вашите животи Во Дваесеттиот век со мојата смрт На Антички Македонец и последен фалангист Кој успеа да се врати од Индија До Пела Тогаш ќе се уверите дека треба повторно да Спроведите експедиција која би значела Барем фиктивна обнова на Империјата Co повторно сечење на Гордиевиот јазол На кое лично присуствував и повторно И со оснивање на македонскиот катапулт Од кого ќе се отворат нашите национални перспективи! Идејата за катапулт е туѓа на моето битие! – Јас сум Софрон Пантомимичарот или Мимот како што ме наречува Вашиот сонародник и сограѓанин Михаил Петрушевски Me споменува и Аристотел во првата глава На Поетиката Сега ќе ви прикажам како молчеа Античките Македонци од денот кога Александар умре во Вавилон До денот кога последниот Македонски крал Персеј цркна во римскиот затвор! По националност (!) сум СтароГрк, извинете на израз! Еве вака! (Молчи) – He e точно ќе рече Антигона Ќерката на Персеј Кога римскиот конзул Паулус Емилиус влезе триумфално во Рим Во Стоби сакав со мојот јазик да Го пресечам небото Илјадници статуи, вази и скулптури Беа однесени од Македонија Еве јас немам рака и немам нога Отсечена ми е левата града Што како туристи ја гледате во Рим Простете можете да ме третирате како Римска Македонка Растргнете ме со коњи ако сакате но Вратете ми ја главата на Поетот од Стоби Co кого за првпат и скришум водев љубов Зимата 146 година пред Исуса Христа! Тргни го висакот човече во црно Влезен ми е дури до папокот! Подземните истражувања бараат Крајна издржливост! Издржи, костимографу! Разбудете се бабари и џамалари, Василичари и ешкари од Тапанов излезете, на стапов ми запејте: Крц крц лубеница на Јанкова воденица Јанко петел јаваше курот му се маваше две жени го гледаа гологлави бегаа За пички се фаќаа од земји се траќаа. Ако станува збор за византиски Македонец кој преку Апостол Павле, цитирајќи го Ке ви речам „кога стигнавме во Македонија искинати беа нашите души Страв однатре и закани однадвор“ Вие всушност помислете на мене Григорие од Ниса Учесник на вториот вселенски собор во Ефес И мојот опис на Константинопол: „Целиот град е полн со расправии Плоштадите, пазарите, раскрсниците, друмовите Патиштата, искинатите старци, менувачите на пари, Трговците со храна, сите се обземени со расправии. Ако побарате од некого да ви размени пари Тој филозофира за Роденото и неоствареното Ако се распрашувате за цената на лебот Co одговорот ќе слушнете дека Таткото е поголем А Синот помал: ако прашате – дали ми е бањата подготвена – оној кој ве услужува ќе ви рече дека Синот е создаден од ништо!“ Јас немам ништо со Константинопол! – Како немаш јас сум отомански Македонец А доаѓам директно од Санкт Петербург Подоцна наречен Ленинград (Истрагата е во тек, веројатно не за долго) Го приложувам мојот отомански пасош, Бев последниот жител на Отоманската империја Кој живееше во Комунистичка Русија Co горенаведениот документ Бидејќи само така ја признавав Македонската целина Драго ми е, Димитрија Чуповски Им студеше на моите коски во авионот Москва-Скопје Костимографите познавам од некаде Пронајди решение за мојот очаен историски нудизам! (Човекот со висакот се треси) - Драго ми е јас сум футуристички Македонец! - Особена чест, јас сум атнички Македонец! - И пениа тис технис катерхази таи! - Сињоре Провинциа Романа Македониа Секунда! - Најс ту мит ју Мидл ејџ! - Аншанте месје л маседониен бизантен! - Ефхаристо поли! - Бујрум евала ефенди! - Мулцумеск домнуле! - Мерси подобно! - Македонец, певај, пизда ли ти материна! - Се извинувам господо јас сум старословенската Принцеза Јаглика од Исчезнатиот град Собрија Го барам нашиот сокол Погун Седум ноќи не е вратен Ако има око што го видело Сите наши богови ќе му ја позлатат зеницата A jac ќе го дарувам со песна Коњ ми копа Анѓе с десна нога ми откопа Анѓе Огледало А под него мајче тој Легена града Под Легена града мајче Пуста Империја. Престани човеку во црно! Ке ја облечам од фундусот на Бургтеатарот Оваа армија на сновиденија и сенки И ќе тргнам во освојувачки поход! Напред армијо од сенки! Тргнете под мојата глува команда! (Армијата од сенки тргнува во поход) (Го смирува висакот Човекот во црно) – Подземните тунели што се започнати Под Солун, Константинопол, Њујорк, Москва и Вавилон во Близината на Ирачкиот главен град Багдад Го очекуваат експлозивот! Истите линии на оваа пеколна машина Што утре ќе биде ангажирана Се забележани во вашиот стомачен комплекс Или во вашите внатрешни органи! Молете се за вашето здравје! Пеење трето ИЛИ ПОДЗЕМЕН СОКОЛ ВО ПОДВИЖНАТА ДУШЕВНА БОЛНИЦА НА ПАН-МАКЕДОНСКИОТ ОЧАЈ О, душевна болницо од Демир Хисар Југозападна Македонија Се сеќаваш ли на денот во кого стигнав И кога ме врзаа за креветот, гол И знаеш ли зошто ме обзеде смеа О колевко на врвот од мојата Колосална биографија Градино во која моите мисли ги садам наместо Ружи што никогаш да никнат нема Кажи ми кога сум овде а кога таму Кажи ми кој толку обилна ми подари страст Да си ги јадам алиштата Сопственото месо да си го јадам Кога туѓи ме гледаат очи, Кажи ми сестро моја душевна и верна Кои се овие полноќни гости Што во мене дојдени се А во тебе гласот им го слушам? – Спиј Господине спиј, Одамна сум мртва но лицето никогаш да ти го заборавам нема Тие лирски бразди во кои можат да поминат Реките на твојата татковина Всушност беа патокази за моето толку кратко враќањеживот во смрт! Дојдена сум од Буенос Ајрес се сеќаваш ли на мене Јоланда Дарио Танчерка без терористичко искуство Ја играв во локалот „Семпре ла Муерте“ Кога ти дојде да ја бараш Твојата жртва! Еве гледај го ритамот на моите движења И потсети се од каде ме познаваш Два чекора напред еден назад, круг И залет Тој ветер што вееше од твојот појас до моите узенгии Што донесе ветрот Во твојот разорен ум толку години подоцна Кажи ми што? He e верно никогаш не сум бил во Аргентина! – Лав Борисович Троцки, дописник на „Киевски Мисл“ Алберт Лондр, новинар на Паризиен Џеси Боуелс, новинарка на Дејли Њус, Торнаторе Ричи репортер на Епока од Рим Богдан Камиенски новинар од Варшава Малколм Брајан Директор на агенцијата Ројтер Мојата жена, Ирина Заболовна пијанистка од Прага И јас твојот Брат сакаме да Те видиме За да ти го честитаме роденденот со Црно цвеќе набрано по сите подвижни Гробници на Твојата Автономна Македонија! Одбивам да те видам! – Брате, ме слушаш ли? Дојди и одврзи ме од креветов Непознат човеку и на сите соопшти им ја Тажната вест Ја погребав Македонија во моето срце! – He e можно, читателите на Паризиен Ќе речат тоа е измислица на Алберт Лондр Македонците си го истураат мозокот Врз плочникот на денот и потоа зборуваат За љубов – Што се однесува до мене Лав Троцки Јас имам сосем други сфаќања Од Владимир Илич, во врска со поделбата на Живото тело на оваа земја - He e ништо чудно што полските националисти Го поврзуваат античкото потекло на својата земја Co старомакедонскиот и старополскиот пантеизам - Во Лондон немаат јасни гледишта за Твоето Здравје мислат дека наскоро ќе се излечиш! Едно самоубиство на островот Елис Ајланд Во Њујорк исклучиво се поврзува со Твоето име! Брате! Дојди одврзи ме од креветов И сите откажи ги посети Никој не сакам да ме види Ништо не знам, кој ме доведе и од каде Наредувам чистете се одовде Имам љубовна инспирација Бесни пци ми завиваат во слепоочниците И еден изгубен сокол Ми гледа право в очи Јас реков дека ние сакаме Да ги жртвуваме своите сопствени А не народните животи Преку нашата крв сакавме да го Свртиме вниманието на „Човекољубивата Европа“ За да ја придобиеме со едно наше востание, Ако не ни помогне барем да не биде Против нас!“ Брате! Ce e подготвено Бикфордовиот фитиљ минува Низ мојот мозок Уште три минути ќе си ја Распрснам главата со љубов како што ми Рече францускиот новинар Така Европа ќе остане без својот Пиемонт И ќе запеам со изедени алишта Гол, Луд и Лирик Плачи Обезглавена Европо! Пеење четврто ИЛИ ОСИГУРУВАЊЕ НА ЛИЧНИОТ ЖИВОТНА СУДБИНСКИОТ ВОЛСТРИТНА ИДЕИ Јас Сопственик на Осигурителното друштво „Њујорк“ од Женева Едно есенско утро Од прозорецот низ кого го капам Сопствениот поглед во Женевското езеро Решив да издадам осигурителна полиса Co рекламно име „Волстрит капут“ загарантирана, беспрекорна И апсолутна компензација При случај на ненадејна или Намерна смрт. Всушност, во мигот кога ги мијам Моите позлатени вилици И кога се обидувам да ги наместам Во мојата ценета уста На самиот допир на горното и Долното непце се појави Тој! (Се појавуваат шест мажи облечени во ист анархи- стички црн фрак и три жени во солунска женска мода од почетокот на векот) Како се викаш? (Секој одговор е изговорен шест пати со метален одѕвон на безусловната вера) - Орце Поп Орданов! - Орце Поп Орданов! - Орце Поп Орданов! - Орце Поп Орданов! - Орце Поп Орданов! - Орце Поп Орданов! Дејност? - Студент по математика во Женева! Каков недвижен имот сакате да осигурате? - Сакам да го осигурам единствениот подвижен Имот што го поседувам! Да!? – Самиот себеси? „Волстрит капут“ полисата овозможува Високи предности! Каматните стапки растат во зависност Од оргиите на европскиот и светскиот Капитал и се движат за 26 проценти Над и седумдесет и осум проценти под Нивото на Меркалиевата, Целзиусовата и Меркаторовата скала! Имаме посебен советник за прашањата На Годишното време кое најубаво кореспондира Co предвидената смрт на односниот клиент! - За никакви пари не станува збор - Сакам да го осигурам мојот очај - Што се издига над вашето распаѓање - И сакам да го разнесам моето тело - Над теророт на просечноста Во политичката лудница на овој век Сакам во аскетски да потонам мрак И да видам каде е тој факел на Немото собрание од светци на Македонската Голгота И ништо повеќе! Македонија!?!? Евтина тема! – Колку? Тежиш шеесет и три кила Ти одбивам четириесет и седум на поезија Од лицето ти течат меморирани мртовци Штирнер, Бакуњин, Кропоткин Во очите ти е закопана носталгија Како отстрелана птица Усните како пијавици над гороцвет Максималната цена што можам да ти ја дадам Се движи меѓу три и пет илјади Швајцарски франци! Знаеш што ти недостасува во проценката? He, – Co оглед на тоа што во Волстрит нема Антички амфитеатри не можеш да ја оцениш следната реченица: Човекот е сон на една сенка! - He. - Што мислиш за геслото Совршенство или Смрт? Ти давам десет илјади франци! Збогум! - Порачувам Антички хор Co варварски набој Да ме оплакува додека се движам Во величествениот неврат. (Жените се приближуваат со тежок железен крст) Орце Атентаторе мој што солзи немаш Да го исплачиш Светот недостоен на Твојот очај Запри се крај мојата сенка И кажи ми Небесна или Подземна ќе правиме свадба? (Писмото се дели како ескплозивнареченица структурата на шест поетичко-сценски терористи) Пред тешкиот железен крст: Драги брате – Наближува часот кога ќе ја завршиме замислената и започнатата работа. Бидејќи сум решил да се Заврши и со мене, тоа е повелбата на мојата совест Се наложува да ти ги напишам овие неколку реда За да ти соопштам нешто и да се простам со тебе! Пред неколку месеци отидов во Осигурителното друштво „Њујорк“ и се осигурав на 10 илјади златни франци. По мојата смрт сумата ќе Ти биде исплатена. Те молам кога ќе ја наплатиш полисата, Примената сума да му ја предадеш на нашиот одличен пријател Борис Разлогов. Ние гемиџиите него високо го цениме. Без неговата помош не ќе можевме да и направиме Мираз на невестата и да ја прославиме нејзината свадба! Повеќе нема да се видиме. Ти да го дочекаш празнувањето на нашето општо дело и да го доживееш Ослободувањето на Македонија!“ Овие вилици што ги мијам немаат ништо општо со ослободувањето на Македонија! Пеење петто ИЛИ ОТКОПУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА АВТОНОМИЈА ВО ПРИСУСТВО НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ПОДЗЕМНА КОМИСИЈА – „Да појдеме тогаш Ти и Јас Кога месечината се спрострела по небото над нас Како пациент на болничка маса...“ – Да појдеме На Првиот Час по анатомија Co жив човек Кој ќе биде извршен на Плоштадот Вардар во Солун. Драги мој Толку пуста е мојата самотничка душа И толку морето се крева во мене Кога го споменам него Сега како ќе го видам заклан На плоштадот кон кого се движиме Ноќеска Девтерос Омирос Го сонував од Охрид Ми рече, да, Екатерина, Рембрант нема да дојде во Македонија Но анатомот Дамјан од Костур Ќе го изврши секцирањето на тој леш Ha императорот на Подземна Македонија! - Никој нема овде сестро - Ние сме сосем сами Допри ја со голи прсти тишината И студенилото што лази по нашите лица Слушни го морето и види го божјото јагне Како трча по ливадите – врвови на моите прсти Некој ќе дојде сестро оваа ноќ и ќе не Одведе во манастирот Водоча Во вид виделија, во нигде ѕирка и проѕирка! Која си ти мајко што доаѓаш Од никаде во нашето свето ништо? – Света Богородица сум излезена од Елеонската шума Преку фреската на Свети Климент во Имарет My ce поклонувам на господа и му велам Господи боже мој нека слезе архангелот и Нека ми ги покаже мачните места – Слегувам јас Анатомот Дамјан од Костур И јас ќе го извршам откопувањето на Македонката автономија од овој човек – Бунар! Откопувањето ќе биде извршено Во присуство на Интернационална комисија Во која членуваат: Данте Алигиери Вилијам Шекспир Молиер Гогољ Џемс Џојс и Бертолд Брехт – Ќе почнеме од срцето Епикардот Миокардот Ендокардот Писмо од Одеса во потпис Крсте Петков Мисирков: „Никој не отвори уста за автономијата на Македонија Спореа само за дележот, На таа почва се судрија, И разделбата дојде He врз основа на предварителниот договор А врз основа на тупаничното право. Тоа право остана да господари во Македонија И до ден денес. Тупаничното право на бившите Сојузници напомнува на првите десетлетја На турското владеење на Балканот кога Победителите – Турци го избиваа машкото население Ги одведуваа и бесчестеа жените, ги одземаа Црквите и манастирите, ги избиваа свештениците Монасите и учителите, ги уништуваа книгите Другите предмети на христијанската култура. Ова е полошо од турскиот режим во XIV век Зошто Турците не ги тераа воопшто сите христијани Да си ја променат верата и народноста како што прават сега дивјаците од XX век Во Македонија „Речено во Белград 1903 и во Петроград 1914 година!“ – Точно е сето ова мајко, ќерко на твојот син Ти тврдам дека го видов на патот меѓу Равена И Фиренца прогонет кај што доживотно бев јас 1520 година со душата на протосингелот Силвестер ја пееше песната што јас, Данте Ќе ти ја повторам сега: „Тако ти бога девојко Ела моја паригорје Да те целивам в устата Како овошје ми мирисаат Што ти роди крушата Тако ти вишнего Бога He ми вземи душата!“ – Одиме на големиот мозок малиот мозок, мостот и продолжената мождина! – Јас лордот Вилијам Ти тврдам мајко Дека тој не беше дојден во Стратфорд Но моите ликови беа дојдени на Македонскиот остров Тасос И се сретнаа со него лично, пред да умрам – Јас тврдам исто така, Жан Батист Поклен Молиер Дека низ Париз шеташе Хиеронимус Магисер Co својот речник од 1603 вокого беа на мацедониус Напишани зборовите „Боге, Боге мои, виеними весниу ме остави?“ - Се префрламе на Вегетативниот нервен систем Симпатикус и Парасимпатикус - На Невскиот проспект се сретна тој со мене. Н. Гогољ И му ја запаметив реченицата: „Да не ми кркореа цревата во Петроград никогаш не Ќе научев санскрит!“ - Мене, Џемс Џојс, што триесет и осум Години не го видов Даблин ме посети во Цирих на смртната постела и ми рече Брате Џемс, ништо не бидува од Ирска и од Македонија! - Се движиме кон малиот и Големиот крвоток! – Мајко ќе речам јас ББ-Бертолд Брехт Пред да ме прогонат од мојата Повторно обединета Германија My реков на Курфирстендам во Берлин He барај никаде Татковина Татковина е секое место кај што Ти смртоносно страдаш! – Сине мој, слушни ја мајка ти Твоја 500 ангели ме оставија пред невидливиот татко и тој ми рече: „Нема да ги помилувам Бидејќи се големи нивните беззаконија!“ – На првиот јавен Час по анатомија јас анатомот Дамјан од Костур Од човекот бунар ги откопувам следните Документи! – Таа дојде Овенчана со господовата Благодет Меѓу своите избраници, патријарси Пророци и светци кон кои господ го Покажува своето благоволие кога ги Открива пред нив тајните на задгробниот свет. Како што е познато есхатолошките апокрифи Се плод на стремежот на човечкиот дух Да проникне во темните загадочни места На крајот од светот и посмртниот живот. Тие се создаваат врз основа на старите претстави и преданија, врз основа на кои се јавиле И еврејските преданија за пророците Данаил и Енох И различните стари раскази за посетувањето На одделни херои каде што е Орфеј, Одисеј и Енеј На царството на сенките! – Јас Анатомот Дамјан реков и пресеков: Човекот Бунар не е лош А сон е за една сенка според Есхил On устата му излегува декларацијата на Берлинскиот конгрес. од под јазик Хатихумајумот на Високата порта Од меѓу прсти му извираат Мирцтешките реформи Од устата му излегува Букурешкиот мировен договор Од носот Версајксата мировна конференција Договорите од Неј и Севр Од Јајце и Прохор Пчински до седумдесет и петгодишнината од Поделбата на Македонија во хотелот Шератон во Њујорк и извештајот во Ист Ривер Еве се е испразнето Мајко ви го враќам Празниот леш Свеченото откопување на Македонската автономија е извршено! Ви благодарам на вниманието! (Сите си мијат раце) Маријапее: Се свија до два облака Ристоса е го зедова Викна Марија да плачит Ангели си ја потеја Молчи Маријо не плачи He ми се до два облаци Туку ми се до два ангели Ристоса го јоднесоја Страшни мостоји да прави грешните луѓе да врват! Пеење шесшо ИЛИ ЕВРОПСКИТЕ САЛОНИ НАНАШИОТСОН – Господине Штраус нека трешти Виенската филхармонија И Синиот Дунав Токму на меѓуножниот врв Од моите гаќички Коко Шанел Го љубам овој млад балкански Самонаречен Барон, безусловно, бескрајно и апсолутно! – Мојот маж, италијанскиот конзул Ди Равел Ceгa e во Солун и пишува извештај до Италијанската влада додека Јас те љубам Тебе Анархисту и подземен револуционеру Што треба да потпишам Пред да влезеш во мене со Сиот твој наддржавен очај – Шери, Министерство за надворешни работи На Франција Друштвото на народите и Меѓународниот монетарен фонд Сите заедно вклучувајќи ја и банката БРЕД од Лондон за развој на Источна Европа Во која директорот е Жак Атали, мојот интимен пријател Цуре заедно се апсолутно ништо Пред твојата потреба од поетичка смрт Во врска со непоседувањето на државната традиција На твојата условна татковина Македонија Кажи ми што сакаш да купам за тебе Од Европа Изрази желба, еве, ќе му помогнам на твојот народ Ги сакам твоите тутунски прсти и твојот Антички нос твојот словенски мајстор За пагански бел нектар Што сакаш да го цицам, цицам, цицам! – Драго ми е госпоѓо Вон Бернхард Имам чест да ви се претставам Баронот сирак Костадин Бели по потекло од Охрид Во Виена сум од Дете Me викаат „покојниот Македонец“ Барон Костадин Бели“ Be поздравувам со зборовите на Софокле Мој прв братучед по мајка „Ништожник е онзи којшто има подобар Пријател од отечеството си“. – Госпоѓице Овенс Во мигот кога ќе те напуштам Пет милиони души чии рајски свеќи Никогаш во моето срце да згаснат нема Ке се молат пред тебе не понизно a co Ретка гордост: Вклучете ги семејните фондови во полза На македонската кауза зошто Начинот на кој бескрајно те сакам Нека биде начин на кој бескрајно ми веруваш Bo овој салон на Западна Европа пред кого Ти се колнам: пет македонски неделници треба Да стартуваат во исто време во пет европски центри Илјада килограми поетички експлозив треба Да одекне во стратешките точки на нашиот Лирски терор И сето тоа додека се одвива јас Ќе коленичам пред олтарот на нашата љубов Ти се колнам, госпоѓице Овенс, Борис Сарафов бездомен функционер и очајник На Организасион интерер револусионер маседониен! – Госпоѓо Шварценберг слободата на Македонија Може да се купи ако се претопат сите Златни вилици на швајцарските пензионери Мислам да не претерам но со остатокот може Да се формира независна држава на Курдите Како и да се вложи во натамошната заштита на Христијанското население во Либан! – Што значи тоа ви се молам гола да ве чекам Пред цветниот плоштад Кампо дел фјори во Рим Зарем вие сакате да ме љубите само на местото каде Што спален беше Џордано Бруно Јас сум за ваков тип на балканско насилие Но само меѓу мене и тебе кога мојот Маж италијанскиот конзул е во посета на Германскиот Рајхстаг и кога моите воздишки Заминуваат слободно во Средоземното море – Задржи го овој ритам и помни, ништо не сум значел Јас во твојот живот, мои се стиховите за Европа блудницата вавилонска Така бев инспириран на враќање од Дијар Бекир Протурски сум настроен а проевропски измамен Но не си крива ти, нежна грофице од Нојшател Крива е ноќта во Женева во која те сретнав Решен без гаќи и идеали и особено без татковина да заминам во смрт! – Јес Мисис. Ин најтин ејти севенти ту ај рот: Староседеоци у овим земљама бијаху у древна времена Неки Словени којима имена не знамо, можда кроз Дуга времена многу и изменути, то су данашњи Македонци. Но као што свуда у свету бива Да дошљаци предузму владу над староседеоцима Тако је и овде бивало непрестано кроз векове. Александар Велики је творац мекедонске Светске државе. Македонци су у том смислу Најстрији Словени на Балкану а можда и у Европи и преко њих су прелазили и владали сви народи који у току многога времена или Један поред другог или један иза другот боравише У овим земљама. Они данас запремају скоро Сву обалу Белога мора и на истоку мешају се Са Бугарима, на западу са Арбанисима а на северу са Србима. Граничи их Шара. И при свему томе што се у њиховим Обичајима и њиховом језику може да наѓе трагова Свију оних народа који овда и онда над њима владеше To опет и данас карактеришу се они самостално И стоје у средини измеѓу Бугара и Срба. - Данкишен херн Драгашевиќ - Ју ар велком мисис Брајлдсдорф! - Господине Сарафов, На седми март оваа година На улицата Ансиен Комеди во ресторанот Прокоп Дојдете Ке го закупам горниот спрат и за време На ручекот ќе водиме љубов Можеби нема да добиете автономија Но ќе добиете, весници, публицитет, предимство, Експлозив, толеранција и конкретни ветувања. Дали е јасно. - Уи мадам, ж суи ту та фе а вотр диспозисион! Што е овој блуд во мојата римска мансарда Нека исчезне сета европска политичка порнографија Во неврат Јас императорот на Подземна Македонија Емигрантот заборавен од Сонот и од Смртта Решив да извршам едно круцијално дејство Пред да ги добијам резултатите за Подземните експлозии што треба да одекнат Во соработка со Аксион директ, Црвени бригади, ИРА, ЕТА, Курдските Сиви волци и Про Арменија Како и со Бадер-Мајнхоф, реков, решив да извршам Едно круцијално дејание Да си ги измијам нозете во овој леѓен Толку драгоцен во мојата национална античка и ориентална традиција! Пеење седмо ПОЛИТИЧКИТЕ УБИСТВА НА ЕВРОПСКИТЕ КНИЖЕВНИ TEAТАРСКИ И МУЗИЧКИ СЦЕНИ - ЕВАНГЕЛИСТИТЕ И МАКЕДОНСКИОТ ТЕРОР Осана! Осана! Осана! Осана! Осана! Осана! По улиците на Европа Призраци на политичката смрт се движат Која е разликата меѓу Хомеровите антички гробови и лажните псалмопевци-гробари на Македонската алхемија што се истураше Како крв на плочниците од Овој мракобесен век? Во случај кога небото би се применило За практична употреба како табло од фотографии што би ја покриле таа Крвава сцена како декор за Меерхолд Или Макс Рајнхард што како гости На Балканот да дојдат нема! Александровска болница – Софија „Тешко може да се опише убиството на Христо Трајанов Изворски Една „милосрдна сестра“ носејќи на Градите крст Надгледувајќи го ноќта болниот извади пиштол Од чантата и со неколку куршуми го застрела Во историјата тешко се сретнува подлост која Може да се срамни со оваа“ Реквием: Занесен во слатка дремка од инжекциите на „милосрдната“ сестра ти загина во средноќната штама вероломно прострелан под мрачното небо на крвавото царство каде што чесноста се смета за подлост а подлоста за справедливост. Ти падна со ореол на ненадминат херој пред чии посмртни остатоци смирено се поклонува поробена Македонија. – Немаме физичка можност да ги изнесеме Имињата на жртвите од јуни 1923 до мај 1925. Моторцикли крстареа низ софиските Улици ги отепуваа луѓето и ги закопуваа Во заеднички дупки. Бург-Театар-Виена За време на Бродоломот во Пер Гинт Од Ибзен на 8 мај 1925 во ложата нумер 2 Ранг три, јас Менча Карничева бев многу спокојна Како секој човек што донел бесповратна одлука. По првите истрели во главата на Тодор Паница, жена му ме фати за рака. Јас ја ранив во устата. По затворските коридори помина Магдалена Измирлиева И ме праша: Менча, зошто го направи тоа? И реков, за Македонија. Пред „Скала ди Милано“ Co фотографија во рацете го чекам војводата Петар Чауле. На врвот од Вердиевата арија стрелам во него како во бесен пес. За Македонија. Се викам Димче Стефанов. Парларе италијано. Сен Жермен – Париз Јас Живко Стојанов го убив Русинот Владимир Долин на 19 јануари 1933 година на Сен Жермен во Париз За Македонија. Се биен са. Риен д плис. Вацлавски намести – Прага Јас Атанас Цицонков, Анархист, пролетта 1925 Го убив бугарскиот министер Рајко Даскалов За Македонија. Потоа, се сеќавам се обесив, за ништо. Невскиот проспект – Петроград Ристо Филипов се викам од Брод, Западна Македонија. Го убив духовниот семинарист Јован Беломоров Бидејќи си ја имаше продадено душата на ѓаволот и работеше против Бога и Македонија. Прости ми Седржителе, сега секогаш и во вечни векови – Јас, императорот на Подземна Македонија Be прашувам вас херои и убијци Ангели и Демони ископани ли се сите тунели Поставени ли се Бикфордовите фитили И ќе ја видам ли во костимот од Нерон Мојата империја во пламен? Пеење осмо ИЛИ ЉУБОВЕН ДИЈАЛОГ – ИСУСОВСКИ ОТИСОК ВРЗ БЕЛАТА ШАМИЈА НА СМРТНАТА ВЕЧНОСТ - Кате! - Орце! - Подземна невесто моја! - Надземна сум а твоја се уште не сум! - Уште колку имате за копање? Седум километри под Константинопол Седумнаесет метри длабочина и деведесет сантиметри Ширина, три ипол километри под Рим девет под Берлин, цел Солун и половина Атина Од Таму се префрламе во Њујорк, Москва, Лондон Пред да се прогласи Подземната република Треба се да биде беспрекорно чисто Ке свртиме на Белфаст и оттаму Во Билбао потоа ќе ја погребам Големата Идеја и ќе се вратам во Тебе Гол, Гладен, Мртов и Вечен! - Од каде извираат црните реки на твоето лице? - Да не се заколнев во Женева пред камениот натпис „Ни Бог, ни Господар“ Ќе ти речев дека реката со моето име извира во Рајот Сега не можам ништо да ти речам И пред мене и зад мене, само Пекол што ме чека Нека чека, нека, нека. – Дојдов во бела, везена руба Од Адот мрачен и студен Пред иконата на мојата парам-парче душа да те водам! Ќе правиме свадба со охридските трубадури Co гевгелиските русалии Co пештанските тажачки Co гарските резбари Без сватови само Ти и Јас На Танецот од твојот атентаторски тунел До мојата пештерска црква Во која вечно ќе те чекам! - Што бараш овде, која си? - Таа сум и Тебе те барам! - Бегај одовде, невидлив сум и погребан веќе Во црната Интернационала Лице немам, очи немам Само очај разорен на мојата тајна гибел И Тишина се уште копам, конспирација Тишина, без шум, без глас! – Додека врнат потови од Твоето лице Соколе подземен мој Морници слегуваат по моиве коски Поземи ја белава шамија и избриши го Твоето чело и знај Болна е Твојата приватна Македонија Ha смртна постела со гробни свирки И тапани те чека! - Ќе се избришам Свети Духу што ми дари Жива вода! - Боже, соѕидај црква на моите гради За да можам ликот негов отиснат на Белава шамија до вечноста и назад да го носам! Пеење деветто ИЛИ ПОДЗЕМНА СВАДБА Чеда мои, Јас императорот на Подземна Македонија Објавувам Ден за Покајание И Be повикувам сите вас од сите Страни на светот Во авиони, бродови, ковчези и гробови Да дојдете пред Олтарот на Вашиот Сон Co вперени како истрел очи На Првиот Вселенски подземен собир Во кого ќе се изврши Свечено разорување на нашиот митски страв Во националното огледало На нашата немоќ да откриеме кои сме и што сме! – He, jac не сум дојден за општо Помирување и духовна дисциплина Имот ми е само мојот бол во Кого осамен да останам сакам На распетието наречено Совршенство или смрт! – Но, зошто се нарушува заветот на Големите покојници од Солун и Сахара! - Се колнам дека ќе ги изгориме своите Портрети зошто сме служители на Идејата но не и на славата! - Таму во разрушениот престол на Македонија ќе ја сотреме својата плот Оставајќи го во ветерот нашето Побунето семе! - Може ли овој подземен екот Да помине низ сите потајни катишта На Македонската душа – Може ли саможртвата да ги создаде првите непознати светци на македонската револуција кои ќе зрачат по внатрешните и невидливи фрески на националниот очај? – Тврдам, јас сум швајцарска туристка, г-ѓа Тремплер дека атентаторот беше мој љубовник И ничија освен својата не сакаше смрт! - Всушност станува збор за два револуционерни Системи: личното бестрашие или калкулација со историјата! - Една година по моето враќање во Македонија Во Бостон пред да се запали мојата куќа во која изгореа спомените од мојата Божја мисија во оваа Божја земја, Јас Мис Елен Стон би сакала да ви Се обратам вам судии и делачи на Географските карти, одржете на небото Интернационална молитва пред да пресудите како Да ја погребете Македонија. – He, jac сум дојден за Подземна свадба Co мојата подземна истражувачка експедиција И подземни сватови, законици и гости гледајте ги и мирувајте ефендилер. Еве ја мојата Невеста во бело! Од нејзиното молчење Бисерите на мојот адски прогон Ќе се ронат А нема е и секнати се нејзините солзи и Зборови И безгласна е мојата пустошна литургија He само мојата фотографија, Нека исчезнат сите мои зборови Гемиџиско-анархистички Национално-политички и митски знаци Прими ме Божји молку Несовршен, гол и сам Отвори ги очите невесто моја во бело И испрати ме во земјата – Смрт Само со движење на твоите трепки Низ твоите зеници до мојот заден и безбожен да стигна молтар! Пеење десешшо ИЛИ КАКО „ БОГОРОДИЦА ИГРАШЕ НА ТАПАН ВО МАКЕДОНИЈА “ Јас твојата подземна невеста Дојдена сум со мојот единствен мираз На нашата свадба О небо и Земјо кажувај го секому Ова писмо испишано по мојата гола кожа Од оваа ленена бела риза што раскината Од моите прсти ќе биде Додека кон него во смртен преграб одам. И слушам како ангелот од Курбиново под фреската на Богородица ми рече: „Сакана единствена Кате, Кога ќе го читаш моето писмо мене веќе Нема да ме има-јас ќе бидам труп или веќе фрлен Во некоја дупка како претепано куче. Но, во ситуацијава кога пред мојата смрт ми останува да живеам уште еден час или два, додека ја фрлам и последната бомба и да го тргнам чкрапецот на мојот нагант Мислам на тебе, писмото нека ти докаже колку Многу те сакам. Од првиот пат кога те видов, те засакав. Ти ми беше Единствена радост, но чувствував дека Немам право да се врзувам со тебе. Јас не си припаѓам Себеси а на делото коешто беше цел и смисла на мојот живот Да работам и да умрам за слободата на мојот народ, На мојата сакана ценета Македонија. Те сакав со сите пори на моето тело. Чувствував потреба да те гледам, да го слушам твојот глас Како звукот на цитрата И сепак те одбегнував зошто ме плашеа честите Средби со тебе ми ја ослабнуваа волјата ми ја Смекнуваа десницата Зошто ти ми беше единствената врска со животот А не требаше ништо да ме врзува за него. Понекогаш бев груб дури и суров со тебе Прости ми за грубоста и суровоста Зад нив ја криев безграничната љубов А срцето ми крвавеше. Верувам ќе ми простиш, ти си добра, a jac сега жалам што не бев подобар Повнимателен и понежен кон тебе. Сигурно ќе прашаш: Неопходно ли е да умрам? За мене нема друг излез. Го поддржував пред моите другари ставот: Тој што не ги штеди животите на другите Нема право да го штеди ни сопствениот живот. Знаев дека нашата акција ќе им причини смрт На многу невини луѓе, ќе донесе многу солзи и страдања Зар по сето тоа што ќе го сториме јас ќе имам право да живеам? Мислам ќе биде ниско и подло. Да умрам, за мене е врховна повелба на мојата совест. И потоа мојата девиза беше не зборови а дело А крајот е тој што го краси делото. Има и едно последно сообразување, He сакам да му причинам задоволство на непријателот Да се гаври со мене да си подигрува. Зошто ми е живот лишен од слобода Да тлее во некоа темна ќелија на Еди Куле Или да се стопи под жешкото сонце на Сахара. He, претпочитувам да умрам! Co мојата смрт ќе им го фрлам на непријателите Поробувачите на мојата татковина Мојот безграничен презир. Како што живеев така Сакам и да умрам, скромно и чесно, до крај верен На себеси, сакав да бидам и останам Сакав да бидам и останам една целосна личност. Треба да завршам. Времето не чека. Многу нешта навираат во мојата душа Но, ќе ги чуеш. Така е подобро. Срцето ти претскажа што би сакал да ти пишам Во овој последен час. Ќе мине време раната ќе ти зарасне. Животот е посилен од се. Ти пожелувам, не, те молам да си најдеш друг маж, достоен за твојата љубов И нему дај му го своето срце и својата љубов Дај му ги оние радости што ги чуваше и ги намени За мене. Ти пожелувам да бидеш среќна. Понекогаш во вечерните часови, кога спомените Довеани од вечерните сенки ќе навлезат во твојата душа Спомни си за мене. Ти благодарам за тоа. Те прегрнува и те бакнува првиот и последен Од гемиџиите, од самооткажаните. Твојот Орце.“ Императоре, ја видов тогаш како Богородица заигра натапан!!! Ќе абдицирам од тронот ако продолжи Оваа подземна свадба на сенки во мојот емигрантски азил Да се уништи сета митологија на епски И фолклорни симболи не ја признавам за своја. Активирајте ги сите подземни европски централи Имам порачано костим од фундусот на Мојот крвав театар Да го дочитам ова место на страната 389 од Македонската библија на злото сите ќе ве повикам верници, рајо, милету, народе, анѓели, фрескописци, резбари, земјоделци, книжевници, убијци, направете Примопредавање на Власта! Зашто сум толку безнадежно сам Свети Боже На небото и зошто ти сестро Смрт Вечно ја одлагаш посетата на Мојот беден и скитнички дом? Во кругот околу императорот се формира „Детски лимбо“ или игра од предворјето на адот: ЕЛЕНИЧЕ ПЛЕТЕНИЧЕ ДО МУЗАРА ДО КАТАРА ЕГЛЕ БЕГЛЕ КАМИЛОЈ КАМЧЕ НА УСТАТА БАПЧЕ! Пеење единаесето ИЛИ ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПОДЗЕМНАТА РЕПУБЛИКА Бесовски Диониси и Паганските Талии Co празни черепи те окружија И црпки со извадени очи: - Добро утро царе говедаре! - Добро утро деца мили! Кај сте биле, што сте праеле? - На тронот од империјалниот страв Од кого абдицирам Ја прогласувам Подземната република Што анонимен шкотски новинар Ја објави како можност По претсмртното интервју со Даме Груев Во Единбург во неделникот Блекс вуд магазин Во јули месец 1906. Ја прогласувам подземната декларација Co која ќе биде формирана за првпат Во Европската Историја алтернативна држава Која нема административна но спиритуална Традиција и чии ингеренции подземно Се простираат по земјата Македонија Како природна, економска и етничка Целина. Подземната влада ќе се формира со Подземни демократски избори И во нејзината меѓународна позиција Ке земат учество само мртвите служители На идејата а не живите фарисеи И довчерашни ликвидатори Кои безбожнички се крстеа само Во државниот терор во кого Жртвите што тие ги испратија Во смрт ќе ја преземат величествената Подземна светлина за да се спротивстават На подземниот политички криминал! Првата влада ќе функционира Како врвен орган на духовното безвластие И ќе се грижи за координација Меѓу мртвите мислители На таа подземна македонска академија Во која за разлика од подземните полицајци Ќе се движат безвремените духови На творечкиот очај Од бистата на непознатиот поет во Хераклеја До еленот во мозаикот во Стоби Од Ругањето со Христос во Нагоричане До смртта на гемиџиите на релацијата Париз – Женева – Солун Подземни амбасади ќе бидат отворени Во Атина, Белград, Софија, Тирана и Букурешт Во кои, по подземни канали ќе бидат испраќани Митски информации за Македонскиот свет и пеколен дух Сега секогаш и во вечни векови! Пеење дванаесетто ИЛИ ОВОЗЕМСКИ ЛИМБО CO HEM ЗАВЕТHA ПОДЗЕМНИОТ СОКОЛ: ГЛУВО ОРО НА ДЕЦА И СТАРЦИ Дали е подготвен пламениот старт на Бикфордовиот фитил? – Елениче! Дали се е подготвено во подземниот центар На Меѓународниот монетарен фонд – Плетениче! Дали имаме одобрение од Подземната влада во Вавилон! - До музара! До катара! Дали се известени Балканските комунистички и други Монархии? - Егле! Бегле! Дали е проверена сувата фактура на ескплозивот под Европскиот парламент? – Камилој Камче! Дали се вие орото од деца и старци околу Пламенот на мојот зол пир? – На устата Бапче! Се нека исчезне во пламен додека Јас, неговото Височество императорот на Подземна Македонија Објавувам пред светот една единствена реченица на Еден стар ирски емгирант. Нема ништо посмешно до човечката несреќа! (Експлозијата го разнесува неговиот трон и императорскиот костим од фундусот на сечиј, па и нашиот театар. Неговото тело се разнесува во адскиот појас на Сценската Тага, единственото природно богатство на Подземната република.) „NOTRE FEMME DE PARIS“ (Драмски храм за жената – uдеја) Париз, 1989 – Скопје 1994 ЛИЦА: Mapuja – музичка емигрантка Абдула – свет војник од Бејрут Јосиф – слеп моден креатор Непознатото дете – безгрешно уметничко зачетие, син на Марија Ана Божигропска – водачка на пејачката група ,,Тажна Македонија “ – мајка на Марија Рене Реноар – полуден француски репортер, татко на Марија Папа – император на клошарите во градот на светлината Моцарт – двојник на австрискиот композитор (1756-1791) Андреј Черноухин – руски емигрант, виа Ерусалим Три професионални тажачки – членки на групата ,,Тажна Македонија“ Дејството се случува на релацијата Балканот – Париз – Бејрут. ПРВА СЦЕНА (Интерфоните на Орли објавуваат полетување на двесте седумдесет и осум авиони во различни правци. Разделба меѓу Марија и Абдула.) МАРИЈА: He знам да мислам. АБДУЛА: Сакај ги само тие мисли во кои сум јас. МАРИЈА: Земи ме со тебе во Бејрут! АБДУЛА: Мојата сопствена придружба ме ужаснува. Ти ќе останеш во Париз и ќе ме чекаш! МАРИЈА: Ми тежат зборовите што сакам да ти ги кажам. АБДУЛА: Земи ги меѓу двете дланки таквите зборови, изрочкај ги и згази ги! Сакај ме без да ми ги кажуваш! МАРИЈА: (Вади чешел од торбата. Го чешла). Сакам... Секое влакно од твојата коса да ги памти моите прсти... Запамтете влакна мои... (Го бакнува во косата.) Едно по едно... АБДУЛА: Дај ми ги рацете! МАРИЈА: (My ги крева рацете кон очите.) Сакам овие очи во нив да ме скријат. (Го бакнува во двете очи.) И во пустини и во мраци кај светлоста умрена е, да ме носат, носат, носат... АБДУЛА: Me врти бенката на левава рака... МАРИЈА: Бенката под глуждот не е бенка, тоа сум јас, не те врти глуждот, те вртам јас! (Се впива во Абдула.) Раце мои, нозе мои, очи мои, тело мое, како ќе се делиме? АБДУЛА: Нема да се делиме. Тргнат сум по идеја. Ке посеам смрт меѓу мене и сè што ќе се препречи на патот до неа, на патот до тебе. МАРИЈА: Сакај ме без да убиваш. Ако мора да се убива, поведи ме и убиј ме мене на либанската земја! АБДУЛА: Либан не е земја. Либан е идеја. Јас одам во одбрана на таа идеја, а ќе се вратам во тебе како во земја. МАРИЈА: A кој ќе се врати во мене како во жена? АБДУЛА: Секоја полноќ во штамата на твојата душа ќе доаѓам како Божји бич во Париз и ќе те љубам како шарпланински волк, ќе завивам над твојата осама додека ги учам исламските тајни во Бејрутскиот улема, во сите, во сите миџтахидун верзии и сите иџтихади, верувај дека мојата хиџра и моето прогонство ќе бидеш само ти Маријо, ничија освен моја. МАРИЈА: Ќе те чекам Абдула по сите патишта по кои бегавме, во нашата проколната Македонија, од твоето муслиманско село до мојата христијанска музичка академија од која ме грабна... Ќе те чувам во моите обесолзени очи како Хавса, ќерката на Омер што ги чуваше коранските ракописи, ќе те чекам во сите храмови на овој град, ќе те препознавам како единствена светлина во моето срце, улема мој, прогонет мој, шиитски пролетеру мој, забранет љубов-нику мој, не оди во Бејрут, во мене изговарај ги сите молитви и тргнувај во сите хаџри, Харун ал Рашид мој, Амир Ал Мансур мој, не оди во Бејрут, ништо не може да се спаси, сета надеж надвор од нас е неповратно мртва, во овој раскинат душевен храм во кого си единствен смртен Бог, остани Абдула! АБДУЛА: (Паѓа на коленици.) Марија моја, во Коранот пишува, никогаш не заборавај! Ако заборавиш мојата казна ќе те стигне на крај од светот, ти не си Исусова мајка, но го носиш нејзиното име и затоа пророкот не те заборава ни тебе ни мене, слушај: „Бог ја избра Марија меѓу сите жени“! МАРИЈА: Ако те убијат во Бејрут!? АБДУЛА: Гледај никој да не ме убие во твоето срце! Во мое отсуство дружи се само со Бога и со никого друг! МАРИЈА: Бог не го гледам од париските улици! АБДУЛА: Го прогонуваат затоа не го гледаш. МАРИЈА: He оди, остани Абдула. АБДУЛА: Во кој свет да останам Марија? Во овој свет, во кој мршојадци катаден го газат лицето на Бога, во овој свет, во кој што не остана место за љубов, нема каде да те љубам. (Од полувисоките црни чевли на Марија тргнуваат сите двесте седумдесет и осум авиони на празната писта на Орли од која се раскинува нејзиниот крик.) МАРИЈА: Абдулаааа!!!!!! ВТОРА СЦЕНА (Tpu молитви – една љубов.) АБДУЛА: Бисмиллахи – рахмани – рахим! Благодарност и слава на Бога –господарот на световите – на сеопштиот Доброчинител и Милостив на Господарот на Судниот ден само Тебе те обожуваме и само од Тебе бараме помош. - Упати не на вистинскиот пат на патот на оние добри створови што си ги облеал со благодетите свои - и на оние врз кои не се излеал Твојот гнев - на оние кои не го изгубиле патот кон вистината, и Речи: Барам заштитата од Господарот на зорите против мрачната ноќ што настапува! МАРИЈА: Боже, направи од мене инструмент на твојот мир! Таму каде што има омраза да ја земенам со љубов! Таму каде што има насилие да го заменам со разбор! Таму каде што има раскол да го заменам со единство! Таму каде што има сомнеж да ги заменам со вера! Таму каде што владее лага да блесне вистината! Таму каде што корни безнадежност да посадам надеж! Таму каде што сè е обвиено во мрак да родам светлина. Таму каде им е стемнето од тага да им се раздени во радост. Направи, о, Севишен да не барам утеха за себе туку другега да утешувам: да не барам да бидам разбрана од никого, а секого да разбирам; да не барам да бидам сакана од никого, а секого да го дарувам со љубов... Зошто никој не повторува? Не оставајте ме сама... (Се појавува слепиот Јосиф и тргнува по нејзиниот глас. Ја допира по лицето.). ЈОСИФ: Колку земјата е полна со изјаловени занеси и прегазени тајни! ТРЕТА СЦЕНА (Учење на тажачките и месење на свети леб.) (Замесувајќи го тестото, тажачките го започнуваат многугласното пеење. Меѓу фразите Ана Божигропска ја пее својата судбина.) AHA БОЖИГРОПСКА: Беше на сам ден Голема Богородица, пасев овци на границата. Кај што е пресечена Македонија. На македонско-македонската граница. Мене ми беше редот да ги пасам овците од утрина до пладнина. Нешто ми шумеше во жбуновите, нешто ми лазеше во тревата, нешто ме лажеше бучењето на водата и едно лице со искршен апарат се измолкна од гранките, ми рече само: Виен. Се сеќавам само на тој збор и на ништо друго. Јас не знам француски, а тој молчеше додека се љубевме, прости ми господе и Божја мајко. Се породив со Марија во истражниот затвор. Бев осудена на 10 години за сексуални контакти со странец од непријателска земја. Марија растеше со мајка ми која се обеси на денот кога се вратив од затвор за да ни се разминат судбините. Бидејќи бев песнарија во затворот научив да тажам, а кога излегов на слобода, ја формирав фолклорната група професионални тажачки „Жална Македонија“. Марија ја изгледав со тажење. Ми избега пред девет години. Се заљуби во Абдула и со него ветрот ја одвеа, очи не ми ја виделе, уши не ми ја слушнале. Колку што е моја – толку ќе ја тажам. Колку што е ничија толку нека биде, колку што е од Бога, бог нека ја прости... Ој Марие моја и ничија, што си чедо во сон потонало (Тажачките повторуваат.) На далеку чедо, во туѓа земја, тага голема Роса росит трева никнит горум зелена горица се слистом ставјат, јас немам со кого нигде рода мајке ни роднина Сношти сум мајке сон сонувало дека сме имале куќи високи и дворове широки бесно те куче сретнало, сретнало та те каснало сè лекове да си бараш та да немојш да си наеш послушај ме Маријо на мајка затоври се црна земјо. Свадба прво да ѝ правам. Во невратот не ја давам... AHA: Марие ќерко Марие во затвор што си родено. (Трите тажачки го повторуваат секој стих.) Одделено срце на мајка по патишта по незнајни Сношти сум те мајко сонувало и на сон си мајке ти пеело. Ако умрем да не жалиш да не жалиш да не плачиш да ме земеш во скутеи да ме однесиш на гемија да ме фрлиш во морето. Ке се сторам морска риба ќе ме фатат влакарите влакарите, рибарите ќе ме однесат на нов пазар, ти да излезиш да ме купиш, да ме вариш, да ме печиш, ќе се сторам праф и пепел да ме збериш в ал шамија та да појдиш во градина таму да ме испосеиш, Марие ќерко Марие кај да те сега посеам... ЧЕТВРТА СЦЕНА (Уличен концерт) (Марија свири на сопственото тело. Гола на подвижен кревет, како Венера на рулет испушта рамногласни крикови, живи ноти на нејзината мртва страст.) МАРИЈА: (Пее писмо дo мајка ѝ.) Драга мамо. Да можеш да дојдиш да видиш како во мене се рушат лажните цркви на моето надворешно молчење. Појди во Слојштица, под Црн врв, кај Лефтерија Кочоска, да ти направи амајлија за да ми го чува од силата зла првороденото ми дете, што ниту ти го знаеш, ниту татко му го знае, а тоа ваква каква што сум, поарно мене да не ме знае, како што јас не го знам татко ми. Крај мене тече канализацијата на европската цивилизација, испрати ми горско цвеќе, испрати ми ја копијата на иконата Благовест, испрати се Ти, дојди во книжен коверт, ќе ти умрам мамо рано во недела на Сена – постела, ми недостасува затворот во кој за првпат ме научи на Слобода, мамо испрати ми ја Македонија во конзерва за ран зеленчук. (Доаѓа Папа, императорот на клошарите со голема количка од Еуромарше во која ја носи сета покуќнина на неговиот подвижен Пубела-дворец: алишта, леб, радио, колор-телевизор, рачна машина за свирење, седум пара чевли, огледало, леѓен, вода, тибор за јадење, портабл-тоалет, електричен за вршење нужда на јавно место, фрижидер и црево за туишрање со принцип на цицање вода од Сена.). ПАПА: Бонжур ма шери! МАРИЈА: Бонжур! ПАПА: На кој јазик пееш? МАРИЈА: Пеам на македонски. Оти само на него тајните можам да си ги искажам, а никој не го разбира и ретко кој го признава. ПАПА: Еве јас не го знам а го признавам, ако ти значи тоа нешто. А што дека јас пеам на изабениот француски, сите го разбираат а малку заработувам. Амбилан, амбилан, амбилан, а Пари, а Пари, a Пари... Амбилан, амбилан, амбилан, а Пари, а Пари, a Пари, а Пари.. (Почнува да се растовара.) МАРИЈА: Вие се враќате од некаде? ПАПА: Се враќам од Елисејската палата. Точно е дека се враќам. МАРИЈА: По која чест!? ПАПА: Па како да ви речам... Веќе седма година барам локација за Дворецот на мојата империја... МАРИЈА: He ве разбирам... ПАПА: Па знаеш што пиленце мое, ти си зборувала директно со Бога?... знаеш ли со кого имаш чест? МАРИЈА: Никаква идеја. ПАПА: Јас сум Папа. Император на клошарите со јурисдикција на Стариот континент. (Цица од цревото вода од Сена и се полива од брадата дo петиците.) МАРИЈА: Аншанте д ву конетр! Папа, како слатко звучи. Папа. Папа! ПАПА: Ти која си? МАРИЈА: Марија. ПАПА: Марија имаш исклучителна чест да бидеш поканета на вечера што ќе ти ја приредам во овој миг на лицино место. Чувствувај се империјално, диши слободно, опушти се. (Ја растовара и понатаму количката, Еуромарше.) Ќе ги создадеме сите услови, сè што е потребно ќе биде наше сега и без одлагање. МАРИЈА: Папа, јас не го заслужувам тоа внимание! ПАПА: Инаку, во слободно време јас сум колекционер на женски очи! МАРИЈА: He разбирам... ПАПА: Твоите очи влегуваат во антологијата на мојата пасија! Ако тргнам од Клеопатра преку Сафо и света Тереза, минувајќи преку очите на Есмералда и стигнувајќи до очите на Елеонора Дузе, свечено ги вклучувам во кругот на мојата ригорозна селекција и Твоите очи. (Од реквизитишв отвора шише вино и две чаши во кои налева.) Во чест на твоите очи, непозната Маријо! МАРИЈА: Папа! Папа! Распнати се моите очи одовде до Либан и сама не ги знам за свои! Устата да ти се позлати, Папа! ПАПА: Секој си има свој Либан во себе непозната Марија. Донт вори би хепи. Касни од овој зрел камамбер. Утре сè ќе биде поинаку, ќе влезеш во мојата империја како нова принцеза, во Дворецот што ќе го изградам ти ветувам значајно место, ќе изградам воздушен дворец, ако треба ќе изградам алтернативна Елисејска палата во Сена ќе го навратам Ист Ривер и Тихиот Дон... од кај беше Ти! МАРИЈА: Од северна Византија, јужна Југославија, дел од бивша Македонија. ПАПА: Ако, од кај било! Претпоставувам дека си дојдена со уметничка цел? МАРИЈА: Би можело да се рече. Музичка амбиција. ПАПА: (Ја крева чашата.) Дај Боже Севишен и Семоќен од очите на оваа непозната Марија да истече невиден и нечуен звук, дај Боже да зачне со твојот музички дух и да ја слушне сеопштата тага од мене до Вечноста и назад! Благословена да си ќерко Марија! МАРИЈА: Папа, слушај Папа! Јас го свирам и Моцарт со уста по тело. (Од левата страна креветот е облеан од чудесна светлина. Се појавува Волфганг Амадеус Моцарт од претсмртната фаза.) ВОЛФГАНГ АМАДЕУС МОЦАРТ: (Ја отвора устата од која излегува етида од „Волшебната флејта “.) МАРИЈА: Амадеус, прости ми што те свирам на уста. МОЦАРТ: Тоа не е ништо во споредба со злочинот што на април 1989 е извршен над моето име! Замислете еден век по фрлањето на моето тело во општата гробница за сиромаси, на петтиот канал на француската телевизија беше прикажан череп за кого извесен експерт тврдеше дека е мој! Вложувам остар протест до Европскиот парламент! Има ли друга работа оваа некрофилно имбецилна Европа, освен тоа што врши аукции на супер-структуирани мртовци? Me бараат во непознат гроб, а ме продаваат во интерконтинентални аудио-визуелни аранжмани! Тоа е насилие без преседан! He го давам никому мојот череп! Можеме да разговараме евентуално, за бутната коска! Мадам, моето почитување! He ве познавам, но тоа воопшто не значи дека не би можел да водам љубов со вас! МАРИЈА: Прости ми Моцарт, но твојот череп така еротски прозвучи во мојата самотија... МОЦАРТ: (Ја отвора устата со своја партитура и минува преку креветот на Марија.) МАРИЈА: Абдула, Харун ал Рашид Мој, има ли во Бејрут, во книгите што ги читаш, меѓу редовите бела празнина од која извира моето црно лице, кажи ми Абдула...? (Co количка во која носи огромен камен со длета и чекани околу појасот се појавува Андреј Черноухин.) АНДРЕЈ ЧЕРНОУХИН: He мрдај! Остани во таа положба! За тебе сум дојден во Париз. Од Русија доаѓам Виа Ерусалим. Оддели за мене само еден месец вака како што си: неподвижна, гола и гладна на коленици во истиот кревет. Ке ја уништам, во пепел ќе ја претворам сета моја камена и метална емиграција само за да ја направам единствената скулптура во мојот живот. Нововековна Марија. Ти гарантирам влегување во историјата на Вечноста! (Почнува да работи со чеканите.) МАРИЈА: Ги слушаш ли овие ноти непознат странче. Делкај воздушни ноти во твојот камен. Окована сум во неми ноти, затвори ги очите и слушај како се вее знамето на мојата Вина, што направив јас руски емигранту, пријателе мој, кажи ми како да се откупам од оваа помпејска трговија со моето музичко Не-јас, јас не сум јас, немам инструмент, под мојата кожа се шетаат сирените на мојот личен крвожеден ад, ох каков сладок антички блуд пишува огледалото на мојата вагина, слушаш ли, средоземни црви ројат во мојот мозок над љубовниот гроб, форте, фортисимо! Во Париз сè е мирно и неутешно сум сама. Што има ново во Бејрут? АНДРЕЈ ЧЕРНОУХИН: Од Ерусалим, носам судбоносно важна порака за тебе од Абдула! МАРИЈА: Зборувај!!! АНДРЕЈ: Bo седум црни, метални и блиндирани кутии ти испрати седум уникатни накити чисто злато, да го чуваш до вашата свадба во Бејрут! Кутиите се наоѓаат на улицата Жил Верн 382, кај слепиот моден креатор Јосиф! МАРИЈА: Како е Абдула? АНДРЕЈ: Абдула никогаш не сум го видел. Го видел човекот од Ерусалим што ми рече да ги пренесам овие зборови. МАРИЈА: Абдула, изусти само еден единствен збор што ќе го прелета Средоземното Mope! Изусти го, за да слета на врвот од мојот таен брег, што крвожедно те чека! (Ги испружува рацете кон имагинарниот Абдула и тргнува со подвижниот кревет.) (Влегу-ва непознато дете.) ДЕТЕТО: Be молам до Бога, дали сте ја виделе некаде мајка ми Марија? ПАПА: Jamais de la vie. Никогаш во животот. ПЕТТА СЦЕНА (Рене Реноар доаѓа во ателјто на Јосиф, со мантил во пижами.) (На големата кројачка маса наредени се седум метални кутии.) ЈОСИФ: Кој сте вие? He ce познаваме! (Го допира.) Рене Реноар. Француски воен репортер. РЕНЕ РЕНОАР: И постојан жител на лудницата „Света Ана“, во вечна потрага по производството на смрт на планетава. ЈОСИФ: Доаѓаш од Сараево преку Бејрут! РЕНЕ РЕНОАР: Тоа беше единствениот отворен коридор. ЈОСИФ: (Го намирисува.) Ти си гол со распетлани алишта, а кожата ти мириса на смрт. РЕНЕ РЕНОАР: Се грозам од униформи: И од источни и од западни. Се грозам од петлици и еполети, од футроли и ѕвезди, од опасачи и чизми, од сите видови огнено и студено оружје. ЈОСИФ: Ти си во пижами! РЕНЕ РЕНОАР: Пижамите се единствената облека во која чо-вештвото би требало да не произведува смрт. ЈОСИФ: Зошто доаѓаш кај мене? РЕНЕ РЕНОАР: Во Бејрут, на аеродромот ме пречека еден непознат балкански шиит, по име Абдула. Ми рече да го пронајдам најголемиот моден креатор во Париз. Условот е да биде слеп. Според информациите што ги поседувам во Душевната болница „Света Ана“ ти си единствениот. Затоа дојов кај тебе. ЈОСИФ: Каква е оваа шиитска инвазија од страна на Либан во моето ателје. Утрово ми донесоа седум кутии од кои ми шетаат морници, а сега ти го бараш креаторот во мене. Што треба да шијам. РЕНЕ РЕНОАР: (Ја става актчантата на масата.) Овде има петстотини и дваесет илјади долари. До полноќ да ја пронајдеш Марија, да ѝ земеш мера, да купиш дванаесет илјади метри најскапа свила од Тибет, од Кјото, од Бомбај, од Багдад... да ѝ направиш венчален фустан што ќе личи од лево на црква од десно на џамија, со прсти да не ја допреш со игла да не го шиеш. Утре на пладне ќе дојде човек за да ја води на свадба во Бејрут. Ќе го донесеш фустанот на аеродромот Орли, зона 2, излез 8, во 11 часот и 45 минути. ЈОСИФ: Инвестиција од петстотини и дваесет илјади за фустан, а вие доаѓате од градови во кои е започнат светскиот пекол. Мислевте ли во воздушниот коридор Бејрут-Сараево кој ќе ги заштити децата што секојдневно умираат со очи свртени кон спасот што го нема. РЕНЕ РЕНОАР: Моден креаторе, молк! Јас лично сум подалеку од трагичната вистина за светот во нас и надвор од нас. И немојте вие, што седите во модните салони и ги шиете богатствата и развратот на крвавата тиранија на парите, што се проповеда како нов светски политички поредок и партнерство за мир, да ми кажувате како умираат децата во светот. Значи повторувам: без очи, без игла и без допир. До утре на пладне. ЈОСИФ: И устата ти мириса на смрт! РЕНЕ РЕНОАР: Ако преостане нешто, за да не ти мириса на смрт мојава кожа и мојава уста во која сум известувал од перманентниот воен пекол од Централна Америка до Блискиот Исток и до Индокина и Бал-канот од каде сега се враќам, сошиј ми фрак и донеси ro на аеродромот, ќе дојдам гол за да го облечам. Имам посебна причина од интимен карактер! (Тргнува да излегува. Се сретнува со Марија која влегува како фурија во потрага по свадбениот накит. Застануваат неколку мигови и се гледаат..) РЕНЕ РЕНОАР: Madame, j'ai l'impresion de connaitre de quelque part? МАРИЈА: (Го гледа.) Је ne crois pas. Au revoir. МАРИЈА: (Озарено тргнува кон масата.) Ова ли се кутиите со свадбениот накит? ЈОСИФ: Марија, Зошто сите пратки, сите љубовни пораки и свадбени дарови минуваат преку мене жив. Тоа ли е Божјата казна за мојата света и возвишена љубов кон Тебе и кон Твоето непознато дете? Моето понижување нема крај. Човеков во пижами ми донесе петстотини и дваесет долари да ти сошијам фустан, како да ги потрошам, единствена светлино во мојот вечен мрак? МАРИЈА: Јосифе најмил мој, Јосифе, сестро, ќе купиш двесте метри чешлан кашмир и седумстотини и дваесет метри кинеска свила рачна изработка од Лион, ќе купиш двесте парчиња визон. Ќе купиш 17 сантиметри златен султански превез од Константинопол, ќе одјаваш на обосен коњ. Ќе се качиш на првата вечерна ѕвезда и ќе појдеш во Азербејџан за да го донесиш бисерот-брош на принцезата Наби, од таму ќе завртиш на Даблин ќе го најдеш гробот на госпоѓата Мод Гон, ќе го откопаш и ќе го земеш волшебното огледало што ѝ стои меѓу градите. Кога ќе стигнеш во подземните депоа во Кремљ, ќе го побараш појасот на Катерина Велика што стоел врзан околу нејзиниот папок додека нејзините љубовници паѓале мртви пред нејзината моќ. Во Фиренца, во еден ефтин ресторан вo предградието ќе дојде Бока-чио Адимари и ќе ти донесе гаќи, што не ги облекла неговата мртва невеста со 329 детали од Библијата везани на рака во Етиопија од 7 000 робови. Ќе ги земеш. Треба да внимаваш, на врвот од брегот има смарагд кој стоел на врвот од фалусот на Марко Антоние. Ќе појдеш во Македонија и ќе земеш седум лакти копринено платно... ЈОСИФ: (Додека Марија говори Јосиф ѝ зема мерка.) МАРИЈА: Ќе го пронајдеш цветното гушаре што го носела принцезата Косара ќерка на ослепениот Цар Самоил и змија отровница што и го украла од ковчегот, и ќе го донесеш втиснатиот орнамент на челото на Семирамида, од Египет ќе донесеш 126 петлици, ќе поминеш преку Петерсбург и ќе ја донесеш златната белгзија на Вера Пављадолскаја и од таму ќе дојдеш во затворот Штамхајм во Западна Германија за да ги донесеш белите нараквици со кои се задави Урлике Мајнхоф... (Mepu со сите кројачки реквизити.) 17, 22,13, 27, 38,167, 53, 330... МАРИЈА: Ќе се вратиш и ќе го направиш тој фустан-храм за да го облечиш моето тело, мојата душа, мојата сенка... пред да ме заколат во Париз и пред да ме венчаат во Бејрут... облечи ме во црква-ден и црква ноќ, скриј ме некаде, безгрешен Јосифе мој, сошиј ми небо, кое ќе го допрам со врвот на усните, до кое ќе се вознесам во бестежинска состојба, во прашинка невидлива за ничии очи како што сум за твоите, сега и секогаш и во вечни векови... ЈОСИФ: Од првата кутија нешто капна врз црната свила. По мирисот не можам да откријам што е! МАРИЈА: Отворај една по една! ЈОСИФ: (Отворајќи ги.) Во првата има дамаски прстен. (Марија ја подава раката.) Во втората има багдадски смарагд. (Марија го подава вратот.) Во третата има Баалбек бесценет брош. (Марија ја подава градата.) Во четвртата има белегзија од Газа и Ерихон, (Маријаја подава другата рака.) Во петтата има персиски гушник со бисери од Мртвото Mope. (Марија го подава вратот.) Bo шестата има либанска дијадема од бело злато. МАРИЈА: (Озарена од радост ги впива кутиите во себе). Абдула мој, зошто толку злато, свет војнику мој, телото ми излинеа и не си го знам за свое, а душата ми е заклучена во твоето пеколно врело срце, Абдула мој зошто за мене злато, во катран сум за да ме удавиш, во жива сода сапун да ме свариш, не требало ништо, зошто си се трошел света далечино моја... ЈОСИФ: (Ја отвора седмата кутија.) Во седмата има... (Ја вади пресечената лева рака од Абдула со бенката на глуждот и и ја подава на Марија.) МАРИЈА: (Крикнува и паѓа на аодот.) Абдула!!! (Почнува да рида.) Абдула, во ништо не верувам, ништо што е твое не е мртво. Јас бев оваа бенка-црно око... бегај лажно послание од Бејрут, бегај витосај се... Јосифе, сестро, што значи на сон бело да белиш а црно да носиш... ЈОСИФ: Марија, љубов моја, значи на јаве во бело да пееш, значи на јаве црно да закопуваш, значи на јаве мене да ме сретниш (ги вади очилата) од моиве очни длапки бистра вода да пиеш, од моиве живи прсти, божји рани да носиш (ѝ ги закопува прстите во слабините) значи на јаве, моево од мрак сошиено срце да ти ги плете косите во свадбен венец, моиве заби да шетаат по твоите тајни лавиринти, моиве усни да цицаат светлина од твоите диво расцветани брадавици, значи на јаве да ја родиш пламената кап-ка која ќе го излечи твоето горешто тело, значи на јаве по пат да одиш а за пат да прашуваш, значи на јаве да ти сошијам невестинска риза со која ќе се појавиш на модниот есенски салон на Елисејските полиња, значи на јаве да не те гледам а да ја слушам твојата античка тага, бесплатна проститутке што никогаш нема да те видам зашто сиот мрак го излеав во недопирлива светлост од која дрочат моите вечно темни очи... Марија, љубов моја! Мајко на моето непознато дете, те заколнувам во него, донеси ми го само еднаш да го погалам по косата; и земјата ќе ти ја сошијам од вратот до утробата; донеси го на прва и последна вечер, пред да ве одведат на таа свадба, на тој закоп, за да му кажам само еден збор; збор светлина и збор надеж што го кријам во ковчегот на мојата вечна ноќ! (Марија рида над пресечената рака од Абдула). ШЕСТА СЦЕНА (Марија трча со пресечената рака на Абдула по париските улици.) МАРИЈА: Направете ми воздушен кревет. Ставете ги вашите дланки во празнината што ја дишам. Завиткајте ме во црниов мантил, во нигде ѕирка, во нигде проѕирка, еве го слушам Божјиот глас го чувствувам тоа меко череп-сонце што ми свети во утробава, Тој обилно ќе ви врати. Тој го гледа секој мој чекор, Тој ја слуша секоја моја болка, Toj e во сè невидливо и видливо што ме окружува мене... Toj e толку Тој што никој друг не може да биде... Тој има сè a jac немам ништо освен него... Тој не е овде, но тој ќе се врати... Кон кого да прибегнам ако не кон тебе Царица небеска. Кој ќе го чуе мојот плач, кој ќе ги прими моите воздишки ако не ти, Пречиста, засолниште, покров, утеха и заштита, о Мајко на мојот Бог, помогни ми мене, беспомошната, што поради телесните страсти со срцето боледувам. Бурата на моите гревови, кои како огнени црви ме печат смири ја и нивниот пламен изгасни го! Исполни го пречиста со радост моето срце, просвети ме со светлоста на Мојот син! He надевајќи се во човечка заштита, Ти припаѓам само Тебе, пресвета владичице на Светот! Избави ме и мене, Надеж! (Bo дрочна свешлост што избива само од нејзините очи и само во нив се појавува Непознатото сете во искинатата божја пелерина како ранета „Витлеемска ѕвезда“ на нејзиниот „хоризонт“.) НЕПОЗНАТО ДЕТЕ: Спиеш ли мила моја мајко или си будна? МАРИЈА: Премили сине мој, еве, само што не сум задремала и... сонив страшен сон! НЕПОЗНАТО ДЕТЕ: (Молчи.) МАРИЈА: Лицето и телото Ти беа во рани и со крв облеани а на главата ти ставија венец од трње. Гледам a Тебе жолчка ти даваат да пиеш, со копје ти ги прободеа ребрата а од раните потече крв и вода. На земјата настана темнина од шестиот до деветтиот час. Ти стана од мртвите, слезе во адот и ја разурна пеколната врата. Тогаш сите народи доаѓаа кај Тебе за да ти се поклонат и слават. Ти седиш на царски престол и сите ги даруваш со некој необичен леб и вино. Тој леб го држиш во рацете како Свое тело и кршејќи го, го раздаваш на светот. А течеше крв... НЕПОЗНАТО ДЕТЕ: Пресвета Мајко Моја! Сè што си сонила ќе се изврши со Мене! Навистина, навистина ти велам! (Исчезнува) (Co нем крик ги шири рацете кон Детето-Ѕвезда) ЈОСИФ: (Се движи сам низ светош и ја бара.) „Има едно место каде нема ни вода ни земја ни оган ни воздух ни бескраен простор ни бескрајно сознание, каде нема ништо забележливо и ништо незабележливо, каде го нема овој свет, ни оној свет, каде нема ни сонце ни месечина. Го викам тоа место, да не одиш, да не дојдеш, да не бидеш, да те нема, место каде што ништо не се создава и ништо не се менува и ништо нема своја причина. Крајот на бол-ката, го викам тоа место! (Марија се самоубива со раката од Абдула.) СЕДМА СЦЕНА (Помирениот Јосиф и посветениот Абдула.) (Во илегалното ателје на модниот креатор Јосиф на улицата ,, Жил Верн “ голема кројачка маса окружена со голи и облечени женски модели. Co ножици во рацете тој сече големо парче црна свила, барајќи ја изгубената трага.) (Во беспрекорен темно-cuв костум, со акт-чанта и стилски чадор, со црни очила, влегува Абдула.) ЈОСИФ: (Стаписан од страв.) Аааабббдддууууллла...! Абдула! Абдула! Абдула??? Зарем не си убиен вчера, и зарем твоето тело не е фрлено во Реката на кучето, и зарем твојата рака не беше испратена во седмата кутија од свадбениот накит. АБДУЛА: Кој е овде Јосиф? ЈОСИФ: Никој. АБДУЛА: Значи ти си! АБДУЛА: Во мојот Иклас и во мојот Ихсен, во борба сум против самиот себеси на Божјиот пат, што ќе рече ал џихад ал ахбар. Точно е дека бев фрлен во Кучешката река, но се уште не беше стигнат Ал Хаср, Судниот ден. Стигната беше, само Шестата американска флота која нема ништо заедничко со Судниот ден. Оваа рака што ја немам ја пресеков за Марија да знае што е љубов. Точка по тоа прашање. Абдула сум и жив сум. Каде е Таа? ЈОСИФ: Марија се самоуби во нејзината мансарда на Монмартр. Твојата рака и стоеше над мртвите очи. Беше пронајдена гола во искршениот клавир на кој не свиреше од кога разбра за твојата смрт. Единствена непријатна околност е тоа што ти си жив, а таа те знаеше за мртов. Жалам. Детето има обезбедено иднина во домот „Огист Бланки“. Погребот е закажан за утре. Меѓународниот црвен крст во соработка со Интерпол има обезбедено присуство на нејзините изгубени родители. Ќе дојде мајка ѝ од Македонија и татко ѝ од душевната болница „Света Ана“. Жалам. АБДУЛА: Жалиш што сум жив, или што не сум мртов? ЈОСИФ: Абдула извини на израз, дали си сигурен дека сити? АБДУЛА: Немам ништо против вашиот погреб во Париз, но јас имам закажано свадба во Бејрут! Фустанот што ти е платен да биде утре на пладне кај што ти е речено! (Заминува.) OCMA СЦЕНА ПРВО ЧУДО Eд Ал Фитр – последен ден од тешкиот Рамадански пост. Светиот војник Абдула води интимен разговор со аеродромот Орли. АБДУЛА: Аеродроме Орли, ме познаваш ли? АЕРОДРОМОТ ОРЛИ: (Молчи. Од неговиот молк полетуваат и слетуваат авионите-спомени во раскинатата меморија на светиот војник.) АБДУЛА: Аеродроме Орли, се сеќаваш ли што ми рече Таа, овде на твојата писта, во твоите воздушни порти од кои започна мојот Улема и моето враќање кон Бога. Се сеќаваш на Марија, Аеродроме Орли, која ми рече: ќе те чекам Абдула до смрт, како Кадија што го чекаше Пророкот од сите прогонства до Мека и Медина, ќе те чекам како Хафса што ги чуваше Коранските стихови во зениците на своите суви солзи, ќе те чекам Абдула и од овде ќе тргнеме во нов љубовен поход кон Сирија и Египет преку Андалузија до Бејрут и од таму до Калкута... Зошто молчиш Аеродроме Орли? АЕРОДРОМОТ ОРЛИ: (Молчи. На неговата компјутерска интерфонија и телескопија се појавуваат и објавуваат 326 летови во сите можни правци.) АБДУЛА: Аеродроме, дали си ја видел оттогаш? АЕРОДРОМОТ ОРЛИ: (Молчи.) АБДУЛА: Како? Одговори безлично чудовиште на меѓународното воздушно лудило, одговори кога ти се вели! АЕРОДРОМОТ ОРЛИ: (Молчи.) АБДУЛА: He одговараш? Молчиш? Кукавица си? He ме гледаш? Јас те гледам? Одговори! Толку сум жеден во овој проколнат европски Рамадан што можам да те испијам на екс. Нека напише твојот ревијален и порнографски печат: Аеродромот Орли е испиен на екс од еден неидентификуван Балкански Шиит. Молчиш!!! Ќе те потсетам. Пред девет години таа ме испрати од овде, за Бејрут. Знае со уста да го свири Моцарт...? Знае да пее и мртовец да разбуди од длабок сон...? Знае на чиј повик тргнав во Јужен Бејрут во Баалбек и Бекаа, знае зошто треба да биде спречен егзодусот на шиитскиот пролетаријат, знае зошто ги сонував во една ноќ 2 500 мртви Палестинци и 800 христијани во нејзината мала мансарда на Монмартр, знае зошто во бегалските логори составот на терористите е мешовит од Јапонци, Германци, Јужно Американци, Пакистанци, Либијци и други знае зошто израелскиот масакр од 24 јуни 1981 беше наречен Мир за Галилеја и знае зошто на 6 јуни 1982 година умреа единаесет илјади и осумстотини и четириесет деца... не ја познаваш? Денес твоите редовни линии на Пан Ам, Квантас и Ер Франс, Париз-Њујорк, Париз-Лос Ангелес и Париз-Монтреал ќе се случи извесна непријатна појава. Имено, токму над централната изохипса над Атлантикот именуваните линии во еден миг ќе престанат да функционираат заедно со среќните 742 патници кон овие клучни точки на западниот разврат. Само 21 грам од последниот хит експлозив од чешко потекло. По 7 грама во три различни фризури во назначените правци. Твоите строги аеродромски контроли се уште не вклучуваат миење глава. Јасно. Од моето заминување во Бејрут до денес има точно 112 000 мртви. Денес на Атлантикот во трите лета, според бројот на чекираните патници ќе загинат само 742. Колку има до 112 000.112 000 наспроти 742. Дојден сум во Европа за да изедначам! Се Сеќаваш ли сега на мојата Марија Аеродроме Орли! АЕРОДРОМОТ ОРЛИ: (Молчи. Морничави полетувања од неговата жешка писта.) АБДУЛА: Уште колку има до зајдисонце, рамнодушен аеродроме? Уште колку? И никој не ја познава во овој град? Уште што не отидов во Матињон или во Елисејската палата за да побарам дополнителни информации. He може никој друг, освен слепиот креатор и едно до смрт исплашено непознато дете од домот за сираци „Огист Бланки“, да не ја познава! Невозможно! Слепецот вели дека ќе ја закопува денес, a jac треба да ја водам на свадба утре. Орли, уште колку има до зајдисонце? Ќе пијам воздух шетајќи по твојот нервен систем Аеродроме, трагичен пријателе мој и ќе најдам меѓу твоите намерни патници два случајни сведока кои се затекнаа овде, на денот на моето заминување да кажат што рече и пред кого рече мојата Марија што ја избрав меѓу сите жени на светот? (Полетуваат 326 авиони. Одеднаш тој легнува на имагинарната писта, запирајќи го летот во сите правци. Од длабочината на неговата рамаданска жед излегува Марија облечена во црн оклопен стил а ла Хомеини. И се гледаат само очите) АБДУЛА: Сестро, застани, само еден збор да ти речам. Сестро... Каде со Господ? МАРИЈА: Утрово, токму на Ед ал фитр, последниот ден на Рамаданскиот пост ми телефорнираа од Бејрут дека е исечено на парчиња пред редакцијата на весникот Ориан л Жур телото на мојот маж, мојот улема Абдула, синот Мехмедов, македонски муслиман, конвертиран балкански шиит и светски дух. Ке одам да го закопам. АБДУЛА: Јас не сум тој, ова сум јас! Бисмиллахи рахмани рахим!!! Бисмилахи рах-манирахим!!! (Паѓа на колена пред Марија.) Марија, Марија, Марија!!! Me слушаш ли Марија? Тргнуваме одовде за Бејрут веднаш, во овој миг! Закажана е свадбата, нарачан ти е фустанот и сплетен ти е венецот, нарачан е оркестарот – мртовци ќе свират, а живи ќе пеат. Исус ќе дојде од Голгота, а Мохамед од Мека, Буда изрезбан во дрво, ќе дојдат сириски генерали и американски заложници, француски новинари и македонски мајки, ќе дојдат и ирански претставници, сунити и шиити, ќе дојдат еврејски левичари и деца од триесет и шест религии за да ни пејат. Марија моја ти дојдов, ти се вратив, тргнуваме веднаш! (Марија се враќа кон небото.) Аеродроме Орли, тој не е тој, тоа сум јас! ДЕВЕТТА СЦЕНА ВТОРО ЧУДО (Детето дотрчува во ателјето на Јосиф.) ЈОСИФ: Што бараш овде? Зошто бегаш од домот за сираци „Огист Бланки“? НЕПОЗНАТОТО ДЕТЕ: Денес на пладне дојде човекот од Бејрут. Ми рече дека тој ми е татко. Ја бараше мајка ми. Ми рече дека ќе ѝ ги извади внатрешните органи, ќе ѝ ја одере кожата и дека коските ќе ѝ ги оддели од месото што ќе остане. Ми рече дека ќе ја спакува во седум црни вреќи и дека ќе ја фрли во Сена. Ми рече дека сета вода на светот не може да го измие нејзиниот грев. Јас му реков господине, сигурно имате грешка, мојата мајка е музички емигрант и невработена интелектуалка. Господине, имате можеби погрешна адреса? ЈОСИФ: И тој? НЕПОЗНАТОТО ДЕТЕ: Тој ми ја стегна главата со двете раце, потоа почна да изговара зборови што не ги разбирам, ми ги пушти образите ги крена рацете кон небото и долго се молеше. На заминување не ме погледна. Cera кого имам јас на овој свет. Боже, Боже, зошто ме остави? ЈОСИФ: Сега ме имаш само мене. Никого и никаде немаш. Отсега ќе живееш со мене. Ќе ме водиш по патиштата на оваа компромитирана планета, ќе ги одбираш сите бои на сите платна од кои ѝ сошив фустан на твојата мајка, ќе ја жалиме со креација, зашто таа не беше слична со никого и заслужува да биде оплакувана како никој. Јас не можам да плачам. Суви ми се очите. Ти ќе плачеш за мене. Јас ќе имам заробени очи во твоето срце ти ќе имаш слеп и верен татко во мојата тага. Ќе навикнеш да спиеш простум бидејќи во векот на твојот иден помин, а пред Апокалипсата, ќе нема место за сите што ќе сакаат да живеат на оваа колната елипса. Тргнуваме! (Пред детето и пред Јосиф, пред фустанот и пред фракот се отвора Аеродромот.) (,,Жална Македонија“ слетува на пистата на Орли.) ТАЖАЧКИТЕ: Ој Марија една ти на мајка. Слушни мајче што ќе ми ти кажам. Ноќ е мајче над Македонија. Македонија е мајче во гроб положена. Уште земја над неа што не е фрлена. Име наше мајче потоморено. Срце наше мајче за гробнина. Очи наши мајче за непроглед. Зборој наши мајче за во ветар. Душа наша мајче црно знамение! (Додека тажачките пеат Јосиф и Детето го облекуваат во фрак Рене Реноар.) (Рене Реноар тргнува во пресрет на Ана Божигропска.) AHA БОЖИГРОПСКА: Човеку што те гледам, дали ти ме гледаш мене и дали си ти тој што го барам? РЕНЕ РЕНОАР: Госпоѓо Ана, јас што цел живот известувам од центарот на светот, од центарот на смртта, не знаев дека од нас се родил живот! AHA БОЖИГРОПСКА: (Го гледа долго, со поглед што умира во нејзините очи.) Да можев да те разберам и да умрам да не жалам. РЕНЕ РЕНОАР: Зборувај, те разбирам со очи! AHA БОЖИГРОПСКА: Во затворот те сонував и ден и ноќ. Пред да се породам, на самиот ден, ја сонував твојата десна рака, која ми го погали челото, ми ја избриша потта и ти ги видов прстите расцветани во ветер како летаат како глуварчиња... (покажува со раката) еве вака. Се породив во присуство на еден затворски стражар кој ми беше доделен за деноноќна придружба. Мислеа дека ќе избегам. А немаше кај да се бега. Утро-вечер на глас пеев молитви до бога, a беше време на црн комунизам. Им ги копаа очите на светците по македонските цркви и манастири. Го осудија да лежи в затвор и Бог во мене и Бог над мене. Чупето ми го зедоа. Марија растеше во затворскиот дом, a jac те сонував без да знам ни кој си, ни што си, ни од кај си. РЕНЕ РЕНОАР: Марија не ја видов жива. Ама Господ само мене ме виде во црната толпа во Бејрут и преку мене го нарача нејзиниот венчален фустан. Имам една молба до тебе! Заедно, ти и јас, во овој суден час, да ја облечеме нашата неутешна Божица! AHA БОЖИГРОПСКА: (Приоѓа полека, ги подава рацете.) Виен...!?? РЕНЕ РЕНОАР: Виен? AHA БОЖИГРОПСКА: Виен? РЕНЕ РЕНОАР: Виен? AHA БОЖИГРОПСКА: Виен? РЕНЕ РЕНОАР: Кога стигна ти овде како наеднаш да се промени пејзажот во оваа болна од изобилие Западна Европа и како да ги изговорам единствените проклети зборови што овде имаат значење: Што сакаш да ти купам света Ано? AHA БОЖИГРОПСКА: Боже мој, боже дали да му речам или да не му велам, дали да отворам уста или да ја заклучам со девет брави. Купи ми игла за крпење на душа, искината е, сторена е парам-парче, купи ми игла за крпење на душа. (Се појавува Марија прешворена во улична продавачка на душа.) МАРИЈА: Кантикум новум, вита нова! Кантикум новум вита нова! Странче што минуваш покрај мојов жив гроб застани и види што се продава овде: Кантикум новум, вита нова! Овде и никаде на друго место! Сега и никогаш повеќе! Свежа штотуку откината од мене! Ја продавам мојата душа! Дванесет различни изданија на мојата душа во дванаесет различни соништа сонувани во еден летечки кревет што pee над Индо-Европа. Кантикум новум, вита нова. Навали народе, продавам вересија. Продавам без пари. Бесплатно е, свежо, проверено, без пестициди, без полуција, без радиоактивни наслаги. Секоја вреќичка кореспондира со времето во кое можеш да отпатуваш. Значи мојата душа во дванаесет изданија. Камено издание. Содржината не ја откривам, железно, античко, римско, паганско, византиско, кинеско. Јапонско. Натја-Шастра издание. Турско издание, турска душа. Десетто издание, галска душа, пардон, единаесетто, и на крајот дванаесетто издание, словенско, последно, словенска душа. Странци, минувачи, овдешни луѓе, Кантикум новум, вита нова, застанете, купете си едно парче душа, цивилизациско покритие. Видете ја мојата стока, никој не купува соништа во овој град! Ќе ја спуштам цената, ќе ги пуштам на распродажба, ќе ви ги подарам, застанете, секој сон мириса на непознато цвеќе, секој има завиткан пепел од предпотопските птици на Индо-Европа, кожа не можете да смените, сменете си душа, трансплатација на душа, сега и никогаш повеќе овде и никаде на друго место. Кантикум новум, вита нова! (Поворката минува и никој не ја познава Марија.) НЕПОЗНАТОТО ДЕТЕ: (Застанува.) Госпоѓо продавате ли душа од мајка? МАРИЈА: Се потроши пиле. Сè можеш да купиш само мајка не се купува. (Марија се враќа на небото.) ЈОСИФ: Слушај Марија, љубов моја кој се не дојде да те побара во моето срце, дојди и спореди ја желбата да бидеш видена од оние што мислеле дека те гледаат, со желбата на оној што никогаш не можел да те види! (Паѓа на колена.) (Сите заминуваат освен детето). ДЕСЕТТА СЦЕНА Нартекс (Светиот војник Абдула во мрачните коридори на париските катакомби спроведува пеколна истрага над меѓународните заложници во врска со неговата единствена љубов – Марија) АБДУЛА: Колку време ја познаваш Марија? АНДРЕЈ: Никој толку добро не ја запознал гола, колку мене. Беше единствениот човек на земјината површина кој верува во мојата уметничка иднина. Кога доаѓаше да се соблекува во моите провизорни ателјеа за да ми позира го чувствував мирисот на нејзините клиенти, ги чувствував разнобојните раце кои ја гмечеле таа потрошна нежност, ја гледав како се тресе слеана со црните париски дождови што капеа од нејзиното лице, јас сакав да ја овековечам во камен, а таа беше само за акварел, јас не знам да сликам акварел, а таа никако не влегуваше во камен. Еднаш направив камена интервенција во нејзиното живо тело сакав да ја соѕидам во камен, но ми се рушеа ѕидовите, таа не беше за во ѕидови, таа беше птица, a jac не знам да скаменувам птици. АБДУЛА: Кога последен пат ja виде Марија? МОЦАРТ: Бев сведок на нејзиниот последен нервен слом кога сакаше да го задави нејзиниот сопствен син и кога му велеше стегајќи го со сопствените канџи, бегај во Бејрут кај твојот мртов татко, да не те гледам пред очи, јас немам ништо, ти не си мој ти си негов, заврши ги тие крвави универзитети, верувај во сто религии само во луѓе не верувај, сине мој, копиле мое... АБДУЛА: Вие, што имате да додадете? ПАПА: Ја видов за последен пат во петокот попладне на Мостот на уметностите. Ми умре в раце. Тоа е седмиот човек а првата жена што ми умре во овие раце кои наскоро, заедно со прославата на двестегодишнината од Француската револуција ќе го прослават и својот педесетгодишен клошарски јубилеј. Бездетен сум а сите ме викаат Папа, но, начинот на кој што Марија ме викаше пaпa e неповторлив. Ја завиткав во еден црн мантил што го најдов на авенијата Клебер, ништо немаше под мантилот, беше сосем гола. Кога го положував нејзиното тело, како илјади грла, како цел Париз, како цела Индо-Европа, нејзиниот омилен континент, да, викаше Папа, Папа, Папа, Папа, Папа. Од кога ја закопав, не сум ја видел, но не ја исклучувам можноста да се врати, многу тага остави на земјава за да може да не се врати. Верувам дека ќе се врати. Ќе застане на едно место, ќе биде неподвижна, ќе има лице од душа и на тоа лице, на таа душа, ќе подигнам Црква на новата светска сиромаштија. Ако сакаш (му се обраќа на Абдула) можеш да дадеш доброволен прилог. АБДУЛА: Молк! Молк! Белосветски ѓубриња, молк аеродроме, молк, писти и привиденија, усти, јавни тоалети, смрдат на смрт вашите зборови, се гадам од вашите зборови, сè што слушнав ми се лепи на кожава. (Им ги покрива главите со црни вреќи за ѓубре во кругот во кој е затворен.) Дванаесет милиони жители на овој град ќе ги спакувам во вреќи за ѓубре и сите ќе ги исфрлам во Реката на кучето во Бејрут, ќе направам Црна свадба, ќе подигнам во воздух триста дваесет и седум летови на ден, никој ништо не знае за мојата Марија, таа не е таа, таа е друга, а тој што треба да ја бара не е никој друг тоа сум јас... Ако не е жива таа, Бог засекогаш е мртов. (Паѓа на коленици во молитва.) Аллах, Аллах, Аааллллах! (Останува сам во кругот.) ЕДИНАЕСЕТТА СЦЕНА ТРЕТО ЧУДО Отворање на срцето (Светиот војник Абдула од црната вреќа вади голем нож и карта на Париз, завиткана во ролна. Почнува да го точи ножот) (Од длабочината ликот на Марија почнува да свети.) МАРИЈА: Абдула... Ти си мртов... во Бејрут... АБДУЛА: He во Бејрут, во една жива смрт јас живеам мртов живот и дојден сум да те колам! МАРИЈА: Убиена сум од љубов кон тебе... Од таква љубов, што лишува и од живот и од смрт. Сè е завршено, Абдула освен љубовта... АБДУЛА: (Го точи ножот.) Десет години од Ал џихад до Ал ахбар, од Улема до Баалбек, ништо не научив во старите исламски книги освен твојот лик, мојата скришна црква во која се молев пет пати на ден, клекнат на коленици и вљубен во земјата што беше ти, сега дојдов да завршам со тебе да те закопам во земјата Безбожна и Невиделија... Me гледаш? МАРИЈА: He те гледам, те дишам. АБДУЛА: Ако ме дишиш ќе ти го отворам срцето, и ќе видиш што криеш внатре! (Го точи ножот.) МАРИЈА: Внатре кријам огледало во кое си само Ти. АБДУЛА: Ако го најдам моето око во твоето срце и него ќе го издробам на ситно никогаш да не те видеше! МАРИЈА: Нема Бог надвор од Бога. И колку што е вистина тоа, толку ќе се разлее мојата крв пред да се угасни мојата вечна жед, за тебе Абдула. АБДУЛА: Демону што се криеш во таа гнасна уста, стани Бог. МАРИЈА: Ништо друго нема да ти каже устата што не е гнасна, а света е колку сите години во кои те чекам да се вратиш од Бејрут. АБДУЛА: Знам сè, знам сè одвратна Венеро на рулет, знам колку вреди црната трговија на твоето тело, колку чедоморства истекле пo париската канализација предизвикани од твојата света верност, толку знам што земјава не ме бери пред да те помножам со смрт. МАРИЈА: Смртта веќе стави крај на таа смешна несреќа во која веруваш, Абдула мој. Животот трепери пред смртта како што трепери ова сè уште неотворено срце пред твојата љубов слушајќи ја заканата за својот крај. Ништо не беше мојот крај наспроти силата на мојот копнеж од катедралата Нотр Дам до Реката на кучето во која слушнав дека било фрлено твоето мртво тело... (Ги става рацете на неговото чело.) АБДУЛА: Молк, Марија. (Го подига ножот кон неа.) Молк, не разбудувај ја љубовта зошто ќе умре во мене Моето Јас – тој мрачен деспот што дојде да го отвори твоето срце и да го покрие со ноќ... (Раката со ножот му паѓа и тој почнува да ги кине алиштата од неа.) МАРИЈА: Абдула мој... влегувај во мене, сосе сиот Бејрут што го носиш во здивот... АБДУЛА: Биссмиллахи рахмани рахим. (Ја положува на картата на Париз.) МАРИЈА: Бисмиллахи! АБДУЛА: Ќе те љубам пред да ти ги одвртам сите внатрешни органи, зашто пророкот ги сакаше жените како што пишува во Фокус ал Никам, бидејќи тие беа пасивот на неговиот свет акт, бидејќи тие беа универзалната природа, како што си ти мојот пачавра пасиф, мојот проститука пасиф, мојот изгнасено возвишен пасиф... МАРИЈА: Абдула, Абдула! Абдула! Абудла! Каде си... Абдула ти ли си во мене... АБДУЛА: Бибмиллахи рахмани рахим! (Во занесен крик.) МАРИЈА: Абдула кога ќе си дојдеш...? АБДУЛА: Ал амр ал химам... Бисмиллахи... (Венчалниот фустан се спушта од небото.) (Co стап во рацете од длабочината на ателјето меѓу облечените и голите модели се движи слепиот Јосиф.) (Рене и Ана ја облекуваат голата Марија со венчалниот фустан. Процесија со сите сведоци.) РЕНЕ РЕНОАР: Мртви текстови мои од пожолтените лисја на француските весници воениот дописник Рене Реноар ве моли, не прогонувајте го. Тој веќе никаде нема да влегува, а излезен е од историјата доброволно, зборови што траете еден ден во сите мои пеколни денови од политичката лудница на овој век, угаснете, потоморете сè, разнесете сè над водната шир по која тагува мојата адски испишана, за ништо душа, тексту мој, претворен во жена и во ќерка, смилувај се, не влегувај ми во неодредената точка ќе те приведе мојата тајна душевна полиција, моите приватни гробари што со насмеани лица ме закопуваат дваесет години. (Сака да замине.) МАРИЈА: Рене Реноар, биди ми татко барем оваа ноќ! Земи ме во твојот азил за да ти бидам жива неодредена точка, јас не сум твој текст, јас сум твоја музичка ќерка од оние краишта во чија близина е родено Првото девојче со име Европа, љубимица на Минос, чија прва играчка ѝ бил Лавиринтот, не сум твој текст Рене, во бескрајна бездна тонам, немам ништо во мене, без документ, без пасош, без нација. He пуштај ме во смрт еднодневен, едноноќен татко мој и кажи ми колку има одовде до Либан, од мене до тебе, од македонските тажачки на Ана Божигропска до твојата француска внатрешна емиграција! Слушни ме Рене Реноар! (Почнува да пее.) „Очите да ми паралдисаат, сонцето да не го гледам...“ РЕНЕ РЕНОАР: (Се враќа неколку чекори.) Рековте дека сонцето е дојдено во Душевната болница? He. Овде се продава само мрак во епрувети. ДВАНАЕСЕТТА СЦЕНА ПОСЛЕДНОТО ЧУДО HA HOBATA БОГОРОДИЦА: СВАДБА BO БЕЈРУТ (Ha пустиот бејрутски аеродром, додека одекнуваат мултитрадиционални инструменти, со ангелски крилја се појавува Непознатото дете) НЕПОЗНАТОТО ДЕТЕ: Господо, безбожни народи, луѓе убијци, војници, мајки, жени и деца, денеска на Бејрутскиот аеродром ги венчавам мојот мртов татко и мојата мртва мајка и звукот на сите верски храмови нека одекнува во мојата радост. (Од двете страни на неговото пеење се појавуваат Марија и Абдула.) Ги венчавам на Левант во присуство на слепиот сведок Јосиф во оваа Земја на сите прогонети (се појавува Рене Реноар со својата бричена глава) во која Ориент треба да се прегрне со Оксидент (се појавуваат Ана Божигропска и професионалните тажачки). Сега и секогаш и во вечни векови. Младенци доближете се! Подајте ми ги вашите раце, родители мои! (Одекнува свечената химна на Венчалното отсуство.) НЕПОЗНАТОТО ДЕТЕ: Да се умре или не, зошто е важно сето тоа. Овој живот имагинарно платно Што е тој? Секој купен ден е закана за мојата крв кај царува создателот со илјада лица. Подајте ги рацете родители мои на тој вечен пат. Татко Абдула дали ја земате за жена мојата мајка Марија? АБДУЛА: Ја земам зошто јас ја доведов како заложник во овој град Бејрут, во оваа земја Либан, зошто ја сакам од балканските џамии до Христовото распетие на Голгота, зошто за неа срушив седум патнички авиони различни типови, за неа слегував во исламскиот езотеризам во ракописите на пророкот, за неа бев и сум во „борба против себеси на Божјиот пат“ за неа ги држев најтешките Рамадански пости, за неа лунѕав од Мека до Медина, за неа го покрив цел Париз со мојот љубовен и исламски очај, за неа го чекав тајниот човек Махди по бејрутските кланици и гроб-ници, за неа ги научив сите формули на најтешките муслимански молитви, за неа плачев кога во Техеран го погребуваа ајатолахот Хомеини, за неа немаше прекин на огинот меѓу сите крваво закарани страни, ја земам за жена за да ја спаси оваа земја зошто знам дека ме чекаше поверна од сите Пенелопи, зошто знам дека Бог ќе слезе во нејзините вечно зелени очи и ќе ја спаси оваа загадена планета. НЕПОЗНАТОТО ДЕТЕ: Мајко, Марија, дали го земате за маж мојот татко Абдула? МАРИЈА: Јас, Марија, што му реков „Да“ на Божјиот пратеник, јас Марија, што се плашев да ја откријам тајната за својот син, Марија од еден далечен народ, откажана од сопствената, во полза на општата радост, што живеев со моето дете пред вашите кучешки пубели и збирав алишта пред вашите врати, јас што доаѓам од Индо-Европа, од Антиката и од паганската мртва крв, мртва жена на мртов маж и мајка на изгубен син, ве прашувам вас: Ќе оставиме ли на нашата трпеза малку место за странецот? Ќе оставиме ли во нашите зборови малку време за странецот? Ќе оставиме ли на нашите празници малку танц за странецот? Ќе оставиме ли во фонтаните малку жива вода за странецот? Ќе оставиме ли во нашите цркви малку простор за странецот? Be прашувам вас! Што молчите? Сите сте странци и гости на земјава? Вие молчете, а јас вашата Ахасферка викам: Да, да, да, да, да... ЈОСИФ: Овде некого слушам што требаше да оди, а не е тргнат, што требаше да умре а не е умрен, што требаше да дојде а не е дојден. НЕПОЗНАТОТО ДЕТЕ: Јас сум дојден! AHA БОЖИГРОПСКА: (Придружувана од фолклорните тажачки.) Стани ќерко, сонце на мајка Ноќ е ќерко над пусти светови Од пустите очи наши и ненаши Што те мајке на гроб откриле Co што сега мајке гробнина ќе платам Зошто мајке младост си зацрна Свадба мајке со гробари сватови Песна мајке вечно збогување (Тажачките го повторувааат секој стих.) Додека ја пеат, детето го дели Светиот леб.) ЈОСИФ: Севишен, прости му на мојот мрак што сè видов и сè знам! (Додека паѓа дефинитивно мрак од Детето зрачи небесна светлина) ЗАВЕСА „Среќата е нова идеја во Европа“ ЛИЦА ЕРЕБА – реставраторка на скулптури НЕИЗВЕСТНИ – нејзин маж и модел ЕВРОПА – нивна усвоена ќерка, од непознато потекло КАНТОР – предводник и претставник на Интернационалниот Црвен крст Четворица актери, посттрагичари, кои играат cè одеднаш, како сопственици на различни глави, тела или души. ЕСХИЛ или МОЦАРТ – просјакот од Берлин и првата виолина во Оркестарот на Големите сили ШЕКСПИР или ДАНТЕ – колекционерот на живи органи, император без империја БЕКЕТ или ГОГОЉ – бричената глава од Москва, Банкар и Слободен инвеститор Болницата на мислата или НИЧЕ – Генералот и Новиот диктатор на Европа и Кутриот Јас Забелешка: Дејствието ce случува во есен Лавиринт со човечко лице. ПРОЛОГ Сосема сама, Европа скита по улиците на метрополите. Зад една мистериозна врата, ce слуша врева од еден голем празник. Предводникот излегува од истата врата која автоматски ce отвора пред него. ПРЕДВОДНИКОТ: Дали сте подготвени? ЕВРОПА: Молам? Кој сте вие? ПРЕДВОДНИКОТ: Ние нестрпливо ве чекаме за Празникот! ЕВРОПА: He ве разбирам... Каков празник! ПРЕДВОДНИКОТ: Немојте да ce преправата дека не знаете ништо! Вие добро знаете за каков Празник ce работи! ЕВРОПА: Видете... Ce работи веројатно за некоја грешка! Јас воопшто не ве познавам! ПРЕДВОДНИКОТ: Драга госпоѓице! Ви соопштувам свечено, дека никого друг не чекаме, освен вас! Иста мера како вас, исто лице како вас, иста возраст како вас! Според описот, тоа сте само вие, плукната вие и... никоја друга! ЕВРОПА: Имам впечаток дека вие не знаете за кого зборувате! ПРЕДВОДНИКОТ: Слушајте ваму! Сите поканети ce веќе пристигнати: оркестри, странци, домашни животни, бизнисмени, војници, научници, новинари, жртви, спасители, лекари без граници, вдовици, сираци, кралици, лингвисти, разни специјалисти... ЕВРОПА: (Ce доближува дo вратата.) Јас ќе си дозволам повторно да ви речам дека ce работи за грешка. Допуштам дека некого чекате, но мене сигурно HE! ПРЕДВОДНИКОТ: (Гледа на саатот.) Ајде, ајде кога велам, влегувајте! Роденденот само што не почнал! Роденден од историско значење! ЕВРОПА: Кој роденден, чиј роденден? Одговорете ми! ПРЕДВОДНИКОТ: Како чиј? Вашиот, ce разбира! Ајде, влегувајте! Доцниме, разбирате! ЕВРОПА: Сега сум повеќе од сигурна! Ce работи за катастрофална грешка! ПРЕДВОДНИКОТ: Бидејќи страшно доцниме, ќе ви го опишам, набрзина, празникот и славениците чиишто очи ce свртени само кон вас: Тоа е огромна сала или чекална во која воздухот слободно шета, оплеменет со 123 парфеми. Од преполното небо со ѕвезди, си повикуваш која сакаш. Земјата е положена на бескрајни столбови, декорирани со детали од историјата на човештвото, со мермерни змии, со рајски овоштија, со шуми што ce капат во езерата, со бесмртни лица што гледаат само едно: Тоа едно, сте вие! ЕВРОПА: He знам како да речам... Тоа е невозможно! ПРЕДВОДНИКОТ: Како невозможно! Тоа е повеќе од возможно, ве уверувам! На празникот... има повеќе отколку што можете да посакате! Дрвјата растат опаку и мртвите ce однесуваат како живи! Има... ремек-дела на Фидија... има оригинали од Микеланџело, од Ван Ајк од Пјеро де ла Франческа... од Ботичели, од Шагал...! Има... уште еден хор на антички работници што пее: Пролетери од сите земји, простете! ЕВОПА: (Ce смее.) Навистина! ПРЕДВОДНИКОТ: Веќе започнаа со пеењето! Побрзајте! ЕВРОПА: Вие сте навистина неверојатен! ПРЕДВОДНИКОТ: Ајде,следете ме! ЕВРОПА: Добро, како сакате, но ce плашам дека нема да ги исполнам очекувањата на сите што ќе ме видат! ПРЕДВОДНИКОТ: (Ги крева рацете кон небото. Автоматската порта ce отвора соДеветтата симфонија на Бетовен.) Господе, девицата Европа, пристигна! ПРВА СЦЕНА ВЛЕЗОТ ВО ЛАВИРИНТОТ Голем мрачен бал. Четири маскирани мажи играат со четири мртви жени. ПРВИОТ МАЖ: Особено ми е драго, прекрасна госпоѓице! Да ви ce претставам, Кајжимеж Володински, новиот диктатор на Европа. Доаѓам на власт на 31 март 1999, на полноќ. Во меѓувреме, страшно ce досадувам. Дали би ce согласиле со една мала сеанса на тортура или претпочитате да бидете свесна жртва? ВТОРИОТ МАЖ: Губи ce! He си ти тој што ќе ја поседува оваа малечка убавица! (Ha Европа) He слушајте го, госпоѓице! Тоа е еден ништожен реакционер! Дозволете, јас да ви ce претставам: Игнацио Педро дос Сантос. Банкар и слободен инвеститор. На чело сум на една група акционери кои ce окупираат со развојот на заштитата на озонот во воздушната атмосфера. Мешовита група, шпано-итало-германо-славјанска. Поточно речено, трансевропска. Останете со мене, моите соработници само што не стигнале. Тие доцнат, но во едно можам да ве уверам: Умираат од желба да ве сретнат. ТРЕТИОТ МАЖ: Госпоѓице, само неколку збора, ви ce молам! Јас сум првата виолина во оркестарот кој свири во „Концертот на големите сили“. Допуштете ми да отсвирам, на вашето тело и специјално за вас, едно соло мортале. Потоа ќе ве дегустирам со руски кавијар. Јас сум носталгичар по ко-мунизмот. Почнува дa ja соблекува. Таа запрепастено ce заштитува. ЕВРОПА: Умоболни ли сте вие? Оставете ме! ЧЕТВРТИОТ МАЖ: Поздравена биди и од мене, девице Европа, полна со надеж, иднина и благородие! Ce викам Умберто дела Скала! Император без империја! Ce разминав со Римското Царство во времето кога Нерон беше на власт. Дојдете со мене! Повторно ќе го спалам Вечниот град! ЕВРОПА: (Ce смее со горчливо сознание.) Каква смешна компанија! Koja е, всушност, оваа лудница? Може ли некој да ми каже! ПРВИОТ МАЖ: Господа, верни на старите традиции, со необично голема радост ќе го поделиме телото на оваа непозната девица што дојде да ни ce подари исклучително по своја волја. Пред да ја жртвуваме, ние ќе ѝ покажеме дека воопшто не ce работи за никаква лудница, како што таа претендира да мисли. Ние ќе ce спуштиме длабоко во времето, ќе ги смениме алиштата и јазиците стигнувајќи дури во антиката! Четворицата мажи ce трансформираат во синови на Хронос u ce покриваат со остатоци од кожата на жртвувани животни. Заедно, на четири гласа, тие пеат античка песна. Лави-лави – Лавиринт Идил од Мохос и Нептун од Азија Либи – Нереиди и Хефајст Киприс – Зевс и Хера сама Лави-лави – Лавиринт Метаморфоза на Крит Херодот и Мелпоминт Коко-коко – Кокоринт Лави-лави – Лавиринт! ЕВРОПА: Господа! Чекајте, ви ce молам! Што правите со мене? Тоа е вистинско недоразбирање! Вие чекате сигурно некој друг! Јас, чекана од вас, не сум! Оставете ме да заминам! (Tue ja продолжуваат неразбирливата песна u го затвораат кругот околу Европа.) Зошто, всушност, дојдов овде! Што значат зборовите што ги изговарате? Кои сте вие? Што очекувате од мене? Видете, ве молам, пуштете ме да излезам! ПРВИОТ СИН: Смртта нема време да ce занимава со неочекувани минувачи! ТРЕТИОТ СИН: Дали зборуваш старогрчки? ВТОРИОТ СИН: Латински? ЕВРОПА: He, апсолутно, не! ВТОРИОТ СИН: Stipendum peccatti mors est si peccasse negamus Fallimur et Nulla est in nobis Veritas! ПРВИОТ СИН: Случајно, да не зборуваш феникиски? ЕВРОПА: He! Реков, не! ЧЕТВРТИОТ СИН: Значи, зборуваш санскрит? ЕВРОПА: He, не и не! Ha што ce должат вашите прашања за мртвите јазици! ВТОРИОТ СИН: Тие не ce мртви! Тие беа излапани, раскинати и голтнати од монструмот Глотофагус, или јадач на јазици! Колку јазици зборуваш Ти? ЕВРОПА: Само еден! Синовите на Хронос громогласно ce смеат. ПРВИОТ СИН: Значи, во многу скоро време ти ќе бидеш раскината и поништена, исто така! ВТОРИОТ СИН: Цената на гревот, е самата смрт! ТРЕТИОТ СИН: Ние ќе го напишеме сето тоа на твоето тело и насекаде ќе те покажуваме како маскота. ЕВРОПА: Јас ќе ce разбудам и јас ќе крикнам! ПРВИОТ СИН: Ако крикнеш, јас ќе ја ретаблирам мојата диктатура! Ако си согласна да бидеш жена на новиот диктатор, дојди со мене, веднаш! Треба да го напуштиме овој празник! Ургентно морам да завршам една работа! Ајде! (Ce обидува насила дa ja поведе.) ЕВРОПА: Престанете! Оставете ме! Ке викам: помош, помош! Зошто ме туркате во бездна? Престанете со оваа мрачна игра, раскинувачи на изгубени девојки? ЧЕТВРТИОТ СИН: (Низ смеа.) Госпоѓице! Ти си падната во лавиринт кој ce наоѓа на 24 века пред твоето раѓање! Остави ги настрана сите твои психо-физиколошки болести и сите непоставени прашања. Сите тие трагични приказни веќе не нè интересираат! Ние сме отаде-трагедијата! Ние сме актери посттрагичари! Значи дојди кај што ти ce вели и препушти ce на нашата волја, ако не сакаш да ce изгубиш до крај! Во случај да сакаш да ce изгубиш до крај, еве ги, ce отвораат пред тебе, вратите на Лавиринтот! Избирај! ВТОРА СЦЕНА АТЕЛЈЕТО HA ЕРЕБА ИЛИ МРАЧНОТО ИСЧЕКУВАЊЕ ЕРЕБА: Кој може да каже зошто замина? Треба да тргнеме веднаш. Треба да ja најдеме во овој миг, не знам каде и не знам како. Да. Треба да ce најде или да ce умре. Што ни останува друго? Можеш ли да ми кажеш? Кој може да ми каже каде ли е сега нејзината душа, толку жедна по тревите на пеколот! Ноќеска сонував дека непознат човек открил тело на млада девојка, масакрирана, во блиската шума. Јас требаше да ce појавам за време на идентификацијата. Си го видов моето тело, мојот труп беше изложен пред мене самата. Си ги повратив внатрешните органи и одлетав дури до Русија, за повторно да те најдам, љубов моја, Тавариш Неизвестни. Благодарение на тебе, во cohot, ce породив повторно со мојата Европа, со моето изгубено чедо. Кажи ми каде е ceгa нејзиното тело и кога повторно ќе ce врати дома? Наизвестни ù зборува со очи. ЕРЕБА: Отвори ја устата, љубов моја. Неизвестни, поминаа десет години откако не зборуваш, тишината е банална како смрт, отвори ja устата и венчај ce повторно за мене! Ќе летаме над руските цркви, ќе ни пеат православни хорови, на нашето повторно венчавање, ce сеќаваш кога дојдов да те барам, ce сеќаваш на писмата што ми ги пишуваше, од твојот роден град, Каменогорски, ти ми испрати камен во едно писмо и јас го шетав секаде тој камен, со него водев љубов и насекаде давав до знаење: „Ако органите на власта не му дадат право да ја напушти земјата, јас ќе ce омажам за овој камен!“ Потоа ти дојде во Франција и оттогаш не отвори уста. Нашата ќерка Европа е родена во молчење. Молчешкум ме љубеше и можеби затоа таа ce крие во безгласниот мрак! Во оваа болна тишина, само ехото на мојот глас го слушам и ми иде со нож да го раскинам истиот тој мрак што ja голтна. Сега, во овој миг, можеби е опкружена од неми волци што ги покажуваат своите секачи за да ја распарчат... Неизвестни ги зема рацете на Ереба u ги поставува на своето чело. ЕРЕБА: Молчи, сега, молчи, љубов... Претставникот на Интернационалниот Црвен крст влегува со еден контингент скулптури за реставривање. ПРЕТСТАВНИКОТ: (Чита на налогот.) Ереба Неизвестни, реставраторка на скулптури? ЕРЕБА: Да? ПРЕТСТАВНИКОТ: Вашата испорака пристигна! ЕРЕБА: Koja испорака? ПРЕТСТАВНИКОТ: Испораката на ранети скулптури коишто треба да бидат изложени во Лувр, на иницијатива на Интернационалниот Црвен крст. ЕРЕБА: Какви ранети скулптури, ви ce молам? ПРЕТСТАВНИКОТ: Ta нели вие потпишавте договор за оваа изложба, да или не? Доближете ce, дојдете пред мене. (Во затворени, етикетирани, дрвени кутии, скулптурите ce истураат од транспортната платформа на сцената.) Еве ги скулптурите: Данте Алигиери, без рака, најден во Литванија, жртва на независноста на балтичките земји. Волфганг Амадеус Моцарт, без полов орган, најден во непознат подрум, резултат на Српско-хрватската војна. Фридрих Ниче, без очи, најден во Берлин, под еден комунистички труп. Гогољ, без нос, најден во Москва, под една бричена глава. Чекајте. Ми недостасува една статуа (чита во налогот) од четвртиот век пред нашата epa. Bo еден саркофаг. Статуа на една Непозната жена. Каде може да биде таа мајчина статуа? Невозможно! Потпишете го овде налогот за испораката и јас морам под итно да ја пронајдам! (Ѝ подава едно стило. Ереба, отсутно, тргнува, но Неизвестни ја спречува во тоа кршејќи го подаденото стило.) ПРЕТСТАВНИКОТ: (Длабоко иовреден.) Јас повторно ќе дојдам... (Тргнува и, одеднаш, ce враќа.) Ce надевам дек сте длабоко свесна за задачата што ви е доверена! (Излегува.) ПРВИОТ СУДБОНОСЕН ЧЕКОР HA ЕВРОПА НАДВОР ОД ВРЕМЕТО Сенката на Есхил – таткото на трагедијата, со гола глава, седи на замислената маса. На масата има многу црни таблички на кои пишувал со бела креда. Исmo така, масата е преполна со трошки од „Хомеровата гозба“. Toj свири на долг дрвен кавал. ЕВРОПА: (Доаѓа од далеку.) Татеееее! ЕСХИЛ: свири. ЕВРОПА: Таттеее! Есхил продолжува да свири. ЕВРОПА: (Доближувајќи ce дo него) Татко!?! ЕСХИЛ: (Го положува врз масата долгиот дрвен кавал.) Да! ЕВРОПА: (Сосема близу дo него.) Ох, простете ми! Ce пре-познав, гледајќи ве оддалеку! Вие не сте мојот татко... за жал... He знам чиј татко сте, но... ЕСХИЛ: Дете мое! Седни и слушај! Ти си мојата ќерка... ЕВРОПА: Вие знаете дека... ЕСХИЛ: Јас знам cè... бидејќи... сите ќерки на земјава ce мои ќерки, сите синови под небово ce мои синови... бидејќи... јас сум... знаеш кој... јас сум Таткото на трагедијата... Ти зборува ли тоа нешто...? ЕВРОПА: А... Есхил... вие сте умрен во егзил во 456 година пред Исуса Христа...! ЕСХИЛ: Како рече, ќерко моја!? He те дозаушив! Што ми рече!? Како ce изразуваш...! Ова е најтешката навреда што некој можеше да ми ja нанесе!? Кој е тој анонимец кој мене ме клава 456 години по неговата смрт? Можевте, во најмала рака, да речете дека тој дошол на свет 456 години пo Есхил! Кој е тој човек? ЕВРОПА: Велат дека бил божји син! ЕСХИЛ: Како? На кој Бог? Богови, јас видов колку што ти душа сака! Зевс, Геа, Аполон, Уранус, Хронос, Хефајст, Атена, Бахус, Океан, Хиперион, Мнемозина! Ce велеше дури за мене дека пишувам Трагедија на боговите! И знаете што ce случи после, ќерко моја...!? ЕВРОПА: Чекајте, да ви објаснам... Јас немам врска со сето тоа... пред сосема малку време... го изгубив патот земен... и... ЕСХИЛ: Како? Рече дека само пред малку време, пред неколку минути, да речам, ти го изгуби патот... Знаете ли, ќерко, што ми ce случи мене пред малку време... има точно 24 векови или, со букви, две илјади и четиристотини години? Изгубив осумдесет и три трагедии што лично сум ги пишувал, на црни таблички, со бела креда, збор по збор! Да, изгубив осумдесет и три трагедии и никако не можам да си ги најдам! Кој ми ги изгуби!? Кажи ми, ќерко моја! Боговите што поминаа покрај мене, или Боговите што дојдоа по мене? Кој? ЕВРОПА: Слушајте ме, ќе ви речам! Јас познавам само седум од вашите трагедии! Нивните наслови ги научив на школо! Да! Окованиот Прометеј! Персијанци! Седумтемина против Теба! Молителки! Агамемнон! Надгробно жртвување! Евмениди! Тоа е cè! ЕСХИЛ: Тоа не е cè, тоа е ништо! Јас напишав точно деведесет трагедии, a вие познавате само седум! Еве, земете една црна табличка и една бела креда со која и јас пишував ден и ноќ речиси пет децении и пишувајте ги насловите! Ке ви ги издиктирам, еден no еден, сите осумдесет и три! Еден пo еден! (Toj ù дава повеќе црни таблички u креда.) ЕВРОПА: Видете... Јас само барав излез... Сакав само да излезам... Бидејќи морам да ви речам... никој не страда од недостиг на трагедии... трагедии има многу... со лопата да ги ринеш... Напротив...! ЕСХИЛ: Да! Трагедии на секојдневниот живот – војни, илјадници и илјадници, милиони милијарди жртви што паѓаат секој ден, знам дека имате премногу, но Трагедии за играње на сцена, колку имате, наброј ми ги! Сега! Една, две, три, пет... колку!? Ce прашувам, ката ден за време на мојот егзил кој трае 24, пардон, речиси 25 века, кој го откопа тој гроб за да ги потомори внатре осумдесет и трите, мои, лично мои, трагедии? Кој знае сега да ми каже, со 7% од целокупното мое дело, дали сум јас осакатениот... како да речам, инвалидот на таа лажна таканаречена цивилизација или таа е инвалид, со оглед на 93% изгубени од моето дело? Кажи ми, малечка ќерко моја, изгубено дете мое, само пред неколку минути, кој сум бил да ти бидам јас!? ЕВРОПА: Господине Татко на трагедијата, вие можете да им го поставите тоа прашање на Боговите што пред малку ги цитиравте, на сите Богови што ги наследија! Можете да извршите една научна консултација, да речеме во Западната цивилизација на Стариот и Новиот завет, Коранот, можете да ce упатите далеку преку Талмудот до Книгите на мртвите и да стигнете дури да најдалечниот Исток! Некаде, на тој пат, некој ќе ви каже зошто беше уништено деведесет и три отсто од Вашето дело! Само Боговите знаат и никој друг! Јас единствено што знам е дека да излезам сакам и дека сум гладна како кучка! ЕСХИЛ: Дете мое! Ќе ти кажам нешто, пред да ти принесам да јадеш: Точно во четириесеттиот стих на Евменидите го опишувам Каменот-папок, центар на целата земја. Toj Камен ce наоѓаше во делфискиот храм пред статуата на Аполон. Точно на тој Камен, требаше да ce сретнат двата орли што Зевс ги испрати еден на Исток, a другиот на Запад бидејќи, веруваше тој, тука ти бил центарот на светот! Но што ce случи? Орлите, испратени од семоќните богови, го згрешија каменот! Јас никако не можам да ce сетам, да ме убиеш, не можам да ce сетам, беше ли тоа Орелот од Запад или Орелот од Исток, леташе, леташе, долго леташе високо над мене, јас го гледав, леташе, леташе, леташе... И не знам кој беше тој, источниот или западниот орел, долго, долго леташе и ја здогледа мојата глава, далеку од мојата татковина, бидејќи јас тогаш веќе бев во егзил, како да речам, во прогонство на Сицилија. И што ce случи? Мислејќи дека мојата глава е тој Каменпапок, центарот на светот, орелот, испратен од Зевса a измислен од мене, во 40-тиот стих на Евмениди, ја спушти над моето голо теме желката што ја носеше меѓу своите секачи која веднаш ја предизвика мојата неочекувана смрт! Гледаш, дете мое, како ce оствари Божјиот заговор против мене! Умрев на самото место, односно, бев убиен на самото место бидејќи Боговите на минатото не можеа да го поднесат моето присуство, не само како сведок и соопштувач на Злосторот туку и како поет-трагичар којшто може дури и лајното, што е лајно, да го претвори во Вечност! Точно е дека тие тогашни богови ме прогласија за сто отсто (100%) бесмртен, но Боговите што следеа по нив ми признаа само седум отсто (7%) погребувајќи ги сите мои останати, осумдесет и три трагедии! Но јас ќе одам уште подалеку! Што остана од нивната моќ? Ништо! Од таа бескрајно голема моќ, останаа само овие трошки на трпезата на која од мојата самотија ce хранам! (Toj почнува дa гu собира трошките u дa ù гu дава на Европа како на пиле.) Пили, пили, пили, пили! Ајде, касни, колвај, колвај, колвај, дете мое драго, касни ја трошката што некогаш беше Зевс, трошката што Аполон ce викаше тогаш, трошката на Уранус, Хиперион, колвај дури и трошки на анонимни Богови, Богови-чираци и калфи, колвај, и нахрани си го твоето гладно срце a јас ќе ти свирам на овој дрвен кавал од пред 2.000 години за да ти кажам, со свирење, дека времето минува, воопшто не минувајќи! (Toj повторно почнува дa свири.) ЕВРОПА: (Јадејќи трошки) Храни ме, храни ме, храни, Татко на трагедијата, со трошките на Боговите, со нивните свети содржини што Ти ги измисли. Хранејќи ce од нивните остатоци, чувствувам како во устата ми ce топи, на усните ми ce лепи пепелта на целата Александриска библиотека што беше исто така измислена од едни a изгорена од други, чувствувам дека трошкиве од твојата рака што ги колвам ќе направат да растам, бескрајно да растам, тие ќе ме научат да ги распознавам „здобиените рани“ на тие што виновни ce и тие што виновни не ce... ЕСХИЛ: Дете мое! Многу и премногу жалам! Ce брзам! Морам да те оставам! Морам да заминам! Морам да ce вратам во Атина! Ќе го прекинам за кратко мојот егзил на Сицилија! Ce чувствувам тотално загрозен! 93% од моето дело не постои! Ако им текне, утре, тие ќе ми ја одземат и бесмртноста! Кој? Како кој? Боговите! Но јас не ce предавам! Имам идеја! Го скрив, на едно сигурно место, моето последно богатство што ce состои од три таланти во злато што ги добив на познатиот Конкурс за трагедии со „Орестиј“! Co тие пари ќе си купам 30 робови што ќе ми ја заштитуваат бесмртноста! Да! Во овие матни времиња, човек во ништо не е сигурен, дури и во бесмртноста! Ако некој ми гибне во бесмртноста, тогаш станувам безмилосен! Убивам во истиот миг! ЕВРОПА: Убиј ме мене или извлечи ме одовде, татко мој, или татко наш на трагедијата! Ако ме спасиш одовде, ќе ти дарувам еден бакнеж, ако ме убиеш, пак ќе ти го подарам истиот дар, бидејќи јас верувам исто како Ифигенија што ти ја создаде: He со плач од куќни Туку него Ифигенија со љубов Ќе го дочека ко ќерка татко Како што е редно Сплав брзопловен на јадови штом втаса ќе го гушне ќе го бакне! Спаси ме или убиј ме, Татко на трагедијата! Есхил ù го подава десниот образ. Европа ги доближува усните дo неговиот образ и, во мигот кога треба да го допре, тој исчезнува. ТРЕТА СЦЕНА ЕВРОПА ГИ СРЕЌАВА СРЕДНОВЕКОВНИТЕ МИСТИЦИ И СЛЕПИТЕ РАПСОДИ ВО ПРЕДГРАДИЕТО HA ЛАВИРИНТОТ ЧЕТВОРИЦАТА МИСТИЦИ: Среќни нека бидат тие што ќе ги слушнат зборовите на ова пророштво зашто времето ce наближува. Тоа ќе дојде со тешки облаци и секое голо око ќе го види и до што ce племиња и народи по земјава, ќе ce удираат в гради само поради него. Така ќе почне времето на големата бездна. ЕВРОПА: Господа! Помогнете ми да излезам одовде! ПРВИОТ МИСТИК: Покај cè, девојко, на твојот пат зашто, еве, отчука часот на крајот на светот! ЕВРОПА: Крајот на светот! Кој сте вие и чии ce празните зборови во вашите усти! ВТОРИОТ МИСТИК: Ние сме вестителите на крајните слики! Адските скакулци и урагани, ние сме солзите, седумте труби и седумте ангели... Ние сме служителите на Апокалипсата на пат за Крајот од Краиштата: Последниот повик до мртвите. Браќа, огледалата, ви ce молам! (На Европа) Ce надевам дека ќе покажете храброст! ЕВРОПА: Слушајте, во голема заблуда сте! Јас овдешна не сум! ТРЕТИОТ МИСТИК: Покајте ce, девојко! Спасот, можеби, ве чека! ЕВРОПА: Зошто ce нафрливте врз мене? Единствената храброст што можев да ja имам, беше храброста да ce изгубам! ВТОРИОТ МИСТИК: Вие сте изгубена во слоевите на средновековната мисла. Гледајте во огледалава – само смрт тече во Вашите очи. Гледајте ги и покајте ce! ЕВРОПА: (Ce гледа во мистичките огледала.) Да, да, да, ќе правам cè што сакате, но пуштете ме да излезам веќе еднаш. ЧЕТВРТИОТ МИСТИК: Исповедај ce и барај прошка. На коленици! ЕВРОПА: Оставете ме! Јас сум крајно невина! ВТОРИОТ МИСТИК: Ако ние речеме дека сме невини и немаме гревови, тогаш нема зрно вистина во секој од нас. ЕВРОПА: Да речеме дека е така! Само едно е вистина за мене: точно е дека сум изгубена бидејќи избегав од дома! He верувам веќе ни во Господ, ни во ништо! Готова сум да ја продадам мојата душа на ѓаволот, ако треба, само да излезам од овој пекол! ЧЕТВРТИОТ МИСТИК: Еретичко, казната нема да те заобиколи! ТРЕТИОТ МИСТИК: Цената на гревот е само смртта! ПЕТТИОТ МИСТИК: Пиј! Напиј ce од оваа вода, ќе те претвориме во бестелесен ангел, за спас на твојата душа! ЕВРОПА: Прашувам само едно: кога ќе престанете со оваа махинација? ПРВИОТ МИСТИК: Отвори ja устата! (Toj ja ирисилува дa пие, додека другите мистици го држат оглесалото пред неа.) ВТОРИОТ МИСТИК: Гледај, ќе го фрлам твојот мозок над Византија! Нека удираат камбаните на годината илјадита, на оваа Европа по Исуса Христа! (Го фрла оглесалото.) ТРЕТИОТ МИСТИК: Гледај ги твоите очи во ова огледало, ќе ги зафрлам дури до Медитеранот! Нека ce претворат во светилници што ќе го покажуваат патот до недојдената ноќ! (Го исфрла оглесалото.) ЧЕТВРТИОТ МИСТИК: Гледај ги твоите заби! Ќе ги исфрлам дури до Балканот, како закана на завршената иднина! ПРВИОТ МИСТИК: Единственото што ми недостасува ceгa, малечка, е твоето срце! Милениумот заврши и со тебе ќе биде завршено сега! ЕВРОПА: Престанете, не допирајте ме! Co нокти ќе ги искорнам вашите мрши и ќе чекорам врз тоа ѓубре, боса, ќе ви ги избришам лицата што ги немате, ќе ве ослепам со светлината што ме придружуваше кога тргнав по улиците, со цел да ce изгубам. Извадете ме од овој мракобесен бунар во кој, не сакајќи, паднав. Ке ви ги ископам очите со мојот здив! (Зема воздух u силно издивнува кон нив. Здивот ги претвора мистиците во слепи рапсоди, облечени во наметки од партали, што ce движат со стапови низ европската историска ноќ.) ПРВИОТ РАПСОД: Ja бара потамина во просторот за дa ја допре. Иоо, иоо, иоо, иоо, Еуа, Еуа, Еуа, Еуааа, Првиот мудрец од Академијата на Слепите рапсоди, Јас сказноречителот на Црниот Дунав, Што бос газам по штотуку мртви тела. И смртта ми подава рака, Што цврсто ја стегам. Дојди малечка моја, Јас ќе ти го покажам патот за Никаде! ЕВРОПА: Жалам, но јас не ви верувам, Господине! ВТОРИОТ РАПСОД: Безуспешно барајќи ја во мракот. Малечка, дојдена си во Скитската земја, За војната. Слушни го начинот на употреба Ио, ио, ио, ио, Еуа, Еуа, Еуа, Еуа Секој Скит што убива за првпат Ја пие крвта на својата жртва. Ha непријателот што гo поништува Bo битката, тој му ја сече главата, Ја претставува пред кралот. Секој што ќе ce појави со пресечена глава, си го Добива својот дел од пленот. Ако дојде без глава, без глава ќе си оди! ЕВРОПА: Точно е дека ce изгубив во Лавиринтот. Меѓу мене и вашите приказни, нема ништо заедничко. ТРЕТИОТ РАПСОД: Убавице, дојди да ти кажам како ce скалпира глава. Првин ce прави циркуларна инцизија со заобиколување на ушите, Потоа, со молскавично движење, Ce одделува кожата од черепот, Потоа ce стружат остатоците со наострена говедска коска, Истружена ce тутка за да омекне. И после, може да биде употребена како крпа за бришење, Може да биде закачена на гривата од коњот, со гордост. Оној што поседува најмногу такви кожи, Е Победник и Никој друг! ЕВРОПА: Престанете, јас сум изгубена во модерно време, ми-натото ме тера на повраќање! ВТОРИОТ РАПСОД: Копа со прстите во земјата за дa ja открие. Ти не си од овде a не си и од таму. Твоето малечко тело од зборови ќе умре Јас сум Вардарскиот Рапсод. Дојди, ќе ти покажам едно губилиште Каде закопани ce илјадници деца Дојди и зобај ги нивните солзи. Koja е оваа тишина која одовде поминува? Од каде доаѓаш Ти, што ce доближуваш a јас не можам да те видам! ЕВРОПА: Јас сум малолетничка од Франција! ТРЕТИОТ РАПСОД: Франција, Англија, Германија, не постојат веќе. Ти си откорната и жена без земја. Има 100 порти за да излезеш, но ти не можеш да ги видиш. Дојди ми меѓу рацеве. Јас без очи што сум, ќе ти покажам како да излезиш. Дојди пред дрвениот ми стап. ПРВИОТ РАПСОД: Ајде, доближи ce. Остави ме да ти ги погалам косите Европе, Европе, Европе. Влези во плачните врби на мојата душа. ЕВРОПА: Мамо, мајчице, кажи ми кои ce овие обезочени сенки што ce обесени на моите коси? ВТОРИОТ РАПСОД: Уште ja бара за дa ja допре со стапот. Ио, оии, ио, ио, Ео, иа, еуа, еуа, Малечка, слушни што ќе ти кажам и никогаш не заборавај: „Возрасен е само оној што нема ни татко ни мајка. И што го прифаќа животот единствено како додаток на смртта“. ЕВРОПА: Оставете ме веќе еднаш! Оставете ми ги барем косите... Лавиринтот за миг е осветлен u на сцената ce појавува Предводникот u Претставникот на Интернационалниот црвен крст u жолтата полумесечина. ПРЕДВОДНИКОТ: Госпоѓице, што ce случува со вас! Be бараме насекаде! Конгресот наскоро ќе почне, a вие cè уште немате фризура!? Побрзајте бидејќи првиот секретар станува загрижувачки нестрплив! ЧЕТВРТА СЦЕНА КОНВЕРЗАЦИЈА CO СТАТУИТЕ Ереба ce доближува go амбалажата на Данте. ЕРЕБА: Нобилисима Патрија Ординацио ад унум ди монархиа принцепс уникус Данте Алигиери, понтификацио бенвенуто! Данте си молчи. Данте, не можам да речам дека си многу љубезен. Дури и не ми одговараш. Ќе молчиш ли како мажот ми. Преку глава ми е од тишина. Данте! Зборувај ми, сакам да го слушам твојот глас! Речи ми нешто, зборувај ми за љубов, речи ми нежни нешта. Да не, случајно, ја сретна ќерка ми, на патот меѓу Талин и Париз? Да! Сега за тебе ce грижат експертите на Интернационалниот Црвен крст! Твојата славна рака падна шест векови по твојата смрт, како жртва во борбата за еманципација на балтичките земји! Нобилисима Патрија Ординацио! Господине Неизвестни, дојдете, ви ce молам! Треба и Вие нешто да направите во Вашиот живот, зар не? Дојдете, Вие лично ќе ми служите како модел! Дајте ми ја раката! Неизвестни ù ja подaвa раката на Ереба. Ајде, и ти, од твоја страна, треба да учествуваш во овој хуманитарен напор! Ајде, ослободи ги статуиве! Неизвестни сака дa каже нешто, но не може. ЕРЕБА: (Ha скулптурата од Данте.) Што рече? Илјада триста и првата година? Да! Да! Te имав читано уште како девојче, ce сеќавам: „Колку е чудесно да ce живее со чувство дека сите ce слеваме во единство...“ Да. Јас ги пиев со невидена жед твоите зборови. Сонував за човечки род што ce слева во спокојство, сонував за сеопфатната смисла на времето! И како, на сето тоа, ми одговори тој истиот свет? Како несошиената наметка на бесчовечноста беше раскината од ноктите на ненаситноста? Во овој безмилосен свет, Данте, Ти ме научи како да прогледам... но ceгa, што можеш да направиш за мене, cera и овде? Еве, на пример, не знаеш каде е моето единствено изгубено чедо? Таа ù ce обраќа на амбалажата во која е завиткан Моцарт. A ти, Моцрт, ме слушаш ли? Моцрт? Ќе молчиш ли и Ти? Значи, ова е тотален мораториум! Тишина од сите страни! Можеше ли да претпоставиш дека твојата скулптура ќе биде уништена за време на српската агресија во Хрватска. Ти беше спасен од Црвениот крст, но сега си немоќен! Ќе водиме ли љубов ако те реставрирам, мој драг Амадеус! Ако ти направам кур отпорен на војна? Ce согласуваш? (Неизвестни ги отвора очите како некој дa го држи на истото место.) О, моја драга, моја прекрасна, пишуваше ти во твоите писма, дувни ми од назад, од кај басот, добро ќе ми дојде, ќе крикнам од радост. О, мое мало виолончело, светот од лошо кон полошо ce движи. Еден ja има берзата, друг парите, a оној што ги нема двете, го има од трите подолгото... A ништо да немаш, тоа значи дека немаш ни малку, a малку не е многу, a многу не е ни толку убаво... Што рече? He ти ce гледа дека имам виенско газе? Кое мое газе? ПРЕТСТАВНИКОТ HA ЦРВЕНИОТ КРСТ: (Ја гледа со пламени очи.) Госпоѓо, ја добивте ли по пошта изгубената статуа? ЕРЕБА: Како? ПРЕТСТАВНИКОТ: Ја добивте или не? ЕРЕБА: Видете, јас не знам ништо. Мојата ќерка... ПРЕТСТАВНИКОТ: Вашите лични приказни, не ме интересираат. Ништо на светот не е поважно од таа статуа! Треба да ce пронајде под итно! (Тивко) Слушајте ваму, кој е овој странец што живее со вас! Можеби е токму тој, авторот на таа кражба! ЕРЕБА: Неизвестни, спаси ме од ова ѓубре! Неизвестни ce доближува со израз на закана. ПРЕТСТАВНИКОТ: (Преплашен) Ќе дојдам повторно! (Трегнува u повторно ce враќа.) Меѓутоа, морам да ви речам, побрзајте, времето си лета. Имате само 24 часа да ја завршите работата што ви е доверена. (Излегува.) ВТОРИОТ СУДБОНОСЕН ЧЕКОР HA ЕВРОПА НАДВОР ОД ВРЕМЕТО Лондон, пролетта 1603. Вилијам Шекспир, доцна во ноќта, ги чита коректурите на Хамлет. Европа, облечена во бело, со торба преку рамо, полна со соновно цвеќе, го гледа од далеку. ЕВРОПА: Добровечер, татко мој... Вилијам Шекспир! ВИЛИЈАМ: Добровечер, Сузан! ЕВРОПА: Јас не сум Сузан! ВИЛИЈАМ: Добровечер, Џудит! ЕВРОПА: Јас не сум Џудит! ВИЛИЈАМ: Јас имам само две ќерки: Сузан, родена 1583, и Џудит, родена 1585. ЕВРОПА: Господине Вилијам Шекспир... Простете ми што ве вознемирувам... Но... јас го берев сето ова соновно цвеќе... по тешката должина на мојот бескраен пат, само за вас... Како да речам... јас ce чувствувам како ваша природна, вонбрачна ќерка... Јас ќе и ги претставам моите длабоки извинувања на вашата сопруга, госпоѓата Ан Хатавеј...Но, еве, веќе неколку векови, јас ce чувствувам Ваша ќерка... ВИЛИЈАМ: Видете, госпоѓице... Ви благодаам за сите овие цвеќа, меѓутоа, морам да ви речам дека сум до гуша запретан во работа... Ви благодарам... Навечер играм во една драма на мојот пријател по име Бен Џонсон... Доцна во ноќта, кога ќе ce вратам, ги правам коректурите на „Хамлет“ која наскоро ќе излезе од печат и, исто така наскоро, сакам, еднаш засекогаш, да расчистам околу манипулациите дека Томас Кид напишал трагедија со ист наслов и на истата тема... Да, токму така... Меѓутоа, коректурите што ги правам во овој миг ќе покажат дека едно е неоспорно: Имено, јас можам да ви дадам илјада теми, ајде, напишете ми да ве видам една единствена трагедија... Точно е: Кид напиша трагедија со истиот наслов, меѓутоа, меѓу лајно и трагедија има извесна разлика, ce надевам... Да... ви благодарам за сето ова цвеќе... Наутро... Ах, наутро... Зафатен сум секое утро... Пишувам... Спијам многу малку, речиси ич... Еве, утре сабајле, на пример, мислев да пишувам, но во тоа сум оневозможен бидејќи треба да одам на еден закоп. ЕВРОПА: Ох, моето длабоко сочувство! Кој умрел? Простете ми за ова индискретно прашање? ВИЛИЈАМ: Како, зарем не сте во тек! Кралицата Елизабета Прва е мртва! Ви благодарам за цвеќето... Да, да, почина нејзиното величество... Умре... Да... Одам на закоп утре и отсабајле не пишувам... Што ce однесува до прашањето дали сте вие моја ќерка, можам слободно да ви речам, без никакво сомнение, дека... не сте! Во никој случај! Можеби вие ме мешате со еден од моите современици... Кристофер Марлоу... Бен Џонсон... Џон Вебстер... Цвеќињата ce чудесни, тие ce срца од цвеќиња, но морате да ме разберете, јас не сум тој што ве... Да, да! Јас длабоко жалам, но морам да ce облечам за закопот на кралицата Елизабета Прва... Пренесете и ги на вашата госпоѓа мајка моите извинувања, бидејќи општопознато е дека јас немав вонбрачни односи... ЕВРОПА: Господине Вилијам, мај Лорд! Гледајте го ова соновно цвеќе! Јаболково цутје, ириси, перуники, јорговани! Гледајте таму каде што ce отвора устинката, таму ce машките органи што ги произведуваат поленовите зрна и нивната пламена љубов со женските пупки го оплодува убавото во цветот и тоа, низ боите луди од нестрпливост, ce тркала како солза во нашите очи! Гледајте, мај Лорд! Јас сум цветот на Вашата имагинација! Јас сум ќерката, излезена од вашите ракописи, директен наследник на ва-шите ненапишани соништа! ВИЛИЈАМ: Госпоѓице! Да бидеме начисто! Вие не сте мојата вонбрачна ќерка, ниту пак мојата имагинарна цветна бавча и, да речеме, овошна градина! Вие сте мојата бела и ненапишана страница, дојдена пред моите болни зборови, во онаа црна ноќ на пролетта 1603 година, во мојата куќа во Лондон, и јас знам и треба да направам, јас треба да истурам еден кобел човечка крв врз вашата белина за да ве истерам од состојбата во која западна мојот дух! Koja сте, всушност, вие? Вие ли сте ќерката на Белиот ѓавол, да, точно така, тоа беше насловот... го сретнав вчера, во дворот на Кралската болница во Челзи, Џон Вебстер и го прашав дали и што пишува во овој момент и тој ми одговори дека вчера започнал една трагедија со наслов „Белиот ѓавол“ и јас мислев дека прави алузија на мои херои бидејќи, вистина е, признавам дека тие ce жртви на Ѓаволот. Вечерва, читајќи ги коректурите на Хамлет, токму пред вашето тотално неочекувано доаѓање, јас сакав да ставам една црна точка и видов, од недоапица, во истата таа црна точка, една банда на бели ѓаволи што ги носеа лицата на моите драмски ликови... тие како да ce шетаа од Медитеранот до Северното Mope и мојата десна рака беше во мојата лева рака и тие ми ги зедоа, со силен замав, двете раце и ми ги разделија, потоа ги зедоа нивните десни раце и почнаа да ме поздравуваат велејќи ми... Еве, cè уште ги гледам... Еве ги... Госпоѓице, извинете, јас морам да одам на тој закоп! Простете ми! Четворицата актери посттрагичари го опкружуваат. Облечени ce во бело. ПРВИОТ АКТЕР: Господине Вилијам Шекспир, моите длабоки сочувства за смртта на кралицата Елизабета Прва. Господинот Ѓаволски, лично! ВТОРИОТ АКТЕР: Лорде! Вилијам Шекспир! Длабоко погоден од упокојувањето на Вашата кралица, јас ви ги изразувам моите најубави желби за просперитетот на вашата трагична уметност и за расцутот на вашето кралство. Господинот Ѓаволчевски, лично! ТРЕТИОТ АКТЕР: Господине Вилијам! Примете ги моите нај, нај, нај искрени сочувства! Поискрени не можат да бидат! Ѓавол Ѓаволов Ѓаволапокалиптовски, лично! ЧЕТВРТИОТ АКТЕР: Сер! Сори абаут дис! Мојата малечкавост Ѓаволче Ѓаволчев Ѓаволчевски што го контролира секторот на Обединетото Кралство на Велика Британија вклучувајќи ги Шкотска и Ирска a исклучувајќи ги колониите до Индија и Далечниот Исток ВИЛИЈАМ: Простете ми, девојче мое, јас морам да заминам на тој свечен закоп! ЕВРОПА: Видов толку крв, толку жртви, толку убијци, толку пресечени глави, толку мрачни игри, врз толку черепи ја читав секогаш истата вистина. Ја ѕиркав оддалеку тајната на трагедијата на одмаздата, видов стотици и стотици абортирани херои кои, во форма на историски карактери, минуваа пред моите очи! Јас сум овде, a вие брзате да заминете на таа погребна церемонија како никогаш да не сте виделе смрт, во вашето дело, во вашиот живот... ВИЛИЈАМ: Госпоѓице! He обидувајте ce, пo никоја цена, да ме сведете на дефиниција бидејќи, малечка моја, јас сум таков пo природа и по дух што никако крајот не можеш да ми го најдеш, јас немам крај, речено со еден збор, јас сум бескраен! Што сакате вие од мене? Еве, ќе ги истресам џебовите однатре, и ракавите, и ќе ви извадам седум императорки и ќе ви ги дадам, без око да ми трепне, ќе извадам од моето срце три принцези и ќе ви ги дадам, ќе извадам од моите коси седумдесет и еден класичен убиец и ви ги давам, ќе извадам, ќе откорнам од моите очи, гра-дови, амфитеатри, храмови, ќелии, затвори, илузии, мртви природи и живи соништа, и ви ги давам! Останете овде и чекајте ме! Вие не сте мојата бела страница, вие сте бело цвеќе што изникна оваа ноќ од мојата црна душа! Останете овде и чувајте го мојот талент, со оваа белина, почиста од солза, што вие ми ја донесовте оддалеку, од многу далеку! Cè е бело овде: ѕидовите, вашето лице, вашите гради, вашето носе, вашите усни, вашите коси, вашата убавина, со еден збор, вашиот ангелски поглед, бело, бело, бело... Четворицата актери ce доближуваат дo неа. ЕВРОПА: (Нејзините очи горат од желбата да го допрат. Таа, со бескрајна жед ги пие неговите зборови.) „If you can look into the seeds of time and say which grain will grou and which will not... Speak then to me...“ (Taa гu шири рацете u тргнува кон него.) ШЕКСПИР: (Ce упатува кон излезот.) „I shall be gone and live or stay and die“. ЕВРОПА: Останете co мене...! (Taa тргнува во транс кон него. Четворицата ѓаволи, во бело, држат една бела кофа, полна co крв, u ja истураат врз нејзиниот бел фустан.) ВИЛИЈАМ: Sorry about this! Европа ce разбудува. Taa е сосема сама воЛавиринтот. ПЕТТА СЦЕНА НОВАТА ПОЛИТИЧКА ИНКВИЗИЦИЈА И ОБЕЗДОМЕНИОТ ПОСТКОМУНИСТИЧКИ НАРОД HA КРАЈОТ ОД ВТОРИОТ МИЛЕНИУМ ПРВИОТ ЧОВЕК: Најпосле, ве дочекавме! Ќе задоцневме само поради вас! ВТОРИОТ ЧОВЕК: He можете да претпоставите колку бевме загрижени за вас! ТРЕТИОТ ЧОВЕК: Новата политичка инквизиција може веќе да започне! ЕВРОПА: Почујте ме, ќе направам cè што барате од мене, ако пронајдете сила да ме разберете! Ce работи за тотално недоразбирање, ме разбирате! Треба да си одам, да излезам одовде! ВТОРИОТ ЧОВЕК: Пссст! Првиот секретар на новата инквизиција има апсолутна потреба од тебе! Сите досега познати гравури на Европа ce претставени во вид на голи жени, тој ќе ce послужи со твоето тело! Можеш да започнеш со соблекувањето! ЕВРОПА: Овде? Пред цел свет! ВТОРИОТ ЧОВЕК: Молк! Еве го! ЧЕТВРТИОТ ЧОВЕК: Ќе ce претставам накратко. Јас сум новиот инквизитор. Me натоварија со една гигантска милосрдна мисија: Реконструкција на концентрациони логори во рамките на државите што ja сочинуваат Европа. За да ја изложам мојата стратегија, имам потреба од географска карта. Драги мои колаборационисти, ви ce молам! Двајцата ja зграпчуваат Европа u ja носат дo инквизиторот. ЧЕТВРТИОТ ЧОВЕК: Држете ja добро! (Toj почнува дa ja соблекува u вaдu игла за тетовирање на нејзиното тело.) Предвидуваме изградба на 350 концентрациони логори за неподобни избирачи чијашто функција ќе започне во првата половина на дваесет и првиот век! ТРЕТИОТ ЧОВЕК: (Започнува со иглата дa пишува на нејзиното тело.) Во Грција, три. Албанија, два. Македонија, еден. (На вратот) Италија, четири. Австрија, Обединета Германија, единаесет. (На градите) Норвешка, два. Белгија, еден. Холандија, два. Луксембург, еден. (На стомакот) Франција, седум. Англија, осум. Шпанија, шест, Португалија, четири. Што мислите вие за сето ова, драги мои колаборационисти? ВТОРИОТ ЧОВЕК: Уште, уште треба да ce оди, уште, подалеку. Треба да ce слезе уште подолу во бездната. Да ce расизира континентот. Да ce трансформираат избирачите од колебливи во цврсто определени. Треба да ce почне со засадување и со градинарско одгледување на раси. ТРЕТИОТ ЧОВЕК: (Земајќи ја повторно иглата) Во Унгарија, во Полска, во Словенија, во најмалите држави Монако, Андора... ЕВРОПА: Доста! Престанете, ништожници! Во кое задоволство ce давите додека ме потчинувате? Оддалечете ce! He допирајте ме повеќе! Болна сум од неизлечиви болести! Јас сум таа што ја пренесе чумата во Марсеј, тифусот во Лондон, колерата во Палермо, беснилото во Белград. Слушајте! Од јужната страна, болна сум од Стара Грција! Од северната страна, болна сум од Моцарт. Западната страна ми е целосно шекспиризирана и источната страна, без остаток, гоголизирана. Имам очи болни од Сезан, имам мозок болен од Ниче, a мојата душа... господа, е болна од Данте! Треба ли да си ja отворам утробата за да ја натерам среќата сосила да влезе во мене? (Инквизиторите ce оддалечуваат од неа како од заболена од чума. Минува посткомунистичкиот народ од годината 2000.) ПРВИОТ ЧОВЕК: Кој ќе ги прифати непризнатите народи, кој ќе ги прифати азилантите кои чекаат пред конзулатите, во пристаништата, во логорите за транзит! Кој ќе ја формира таа нова држава од бегалци на кои им е одземено правото да живеат, кажете ми! ВТОРИОТ ЧОВЕК: (Забележувајќи ја Европа.) Една жена на брегот! Tue ce доближуваат молејќи за помош. ТРЕТИОТ ЧОВЕК: Добредојдовте, госпоѓице! Kaj треба да нè поведе овој стар брод-крнтија, од која вода, на кое суво... ЕВРОПА: Всушност, во кој правец ce движите вие? ТРЕТИОТ ЧОВЕК: Накај секаде. Накај никаде! ЧЕТВРТИОТ ЧОВЕК: Ние немаме право на азил. Ние доаѓаме од подрумите на Кремљ, доаѓаме со нуклеарни и политички тајни. Никој не нè прифаќа и постои можност да умреме чекајќи! ПРВИОТ ЧОВЕК: Јас бев генерал. Јас ce претставував во повеќе дипломатски претставништва за да барам политички азил. На пристаништето во Драч, ние бевме илјадници што баравме дозвола за да заминеме. Всушност, јас сум овде по грешка. Простете ми за нивото на францускиот што го зборувам. Познавате ли можеби еден руски скулптор што живее во Париз? He? Извинете, госпоѓице! Toj делкаше во каменот, без прекин, во воениот затвор. Јас бев задолжен да го надгледувам. Замислете, секој камен стануваше скулптура под неговите раце. Toj, всушност, го делкаше каменот со своите нокти. Во неговата ќелија ce расфрлаа камените глави на бесмртните духови. Една ноќ, јас, со чин генерал, беше сум заспал во дежурната соба и еден војник, обичен војник, влезе со крик и ми рече низ плач: „Другар Генерале, скулпторот Неизвестни излета од неговата ќелија. Јас го видов како лета, со сите негови скулптури, во правец на Западна Европа“. Ах, реков јас, Ах, реков, гомно едно, пичицата мајчина да му ја поебам, треба да ce запре тој лет, под итно. Треба да ce ликвидира додека лета. Додека мавта со крилјата. Од известителните органи разбрав дека тој, всушност, одлетал кон Париз, благодарение на една жена, една курва со реноме која го презираше комунизмот. Затоа го барам! За јас, токму јас, да му кажам дека комунизмот веќе падна. ЕВРОПА: Како? Вие го познавате мојот татко? ВТОРИОТ ЧОВЕК: Слушај, малечка. Јас сум просјак од Берлин, од Источен Берлин. Јас започнав со мојата активност на просјак непосредно по падот на комунизмот. (Пее.) Дојчланд интер алес Дојчланд интер алес Што направи за мене-пес Вчера, денес или утре Времето-крв, времето-безнадеж Времето-бес! ТРЕТИОТ ЧОВЕК: Дојдете, госпоѓице, дојдете и видете што продавам. Доаѓам директно од Вуковар. Имам комплетна колекција на човечки органи, готови за употреба, готови за пери-носи. Be интересираат ли органи? Гледајте! Едно срце, за илјада и петстотини долари! Еден џигер, за осумстотини долари! Бели дробови за три и пол илјади долари! ЕВРОПА: Престанете! Чувствувам како органите ми излегуваат низ уста! ТРЕТИОТ ЧОВЕК: A кој ќе ja купи мојата кутра и крвава стока! Кој ќе го спаси нашиот народ! Кој? ВТОРИОТ ЧОВЕК: Пее. Дајте ми триста дваесет и четири видови на ништо Дајте ми едно парче бездна Дајте ми градови без идеологија Дајте ми еден откинок љубов Дајте ми еден процент од вашата тиранија на парите Дајте ми ja мојата раскината тага Дајте ми ја берзата на смртта на светската левица Дајте ми среќа во сурова состојба Што не вреди, ништо, ништо, ништо. ПРВИОТ ЧОВЕК: Дојдете со нас, госпоѓице! Ќе формираме една нова армија на новата сиромаштија, со тебе на чело! Ние ќе започнеме нова интернационала! Мирно! Оружјето на десното рамо! Стегнете ги редовите! Артилеријо, во формација! Слушајте ја мојата наредба! Готово! Повлечи! Пали! ШЕСТА СЦЕНА ОЧИТЕ HA НИЧЕ, ДУШАТА HA ГОГОЉ, СОЛЗИТЕ HA НЕИЗВЕСТНИ Неизвестни ги слуша командите на Генералот u почнува дa плаче. ЕРЕБА: Ти, зар и ти ќе молиш како него, Ниче? He им верувам на моиве очи, зар треба без очи да те видам? Невозможно! Ти ми дојде во сонот, ме скокоткаше зад уши! Еве, откорни ги моиве очи со ноктите, ископај ми ги и однеси ги во неврат! Фридрих, дојден си да ме направиш среќна, нели? Неизвестни ја гле Да со своите очи – насолзени огледала. ЕРЕБА: Ајде, кажи ми вистини што ce направени за да бидат изгазени со нозе, вистини што можат да бидат кажани со танц, ужасни привиденија, трагични гримаси, морализа-торски пелтечења, нашиот лов на вистината продолжува, продолжува ли нашиот лов на среќа? Неизвестни, што ти е? Зошто плачеш? He биди смешен? Неизвестни е непосвижен u скршен oд тага. ЕРЕБА: Биди разумен Сето ова е само игра само колку нешто да ce прави Зборувај ми Изгубена сум Зборувај, зборувај, зборувај! He бегај ми Единствен придружник мој Голем непријател мој Непознат мој Moj Боже, џелату мој Зборувај! Врати ce Co сите јанѕи со солзите што ти тежат Зборувај ми! До гуша сум во тишина што ме ништи Дојди Господе непознат мој Болко моја, ќерко моја, врати ce Единствена среќо, врати ce! Неизвестни, ќе те вратам повторно во Москва и ќе те предадам на руските власти Неизвестни си ги трие очите. ЕРЕБА: (На скулптурата од Гогољ) Кажи ми, Николај Васиљевич Гогољ, можеш ли да ми позајмиш грст зборови за да ce разберам себеси! Што значи овој повик што сака да ми ја одземе душата? Овие риданија што ме заробуваат во своите канџи? О, Русијо, земјо на хоризонти како молскавици, што никаде на друго место од земјата ги нема! Неизвестни, ако ме сакаш уште, земи го овој револвер и пукај во слепоочникот! Претставникот на Црвениот крсш влегува нена- дејно. ЕРЕБА: (На Претставникот) Што сакате уште да правите овде? ПРЕТСТАВНИКОТ: Извинете, јас морам да направам претрес во вашиот стан, морам да проверам под креветот, под земја, под ѕидовите, под перниците, под скулптурите, под масите, под столовите, кај ce крие таа бесценета статуа која треба да биде изложена утре во Лувр! Морам да ја пронајдам во овој миг! Сега! ЕРЕБА: (Прави еден чекор кон него.) Господине... ПРЕТСТАВНИКОТ: Госпоѓо, допуштете ми да ви речам нешто... He изговарајте ни еден единствен збор, ве молам, вашите зборови ме трогнуваат најдлабоко! СЕДМА СЦЕНА ПОСЛЕДНИОТ ТАНЦ HA ЕВРОПА ПРЕТСТАВНИКОТ: На крајот од краиштата, подготвена ли сте? Играорци и танцувачи, на платото, ви ce молам. Heмa веќе време за губење! ЕВРОПА: Танцувачи? Јас... имајте предвид дека не знам да играм! ГЕНЕРАЛОТ: Госпоѓице, тоа е сосема просто! Вие, всушност, ќе научите да играте токму со мене! Оркестар! Ви ce молм! Еден популарен албански танц! (Toj ja зема сосила во прегратки.) ЕВРОПА: Какво насилство? Тргнете ce од мене и што пода- леку! ПРОСЈАКОТ: Што можете, госпоѓице, играчот кого штотуку го, одбивте, е обично животно. Тоа животно, ме разбирате, нема никаква врска со сензуалноста на Штраусовите валцери! Оркестар! ЕВРОПА: Почекајте, почитуван господине! Објаснете ми! КОЛЕКЦИОНЕРОТ: He, тој не ce интересира за политика. Toj е меѓу нас само поради крваво важни причини. Што можете, слободата ce плаќа премногу скапо! Штотуку, и самиот јас, продадов илјадници жртви од агресијата на југословенската армија а, да ме ебеш, немам кусур да ти вратам! Музичари, едно српско коло! (Toj ja принудува дa игра.) ЕВРОПА: Еднаш засекогаш! Сакам да ме оставите на мира! БРИЧЕНАТА ГЛАВА: Милаја, дарагаја, девушка моја! Јас сум натоварен со најтешката задача на светот: да го спасам мојот народ! Ти не треба воопшто да размислуваш со кого ќе играш: ќе играш само со мене или со својата смрт! ЕВРОПА: Значи, вие, играјќи, ја произведувате мојата смрт! ПРОСЈАКОТ: Дури и под претпоставка да умреш, тоа е помалку возбудливо од потресната носталгија по звуците на бандонеонот! Маестро, плиз танго! ГЕНЕРАЛОТ: (На Просјакот) Ајде, бриши, да те нема! Ти не смееш, наредувам, да ставиш рака на оваа убавица! Од проста причина што смрдиш! ПРОСЈАКОТ: Одбивам да разговарам со воени лица, од хигиенски причини! ГЕНЕРАЛОТ: Губи ми ce од пред очи, бидејќи ќе те заколам како овен! БРИЧЕНАТА ГЛАВА: Јас сум тој што наредува, пo пат на декрети, и ништо не сакам да слушнам! Јас ги донесов, во моите куфери, нуклеарните глави од подморниците и од вселенските бродови! Јас ќе го играм финалниот танц со ова девојче! И крај ! КОЛЕКЦИОНЕРОТ: Слушај Бричена главо! Нема да не уплашиш со твоите нуклеарни глави! Јас подготвувам нешто друго – наскоро, со намера сум да предизвикам светска граѓанска војна! ПРОСЈАКОТ: Чекајте, господа, не дозволувајте да умрам од смеа! Јас сум поразен Германец! Ce сеќавате ли на мене? Рајхстагот, ви значи ли нешто? Бранденбуршките врати? Нирнберг, Челичната девица... БРИЧЕНАТА ГЛАВА: Да, Ленинград, Сталинград, црвениот снег на Сибир, осум милиони убиени Руси! ПРОСЈАКОТ: A вие, другар мој, херн, другарче, што направивте вие? Вие го уништивте вашиот народ поради комунизмот, a cera немате ништо: ни народ ни комунизам! ГЕНЕРАЛОТ: A вие? Вие ја заборавивте самата причина за крвопролевањата и сега тие продолжуваат без особена причина! Дојдете, госпоѓице, сакам нешто да ви кажам, но да остане меѓу нас: танцот е убав само кога ce почнува одново! КОЛЕКЦИОНЕРОТ: A јас! Што ќе правам јас за сето ова време? Ќе треба да играм со својата сопствена сенка? БРИЧЕНАТА ГЛАВА: Вие немате сенка, вие сте вампир! ГЕНЕРАЛОТ: Оставете ja! Вие ќе ја умрете, кутрата девојка! КОЛЕКЦИОНЕРОТ: Таа е бесмртна! Таа никогаш нема да умре! (Ја фрла Европа во прегратките на Бричената глава.) БРИЧЕНАТА ГЛАВА: Апсољутно њет! Таа никогаш нема да умре! (Тој ја фрла во прегратките на Просјакот.) ПРОСЈАКОТ: Таа може да игра уште многу! Знаете ли уште колку: векови, векови и векови! (Toj ja фрла во рацете на Колекционерот.) КОЛЕКЦИОНЕРОТ: Имам впечаток дека таа токму сега започнува да игра! Ова е само почеток! (Toj ja фрла во прегратките на Генералот.) ГЕНЕРАЛОТ: Таа е толку слатка... што, додека играм со неа, сакам напросто да ja изедам! (Toj игра со преморената Европа касајќи ја.) Европа прави уште неколку чекори u бега од рацете на Генералот барајќи го излезот од Лавиринтот, но танчерите тргнуваат по неа u започнува едно фрлање од раце во раце, меѓу нив, во една целосна музичка конфузија на танци, свирени симултано, cè додека таа не ce сруши на сцената, гола, со исплазен јазик u истетовирана, опкружена од неуморните играчи, во вечниот транс на трајниот злостор. ОСМА СЦЕНА КАНТОР JA ВОДИ ЕРЕБА ВО ЛАВИРИНТОТ Кантор излегува од амбалажата на скулптуритв – непредвидено! На главата има црна шапка, благо наросена со прав. КАНТОР: Добровечер, госпоѓо. Можете ли да ми објасните што правам јас овде? Моето присуство овде заслужува еден ужасен презир и јас сакам да го коригирам тоа веќе со мојот следен чекор. Дозволете ми да ве поздравам. Што ce однесува до мене, би можел да речам дека брзам, ја оставив мојата душа во Фиренца, во еден коверт, завиткан во небо сино! ЕРЕБА: Тадеуш Кантор, какво изненадување! Почекајте, ве преколнувам. Имате ли новости... во врска со мојата ќерка. КАНТОР: Вашата ќерка? He би можело да ce рече дека... сум во тек. Меѓутоа, тргнете по мене, јас ќе бидам вашиот предводник, побрзајте. Прво што треба да направиме е да излеземе од овој пекол на чист воздух и да ce обидеме да го распоредиме сето што ce случува овде, на еден едноставен, да речам, линеарен начин. Оваа пиеса е вистински безизлез и јас не знам навистина што барам во неа и особено што ќе правам во неа. ЕРЕБА: Дали можете да ми помогнете да ја пронајдам мојата ќерка? КАНТОР: Без сомнение, без сомнение. Ќе ви објаснам: моето капитално откритие е еден нов простор надвор од времето. За тој да функционира, треба мртвите да бидат пресоздадени од жива актерска крв и самото минато да ce лизга по стрмните патеки на сегашноста. Дали ме следите внимателно? ЕРЕБА: Кантор... Почекајте ме, ве молам до Бога... само да земам нешто пред долгиот пат... КАНТОР: (Без чекање) Лицата што ќе ги сретнеме ce исто така мртви, но, во исто време, тие произведуваат зачудувачки движења и зборови. Тоа ќе ни овозможи да ги напуштиме овие банални форми на еден празен и таканаречен секојдневен живот што нема никаква смисла и цел, извлечни од Оооооооооо, колку рамната и бледа практика на безначајностите на театарот што ce нарекува денешен и теророт што тој го врши на кутрата сцена! ЕРЕБА: (Низ крик) Неизвестни, Неизвестни, љубов моја, заминувам, Неизвестни, трчај по мене, ќе те чекам таму, прости ми, Неизвестни, јас морам да заминам неодложно и да ја пронајдам... ПРЕДВОДНИКОТ: (Неочекувано трансформиран.) Каде одите, госпоѓо? Вие, во никој случај, не можете да отпатувате сега! He доаѓа предвид! Вие треба да бидете свесни дека имате само педесет и пет минути за да ја завршите реставрацијата! Госпоѓо! He заборавете дека Изложбата на Меѓународниот Црвен крст во Музејот Лувр ќе биде отворена лично од претседателот! ЕРЕБА: Ве молам, направете ми пат да поминам! Контор, каде сте? Контор! Почекајте ме! ДЕВЕТТА СЦЕНА ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ HA СТАТУИТЕ, НЕИЗВЕСТНИ, КРСТОПАТОТ HA СИТЕ МИЗЕРИИ ВО ЕВРОПА Неизвестни долго молчи. Потоа, со двете раце, ce обидува дa си ja отвори устата, како дa сака да ja отвори вратата на иеколот. Конечно, тој успева да произведе еден чуден звук кој одекнува како ехо на некој митски напев. НЕИЗВЕСТНИ: Што ce случува овде? Ти повторно плачеш? Ти повторно крикаш, ти повторно паѓаш, ти повторно среќата попусто ја бараш? Ти повторно по нервните жици на mojot, ce шеташ, мозок? Јас ќе ги фрлам во Марна сите овие скулптури, сите овие украсни форми на мојата горчлива надеж, ќе ја изметам оваа сцена од сето ѓубре зашто единствено што сакам во овој миг е да останеме сами, сами, сами и сами! Сакам да видам како празнината ce искачува во мене, сакам да те видам како ѕвезда на моето руско небо, згазена на земја, ранета и срочкана, раскината од мојот занес, љубов маја, љубов маја. Дојди, божице моја, и види како свршувам со тишината, чекори гола кон мене, стопи го каменот на моето отсуство, Ереба, сакана жено моја. Кога ќе им речам на сите видливи нешта да згаснат пред твојата светлина, црно сонце мое, спасителке моја, револуцијо моја, во калта на несреќата, моја реставраторке, среќо довеана од ветровите на Самарканд. Ќе ги уништам сите овие тајни митови, сета оваа митска илегала, ќе ги фрлам во бездната и над неа ќе те љубам! Toj тргнува дa гu исфрла дрвените амбалажи, но oд нив излегуваат неочекувани креатури кои заканувачки го прострелуваат. БРИЧЕНАТА ГЛАВА: Ја видов ќерка ти пред црквата Марија, мајката Божја, во Москва. Видов непрегледна толпа гладни луѓе кои викаа до небеси: „Ќе завршиме ли сите ние како невработени чекачи на возот за пеколот?“ Административните авторитети испратија тенкови, но таа, твојата ќерка, не сакаше да ce помрдне од местото на плоштадот. Тие поминаа врз нејзиното тело, лицето и беше покриено со крв. Јас ce обидов да ја спасам, но имам чувство дека таа беше просто растргната на илјадници парчиња, од простата причина што Русите ce народ кој ce брза. ПРОСЈАКОТ: Дајте ми триста дваесет и четири видови на ништо Дајте ми едно парче бездна Дајте ми градови без идеологија Дајте ми еден откинок љубов Дајте ми еден процент од вашата тиранија на парите Дајте ми ја мојата парампарче тага Дајте ми ја берзата на смртта на светската левица Дајте ми cè што е ваше Дајте ми ништо, ништо, ништо! Дајте ми среќа во сурова состојба Што не вреди ништо, ништо, ништо. КОЛЕКЦИОНЕРОТ: Еве, јас можам да ти дадам, пардон продадам, едно срце во сурова состојба за илјда и петстотини долари, еден џигер за осумстотини долари, јас ти давам, пардон препродавам, бели дробови, десно и лево крило, за три илјади и петстотини долари, јас ти давам... ГЕНЕРАЛОТ: Англија, која Англија? Ја уништувам или ќе ја уништам Англија заедно со Ирска, вклучително и Шкотска. Франција? Koja Франција, ja клавам на кур Франција, заедно со прекуморските територии! Бенелукс? Каков Бенелукс? Ќе појдам да си го измочам токму таму! Германија? Кој кур Германија? Ке влезам и ќе направам еден невиден масакр во Бундестагот! Ке ангажирам три милиони гладни субјекти од Калкута за да изградам ѕид околу обединета Германија! Потоа ќе ги земам клучевите од тој каменен кафез и ќе го активирам сиот нуклеарен експлозив на Русија што ќе го набавам по строго тајни патишта и трансакции, потоа ќе одам да плукнам во Италија и ќе продолжам да ce борам cè до мојот последен војник! Да! Јас сум тој што ги дава наредбите од кои ќе пропишти cè што е од мајка родено! Мирно! Ha десно равнајс! На парове разбројс! Артилерија на готовс! На мојој команди! Пуцај, пали, ватра! ПРОСЈАКОТ: Ти ќе ја напаѓаш мојата татковина, Германија! Кутри српски Генерале! Знеш ли да пееш? ГЕНЕРАЛОТ: He! ПРОСЈАКОТ: Сака да убива и да коле, a не знае да пее!? ГЕНЕРАЛОТ: Ги презирам тие што пеат! Србија умира, a јас да пеам!? ПРОСЈАКОТ: Знаеш кој... Гете знаеше српски песни! Гомно невидено од Генерал, a ти не ги знаеш скриените светлини на зборовите од твојот сопствен народ што ги пеел !? Знаеш само да го продолжуваш темниот вилает во свеста што те тера кон колежот и злосторот? Гледај ме мене! ас сум Германец! Просјак сум што пита насекаде и од секаде, гледам, врз моите испружени раце ce населуваат, како пеперуги, душите на сите милиони убиени од германските армии и тие пеперуги ме проследуваат, ме прогонуваат! Кутар мој Генералу, со крвави раце и посрано срце, сакаш ли твојата идеја за Србија од Дунав до Атлантикот да ja шириш? И единственото што го вложуваш на тој пат е крвопролевањето и злосторот што повторно ја посеа европската земја на крајот од веков со масовни гробници од нови пеперуги во Босна? Јас ќе го пронајдам лекот за тебе, a лекот ce вика песна! Песна! Песна! Пе-еј! Се-га! ГЕНЕРАЛОТ: Нема никогаш да пеам! БРИЧЕНАТА ГЛАВА: Лајно од Генерал! Побрзај да запееш бидејќи мојата голема нација нема време да те чека! Нема Ти и таквите како тебе да бидете пречка за кредитите од Меѓународниот монетарен фонд што ce тргнати кон Русија! Пеј во овој миг! Здјес! ПРОСЈАКОТ: Слушај ! Ангели од српските цркви Откорнете го малтерот од вашите фрески Излезете заедно за да ја грабнете душата Ha еден генерал кој сакаше да ја уништи Европа Ангели бели и црни Излезете од Византија И влезете во катакомбите на овој век! КОЛЕКЦИОНЕРОТ: Земи, еве земи, мој Генерале! Земи! Земи ги во твоите раце овие живи органи, земи ги овие дробови, земи го ова срце, земи го овој џигер, земи cè што сакаш, што ти душа носи, продавам органи збирани во Вуковар, кој заднекни беше откинат од земјата од Нова Герника, од Сребреница и од Централна Босна... пресни органи од Нова Герника... Земи! БРИЧЕНАТА ГЛАВА: Апсољутно! Cè треба да биде заборавено, но cè е незаборавно! Како, утре, меѓународните финансиски институции ќе најдат сила да ни поверуваат? Што ќе ѝ речам утре на мојата влада? Што ќе изјавам задутре на Црвениот плоштад и како тоа ќе биде сфатено во Чеченија и во меридионален Сибир? Кој ќе ја пресече мојата бричена глава? И јас, ве пршувам сите вас, мои Руси, мои браќа, мои сестри, што треба да направам за да ве спасам сите вас, односно сите нас? ГЕНЕРАЛОТ: Војна, војна, тавариш! Војна што никогаш не завршува, војна што никогаш не е дозакопана, војна што само продолжува, тоа е единственото што треба да го правиш! Само војна, cè друго е заебанција во вид на мир во која те убиваат без да знаеш! ПРОСЈАКОТ: (Вади трошки од џебовите.) Еве со што ќе ce борам со моите две испружени раце. Во нив како пилиња летаат за да не ги здрочкам стиховите од песната на Нибелунзите. Зборовите од Хелдерлин и Хесе, музиката на Бетовен и орнаментите на Томас Ман и црниот камен на Џозеф Бојс. Ајде, пејте, за да не ce убивате, Жедна птицо Од мракот на нашите мисли Донеси ни една капка само Од мртвото море на Духот Капка која ќе не соедини во љубов Кири Елејсн, Иншалах, Шалом... ГЕНЕРАЛОТ: И, на крајот од краиштата, ако господинот скулптор Неизвестни, бившиот другар репресиран уметник, сакаше да ce потсети од каде доаѓа, сакам да речам, на своето потекло, тој не би можел да негира дека тоа, сепак, допира до него како верижна реакција... НЕИЗВЕСТНИ: (Одеднаш паѓа на коленици како дa ја здогледал црквата на Мајката Божја u започнува молитва.) Кажи ми, мајко, мајко Божја, што направив јас за да ce пронај-дам во ваква самотија каде што сенки и привиденија ce шетаат во моето пусто и никогаш недоречено јас! Јас ли сум станат нужник и крстопат каде што сите мизерии на Европа ce леснат од својот очај, мојата барокна во молк запретана реченица ќе експлодира, моите очи ќе ce распрснат како син кремен, моето срце стана фабрика за производство на надеж и социјални грижи, кажи ми, мајко, мер, мама, мадер, мутер, матка, мааамааа миа, кој ќе ги пронајде моите непознати дела? Кој ќе го пронајде мојот милитантен пацифизам, мојот митски глас за мир, мамо, мајко, мер, мама, мајко божја, спаси ме, пронајди го моето избришано име во твоите тажачки, умирам сам и непознат, жртва на мојата уметност што не ја искажав, на мојата болест од која цел вземи ќе лежам, пронижан од погледот Твој и на Вечноста, мајко на Бога во мене... ПРЕТСТАВНИКОТ HA ЦРВЕНИОТ КРСТ: (Влегува како u секогаш) Ти ли си тој што ја украде статуата? Беден странецу, без документи дека си воопшто жив! Јас ќе те пријавам за истрага, пред интернационалните судови, Интерпол и сл. Јас сум заштитник на уметноста! Me разбираш! Да или не! Заш-тит-ник! Мислам дека строгоста на казната што те очекува за кражбата на таа статуа е неочекувано ригорозна и монструозна. Значи, ригоструозна! Јас ќе ги вложам сите мои напори во тој правец! НЕИЗВЕСТНИ: Co оглед на фактот дека еден човек за вас е помалку од ништо, a самиот велите дека заштитувате само статуи, ќе направам од самиот себеси камена статуа и ќе ви ја посветам лично вам! ТРЕТИОТ СУДБОНОСЕН ЧЕКОР HA ЕВРОПА НАДВОР ОД ВРЕМЕТО Европа чука на портата на Бекет. Toj стои простум на црвениот стол, мислејќи u играјќи истовремено со очилата, префрлајќи гu oд едната во другата рака. ЕВРОПА: (Чука на вратата.) Господине Семјуел Бекет! Бекет гледа во неодредена точка останувајќи исправен на нозе, на дрвениот стол. ЕВРОПА: Господине! Отворете ми! Јас дојдов да ве видам! Јас дојдов да ве видам пред да умрете! Бекет гледа во саатот. ЕВРОПА: Јас сум дојдена да ви кажам дека моето појавување во осумдесеттите години на XX век, на булеварот Сен-Жак, во Париз, Порта Це, во внатрешниот двор на третиот спрат, пред вашата врата, не е сосема случајно! Имам впечаток дека трчам во спринт 100 метри, во мрачниот ходник на светската трагедија и дека стотиот метар сте вие! Застанувам токму на вас! Отворете ми! Бекет не ја слуша. Си гледа во далечината. ЕВРОПА: Ако може да ce рече, како што ќе речам, од оваа трка на 100 метри, јас би можела да направам извесна класификација: Трагедија на боговите и Трагедија на ѓаволот! Кажете ми, на која страна сте вие? Бекет е тотално отсутен. ЕВРОПА: Дали, всушност, со вас, Трагедијата на човекот, заврши или не? Бекет молчи. ЕВРОПА: Дали, всушност, со вас, за прв пат во светската трагедија, беше роден таканаречениот интернационален стил? Бекет покажува прв знак на интерес u го наближува увото кон страната од каде што доаѓа звукот. ЕВРОПА: Дали вашиот театар е политички, андерграунд или социјален? Бекет не слуша иовќе ништо. Cè му е преку... глава. ЕВРОПА: Последното прашање: дали во рамките на таа трагедија на мажи, на жени, на изгубени девојчиња, исто така, јас имам шанси да бидам спасена? И каква е таа можност, изразена процентуално? 1%, 7%, 82%!? Колку? (Нема одговор.) Кажете ми ! ! ! Кажете ! ! ! Кажете ми па ако треба на непознат јазик, ќе ве разберам! Кажете ми на кој сакате јазик! Кажете ми на француски, бидејќи вие, колку што знам, пишувавте на француски и потоа коригиравте!? Кажете ми на англиски, на јазикот на кој, дефинитивно, ќе биде изедена планетава Земја!? Кажете! Кажете, ако сакате на вашиот мајчин јазик!!!! Мислам дека вие бевте Ирец, ако не ce лажам!? Зошто вие не пишувате на тој заборавен јазик? БЕКЕТ: Простум, на столот, тој почнува дa ја отвора устата u, на заборавениош каелички јазик, тој пее една стара средновековна ирска песна чиј творец е непознат. He требаше никогаш и никаде студенило пострашно од смртта да има He требаше никогаш и никаде ветришта што душата од срцето и од земјата ја корнат да има He требаше никогаш и никаде пекол да има He требаше никогаш и никаде страданија да има He требаше никогаш и никаде терор да има Освен ако сето тоа не беше Поради мене, мене, мене! ДЕСЕТТА СЦЕНА О ЖЕНО, ВРЗ KOJA JA ПОЛОЖИВ СЕТА MOJA НАДЕЖ ЕРЕБА: Кантор, каде сте? Кантор? ПРЕТСТАВНИКОТ: Госпоѓо, ве молам. Каде е статуата? ЕРЕБА: Koja статуа? ПРЕТСТАВНИКОТ: Статуата што ја нема! ЕРЕБА: Единствената статуа што можете да ја имате, тоа сум јас!!! ПРЕТСТАВНИКОТ: (Сосема изгубен) Госпоѓо... вие... Статуата што недостасува имаше прекрасни нозе... извајани колкови... возвишени дојки... ЕРЕБА: (Го раскинува горниот дел од фустанот.) Дали овие ви одговараат? ПРЕТСТАВНИКОТ: Госпоѓо, јас... Јас сум сирак... Јас никогаш не сум допрел дојка на жена... Растев во еден дом за изгубени деца... во холот имаше статуи. Јас почнав чудно да ги сакам. Во нив ја гледав мојата изгубена фамилија. Една од статуите беше жена. Жена со невидена убавина. Си мислев долго, и долго, и долго, дека таа би можела да биде мајка ми и дека црн маѓесник ја претворил во камен. Ноќе, кога ја гледав, мислев дека никој не може да гибне во мојот таен сон. Но дење, дење јас пеколно страдав. Мојата мајка ги покажуваше дојките на сите од ред, на странци, егзиланти, емигранти, бегалци, и различни нерегуларни луѓе. Јас ce чувствував исклучен од нејзината љубов која, ноќе, во ходникот, ми припаѓаше само мене. Јас многу години подоцна ja чувствувам таа длабока болка и ве молам, госпоѓо, покријте ce, бидејќи некој друг може да ве види...! ЕРЕБА: Јас... воопшто не можам да претпоставам што, всушност, сакате вие? ПРЕТСТАВНИКОТ: (Одеднаш, како бесен механички пес) Најдете ми ги веднаш скулптурите! ЕРЕБА: Кои скулптури? ПРЕТСТАВНИКОТ: Скулптурите што јас лично ги истоварив кај вас! ЕРЕБА: He сум видела никакви скулптури! ПРЕТСТАВНИКОТ: Криминалко! Ќе те убијам! ЕРЕБА: Јас не сум криминалка! Јас сум спиритуалка! ПРЕТСТАВНИКОТ: Вие сте една курва со тапија! ЕРЕБА: Што!? ПРЕТСТАВНИКОТ: Најдете ми ги статуите, односно скулптурите, во овој миг! ЕРЕБА: Јас не знам каде ce! Јас не сакам да знам каде ce! ПРЕТСТАВНИКОТ: Горенаведените објекти беа кај вас! Вие ја потпишавте фактурата од испораката! Нема да ми речете дека не... ЕРЕБА: Јас ништо не потпишав! Ce појавува Данте, во одежда од неговото време. ДАНТЕ: Ô donna in cui la mia speranza vige E che soffristi per la mia salute In inferno lasciar le tue vestige ПРЕТСТАВНИКОТ: (Bo халуцинација) Данте! Скулптурата на Данте, жива...!? ЕРЕБА: Данте, дојде ли да ми помогнеш!? Имаш ли новости за мојата умрена по убавина душа? ДАНТЕ: Деклмирајќи гu своите стихови ù го предава фустанот на нејзината ќерка Европа. Se nuova legge non ti toglie Memoria o uso all'amoroso canto Che mi solea quetar tutte mir voglie ЕРЕБА: Нејзиниот фустан, Данте, тое не е фустан, тоа е сончев зрак. Ох, остави ме да го допрам! Каде е таа? Kaj ce крие моето девојче? Одговори ми, Данте! ДАНТЕ: Вашата ќерка е Горе! Таа е во третиот круг на жилата од листот на една божествена роза... ЕРЕБА: Сакаш да ми речеш дека е... He, малечка моја, цвету одвеан од мојот болен занес, пупко откината од мојата расцветана тага... Ce презирам самата себеси... ce чувствувам постара од две илјади години. (Кревајќи го кон небесата фустанот) Te гледам, малечка моја, претворена во камен, со лице покриено од вечните снегови на мислата, дека никогаш нема да те видам! МОЦАРТ: (Влегува со широка насмевка.) Прекинете, еднаш засекогаш, со чувството на несреќа, ви ce молам. (Пее еден напев од „Волшебната флејта“.) Госпоѓо, ви ce молам, престанете да плачете! Што можев да речам јас, замислете си само, на денот на мојот закоп, во гробницата за сиромаси. Имаше само три потпросечни статисти a јас морав да го диригирам оркестарот на мојот реквием! Слушнете го овој мал ритардандо! (Пее) Ајде, развеселете ce! Вашата ќерка, штотуку не тргнала! ЕРЕБА: Моцарт, не бидете брутален! МОЦАРТ: Госпоѓо, вие сте непобедлива, видете што сакам да ви речам, наспроти вас, дури и смртта е смешна. Ce сеќавам, ноќта наспроти моето заминување од овој свет, дојде Toj и ми рече Јас сум Лутгеб, интендантот на грофот Валсег Ступак. Јас ви нарачувам миса за реквием во ре минор! (Ce смее пеејќи.) Потпишете го договорот! Господине, знаете што... не го клавам ни на куров вашиот договор! Губете ми ce од пред очи, воопшто не ми е страв да ја сретнам таа курва, наречена смрт! Што може таа да прави пред мојот... талент! (Ce смее.) Видете, мил мој, проблемот е во тоа што јас сум бесмртен! (Ce смее.) Вашата ќерка, госпоѓо, тоа е вашиот талент! (Од пазувите вади една раскошна шапка со седумнаесет пердуви.) Еве, гледајте ја! ЕРЕБА: Нејзината шапка! Моцарт, каде ја најде!? МОЦАРТ: Ја најдов, така, шетајќи ce во рајот... ЕРЕБА: Поведи ме кон тој мртов рај во кој таа е единствено жива... МОЦАРТ: Што мислите, драг мој Данте Алигиери, за оваа идеја! ДАНТЕ: Млад човеку, без преуранети гестови, ви ce молам! Ќе поминеме повторно, по пет векови! ЕРЕБА: Ќе поминете, по пет векови!? МОЦАРТ: Пет векови – ништо! Толку трае еден бакнеж! Едно треперење на клепките! Данте u Моцарт исчезнуваат. ПРЕТСТАВНИКОТ: (Bo тотална конфузија) Националното богатство исчезнува! Што ќе му речам сега на претседателот на Интернационалниот Црвен крст, на разните институции за заштита на уметноста, на експертите на Обединетите нации, на министерот за внатрешни работи? ( Toj тргнува кон неа.) Слушајте, Ереба! Јас сум одговорниот за cè што исчезнува! Be молам, најдете ми ги скулптурите и исчезнатата статуа бидејќи сите горенаведени авторитети ќе ме изедат жив! (Ереба ce свртува кон него.) Госпоѓо, не изговарајте ни еден единствен збор! Секое придвижување на вашите усни, длабоко ме потресува, да не речам ме ништи!(Излегува.) ЕДИНАЕСЕТТА СЦЕНА РАСЧЕРЕЧУВАЊЕТО HA ЕВРОПА Европа е растргната u непосвижна, на гола земја, опкружена од огромни птици кои ги зариваат своите клунови во нејзината утроба. Влегува Колекционерот на органи, со еден портабл фрижидер eo рацете. Toj ги изгонува грабливките u ce фрла врз Европа сакајќи да ù ги извади u дa ù гu откорне внатрешните органи ставајќи гu, еден по еден, во портабл фрижидерот. Потоа исчезнува. Влегуваат тројца кранолози или череполози, облечени eo постмодерни алишта. Ce доближуваат дo Европа u ja почнуваат анализата на нејзиниот череп. ПРВИОТ КРАНОЛОГ: Според формата на черепот, можеме да ја аванси-раме хипотезата дека ce работи за човечко суштество од женски род, од крајот на вториот милениум! ВТОРИОТ КРАНОЛОГ: Дозволете ми да иницирам неколку сомнителни детали кои ја доведуваат во прашање вашата хипотеза. Овој череп, со своите карактеристики, еклатантно ја наметнува детерминантата дека припаѓа на претхристијанскиот период! ТРЕТИОТ КРАНОЛОГ: Да, вие сте сосема во право, драги колега! Меѓутоа, имајте предвид дека начинот на кој ce артикулираат мандибулните коски, односно виличните движења, не тера на сосема спротивно сознание! ПРВИОТ КРАНОЛОГ: Многу необичо, повеќе од необично! Неверојатно! Всушност, ќе треба да пристапиме кон целосна депилација на черепот за да видиме на кој начин ce поврзани фронталната, париеталната, маларната и оксипиталната коска. Што мислите вие за тој предлог? ВТОРИОТ КРАНОЛОГ: Еве, еден неповторлив и уникатен пример! Умирам од нетрпение да ги видам мембраните и нивното потпирање врз мозочната маса! ТРЕТИОТ КРАНОЛОГ: Господе, имам чест да ви предложам да го транспортираме ова откритие во нашата лабараторија за да можеме да ce предадеме на непречени експериментални зафати, во целосна слобода и со право на дискреција. ПРВИОТ КРАНОЛОГ: Да! Без сомнение! Мислам дека, со овој објект, нашата пасионираност ќе добие нови докази и стимулции! ВТОРИОТ КРАНОЛОГ: Дозволете ми да ја авансирам претпоставката дека и самата кранологија, односно черепологијата, речено на популарен начин, ќе доживее неочекувани поместувања нанапред! ПРВИОТ КРАНОЛОГ: Мислам дека, потоа, откако ќе го класираме овој череп, ќе треба да го испратиме со номенклатура во Музејот на Човекот! ТРЕТИОТ КРАНОЛОГ: Воодушевено за! Ќе го конзервираме според принципот на мумија со, ако допуштите, вистинската иницијална формулација: Хомо трансисторикус, најден на крајот на XX век, во еден лавиринт со човечко лице! Тројцата кранолози излегуваат носејќи го телото на Европа во наведениот музеј. ДВАНАЕСЕТТА СЦЕНА ФАКТУРА HA ЦРНО ЗА ВНАТРЕШНИТЕ ОРГАНИ HA ЕВРОПА НЕИЗВЕСТНИ: Koje? КОЛЕКЦИОНЕРОТ: Јас сум! НЕИЗВЕСТНИ: Имаш нешто да ми кажеш? КОЛЕКЦИОНЕРОТ: He! НЕИЗВЕСТНИ: Тогаш, зошто си дојден? КОЛЕКЦИОНЕРОТ: Дојден сум да ти дадам нешто! НЕИЗВЕСТНИ: Што е тоа нешто? КОЛЕКЦИОНЕРОТ: Твојата ќерка! НЕИЗВЕСТНИ: Ce шегуваш! КОЛЕКЦИОНЕРОТ: He, особено! НЕИЗВЕСТНИ: Покажи ми ja! Сакам веднаш да ја видам! КОЛЕКЦИОНЕРОТ: Треба да платиш, прво! НЕИЗВЕСТНИ: Знаеш дека немам пари! КОЛЕКЦИОНЕРОТ: (Жестоко) A српскиот народ, што ќе прави тој! Како ќе ce движи кон прогресот, без парични средства? Повеќе милиони суштества ги чекаат нестрпливо резултатите од моите комерцијални трансакции! НЕИЗВЕСТНИ: Каде е таа? КОЛЕКЦИОНЕРОТ: (My го покажува портабл фрижидерот.) Овде, внатре! НЕИЗВЕСТНИ: (На фрижидерот) Европа, девушка моја! О, земјо на мојата сопствена крв, сонувам или на јаве те гледам! О, огледало на мојата сопствена смрт. Како дојде ти во мојот егзил? Кој ме осуди да гледам тоа што не видел никој? КОЛЕКЦИОНЕРОТ: Ако не платиш, никогаш нема да ги имаш живите органи на твојата ќерка! НЕИЗВЕСТНИ: Европа, малечко девојче мое! Твојата крв ли е тоа што крика низ моите вени! (Toj плука во лицето на Колекционерот.) КОЛЕКЦИОНЕРОТ: Тоа чини триста педесет и шест долари, на црно, ова треба да ce плати три илјади германски марки, на црно, овие органи, оваа група, овој град, оваа верска и етничка група, еден милион и двесте илјади рубли, на црно, и седумдесет нуклеарни глави, триста илјади, милион и три, на црно! Спасиба! (Го зема портабл фрижидерот u на него ja пишува фактурата.) Некој мора да ја плати оваа фактура! НЕИЗВЕСТНИ: Надвор, невидено и гнасно ѓубре! КОЛЕКЦИОНЕРОТ: A што ќе правам јас со сето ова? (Го крева фрижидерот.) НЕИЗВЕСТНИ: Направи еден милосрден гест! Подари го на детските болници каде, во војна или во привиден мир, копнеат пo зрно живот бистрите очиња и светлите лица на ирските, курдските, романските, албанските, грузиските, српските,хрватските, босанските, литванските, чеченските, мексиканските, украинските, руските, индиските, чилеанските или аргентинските деца! Тргни во милосрдие, Колекционеру! Колекционерот молчи. НЕИЗВЕСТНИ: Да! Испрати ги! Направи го тоа! Напиши го! Трансплантирај ги насекаде моите соништа, моите скулптури, моите јазици, моите деца, моите Дунави, моите очи, мојата култура, моите откорнати земји, заборави ме и слушај ги моите зборови! Јас ги закопував точно десет години моите реченици – икони на мојата мисла – фрески на мојата тишина и гледам, денеска, повлекувам црна црта за да видам што, всушност, изгубив јас! Ја изгубив мојата ќерка, мојата жена, моите дела, мојата меморија, немам повеќе меморија, не знам дали сум жив или мртов, дали ти зборувам тебе или си зборувам самиот себеси! He знам веќе кој јазик ме разнебитува! Таа курва од инспирација ме фрли во калта и јас сакам да излезам од неа! Ќе формирам спиритуална хунта, ќе го освојам сиот свет со моите многујазични фаланги, со моите тајни команди, со моите внатрешни дивизии: Maj Гад, Мон Дие, Moj Боже, ќе те победам со моите ангелски бригади! Ке ти ја фрлам в лице мојата врховна душевна команда: Ариведерчи, Досвидања, Оревуар, Асталвего, Адиос, Си ју сун, Збогум, Догледање! (Toj влегува во многујазична фреска формирајќи, со сопственото тело, фантастични фигури.) Да, еве ме! Самиот себеси ce претворам во скулптура, слободен пред вечноста, заштитен од сите естетички вредности! Јас сум жив пример и мртва природа! Го надлетувам ништожното и празно значење на светот! Спијам од простум, ја чувам отворена устата на готовс за пресудниот збор со кој ќе разрешам cè и, наместо да го испуштам тој финален и убиствен крик, организирам револуција на странци извајани во гипс! ПРЕТСТАВНИКОТ HA ЦРВЕНИОТ КРСТ: (Сосема изгубен) Господине Непознат, каде е вашата жена? Каде ce скулптурите? НЕИЗВЕСТНИ: Штотуку ce завршив самиот себеси, господине Претставник на Црвениот крст! Вам лично ви ја посветувам мојата сопствена скулптура... Петставникот го вади револверот од футролата на левата ногавица u стрела во живата скулптура. Од гипсот на неговото тело, тече крв. ЧЕТВРТИОТ СУДБОНОСЕН ЧЕКОРНА ЕВРОПА НАДВОР ОД ВРЕМЕТО Европа е сама во безгласната ноќ на Лавиринтот. Единствено нејзината уста е осветлена! Ce друго е покриено со мрак. Taa ja отвора устата како дa сака дa го изговори својот последен збор. ЕВРОПА: Мамо! Тишина. ЕВРОПА: Majко ! Тишина. ЕВРОПА: Мадре! Мадре! Маратр! Кралице-мајко! Ќерко-мајко! Majко на сите живи! Мајко-татковино! Гранко-мајко! Куќо-мајко! Ќелио-мајко! Јазику-мајко! Идејо-мајко! Мајчице моја! Каде си? Тишина. ЕВРОПА: Мамооо! Четворицата актери посттрагичари ce појавуваат како глави на мајки oд различни епохи u со различни знаци кои можат дa бидат препознавани во косите, периките, круните, шамиите, шапките, цветовите... ПРВАТА ГЛАВА: Да! Te слушам, девојче мое...! ЕВРОПА: Мајка...!? Мама...!? Мамо? He! Вие не сте ми мајка! Јас сум мајка на мајка ти и мајка на нејзината мајка што беше внука од сестра на мајката на таа што пред да стане мајка-ќерка беше мајка-куќа и во таа куќа, има точно дваесет и четири века од тогаш, таткото на таткото и татко му негов дојде за да ce видиме насамо за подоцна да станам твоја мајка и мајка на оној што... ЕВРОПА: Мајко-куќо ничија, направи да излезам од оваа трагедија. ВТОРАТА ГЛАВА: Од сите страдања, најболни ce оние на кои самите сме автори. ЕВРОПА: Извинете, вие сте автор на што? ТРЕТАТА ГЛАВА: Јас сум авторот-мајка на тој што го рече тоа! Што значи, јас сум таа што го роди! ЕВРОПА: Чија мајка сте вие? ЧЕТВРТАТА ГЛАВА: Ha Софокле. Toj што ги напиша Антигона, Едип, Електра... Пред да стане автор на овие трагедии, јас бев авторот односно коавторот, заедно со неговиот татко, што го создаде него. Да, татко му, еден анонимен од Колон, со кого ce ебававме во јануари 495 пред новата epa и ce породив со трагичарот, во август истата година. Задоволна? ЕВРОПА: He ми е јасно што треба јас да правам во сето тоа? Ти треба да го бараш најважното! Твоето телесно потекло! Бидејќи дури и трагедиите на Софокле имаат татко и мајка, a тоа сум јас! Главата ce смее со глас кој препестува планина. ЕВРОПА: Телесна мајко моја! Слушај ме! Последен пат ти го поставувам следното прашање: на кого треба да му ce обратам за да излезам од времето во мене, од времето надвор од мене, од овој ужас наречен историја во која паднав против мојата волја, кому: на трагичарите, на императо-рите, на еклезијастите, на писателите, на астролозите, на празните пророци, на револуционерите, на реакционерите, на националистите, на интернационалистите, на бан-карите, на прегладнетите, на филантропите, на невработените што во милиони ја освојуваат планетата, кој ќе ја спаси мојата душа? Кажи ми кој повторно ќе ја врати изгубената надеж за сите нас, овде и другаде, за секогаш и за никогаш, насекаде и никаде? ПРВАТА ГЛАВА: Ќе ви кажам! ВТОРАТА ГЛАВА: Јас сум главата на мајката... ТРЕТАТА ГЛАВА: Јас сум главата на мајката на англискиот историчар Арнолд Тојнби (1889-1975). ЧЕТВРТАТА ГЛАВА: Јас сум таа што го испили на овој бел свет... И никој друг...! Bo неговото дело A stady of history, значи, во делото на тој што јас го родив, ме разбираш... ВТОРАТА ГЛАВА: Во неговото дело A stady of history, историјата на светот е како една голема болничка соба во која има дваесет и еден кревет... ТРЕТАТА ГЛАВА: Повеќето од болните во креветите ce дефинитивно мртви... ЧЕТВРТАТА ГЛАВА: Неколку од пациентите ce во полумртва, да не речам летаргична состојба. Главниот пациент, Европа, станува плен на една неверојатна болест против која таа ce бори, да речам, енергично... ПРВАТА ГЛАВА: Но... попусто! Медицинската наука знае дека деновите на болната Европа можат да ce избројат на прсти... ВТОРАТА ГЛАВА: Ce работи, всушност, за едно битие, осудено на целосно изумирање бидејќи неговите органски сили ce веќе исцрпени и тука, доколку таа мисли дека може да ce лекува со политика, страшно ce лаже, политиката само ќе ѝ фрли земја на отворениот гроб.... ТРЕТАТА ГЛАВА: И cè што може таа да прави е да си ги брои деновите и миговите што и остануваат од таканаречениот живот, да не работи во полза на нејзината штета и да си ја прифати историската судбина, таква каква што е! ЕВРОПА: He, јас не ја прифаќам мојата судбина! Каде ce другите дваесет кревети на таа болница за која зборувате! Ќе произведам еден перверзен ефект, cera и овде, пред вашите очи: ќе ги разбудам мртвите, ќе ги вработам живите што умираат во чекање, заробени во земниот пекол, во нивниот социјален пекол, ќе ги поделам сите богатства на оваа најскапа гробница на светот што го носи моето име, Европа, ќе повикам од небесата да слезе една вејачка машина за нови идеали и ќе бидам нова појдовна точка за нова социјална револуција меѓу Урал и Атлантикот, за дефинитивно рушење на Тиранијата на парите! Донесете ми ги другите дваесет кревети на таа болница, ви ce молам, јас сакам да ги видам! Нова утопио на последната надеж, дојди! Немој да ce криеш! Te гледам од далеку, ја чувствувам cè уште непролеаната a утрешна крв, седам овде на каменот на сомнението и ги оплакувам трагедиите што идат! Каде ce другите дваесет кревети од оваа болница од која не можам да го најдам патот до излезот! Дваесетте кревети, во форма на глави на мајки oд различни епохи, минуваат пред неа како искри во Ноќта на Вечноста... ПРВАТА ГЛАВА: Ви зборува главата на мајката на Александар Македонски. Мојот син сакаше да го освои светот! Toj беше единствен во светската историја што сонуваше за универзална држава. Сакам пред вас да му ce извинам на целото човештво, на сиот свет! Да! Да го освоиш светот! И после што да правиш со него! Да му ce.... ВТОРАТА ГЛАВА: Госпоѓице, имам чест да ви ce претставам! Главата на мајката на последниот римски император! Be молам, пренесете ги моите искрени жалења до сите опримирани народи на некогашната империја! ТРЕТАТА ГЛАВА: Заборавете ja оваа глава што ceгa ја гледате! Главата на мајката на еден византиски император, и пренесете им ги на сите мртви, жртви, живи и недоумрени, ве молам... моите сочувства! ЧЕТВРТАТА ГЛАВА: Малечка! Главата на мајката на еден од основачите на Отоманската империја сака нешто да ви каже... ЕВРОПА: Мајки на император и на основачи на империи! Знаете што! ГЛАВИТЕ: Што? ЕВРОПА: Me боли задникот за вас! ПРВАТА ГЛАВА: A, исто така, не треба да ce забораваат главите на кралиците – мајки на кралевите на Англија и британската империја Мадер Ингланд! ВТОРАТА ГЛАВА: A, исто така, и уште повеќе, главата на мајката на Карло Велики! ТРЕТАТА ГЛАВА: И, исто така, главата на мајката на првата Света романо-германска империја... ЧЕТВРТАТА ГЛАВА: И, исто така, на Шпанија пред конквистадорите... ЕВРОПА: (Низ крик) Јас побарав болнички кревети, a ме служат со мртви глави! О, какво буниште од таканаречена цивилизација ме следи!? И понатаму, ме разбираш, главата на мајката на австроунгарскиот император... ВТОРАТА ГЛАВА: Главата на мајката на царот на сите Руси... ТРЕТАТА ГЛАВА: Главата на мајката на онаа што го роди Наполеон и главата на баба му... ЧЕТВРТАТА ГЛАВА: И главата на мајката на Дракула отаде Дунав... ЕВРОПА: Запретана во раните здобиени во мојот напор да те најдам, Мајко моја, единствена вистино, ce откажувам, не те барам веќе! ПРВАТА ГЛАВА: Ce случи тоа во Европа и никаде на друго место, кога во два кратки интервали избувнаа две светски војни коишто предизвикаа неописливи страдања на бројни народи и го турнаа целото човештво во страв и терор. Од Европа, токму од Европа, кон целиот свет, тргнаа иде-ологиите чие влијание ce распространи во светот како заразна увозна болест! Тоа заедничко чувство на вина за Европа значи посебна одговорност за да ce пронајде начин денес како да ce реши светската криза во која ce наоѓаме. Ви благодарам на вниманието. Главата на мајката на Јован Павле Втори, римскиот nana. Јас го родив папата, неговата Светост, извинете! ВТОРАТА ГЛАВА: Речиси насекаде низ светот умот е фрлен во канта за ѓубре, слично како идејата за братството и за човечкото достоинство. Најтесно сфатени, групните интереси надвладуваат над општиот интерес, сеејќи ги крвавите зрна на идните крвопролевања, осудувајќи, да речеме, една милијарда човечки суштества да живеат една цела година, со истата цена што петнаесет богати гомнари ја трошат за време на еден викенд! Да! Ви зборува главата на мајката на еден француски новинар! И ви ce извинува длабоко! ТРЕТАТА ГЛАВА: Ако ви треба точно шест часа за да дојдете да ја видите оваа претстава и после да си заминете, додека ја гледате последната сцена, две илјади и петстотини луѓе умираат од глад, некаде во светот, ти вели главата на мајката на една храбра жена од новиот свет! ЧЕТВРТАТА ГЛАВА: Една форма на економски нацизам, што е создаден од една супериорна раса на поседници што владеат со една друга огромна маса на недонајадени и недоуништени луѓе, тоа е вистината, искажана од главата на мајката на еден обичен господин од стариот континент, втората половина на дваесеттиот век! ПРВАТА ГЛАВА: Девушка моја! Барам прошка, пред целото човештво, за раѓањето на Јосиф Висарионович Сталин. Чистките... Сибирските логори... Гулазите... Милионите... Главата на мајката на таа што го роди, ти зборува... ВТОРАТА ГЛАВА: Ох, дали можете да претпоставите каква ќе беше иднината на светот, воопшто, и посебно европската иднина, ако го абортирав најголемиот монструм што воопшто е роден на планетата од една мајка – Адолф Хитлер... Врховниот доказ кој го разнебити човештвото... Главата на таа мајка што го роди, ти зборува... ТРЕТАТА ГЛАВА: Да одиме уште понатаму, госпоѓице, јас сум главата на мајката на Господинот Сиот Свет, јас, ти, тој, ние, тие, вие! Или, пократко речено, на колективната вина! Комунизмот и фашизмот ce понекогаш само изговор за злото што тече и пред нив и по нив! Каде ќе бидат судени новите воени злосторници по Втората светска војна, од војната што започна вчера и завршува утре сабајле! Дали кукавичлакот на современиците и соучесниците во масовниот злостор е лишен од секаква смисла!? О, кукавичка утехо наша... главата на таа колективна мајка, ти го кажува својот збор! ЧЕТВРТАТА ГЛАВА: Или, да одиме уште подалеку! Главата на мајката на еден нов круг нови револуционери, ти зборува! Една нова револуција може да избувне утре од контејнерите на интернационалниот очај, која ќе ги поврзе руските офицери и француските чекачи под социјално, мртвите во Босна и англиските рудари, единаесетте милиони ра-ботници на црно, во Европа што ce нарекува Западна, и десетпати по толку невработени на бело, во Европа што ce нарекува Источна! Можеби не утре, но задутре или по задутре или зад-задутре! Да, ќе избувне! Таа глава на таа мајка колективна, ти зборува тебе сега! ЕВРОПА: О, Болницо на моите мисли, излетај од мојата сопствена глава што е обесена на ништото, наречено историја која тече, мамо, кажи ми еден збор, мајко, единствена на светот, спаси го занесот на мојата младост, крунисај ме со дијадема од среќа за да забравам cè што знам! Нејзините раце стануваат круна u од нејзините прсти повторно ce раѓа светлината што ја открива нејзината самота во Лавиринтот. ТРИНАЕСЕТТА СЦЕНА МРТВАТА ДУША HA ЕВРОПА МЕЃУ ЦИНИЗМОТ И НЕВИНОСТА НИЧЕ: Знаете ли каде замина таа дама? ГОГОЉ: Koja дама? НИЧЕ: Реставраторката која сакаше да ми ги даде своите очи? ГОГОЉ: He знам кај замина! НИЧЕ: Бев многу трогнат од нејзината невина потрага по среќа! ГОГОЉ: Јас не знам какви ce односите меѓу вас и таа дама, но, што ce однесува до мене, чувствувам дека повторно сум среќен. Чинам дека сум повторно во Русија и ги гледам пред мене како минуваат нашите функционери, нашите сопственици, нашите офицери, нашите мужици, на-шите дрвени куќи, со еден збор, нашата древна православна Русија. Сонувам дека ce смеам додека ги пишувам Мртвите души во Париз. Имам една мртва душа, всушност, за таа дама, и затоа ја чекам. НИЧЕ: Бескрајно важните нешта бараат од нас цврсто и неприкосновено молчење, или пак, ако отвориме уста, треба да зборуваме со чувство на величина: величина, тоа значи цинизам и невиност! ГОГОЉ: Познато ли ви е дека претседателот на московската цензура ce спротивставува жолчно на појавата на Мртвите души. Како е можно, ce дерел тој, јас не можам да го допуштам овој чин! Душата е бесмртна! Мртви души не постојат. Авторот ја напаѓа, да речам ја отфрла, доктри-ната за бесмртноста на душата. НИЧЕ: Да, тоа е сосема точно и јас на време ce обезбедив со одбранбени средства против германската ограниченост на духот и нивниот недостиг од последици за да ce соочам со екстремниот песимизам! Вечно им недостасуваат последици! Требаше да пронајдам едно спротивставено гледиште. Имаше мигови во кои ce чувствував сосема осамен во претпоставката зошто единствено само човекот ce смее од сите животни! Toj страда толку длабоко што мораше да ја измисли смеата! Затоа човечето, тоа најнесреќно и најмеланхолично животно, ce преправа дека е весело. На пример, неговата способност да прорекува што ќе ce случи во иднината, лежи во основата на причината за сите војни! ГОГОЉ: Оставате впечаток на крајно информиран човек. Има ли cè уште војни во Европа? НИЧЕ: Видете, ако сакаме да ce потрудиме, ништо да не претпоставиме во врска со иднината, мислам дека сите ќе бидеме многу поспокојни и не верувам дека би ce нашол некој будала што е несреќен поради отсуството на војна. ГОГОЉ: Ako мртвите души навистина ja потресоа Русија, тоа не ce случи од причината што тие и ги разбудија раните или нејзините внатрешни болести, уште помалку поради фактот што тие го покажаа растечкото зло и прогонуваната невиност. He беше тоа причината. Причината беше проста. Цензорот ja забрани книгата и со тоа заврши голема работа. (Ce смее) О Русијо, земјо на молскавични хоризонти, возвишени и непознати за другиот остаток од мајката Земја. ЕРЕБА: (Во потрага по ќерката) Господа, простете ми, ce враќам од пеколот, лишена сум од правото да тажам, без Неа сум и без Hero, без никого и никаде, скитам по белосветските патишта на црната историја, како проститутка која очајот сал го раздава како тело свое. Никој не сакам да плаче над мојата судбина бидејќи, cè што имав, беше едно нешто и тоа нешто го изгубив – мојата родена ќерка! НИЧЕ: Гутен абен, мајне дамен! Вашата ќерка беше, токму пред три дена, во мојот апартман. Си ги заборави... чевлите, точно на мојот кревет. Еве ви ги. Ви ги враќам. ЕРЕБА: (Држејќи гu фустанот, капата u чевлите) Нејзи-ните чевли!? Престанете да ce потсмевате со мене! Кажете ми, ве молам! Што, всушност, каде и кога ce случи? Јас ce чувствувам, на овој голем и бескраен пат, како напуштена кучка! Зборувајте што ce случи или, во спротивно, ќе почнам да лаам!!! НИЧЕ: Послушајте, мајне дамен! Ако вие почнете да лаете, јас ќе бидам тој што ќе ве касне, со секачите на мојот...дух! Заборавете ja вашата, да не речам, крвна приврзаност кон трагедијата и обидете ce да заиграте во ритамот на мојата песна! Ајде! Еден волк ми рече во една прилика Ти завиваш ми рече тој подобро отколку ние Другите волци Kaj тебе има нешто многу помрачно и поужасно Што ниеден пророк Една пеколна сеопфатност просто Што ниеден мудрец ја нема целосно разбрано. Ти си опслужуван од новите ноќи Твоите рани си измислуваат нови пустини На таа камена убавина Ce освежува моето изгорено срце Измачувано од една нова среќа Далеку пред мене во океанот на иднината Над мојата глава јас ја одредувам судбината Јас сум тој на кого му ce поднесуваат заклетви Заколнете ми ce! ЕРЕБА: Немам никаква желба да ce колнам во ништо, зашто cè изгубив јас. Ти реков, ко волчица ќе продолжам да завивам, следена од глутницата од несреќи што ce множат! НИЧЕ: Ајде, не чекај, почни да танцуваш над ништожните настани што несреќи ги нарекуваш ти. Твојата ќерка веќе лета во времето и таа е опседната од радост. Твојата ќерка пристигнува, те уверувам! ЕРЕБА: (Co фустанот, чевлите u шапката) Колку реков дека ce чувствувам стара!? Две илјади... и шестотини години, a завивам само мислејќи дека можам молскавично да ce видам како Ниобе, претворена во камен на Сипилскиот Рид! НИЧЕ: (Co пеење) Јас cè изгубив зашто cè дадов, сите што ги поседував драгоцености, добра, ништо не ми останува веќе, освен Тебе – Moja Бескрајна надеж! Ереба влегува во ритам со тежок чекор кој ce повторува како дa ги римува изговорените зборови. ГОГОЉ: Аншанте Шер мадам! Имам нешто божествено важно што го чувам во една мала ќесичка! (Tojпребарува по иебовите. Го наоѓа конечно во солниот џеб u гo чипчи со прстите.) Видете! ЕРЕБА: Што да видам? ГОГОЉ: (Ги спушта прстите oд десната рака u oд нив тече ситна песок.) Еве, ова е мртвата душа на вашата ќерка Европа! Ниче u Гогољ исчезнуваат. ЕРЕБА: Неизвестни! Неизвестни! Помогни ми! Јас ce изгубив во нашиот Лавиринт! Дојди Неизвестни! Пронајди ме повторно! Нема ништо овде! Нема ниедно парче од нашиот пуст сон за среќата што нè чека! Неизвестни, каде си! Кажи ми еден збор само! Европе, малечка моја, родена од идеолошките ветрови за да биде спасена слободата на светот, ќерко невратена, крв моја, слушни ме и врати ми одговор, ти! Moja вечна веро, мои богови, мои уметници, артисти и модели мои, што направивте од мене вие? Ce обраќам единствено кон Небото, ги раскинувам моите партали, кутра расчеречена, ќерко моја, дете мое, како блудница вавилонска сум no патиштата кои ce послани со една единствена мисла, мислата дека сепак ќе те спасам! ПРЕТСТАВНИКОТ HA ЦРВЕНИОТ КРСТ: (Co самото влегување почнува дa го закопчува нејзиниот фустан.) Госпоѓо, имате само уште триесет и пет минути за да ја завршите реставрацијата. Јас сум сосема на крај со пишувањето на говорот за инаугурацијата, знаете, што му го пишувам на господинот Претседател... Из-винете, заборавив да ви изразам најискрени сочувства по повод смртта на Вашиот ценет маж! ЕРЕБА: Какви сочувства? Toj е апсолутно жив! ПРЕТСТАВНИКОТ: Тоа е една конфузија во вашиот живот! Разберете! Веќе со години, тој е мртов, a вие го третирате како жив! Еве, јас изјавувам дефинитивно, еднаш засекогаш: тој е мртов и... заборавен! ПЕТТИОТ СУДБОНОСЕН ЧЕКОР HA ЕВРОПА ДА ИЗЛЕЗЕ НАДВОР ОД ВРЕМЕТО Eвpoпa ce пojaвyвa на работнаша маса на Авторот, или Кутриот Јас, во понатамошниот текст. ЕВРОПА: Прибидејќи тоа што те прашувам јас е следното: дали го виде светот...? КУТРИОТ ЈАС: Прибидејќи она што ce вели дека сме го виделе... е она што не можеме да го најдеме... ЕВРОПА: Кој ќе ми каже која сум јас ослободена од моето тело и лишена од мојата душа, кој ќе ми каже дали воопшто бев зачната јас, дали бев родена, дали растев и постоев и дали постоејќи стареев...? КУТРИОТ JAC: Ти никогаш родена не беше, ти беше само една невидлива птица која леташе над времето. ЕВРОПА: Ако е така, тогаш јас имам минато! Можам ли да го продадам моето минато за едно парче иднина да си купам? КУТРИОТ ЈАС: Твоето минато никој не го купува, a иднината е скапa, со ништо не можеш да ја доплатиш! ЕВРОПА: Значи јас треба да живеам без живот...? КУТРИОТ ЈАС: Ако прифатиш да живееш без живот, еден ден ќе знаеш која беше ти, тоа е гласот на Кутриот Јас или на Твоето Мене што вака ти зборува во овој миг... ЕВРОПА: Сепак, зошто го напиша сето ова..!? КУТРИОТ ЈАС: Мислам дека... и покрај cè и наспроти cè, cè е напишано за ништо! Европа излегува oд времето. ЧЕТИРИНАЕСЕТТА СЦЕНА СМРТТА HA УМЕТНОСТА И РЕАЛНИОТ ЖИВОТ Ce слушаат криковите на Ереба. ЕРЕБА: Слушнете го мојот крик од Дворецот на Минос каде што некогаш, пред мене и пред вае, no мене и по вас, си играше во лавиринтот и ce изгуби мојата ќерка, слушнете го тој крик и пуштете го да ce шири во амфитеатрите на Делфи и Епидаур, на Стоби, Хераклеја и Лихнидос, на Итака и на Троја, врати ми ce, Европо, ќерко моја, птицо на мојата занавек погребана надеж, врати ce! Oд четирите страни, четирите актери посттрагичари, во црни костуми u со црни шешири, го играат размножениот Кантор кој ce појавува како послесна утеха oд фундусот на театарската меморија. КАНТОР: Госпоѓо Во бескрајните далечини птиците летаат за да дојдат повторно до нивните гнезда Луѓето доаѓаат исто така Од далечните патувања Од војните ce враќаат само преживеаните Кон нивните блиски И крикот на оние што чекаат Тие ce враќаат! Секогаш кога ќе ce спомне зборот Враќање Една длабока емоција го придружува тој збор. И одеднаш, тогаш, мислата за театарот проблеснува Но не само како сценска слика Ce работи за нешто многу повеќе од тоа ОНИЕ ШТО ЧЕКААТ: ПУБЛИКАТА! ОНИЕ ШТО CE ВРАЌААТ: АКТЕРИТЕ! Да ce направи претстава што ќе ги обедини двата света Во тоа чекање во тоа враќање! Има во тој магичен збор враќање Една голема мистерија на животот Човечката носталгија по враќањето Животот е само во времето сега Бегство во праксата Луцидност од која ce умира И тоа чувство ce обидува да не доминира Другата половина на животот ce одвива Во кутрата сиромашка соба на НАШАТА ИМАГИНАЦИЈА Никој нема пристап во неа Ни врховната власт, ни полицијата, ни судиите Меморијата почнува да дејствува интензивно И ce губи разликата Меѓу времето сегашно и времето минато Тие ce мешаат, си навлегуваат едно во друго И зборот враќање ce натопува Од длабоката смисла на животот И само тогаш, само, само тогаш, само, само тогаш Ние почнуваме да живееме целосно И ТОА Е ВРЕМЕТО HA УМЕТНОСТА Еве, гледајте, ќе ви покажам! Кантор исчезнува оставајќи им место на четворицаша ослободни митови, кои ја опкружувааш разнесената од зборови Ереба. НИЧЕ: Најпосле, дојде тој миг! ГОГОЉ: Малку храна за идните поколенија! ДАНТЕ: Извинете, госпоѓо, почна ли воопшто претставата? МОЦАРТ: Конечно, едно мало опуштање! Тоа е сосема ретка појава во вечноста! ПРЕТСТАВНИКОТ HA ЦРВЕНИОТ КРСТ: (Задишан) Госпоѓо, Изложбата ќе биде отворена за една и пол минута, a вие немате веќе... ЧЕТВОРИЦАТА МИТОВИ: (На Претставникот на Црвениот крст) Шшшшшштттт ! (На Ереба) Подготвена ли сте? ЕПИЛОГ ПОСТТРАГИЧНАТА ПТИЦА Еден саркофаг стигнува сам од длабочините на сцената. Во внатрешноста, една статуа. Статуата ce отвора eo мермерна имитација од платнена патина u древна алхемија: покриена со бисери u фигури, со гравури u со земја која ù тече од лицето, по извајаното тело, ce покажува лицето на Европа. Во рацете држи лакримариум или балсамара што ги содржи нејзините солзи. ЕВРОПА: Co своршено бавни движења ja отвора устата u испушта оиоен глас на иосттрагична птица. Оуи, иуо, пиу, иуии, оиу, уиоо, ооо, уио, оиу, ооо, иуиуиуиу. Јас сум ќерката изгубена во Лавиринтот. Јас сум принцезата од Македонија чии солзи беа откриени од археолозите, седумнаесет векови по нејзината смрт. Јас сум ќерката која плачеше на Иполитовиот гробен камен. Јас сум ќерката што ја држеше пепелта на Помпеја во своите раце. Јас сум ќерката на Голгота, ќерката која плачеше во прегратката на последниот римски император, јас сум ќерката што беше горена на клада по плоштадите од средниот век, јас сум ќерката продадена во подрумите на Елсинор, јас сум ќерката што плачеше во оковите на инк-визицијата, ќерката на Евреите од Салома, ќерката гилјотинирана на мостовите на Сена, ќерката убиена во Октомвриската револуција, ќерката од церемониите во Аушвиц. Јас сум ќерката што ја пиеше крвта од Будимпешта, јас сум ќерката на Јан Палах, ќерката од домовите за сираци на Букурешт. Јас сум ќерката од Новата Герника, јас сум ќерката на Ирска, силувана без право да абортира, јас сум ќерката на родители – Баски, умрени во воениот затвор во Мадрид. Јас сум ќерката што јадеше од правта на албанската беда, ќерката што плачеше во Литванија, Грузија, Ерменија, Чеченија и Босна... Денес, во градовите прегладнети од хуманизам, јас решив да не плачам веќе! Мојата трагедија е завршена! Сите ужаси беа веќе извршени! Cè што имаше најгнасно на светот, вие го направивте! Ајде, насмејте ce ceгa, кога е сигурно дека сите виновници сте, смејте ce идеолози, предвидувачи, празни пророци, модерни аналфабети, смејте ce, историјата е завршена, идеологијата е мртва! Ништо друго не ви останува, освен среќа, тогаш, што дру-го, чекате? Епилогот ce изговара на повеќе европски јазици, симултано. „ПОСЛЕДНИОТ ДЕН НА МИСИРКОВ“ (Еднодневна драмска сага за животот и смртта на балканскиот лингвистички Моцарт Крсте Петков Мисирков - 1874 -1926) Париз, мај 2003 година ЛИЦА Крсте Петков Мисирков (1874 - 1926) (лингвист) Екатерина Михајловна (1880 -1971) (неговата жена) Сергеј Мисирков (1906 - 1960) (нивниот син) Војдан Чернодрински, (1875 - 1951) (драматург) Александар Аркадијевич Ростковски (1860 - 1903) (руски конзул убиен во Битола на 26 јули 1903) Ефтим Спространов (1867 - 1931) (хроничар) Михаил од Копривштица (кандидат за оперски пејач на Музичката академија во Бруклин) Доктор Давидов, (лекар во Александровската болница во Софија, од еврејско потекло) Теодосија Гологанов (1846 - 1926) (митрополит скопски - црковен деец) Петар Поп Арсов (1869 -1941) (идеолог и публицист) Прва милосрдна сестра Втора милосрдна сестра Господин Рашидов (одговорен во Бирото за социјална помош во Александровската болница) Димитрија Чуповски (1878 - 1940) (етнограф - национален деец) Бодуен де Куртене (1845 - 1929) (руско-полски лингвист со француско потекло од светско значење) Кочијаш Милосрдни сестри Пациенти и бегалци Прва сцена, 4,52 мин. (Изгрејсонце на 26 јули 1926 година во Александровската болница во Софија. Болничка соба со 12 кревети, два мали прозорци кон исток. Креветот на Мисирков е до самиот прозорец. На неговото лице се читаат знаци на претсмртна агонија. Сергеј, неговиот син стои наспроти татко му, пред самиот прозорец. По неколку испуштени крикови на болка од соседните кревети завладува тишина. Првите сончеви зраци влегуваат низ малиот прозорец и го осветлуваат неговото лице. Очите му завенуваат како во блажен сон. Сергеј се обидува да ја тргне испарталената и замаслена завеса.) Сергеј: Татко... Да не ти пречи сонцево...? Мисирков: (одвај отвора уста) Сергеј! Сергеј: Кажи татко! Мисирков: Остави го... Сергеј: Што да оставам? Мисирков: Сонцето... Сергеј: Јас мислев.... Да не завениш во сон... Мисирков: Остави го сонцето да ме грее синко мој... Уште малку... Сергеј: (Ја враќа завесата. Го гледа со насолзени очи) Јас си мислев татко... Мисирков: Остави го сонцето, зашто таму кај што ќе одам... Сергеј: Никаде нема да одиш... Мисирков: Остави го сонцето, зашто таму кај што ќе одам, милијарди години ќе биде само мрак... Сергеј: Ќе оздравиш... He те пуштам никаде да одиш!! Мисирков: (Како во бунило) Дали дојдоа луѓето... ? Сергеј: Кои луѓе... Никој нема ... Сами сме ... (Од прозорецот се гледа изгревот на сонцето и лицето на Мисирков) Мисирков: Ги гледам... Ене ги... Наредени се пред сонцето... Пушти ги нека влезат... (Во болничката соба влегуваат две милосрдни сестри. Едната од земјена стомна истура вода во десната рака и му го мие челото на Мисирков. Другата застанува до Сергеј). Милосрдната сестра (My ce обраќа со шепот) Сонот ќе му ги покрие очите.... (Додека првата милосрдна сестра му го мие челото, Сергеј и втората стануваат зад неговото зглавје) Милосрдната сестра Господе што гледаш се од небото... испрати сон на сите страдни очи... Мисирков: Пушти ги... Ти реков... нека влезат... (Ги превртува очите како во сон) (Милосрдните сестри поминуваат, една по едена, крај креветите на другите болни во собата. Сергеј стои како скаменет.) Втора сцена, 4,59 мин. (На истото место каде што стоеше Сергеј изникнува како од земја Војдан Ченодрински во црн костум, со бела како цут кошула и со пеперутка-вратоврска. Носи црна кожена торба што ја отвора и му се обраќа.) Чернодрински: Значи така господине Мисирков! Ти заминуваш и никому не кажуваш? Мисирков: (Ги отвора очите, го гледа Чернодрински, се обидува да ја отвори устата. He може) Чернодрински: И како ќе одиш таму кај што си тргнал!? Со празни раце!? Мисирков: (Го фиксира погледот во гостинот на својот сон) Чернодрински: Кога ќе стигнеш кај Господа и тој бара документи... Ќе ти рече, дај ми го документот да си го видам јас... Мисирков: (Очите почнуваат да му играат) За каков документ зборуваш, господине Чернодрински... Господ не е полицаец...!? Чернодрински: He вели двапати... Господ треба да знае сè во врска со тебе и со Македонија... Мисирков: Ако му треба документ ... ќе му ги дадам моите очи што попусто ми истекоа по книги, библиотеки, патишта, возови и сиромаштија... Чернодрински: Кај Господа не се признаваат очи... Очи има секој... Кај Господа треба црно на бело... Мисирков: Црно писмо - Бела книга ...? Чернодрински: (Ја отвора кожената торба и од неа вади неколку печатени работи) Кога ќе стигнеш пред неговиот трон, на којшто тој седи сам и решава за судбината на сите народи и сите држави, сите мртви и живи створови, на неговата пренатрупана работна маса ти ќе оставиш неколку печатени работи во кои тој лично е спомнат, а ти си ги пишувал и Господ-Бог нема да остане рамнодушен, верувај ми господине Мисирков. На пример, твојот дипломски труд, одбранет на Универзитетот во Санкт-Петербург во 1902 година, за популарноста на македонскиот крал Марко можеш да му го оставиш на работната маса, па нека се чуди. Можеш дури да му го отпееш ако треба! Чернодрински: Бидејќи нам ни е расплакано мајчиното млеко ќе најдеш сила и ќе му запееш на Господа и тој толку ќе се нажали, што дури може и да проплаче ако застанеш пред него и како од подземно грло се провикнеш на сет глас! (Почнува да пее) Оди Марко по бели друмови, по друмови и гора зелена, ми наложил самура калпака, ми засукал мрка мустаќи на еден мустаќ до три руна црни, ми намуртил очи соколови, и над ними веѓи пијавици, како црни крилја ластовички, се наметнал с'гуња кабаница, ми црнее како темен облак, ми разиграл коња шаренога, шаренога коња дебелого, дебелого коња кршигора, од ноздри му пламен излегува, а од уста таа бела пена, бела пена со крв размешана - од планина скока на планина, а пред него магли и правови, а зад него дождој од камења што ги фрла коњот со копита, се затресла клета црна земја, завеале силнине ветрови, прибучиле реки и езера с исплашиле луѓе по градишата и ѕверови длабоки пештери, сите пилци мали по земјата... Мисирков: (Co блага и отсутна насмевка на лицето во неговото претсмртно бунило) Чернодрински... прибидејќи ти пишуваш драми, не ќе е лошо да напишеш една пиеса што ќе ми ја посветиш, според епската песна „Марко Крале ја губи силата“ ... Чернодрински: Нема јас што да напишам, Ти лично ќе му ја испееш на Господа кога ќе стигнеш. Тој е епичар по природа и ќе биде одушевен кога ќе разбере дека на Балканот еден народ-певец во својата усна традиција му создал еден таков, би рекол, монумент којшто ти вели: (Пак почнува да пее како кант-автор) И му вели Крали Марко, без окото да му трепне: Крај да има мајка црна земја с'една рака неа ќе превртам, да ми слезе Господ од небеси и со него на мегдан излагам. Мисирков: He викај толку, ќе зарипнеш... Ти ја паметиш таа слика кога Господ, преоблечен во старец за да го казни Марка Кралета му ја подметнал во една торба сета земја. Дигајќи ја торбата Марко ја изгубил својата голема сила... Се прашував јас сиот мој живот, гол и бос, сакав ли да ја кренам Македонија во една торба, па останав и без неа и без силата... Чернодрински: И не заборавај дека пак Господ го благослови Марко, како што утре ќе те благослави Македонија. Бидејќи му рече: (И пак пее како побудален) Пак да бидеш јунак над јунаци, ама ќе има појунак од тебе - не ќе можеш само со јунаштво да надбиваш незнајни делии, а повеќе ними ќе надбиваш со итрини и со измамвање. Мисирков: Јас бев во Санкт Петербург кога ти ја играше „Македонска крвава свадба“ на македонски јазик во Софија, во пролетта на 1900 година. Чернодрински: Јас не знаев тогаш дека ти постоиш. He знаев дека Македонија има лингвист што ќе ги растајни патиштата на нашиот јазик и нашето право на судбина... Мисирков: Во историјата зборот судбина не постои...Постои само рационалноста... Кога ќе се дефинира македонската рационалност, тогаш ќе биде возможно сè. Чернодрински: Како студент во Грац сум прочитал оти Наполеон рекол дека Историјата нема ништо заедничко со Вистината. Рекол дека Историјата е лага што никој не се осмелува да ја оспори... Мисирков: Ти ја оспори со твојата „Македонска крвава свадба“ Чернодрински: Јас ја оспорив историјата можеби, но таа ја оспори Македонија во Илинденското востание и од трите збора на насловот останаа само крвта, прогоните... гробовите... Мисирков: Македонски беа причините за неуспехот на македонската револуција.. Сè додека не се создаде македонско национално единство претпоставките за македонска држава на Балканот ќе се уриваат како кула од карти. Чернодрински: Значи затоа Ти ја објави книгата „За македонцките работи“ веднаш по поразот на Востанието, во декември 1903 во Софија на македонски јазик... Мисирков: He.. Ja објавив за да кажам дека во Македонија ќе се случи нов балкански феномен и зборот револуција ќе биде заменет со зборот еволуција... Дека Србите, Бугарите и Грците ќе престанат да се глодаат околу Македонија и ќе сфатат дека без слободна Македонија ќе нема цивилизација на Балканот... ќе има само страдање. Чернодрински: Да не би, случајно, господине теоретик и рационалист, зборот страдање, случајно залутал во вашиот речник. Зборот страдање е доличен за употреба само од чирак-трагичар каков што сум јас. Мисирков: Откако видов во Балканските војни и поделбата на Македонија меѓу соседните држави, дека на Балканот никој не ги чита универза-листичките пораки дури и во самата Европа, за која Иван Карамазов вели дека е „најскапата гробница на светот“, пред мене се отвори само страдањето и идеализмот како беспредмента пустина во која се положува голиот живот. Се друго е само крвав Teaтap на безмилосната историја. Чернодрински: „Велат дека театарот е училиште на народот. Никој не може да го одрече тоа. Но, кои се учителите во тоа училиште? Никој друг освен самообречените... и идеалистите, нарекувани во минатото караѓозџии од караѓоз, или театар на сенките, денес се тие актери, а утре не се сомневам, ќе се наречат носители на светлина“. Мисирков: Сакаш да речеш дека нашите сенки еден ден ќе произведуваат светлина...!? Чернодрински: (Од кожената торба вади мала дрвена рамка на која е оптегнато бело проѕирно платно) Еве, бидејќи не сакаш да го понесеш кај Господа твојот труд за Крале Марко од Петербуршкиот универзитет, ќе ти предадам една колекција од сенки, што ја видов во твоите очи кога прв пат се сретнавме. Еве, гледај! Ќе ти ги пуштам една по една и ти ќе кажуваш дали се сеќаваш, или не? Еве ја првата сенка: Те гледам како држиш предавање на Великата школа во Белград на 11 декември 1903 и велиш дека Македонија ќе биде самостојна земја на Балканот и ќе се развие засебен македонски јазик со македонска култура и книжевност! Се сеќаваш? Мисирков: He ce сеќавам! Чернодрински: Еве ја втората сенка: Те гледам во публиката на Српското народно позориште во истиот декември, во истата 1903, каде што ја коментираш првата реплика во „Македонска крвава свадба“, или ти реченица „Змија во лебот“. Велиш дека Змијата е нашиот меѓусебен македонски раздор и разгром, а лебот е Македонија. Се сеќаваш? Мисирков: He ce сеќавам! Чернодрински: Трета сенка: Те гледам потоа во Хотелот „Ориент“ во Софија, во истиот декември во истата 1903 кадешто се соочуваш со првите примероци на твојата книга „За македонцките работи“ и се прашувам дали ќе бидат повеќе тие што ќе сакаат да ја читаат оваа книга, или тие што ќе сакаат да ја спалат на клада и да ја стават на index librorum prohibitoram! Ce сеќаваш? Мисирков: He ce сеќавам! Чернодрински: Четврта сенка: Те гледам како го отвараш бројот на весникот „Автономна Македонија“ во која слепиот прилепчанец Марко Цепенков ја објавува песната: (Почнува повторно да пее на цел глас) Од врв Пирин планина очаен глас се слуша - Македонија плаче. Проклета и триж клета да бидеш ти Европо, Блуднице Вавилонска! Мисирков: (Се поткрева од креветот со прекор) Добро, господине Чернодрински, што сте вие? Пејач, караѓозџија, или драматург? Чернодрински: Крсте, брате, проштавај... Јас сакав да понесеш нешто, да не одиш со празни раце кај Господа...? Мисирков: Во што да понесам? Во твојот раскошен ум! Во него нема место, драг драматургу, имам тумор во мозокот! He гледаш дека умирам...!? Чернодрински: Ќе умреме сите... кој порано, кој подоцна... Јас сакав само да ти речам дека немој да оставиш да не му кажеш, нему, на Севишниот лично дека... Ти како носител на светлина... Мисирков: Немам никаква намера никому да му кажувам и ништо... Еве веќе го допирам мракот. Овде је мрачно и мрак ме обвива... Збогум! (Сенката на Чернодрински исчезнува. Мисирков се буди во својот кревет во Александровската болница во Софија) Трета сцена, 5 и 42 мин. Сергеј: Татко...подобро ти е? Мисирков: Синко Сергеј, каде е мајка ти? Сергеј: Сега ќе дојде... Само што не стигнала! Мисирков: Те молам, подај ми една чаша вода... Сергеј: (My тура од шише) Штотуку ја налеаја милосрдните сестри... Мисирков: (Отпива со напор) Само уште водата ме држи во живот...сонцето... ти и мајка ти...(Повторно ги затвора очите).... Сергеј: (Co двете раце му го трие челото) Татко, послушај ме! Кон водата додај ги уште и планините и горите, кон горите додај ги лисјето и тревите, кон тревите додај ги цвеќињата, кон цвеќињата додај ги боите, кон боите додај ги птиците. Татко, послушај ме... Кон сонцето додај ги ѕвездите, кон ѕвездите додај ги планетите, кон планетите додај го Создателот... Создателе, Татко мој... Зошто ме создаде.. .и кому ќе ме оставиш? Кон мајка ми додај ја Вашата љубов... Од тоа гнездо сум испилен само јас, без брат и без сестра. Затоа, кон мене не додавај ништо. Сам ќе тргнам каде што никој не стигнал, уште и ќе го прашам Создателот: Создателе, ќе оставиш ли, твоето чедо што мене ме создаде, да умира голо, страдно и босо...? Создателе, ако те има, фрли еден поглед од Крстот врз татко ми, Крстета Петков Мисирков. Татко...кон мене не додавај ништо... Само тебе жив да те гледам... Мисирков: (Почнува длабоко да дише) (Вратата од болничката соба се отвора. Тивко влегува Екатерина Мисиркова) Четврта сцена, 5,55 мин. Екатерина: (Првин го прегрнува Сергеј) Господ да ни е напомош, сине! Сергеј: Штотуку заспа! Екатерина: (Се доближува до креветот. Нежно го бакнува в чело) Господе што си сам на небесата, не заборавј не! Сергеј: Мамо, потивко, те молам! Екатерина: (Co шепот) На скалите го сретнав доктор Давидов. Ми вели дека не се во прашање денови, туку саати, или минути... Сергеј: Тој така зборува веќе шест месеци... Екатерина: (Од торбата вади бела испеглана кошула и едно кошниче со летни петровденски јаболка) Оваа, бела, на рака везена кошула ја купивме од пазарот во Одеса пред да се родиш ти! Ќе му ја облечеме кога ќе се разбуди, Петровденскиве јаболка ми ги даде една жена од Копривштица на станицата од трамвајот. Ми рече поздрави го Крстета од сина ми Михаил, кој вели дека во животот не сретнал поучен човек од него... (Co солзи) Сета наука на светот ја собра во срцето и во умот, и зошто? За ништо... Сергеј: Потивко мамо ти се молам... Екатерина: Така ми рече доктор Давидов на скалите... Може да му одлета душата во секој миг... Ако умре, пари за ковчег и за закоп немаме... Сергеј: Нема да умре... ќе оздрави...! Екатерина: Жива в земја да влезам, не се влегува. Од кого да барам сине мој... Кај кого да се обратам... Војната заврши, а само пустошот остана... Софија е полна бегалци, разменето население... болести и сиромаштија, луѓето немаат за леб а камоли за ковчег... Ех, Крсте, љубов моја страдна... толку држави поминавме заедно, а насекаде само сенки бевме , гробнината што не можат да си ја платат... Сергеј: (ѝ ги допира двете раце испружени кон него) Мамо... Ако нема никој под Сонцево да ни позајми колку за ковчег... јас самиот ќе се провикнам дури до небесата: Господе, ќе му речам, научи ме како да направам ковчег за да си го погребам мојот учен татко, син на распарчена и во гробот на историјата положена Македонија.... Петта сцена, 6,24 мин. Мисирков: (Се сепнува во сонот со широко отворени очи) Тргни ми го револверот од пред очи! (Пред него стои рускиот конзул A. A. Ростковски, убиен во Битола во негово присуство во 1903 г.) Ростковски: Овој револвер требаше да те убие тебе! Мисирков: He! Toj револвер стрелаше во Руската Империја, бидејќи, нели, во вас таа беше олицетворена во Македонија . Ростковски: He може да биде поистоветена Руската Империја со рускиот конзул во еден балкански град, кадешто се водат седум политики во исто време. Раката што го испука пиштолот можеби требаше да постигне друга цел: убивајќи те тебе, ќе ја убиеше, а де факто и македонската формулирана идеја. Бидејќи македонски неформулирани идеи имало и има многу. Твојата беше веќе во финална фаза и можеби од куршумот не требаше да умрам јас, туку можеби ти! Без тебе Македонија ќе беше без дефиниција, значи, без минато, без сегашност, без иднина. Но... да бидам појасен: чинот на таа подла смрт, на стрелањето од зад грб, освен со тебе, со никого друг не го врзувам јас! Мисирков: Господине конзуле, не заборавајте! Таа летна ноќ гореше цела Македонија. Ние се враќавме во два пајтона од Буковскиот манастир во Битола и турскиот стражар што Be уби стрелаше во Вашиот пајтон! Ростковски: He зборувам за пајтонот, зборувам за убиството! Мисирков: Во едниот пајтон бевте вие, во другиот вашите деца! He заборавјте дека јас бев учител на Вашите деца и ако убиецот стрелаше во пајтонот во кој бев јас, ќе останеа ли поштедени вашите деца? Ростковски: He e точно! Убиецот мислеше дека конзулот на Русија и неговите деца се движат во еден пајтон, а прислужниот персонал во друг. Одбивам секаква друга претпоставка, доколку тоа не е во полза на фактот дека наместо Вие, бев убиен јас! Мисирков: Господине Конзуле! Вие знаете колку столетија наназад Македонија го упатуваше својот безнадежен од исчекување поглед кон Руската Империја! Знаете? Ростковски: Знам! Мисирков: Знаете ли дека, ако не беше Македонија, Русија ќе немаше од кого да го прими христијанството? Ростковски: Знам! Мисирков: Знаете ли дека, во мигот кога се слушна истрелот што беше упатен кон Вас, јас им раскажував на Вашите деца за светите браќа Кирил и Методи, што го разнесоа македонското слово и писмо меѓу словенските народи? Им раскажував за тие апостоли на носталгијата по единството меѓу Исток и Запад! Знаете...? Ростковски: Знам! (го репетира револверот) Мисирков: Знаете ли дека Македонското научно-литературно другарство во Петроград упати Меморандум до Руската влада за признавање на посебната македонска националност, македонскиот посебен јазик и за обнова на Охридската архипископија? Ростковски: Знам! Мисирков: Знаете ли дека јас патував со Вашето мртво тело положено во лимен ковчег од кој блескаше семоќноста на Руската Империја? И знаете ли дека четириесет дена траеше тоа патување, колку патот на Христа до Воскресението? Знаете ли дека патувајќи си мислев што значи фактот што го гледам овој мртовечки ковчег и дали оваа моја одисеја со убиениот руски конзул не значи доближување и, би рекол, до исполнувањето на еден „народен идеал“? Ако под народен идеал се подразбира односот помеѓу историјата и литературата, односно, ветерот во мојата глава меѓу Битола, Солун и Санкт Петербург, чувството во кое верував дека Маке-донија ќе добие држава, дека Вие ќе оживеете и дека јас, сепак ќе се спасам од најавената смрт! Знаете ли? Ростковски: Јас знам сè, бидејќи сум мртов. Би сакал да видам што ќе беше ако куршумот те погодеше тебе, наместо мене? Дали од лингвис-тичка гледна точка Руската империја ќе ја признаеше Македонија, ако не за друго, барем заради името на најголемиот император на сите времиња, Александар и неговиот татко Филип, што исто така е убиен во атентат. Да не зборуваме за македонските атентатори што го прославија вашето име по целиот свет, та дури и во рускиот јазик има посебен израз „стрелба по македонски“, што значи движење на куршумот и целта во исто време, или, само за пример, тоа значи некој да те убие еве вака! (Стрела во Мисирков) Шеста сцена, 7,38 мин. Мисирков: (Се буди со пеколен крик во креветот во Алексанровската болница) Сергеј ... ме убија!... Сергеј: (Го држи за рацете) Ништо нема, мили татко... Соземи се! Јас сум со тебе!... Мисирков: Каде е мајка ти? Сергеј: Штотуку отиде! Мисирков: Кај отиде? Сергеј: (Збунето) Отиде... да ... бара... Мисирков: (Целиот испотен, жива вода сторен) Што да бара... Јас сум овде... Што ќе бара и кај ќе бара... Сергеј: (Го лаже) Отиде на пошта... да бара... не да бара, туку да земе едно препорачано писмо. Мисирков: Од каде писмо? Сергеј: Од Стокхолм. Од меѓународното седиште на лингвистичката организација што во своето списание објавува еден твој текст на идо-јазикот. Мисирков: He ми треба ни списание, ни писмо... Ми треба таа... Сергеј: Таа беше овде, ти ја донесе испеглана кошулата што најмногу ја сакаш и ти донесе петровденски јаболка што ти ги пратил твојот ученик Михаил од Копривштица... Еве, земи едно јаболко. Мајка му на Михаил ѝ рекла на мама дека син и не сретнал во својот живот поучен човек од тебе... Мисирков: Сергеј... Испотен сум... жива вода сум сторен... Подај ми ја кошулата од Одеса Сергеј: Татко... Те молам... Покрени ја главата и подисправи се за да ти ја сменам кошулата. Мисирков: (Се подисправа) Ајде синко Сергеј.. Биди храбар... Пресоблечи го татка си за последен пат... Сергеј: (Co солзи што не сака да ги види татко му) Си ми кажувал за оваа кошула. Мисирков: Co оваа кошула ги држев предавањата во Санкт Петербург... Сергеј: Знам, во октомври 1903 година. Мисирков: Ти уште не беше роден... А бев штотуку вратен во Санкт-Петербург во придружба на еден империјален ковчег во којшто почиваше рускиот конзул убиен во Битола, истото лето... Сергеј: Татко, не зборувај за ковчег... Мисирков: Поентата не е во ковчегот мил синко Сергеј, поентата е во Санкт-Петербург, зашто тоа не е град, туку духовна и архитектонска легенда и таа легенда течеше низ крвните жили на мојата младост, во која жедта исконски ми се будеше во секој ново откриен јазик на светскиот лингвистички атлас по архивите и по библиотеките. Во нив го изградив за лични потреби генеолошкото стебло на јазиците и писмата, таа подвижна меморија на човештвото... Сергеј: Татко.. Ти ќе оздравиш... Во очите гледам како се буди твојата младост.... (му ја мести кошулата) Ти ќе ја победиш болеста... Мисирков: (Нежно ја гали кошулата) Ќе речеш, ништо не е една кошула кога го допира смртното тело на нашиот живот, а во неа е запишано сè... Како што Александар Македонски што сакаше да ја види изградена Александрија како претстолнина на Медитеранот и во неа да ја собере античката одисеја на сето знаење на светот, така Петар Велики го изгради Санкт-Петербург и сè што беше најубаво во европските престолнини го претвори во вечност во тоа ново огледало на Балтикот, за да може Русија да прогледа од Урал кон Атлантикот, така останаа гравирани во белината на оваа кошула сите траги на мојот младешки очај. Да видам сакав, шетајќи како сенка по Невскиот проспект и кај Ермитаж, по тие канали што ги носат имињата на Пушкин, Грибоедов, Гогољ, Лермонтов, Достоевски, има ли македонскиот дух свое значенско поле на мапата на Балканскиот Полуостов и може ли да се пронајде дефиницијата на нашето место под сонцето во мракот на историјата... Сергеј: Ох.. .Татко... Јас сакам да умрам слушајќи ги твоите зборови... Мисирков: Сергеј, синко... единствено што треба да сакаш слушајќи ги моите зборови е да живееш... He треба да се заборави дека јас напишав во едно писмо од истиот тој период дека јас бев гладен како пес копајќи по архивите и дека да не ми кркореа цревата од пеколна глад во Санкт-Петербург, јас никогаш немаше да научам санскрит... Во годините што ги поминав во тој град во белите петробуршки ноќи јас открив дека ќе ја најдам формулацијата за Македонија по која трагам, само ако сонцето не заоѓа. Бидејќи во таа потрага единствено сонцето е симболот и животна стварност во која се огледуваше понорот на нашето траење. Во него ние се заборавивме дури самите себе си, а јас сакав да ја претворам македонската историска ноќ во Вечен Ден... Еве, облечен во оваа кошула, тесно сврзана со моите спомени, јас изреков една бела молитва во Санкт-Петербург и таа се претво-ри во мое интимно сознание што сакав да биде книга и таа книга ја нареков „За македонцките работи“... Во оние предавања, во кои единствен сведок ми беше Сонцето што не заоѓаше... (се струполува на перницата) Сергеј: Татко... (My го трие челото со двете раце. Се свртува кон болничкиот прозорец од каде што Сонцето заслепувачки блеска врз лицето на Мисирков) Сонце, божја светлино, смилувај се и спаси го... Me слушаш ли, сонце?... Сонценце... така се вели, ми велеше тој, нагалено за сонце на македонски.. .Имав само седум години во едно августовско утро кога тој се врати од долг пат. Me бакна в чело и ми рече: Сонцено го гледаш...? Го гледам...Може ли тоа да биде поделено?... He! Реков јас. Исто е и со духот на Македонија. Тој никогаш не може да биде поделен...Извади од џебот неколку копејки, слези и купи топол леб... Да залебиме душа, па потоа ќе видиме... Јас тргнав по скалите и го слушнав, ja викаше мајка ми Екатерина: Ми мрзнат коскиве од студ.. .И јас си реков тивко на македонски и на руски : сонце-сонценце, солнце-солнишка, како ќе нè грееш, кога на татко ми му мрзнат коските. Тоа беше во август 1913... Седма сцена, 9,40 мин (На болничките скали пред самиот влез до собата на Мисирков седи безутешно Екатерина Мисиркова. Минува милосрдната сестра) Милосрдната сестра: Драга госпоѓо Мисиркова зошто седите на скалите?... Екатерина: Ангелски мила сестро... Како што се качував, ми се сврте светот... Простете што седнав... немав веќе сила... Милосрдната сестра: Јас бев утринава да го видам... Малку е подобар вашиот ценет сопруг, господинот Мисирков. Јас имам претчувство дека ќе биде спасен... Екатерина: Ах, колку се мили вашите зборови... И да не е така, човек ќе поверува... Но, нозете ми се пресекоа... Светот ми се сврте... Спасот, каде е си велам јас... Милосрдната сестра: Спасот е прво на земјата.... А потоа на небото Екатерина: Ах, пуста земја... Цела земја ја претеравме, бесценета душо божја, и сега... Качувајќи се по скалите ги видов сите градови во кои се молев за неговиот спас... Така на првата скала го видот неговото лице во Бердјанск, каде што беше гимназиски професор и си реков, руски граде Бердјанск, помогни ми да се качам на втората скала... Милосрдната сестра: (Ја трие во слепоочниците) Дишете длабоко госпоѓо Мисиркова... Екатерина: На второто скалило се отвори пристаништето во Одеса и нашата свадба во која ги видов неговите очи. Тогаш дојдоа да го притворат за некој неплатен долг за списанието што сакаше да го печати, а немаше пари... Тогаш се роди нашиот син Сергеј и тој го викаше: Сонце на татко... Милосрдната сестра: Дајте ми ги рацете да ви ги истријам... Студени ви се рацете госпоѓо Мисиркова... Екатерина: На третото скалило го видов бродот во кој замина како воен дописник од балканските крвопролевања. Пред тоа заедно дојдовме, бидејќи ми велеше: и ти треба да ја знаеш Македонија, зашто ти си љубов, а таа е камен во моето срце... На четвртото скалило видов како пак се враќаме од кај што дојдовме... Милосрдната сестра: Поткренете се, госпоѓо Мисиркова, бидете љубезна ве молам, направете напор... Екатерина: На петтото скалило го видов градот Кишинев, кај што дојдовме пак за еден касај леб. Си реков: колку си голема земјо по која го бараме спасот и каде ли ќе не водиш уште... Милосрдната сестра: Ставете ја цврсто раката... Десната рака околу мојот врат, драга госпоѓо Мисиркова. Екатерина: На шестото скалило видов како светот стана општа гробница со Првата светска војна и со Болшевичката револуција. И започна нашата екстернација... интернација...екстернација, сиот наш живот беше тоа, интернација... екстернација... екстерминација... Милосрдната сестра: Држете ме цврсто околу вратот, драга госпоѓо Мисиркова, сè ќе помине... се. На седмото скалило се најдов овде.. во Александровската болница, го видов неговото лице со смртен превез на челото и ми идеше да викнам... Крсте, љубов моја... поминавме заедно дваесет и осум илјади километри... ги прочита сите книги на светот...научи живи и мртви јазици... во сите нив ја бараше Македонија и не ја најде, и јас сега немам ни скршена копејка... Крсте мој... ковчегот да ти го платам... Ми дојде еден силен глас во мене да те истажам на животи... И овде паднав, струполена, покосена, уште душата на мене што трепери пред да се изгасне твојата свеќа... мојата свеќа екстернација.. интернација.. екстернација...интернација... Милосрдната сестра: (Веќе цврсто ја држи со рацете околу вратот) Дојдете сега со мене драга госпоѓо Мисиркова, се ќе помине, се, ве уверувам... Тој ќе оздрави... Утрово му видов скриена насмевка на лицето... (Влегуваат во една врата) Осма сцена, 10,12 мин. (Болничка соба. Мисирков спие. Co едно движење на десната рака, со прстите низ косата, раката му застанува неподвижно и му се отвора со нова слика во која се појавува охриѓанецот, неговиот современик Ефтим Спространов. Тој е облечен во свечен црн костум со пеперутка-вратоврска. Држи една книга во рацете) Спространов: Дојдов да се поздравиме пријателе Мисирков! Мисирков: Ефтиме Спространов, ти благодарам што дојде! Co тебе како да дошол цел Охрид да се поздрави со мене, фреските, иконите, Езерото... Имаш новости од Охрид? Спространов: Имам тажни новости... Ми пишуваат од Охрид дека водите во Езерото се надојдени од... солзите на Македонија... А ти заминуваш и не се поздравуваш со никого... Мисирков: Ефтиме, во мојот дневник од 21 јануари 1903 година напишав: „Јас не сакам да го загубам својот живот. Но, што да се прави... Теба да се помирам со мислата дека мојот живот не е долг, дека ќе биде подложен на опасности што нема да ме разминат, ако не направам еден многу непријатен компромис со себеси. Јас не можам да заборавам дека се и должам на својата татковина и дека слободата на мојата татковина е и моја слобода, дека уништувањето на бесправието во неа е и мое лично ослободување! Следствено, ако јас ја уважувам чесноста, должен сум чесно да си го заслужам правото на татковина ризикувајќи го својот живот во нејзина полза. Ете ја цената на животот што ни е толку скап. Јас можеби ќе умрам, но не затоа што не го сакам животот, туку затоа што честа и татковината ми се не помалку скапи!“ Спространов: Јас дојдов всушност да барам прошка од тебе... драг Мисирков... Јас напишав во едно писмо, за чие постоење ти никогаш не дозна, и тоа упатено до бугарскиот министер - претседател, генералот Рачо Петров... Мисирков: Нека ти биде простено и од мене и од Господа... Спространов: He... сакам да ти кажам што напишав... Мисирков: Болен сум, брате Спространов... He можам сега да бележам фусноти и епистоларни цитати... Спространов: Пред да ми простиш сакам да ти кажам дека во врска со твоето враќање од Санкт-Петербург на Балканот, јас му ги напишав следниве зборови на бугарскиот генерал во октомври 1903 година... Мисирков: Ти простувам без да знам... Спространов: Господине министер-претседателе, пишувајќи Ви ги моите лични сфаќања за иднината на мојата татковина Македонија, ги имам предвид големите опасности што се кријат во сепаратистичкото национално движење меѓу еден дел од македонската интелигенција, кое што зад себе веќе ги влече и македонските народни маси, особено во југозападниот дел на Македонија, со центрите во Охрид, Ресен, Битола, Прилеп... Овие моменти се пресудни за судбината на Македонија... Пропагаторите на движењето мошне студиозно и со ентузијазам се зафатиле да печатат книги, речници, читанки, историски учебници и граматики на македонски јазик... но, ако не се преземат соодветни чекори и не се протера Крсте Мисирков од Бугарија, тоа за кусо време ќе го опфати и поголемиот дел од македонската емиграција... Еве, затоа сум дојден да ми простиш за овие зборови, оти и јас сум син на Македонија, а ти беше протеран и беше запален тиражот на твојата книга „За македонцките работи“. И овој примерок што јас лично го сочував, сакав да ти го вратам за кога ќе стигнеш кај Господа да му речеш и тој да ѝ прости.. Мисирков: Брате Спространов... Гледаш... Неподвижен сум, нозете ми се пресечени... рацете ми се одземени... Кај Господа лета душата, а телото останува на земјата. На душата не ѝ требаат докази... He можам ништо да носам... Што се однесува за протерувањето повторно во Русија, не грижи се, јас цел живот бев протеруван зашто и Македонија беше протерана самата од себеси. Спространов: Јас станав свесен за тоа уште на 9 декември истата, 1903 година кога Шангов напиша во софискиот весник „Вечерна пошта“ статија со наслов: „Македонска народност, македонска граматика, руски пронајдок“. Во неа те нарече „Новиот апостол“, којшто не е ни Русин, ни Бугарин, ни Јудеец, ни Елин, туку Македонец, проповедник на една нова народност без свои национални особености, без јазик, без граматика, без етнографски рамки. Името му е малку прозаично, пишуваше Шангов, се вика Мисирков. Мисирков: Господине Спространов, не грижете се за таквите инсинуации, Ви простувам и на двајцата, тебе за писмото, а нему за текстот. Што се однесува за споредбата помеѓу поезијата и прозата, јас можам дури и да се согласам со авторот на тие редови: бесмртноста е прашање на душата како поезија, а прозата е крвавата историска стварност! Спространов: He и не! Bo овој смртен час јас инсистирам ти да се појавиш на небото, пред Господа со уште овој цитат на Грашев од истиот декември во истата 1903 година: „Овие лудории од немакедонски фрази, овие бркотници од немакедонска фонетика, оваа дилогика од искривоколчена синтакса ќе роди од пепелта феникс од мозокот на К. П Мисирков - дело, том од 10 печатени табаци... Оваа идеја се појавила уште во 1887 година во рускиот реакционерен печат. Иван Аксаков ги советувал своите воспитаници, Македонци да го изделат македонскиот литературен жаргон и да го зачудат светот со својата независност. Досега никој не ги разбрал. Неодамна чувме дека во Петроград се формирало студентско македонско друштво што ќе работи врз „македонскиот јазик“... Нема сомнение дека над овие идеи и потфати работат многу поумни глави од оние што ги гледаме со просто око. Мисирков - вели Грашев - станува не само претседател, дури и директор на овие шпекулации на Балканскиот Полуостров! Мисирков: Како рече, не те дослушнав добро? Од пепелта - феникс...? Спространов: Од пепелта - феникс во мозокот на К. П Мисирков! Мисирков: Од пепелта - феникс... Во мојот сега од тумор болен мозок повторно се раѓаат птиците - мисли на моите сеќавања, бидејќи македонската итнелегенција дејствуваше, не само во Санкт-Петербург, туку и низ цела Европа: во Женева, Париз, Берлин, Виена... Напишано е во книгата што ја држиш в раце: „.. .Сега није не можеме поеќе да гледаме на себе и на својот народ како на једен младенчески народ без политичен опит. Није поминафме во својето историјцко развивајне веќе важни стадији који можат да состаат епоха во историјата на кој и да бидит народ“... Спространов: Затоа земи ја од моиве раце и понеси ја на твојот последен пат. Мисирков: Немам раце, брате Спространов, немам нозе. Книгите се за на земја. На небото сум тргнат и во ѕвездите ќе гледам што запишал Создателот на Вечноста...Збогум! (Co рацете, во кои го држи примерокот на книгата „За македонцките работи“, Спространов исчезнува од неговиот сон) Деветта сцена, 11,11 мин. (Милосрдната сестра тивко влегува во болничката соба. Се доближува и му шепнува на уво на Сергеј) Милосрдната сестра Сергеј, синко. Некое момче по име Михаил од Копривштица го бара татко ти! Долу е, пред надворешниот влез! Излези и објасни му те молам во каква состојба се наоѓа. Јас ќе бидам до неговото зглавје, не грижи се. Сергеј: Ја чекам мајка ми. Доцни. He знам што станува! Милосрдната сестра: Сега ќе дојде. Сакаше нешто да го праша доктор Давидов. Чека пред неговото биро! Сергеј: Веднаш се враќам! (излегува од собата) Десетта сцена, 11,37 мин. (Пред вратата стои младич, облечен во маица без ракави и панталони закрпени на колениците.) Сергеј: Повелете, господине! Михаил од Копривштица: Видете, момче! Вие ли сте синот на професорот Крсте Петков Мисирков? Сергеј: Да... Михаил од Копривштица: Дали утрово Вашата госпоѓа мајка му донесе јаболка петровки на вашиот господин татко? Сергеј: Да... Михаил од Копривштица: Ех... тие јаболка се од нашата бавча и од една голема јаболкница што секоја година раѓа 80 товари петровденски јаболка... Сергеј: Да...ви благодарам за вниманието! Михаил од Копривштица: He, не станува збор за благодарност, туку просто за чувство на вина зашто не можеме да ја искажеме нашата почит кон него низ друга форма на внимание, освен со јаболка петровки, нашиот единствен извор на приходи за оваа 1926 година! Вашиот татко, момче, е еден светски блескав ум! Кон него сме должни сите ние! Како негови современици и во сите земји каде што поминал дел од својот живот, вклучително и земјите каде што тој воопшто не стапнал. Зашто има многу земји каде што стигна неговиот дух, но не и тој физички! Всушност, јас сум дојден во врска со една таква прекуокеанска земја! Сергеј: Господине Михаил, ве молам, кажете побрзо зошто ви треба татко ми? Тој, знаете, е во доста тешка состојба. Тој... само што не умрел... Михаил од Копривштица: Тој не смее да умре пред да ја исполни обврската кон мене! Ако тој умре, значи јас ќе се обесам во истиот миг! Сергеј: He ве разбирам. Кажете за што, всушност станува збор? Михаил од Копривштица: Слушајте сега како беше! Ќе ви стане јасно сè! Во дворот на гимназијата во Копривштица пред секое влегување на часови, точно 5 минути пред Големото Ѕвонче, јас исполнував соло песни и оперски арии од Шуберт, Белини, Чајковски, од репертоарот на светските класици на оваа уметност и станав на широко познат, би рекол на долго и на широко. Во тој двор и ме викаа Михаил тенорот што галопира! Едно јануарско утро, или точно 6 месеци од тогаш ми пристапи вашиот ценет татко и ми рече: „Михаил, јас ќе напишам препорака за вас до Музичката академија во Бруклин-Њујорк. Вие заслужувате бидејќи пред вас стои голема иднина! Јас штотуку ја пеев аријата на Ленски од Евгениј Онегин од Чајковски, а вашиот ценет татко ми го рече тоа. Јас всушност сум автодидакт. Нотниот систем го совладав сам. Од тој миг почнав да се подготвувам дефинитивно да ја напуштам Европа, бидејќи мириса на смрт, а за Балканот да не зборуваме. По Балканските војни започна Првата светска војна, милиони луѓе беа убиени за ништо. Потоа започна Грчко-турската војна, а цела Европа пред тоа е покриена со гробници на европската младост. Сега се подготвуваат за ново истребување еден со друг. Царска Русија е погребана од болшевизмот. Во Русија сега не може да се дише, а камоли да се пее! Јас пак морам да си го школувам гласот! Оваа социјална, воена, политичка трагедија може да ми се одрази на гласните жици... Сергеј: Господине... јас морам да се вратам кај татко ми... Секој миг тој може да го напушти овој свет... Михаил од Копривштица: Никако! He доаѓа предвид! Да го напушти овој свет без таа препорака за Њујорк, во никој случај! Еве, јас ќе се качам до неговиот болнички кревет, ќе запеам пред неговата постела, ако треба, за да се потсети, ако ме има заборавено! Еве слушнете како го пејам Шуберт (почнува да ја пее серенадата Stand-chen (Leize flehen meine Lieder) од Франц Шуберт: Ceprej: Be молам... Јас ќе му пренесам, но неговата состојба е крајно критична... Михаил од Копривштица: Крајно критична е и мојата потреба од неговата препорака... Потсетете го, речете му: само три реченици на англиски до професорот Владимир Долгоруки, негов пријател од Санкт-Петербург којшто сега предава на Музичката академија во Бруклин. Само да ја имам таа препорака, па ако треба пеш ќе тргнам за Америка. Европската историја е опасна за моите гласни жици.. Сергеј: Бидете уверен, господине Теноров, јас сè ќе му пренесам... Морам веднаш да одам.. Морам веднаш... (со молскавична брзина трча по скалите, избезумено ја отвора вратата на болничката соба)... Единаесетта сцена, 11,49 мин. Мисирков: (Ги отвора очите. Блада) Госпоѓо...Ве молам...можете ли да ми кажете..во колку часот е следниот воз за Одеса..Доцнам... Me чекаат учениците. Имам час.. Be преколнувам...! Милосрдната сестра: Возот...Возот само што не стигнал, господине професоре Мисирков... Мисирков: А учениците.... Милосрдната сестра: Учениците се тука.. .исто така... Мисирков: Денеска ќе го проследиме зборот Сонце во повеќе групи јазици.. .Почнувајќи од санскрит, па движејќи се низ групата на индо-европските јазици... Дали ме следите... Милосрдната сестра: ...Be следиме... Мисирков: На санскрит за сонце се вели сон... Запишете... Во левиот дел од страницата на вашите тетратки... Таму пишувајте ги зборовите еден под друг за потоа да проследиме како ќе се движи низ вековите и низ различните групи... Значи, лево на простор од два сантиметри еден под друг. Запишавте санскрит... сон... Запишавте? Милосрдната сестра: Запишавме! Мисирков: Возот за Бердјанск, ве молам, дали доаѓа на овој перон...? Милосрдната сестра: Да, еве го стигнува...Да продолжиме, професоре... Мисирков: Што се однесува за самиот извор од кој се напојува историјата на лингвистиката, тој би можел да биде лоциран во храмот на дванаесетте бесмртни божества, од кои прво меѓу еднаквите е сонцето и се пишува со две букви CO. Запишете во левиот дел од страницата CO. Од CO можеме да се движиме слободно во шесте фамилии на јазиците на Европа, за да констатираме дека индо-европската, финско-унгарската, алтаичката, европската со баскискиот и кавкаските јазици, селитичката со малтешкиот јазик и гренландската фамилија со кала-мисутските јазици ја задржува основата CO во зборот Сонце којшто се движи во SOLEIL, SOL, SOLE, SUN, СОЛНЦЕ... Милосрдната сестра: Професоре Мисирков, ве молам, повторете го ова што го кажавте со побавно темпо, бидејќи не стигнавме да запишеме... Мисирков: (Продолжува во бладење со уште побрзо темпо) Всушност, како студент во Санкт-Петербург, барајќи го македонскиот јазик, исчезнат првин во времето на империјата на Александар, од кого се останати само триесетина глоси, јас тргнав во освојување на санскритот, првиот јазик, прајазикот на целиот свет во срцето на Азија и констатирав дека тука се крие тоа прекрасно единство на светските јазици што француските лингвисти го викаат уште la merveilleuse unite; бидејќи фрапантните сличности на санскритот со индо-европските јазици и неговото влијание во групата на индо-иранските и оттаму до јазиците на Далечниот Исток, до Кина и Јапонскиот Архипелаг, нè води, всушност, до заклучокот дека, покрај зборот Сонце, ако ги додадеме зборовите што ја означуваат фамилијата на персиски: педар, мадар, биродар, на санскрит: питр, матр, братр; на старомакедонски: патир, митир, на латински: патер, матер, фратер, на англиски фадер, мадер, брадер, во словенските јазици мат, брат и особено ако го земеме зборот sister, на санскрит svasar, на латински ѕогог, на француски soeur, на готски swistar, на германски schwester, на холански zuster, на исландски sysir, на шведски syster, на дански soster, зашто јас не би можел на македонски и уште на илјада други јазици да ви речам сестро до каде е стигнато Сонцето, бидејќи ќе го испуштам возот од Санкт-Петербург за Солун преку Скопје, каде што во пролетта на 1910 година во Скопје, да... во тој град од двете страни на Вардар, реката што Хомер ја спомна во Илијадата пред 3000 години, сакав да формирам Универзитет... (паѓа во бесознание) Милосрдната сестра: (Крикнува) Докторе Давидов, Професорот Мисирков, ќе испушти душа, не допуштајте да го испуштиме од раце тој блескав ум... (Ја отвора вратата и избезумено трча по скалите) Дванаесетта сцена, 14,12 мин. (Сергеј Мисирков стигнува пред Бирото на Доктор Давидов пред кое чекаат за преглед триесеттина болни мажи, жени, деца. Сергеј се пробива низ болните и како последен очајник тропа на вратата. Вратата не се отвора) Сергеј: Докторе Давидов... Извинете, дали ја видовте мајка ми Екатерина Мисиркова? Доктор Давидов: (Се појавува на вратата) Млад господине, Be молам застанете во редот... Гледате овде колку болни има...мајки.. .татковци... деца... Сергеј:Јас длабоко се извинувам, но татко ми умира и сака да ја види.. Доктор Давидов:Судбината на вашиот татко е во Божји раце... Ние сторивме сè.. Такви тумори во мозокот со хирушка интервенција веќе ги отстранува американската и еропската медицина... Бугарија, како што знаете е на Балканот.. Всушност, мајка ви беше дојдена кај мене да бара помош за погребните трошоци. Јас ѝ го кажав тоа што ќе ви го кажам и вам.. Јас можам да се заложам за делот на болничките трошоци, но погребните спаѓаат во секторот на господин Рашидов... Социјалните случаи ги решава господин Рашидов, а знаете и самиот дека целиот Балкан е социјален случај, зашто освен смрт Европа не произведува ништо друго... една светска војна заврши, а другата само што не почнала... Се прашувам дали е воопшто привилегија да се биде жив, дали не е подобро решение на Балканот да се раѓаме мртви... Be молам, видете со Рашидов, на приземјето, соба број 44. (Ја затвора вратата) (Сергеј веќе не знае во кој правец трча) Тринаесетта сцена, 15,21 мин. (Пред креветот на К. П Мисирков во Александровската болица се појавуваат Владиката Теодосија Гологанов и Петар Поп Арсов.) Владиката Гологанов: (Пее и ја прска собата со петрофил) Свјати Боже свјати крепки иже јеси на небеси... Многаја лета, многаја лета Рабу Божји Мисирков, станувај! Мисирков: Ваше високопреосвештенство, простете, но јас не можам да станам! Петар Поп Арсов: Драг Мисирков, дојдени сме во врска со твојата идеја за Скопски универзитет! Владиката Гологанов: На денот на светите апостоли Свети Петap и Свети Павле во црквата Света Богородица во Скопје се одржа народен собир и предлогот на Петар Поп Арсов беше поздравен со аплаузи. Ечеше цело Скопје: „многаја лета, многаја лета многаја лета!“ Мисирков: (Неочекуано му се враќа силата) Драг Поп Арсов! Ви честитам за изборот од страна на Вилаетската управа за главен училишен инспектор во Скопје. Значи, треба да ѝ се заблагодариме на Високата порта за довербата кон Вас! Петар ПопАрсов: Вашето присуство на поголем број универзитети во Европа ќе ни овозможи да ја прибереме македонската интелигенција распрсната на Исток и на Запад... Владиката Гологанов: И тогаш ќе ечат богољубивите зборови на Свети Климента Охридски по милоста на Господа наш Исус Христос, и ќе ги упа-туваат младите со писмо кон спасение! Мисирков: Амин! Петар Поп Арсов: Се сеќаваш драг Мисирков за зборовите, што во јануари 1892 година ги објавивме во весникот „Лоза“ на „Младата македонска книжовна дружина“. Само еден поглед е доста за да се видат ужасните потреби на нашата татковина. Благодарејќи на последните политички настани на Балканскиот Полуостров и географската положба на Македонија, денеска таму се собрале севозможни надворешни елементи, кои, одушевени од своите поразни планови и интереси за нашата иднина, слободно и со трескава енергија го засилуваат антагонизмот што и така постои во земјата. Само еден силен отпор од наша страна може да нè зачува од грабежничките посегања. Но, при денешната наша положба не можеме да направиме такво дело, за тоа ни се потребни сили, а нашите сили се разнебитени, раздробени. Треба, значи, да ги обединиме, да ги собереме во една општа мокна сила, сила народна, ако сакаме да ја зачуваме иднината на својата татковина. Тоа треба да биде стремежот на секој штогоде чувствителен Македонец каде и да се наоѓа тој! Мисирков: He! Jac се сеќавам на уводниот текст во „Лоза“ во кој беше цитиран Софокле „Ништожник е оној што има подобар пријател од својата татковина“. Владиката Гологанов: Многаја лета, многаја лета! A jас се сеќавам за зборовите од покојниот Македонец баронот Костадин Бели што ги изрекол во Виена. Знам дека беа потресни, срцето да ти се корне од нив... Се сеќавате ли, господине Мисирков? Мисирков: Ги знам наизуст!... А во последните свои минути, стреснати од совеста умираме, мошне нажалени и слатката наша мајка родина не облекува траур за нашата смрт, ниту пак молитвите на другите браќа не придружуваат. Татковината нè отфла како недостојни чеда за нејзината љубов, како туѓинци и изроди со зборовите: Мавни се од мене изроде! И нашето потомство ни го осудува бесчувството и рамнодушноста со зборовите: и жив беше бесполезен, и умрен достоен за осуда! Бароне Костадин Бели, Македонец од Виена, еве ти симнувам капа, ќе ја симнам шапката од Петар Поп Арсов! (My ja симнува шапката) Си го рекол ова во Виена пред еден век, а јас го велам сега и ми иде да умрам од смеа, толку многу што е вистина! (Залудувачки се смее) Петар Поп Арсов: Еве, јас ќе ја симнам круната на Владиката Теодосиј Гологанов толку што се вистина тие зборови. (Ја прифаќа смеата) Владиката Гологанов: (Гологлав) Замислете што му напишал ар-химандритот Неофит на егзархот по народниот собир во црквата Света Богородица во Скопје, на 11 јули 1910 година, во врска со нашата идеја за Скопски универзитет: Замислете си да се здружат заедно „мисирковштината“ на господин Крсте, „сепаратизмот“ на неговото високопрео свештеништво Теодосија и „автономштината“ на господинот Петар Поп Арсов! Замислете...! Што би можеле да направат! (Владиката прснува во смеа) Мисирков: (Во разнесувачка смеа. Ги подава рацете кон гологлавите гости) Ништо!!! (Гостите ги снемува) Четиринаесетта сцена, 16,29 мин. (Екатерина Мисиркова во собата на милосрдните сестри седи на крајот од еден од шесте наместени кревети.) Втората милосрдна сестра: Од каде е родум, госпоѓо, вашиот ценет сопруг? Екатерина: (Крајно истоштена) Родум е од едно многу познато место што цел свет го знае! Втората милосрдна сестра: Каде е тоа место што цел свет го знае? Екатерина: Роден е, ангелска душо, во македонското село Постол, што е на истото место каде што се издигал градот Пела - престолнината и родниот кралски дом на Александар Македонски, најголемиот освојувач на сите времиња. Втората милосрдна сестра: Значи, ништо не е случајно под небескиот свод.. Екатерина: Како дете, ми раскажуваше во Санкт Петербург, јас играв по истите ливади по кои јавал на коњ најголемиот император на светот. Ги знаеше на памет мозаиците, статуите, столбовите, храмовите на Пела. Во 1900 година тој беше водич низ Македонија на една научна делегација од Руската академија што ја предводеше академикот Кондаков. Академик Лавров му рекол дека е многу среќен што еден млад Македонец на почетокот на XX век знае исто толку јазици колку Александар што освоил земји... Тој дури и се потпишуваше со псевдонимот К. Пелски во разни весници. Тој објавуваше во „Македонско сознание“ во Виена, „Мондо“ во Стокхолм, „Одески листок“, „Вардар“, „Македонски глас“, „Мир“, „Илинден“... Тој велеше дека Александар Македонски ја разнесе славата на Македонија до средноазиските реки Аму-Дарија, Сир-Дарија и до Индија и Индискиот Океан... Во неговиот ум протекоа милиони зборови ре-чиси на сите светски јазици, но Пела остана главен град во неговата биографија кон која се приклучив и јас и нашиот син. Тој секогаш ве-леше: Екатерина, кога ќе умрам, погребете ме во Пела, барем мртов да лежам во престолнината на Античка Македонија. Втората милосрдна сестра: И потоа... Екатерина: И потоа ништо... По поделбата на Македонија, во Балканските војни, ми рече ако е погребана Македонија во самата себеси, тогаш вооп-што не е битно каде ќе бидам погребан јас... Втората милосрдна сестра: И потоа... Екатерина: И потоа... Еве... Часот наближува, ангелска душо... Си велам, да има Божја сила, во невидлива птица да ме претвори, на грб со неговото мртво тело да прелетам преку сите распарчени делови на Македонија и тајно да го положам во неговата семејна гробница. Втората милосрдна сестра: И потоа... Екатерина: И потоа... ништо... Сè било едно големо ништо. А едно големо нешто сега како црн камен ми тежи овде на темево. Секој миг може да умре, а јас...кутрата, жална и црна кукавица... пари за ковчег немам... (потонува во плач) Втората милосрдна сестра: He ковчег, туку кочија за Вас ќе порачам јас... He ковчег, а кочија со која ќе отпатувате кон градовите и земјите на Вашата љубов! He ковчег, а кочија ви се молам (го отвора прозорецот и се провикнува во болничкиот двор) Милосрдни сестри, порачајте кочија со четири азган-бели коњи за љубовниот пар Крсте и Екатерина Мисиркови - замолете ја смртта нека го одложи својот суден час! Екатерина: (Ѝ ги подава рацете) Ангелска душо моја... Милосрдната сестра: Госпоѓо Мисиркова, ништо не е невозможно за Господа. Верувајте! Петнаесетта сцена, 16,34 мин. (Пред собата број 44 - Бирото на Рашидов - исто така чекаат, една голема група од два-триесет луѓе. Сергеј се пробива низ нив.) Сергеј: Извинете, извинете... ве молам... Простете ми ви се молам до небото,...умира горе на третиот кат татко ми... а не можам да ја најдам мајка ми... (Ја отвора вратата) Господине Рашидов, ме испрати кај вас доктор Давидов во врска со барањето за социјална помош, што би ги покрила трошоците за ковчег и гробно место на мојот татко Крсте Петков Мисирков и исто така во врска со мојата мајка Екатерина, таа треба да дојде кај вас, а никаде ја нема... Be молам, простете ми до небото! Рашидов: (Пред неговата работна маса има еден старец со бела брада што плаче) Момче! Стоп! Овде има ред! Врати се назад, кога ќе ти дојде редот ќе кажеш што имаш да кажеш! Сергеј: Господине Рашидов, татко ми само што не умрел.. мајка ми ја нема... една црна мисла ми прелета, да не се фрлила под некој трамвај... Јас останувам сам... Роднини немам овде... како ќе го погребам татко ми... како ќе ја најдам мајка ми... Рашидов: Момче! Знаеш ли ти колку милиони луѓе умреа во Балканските војни, во Првата светска војна, во Грчко-турската војна, во размената на населението меѓу Бугарија и Грција, во уште недозапретаните македонски фронтови... Знаеш ли, ти момче, колку стотици илјади бегалци има во нашава страдна земја?... Знаеш ли зошто чекаат овие луѓе?... Знаеш ли зошто плаче овој старец со бела брада пред мене.Знаеш ли колку татковци и мајки и колку синови и ќерки не си ги најдоа никогаш најблиските... Мајка ти беше овде и истото и го реков... Ти барем си го гледаш татко ти... в раце ќе ти умре како јагне.. .Што има поубаво од тоа таткото да умре во рацете на својот син?! Нашето барање е во врска со ковчегот... Доста со ковчегот, момче! Ковчег, па ковчег... He разбра ли дека на Балканот сега најбитното е како да преживеат здравите, гладни, голи и боси?... Тој - ковчег па ковчег. Ќе ви дадам од депото на Александровската болница едно ново англиско ќебе на реверс... Ќе го закопате, па ќе ми го вратиш... Застани во редот! Шеснаесетта сцена, 16,29 мин. (Во сонот на Мисирков се враќа Петар Поп Арсов.) Петар Поп Арсов: Крсте, извини, си ја заборавив шапката! (ја зема шапката оставена до нозете на Мисирков) Мисирков: Земи си ја... кај ќе одиш без шапка на оваа горештина. Извини, заборавив да те прашам: што станува со Македонската револуционерна организација? Петар Поп Арсов: Прав и пепел е сторена! Мисирков: Кој е правта, а кој пепелта? Петар Поп Арсов: И правта и пепелта се наши! И едните и другите се наши и се однесуваат меѓу себе како крвави непријатели: централисти и врховисти, обединувачи и разединувачи, десни и леви, лажни демократи и вистински демагози, сите се во смртоносно тешки спорови со минатото, сите се слепи за иднината, и Македонија е претворена во бездомна кучка што не може да си ги оплакува сопствените деца, оти не знае кој кого убива и во чие име. „Братски пиштол игра и братски нож, еден против друг!“ Мисирков: Значи едни наваму, други натаму... Петар Поп Арсов: Едни наваму, други натаму, а Македонија -никаде! Знаеш ли како почнаа да не исмеваат на Балканот? Македонци - гнили конци, кој со нив гаќи крпи, без гаќи останува! Мисирков: ... А што станува со Гоце Делчев - македонскиот Гарибалди? Петар Поп Арсов: Како не знаеш?... Делчев е убиен пред 23 години... Предаден од наши, а потоа убиен од нивни... Мисирков: He... знам, ама... од кога добив тумор во мозокот ми се губи меморијата. А каде е Даме Груев? Петар Поп Арсов: Убиен е Груев, предаден исто од наши, можеби на тој свет таму ќе ја реализира идејата за Подземна република... Мисирков: А каде е Никола Карев, претседателот на Крушевската Република. Петар Поп Арсов: Предаден исто од наши, убиен е пролетта на Велигден во 1905! Мисирков: Каде е Борис Сарафов, шефот на македонската дипломатија - без држава. Петар Поп Арсов: Го убија нашите 1907! Мисирков: Каде се солунските атентатори Орцето, Пингов, Трчков, Кирков...Шатев.. Петар Поп Арсов: Се самоубија сите и напишаа епитаф до слободоумна Европа...Ја заболе Европа... Остана само Шатев, се движи како сенка меѓу Цариград, Берлин и Москва... Мисирков: Каде е Сандански, пиринскиот цар? Петар Поп Арсов: Одамна царува мртов во гробот на Роженскиот манастир. Мисирков: А, каде е Ѓорче Петров? Извини, брате Поп Арсов, додека те слушам туморов во мозокот ми расте и го чувствувам како ми слегува по лицето, по очите, по снагата. Кажувај ми уште за да видам дали сето мое тело со црната македонска меморија ќе биде исполнето до последната клетка, кажувај ми за да видам дали таа Македонија, по која сонував, не е всушност прашање на мојата душа што може да одлета во секој миг... Кажувај ми, брате.... Петар Поп Арсов: (На неговата шапка што ј а држи в раце капат солзи) ... Некни се наполнија пет години од убиството на Ѓорчета Петров... Македонија, брате Мисирков, е претворена во црна берза на крвави филијали. Акционерите колваат од нејзините живи рани, паѓаат насекаде македонски глави - едни од други убиени, а сите наши.. Бродовите се полнат во Ѓенова за преку океанот... Се празни Македонија од самата себе си.... Сите светски мировни конференции потврдија дека немаме критична маса на единство за да создадеме држава.. Сега веќе се убиваме и низ Европа, лани во Бург-театрот во Виена, пред Скала ди Милано, на Карловиот мост во Прага... Секое утро кога се будам си велам, денеска редот ми е мене. И се уште не сум убиен... Теоретски гледано, а реализирано во крвава меѓусебна истребувачка прагма, нашето движење е рамно на самоуништување... Мисирков: Поп Арсов, почекај... Туморов ми е слезен до утробата...Зошто си го проплаков мајчиното млеко, пишувајќи дека сите треба да се соберат околу една национална програма... Ако антагонизмот го дели македонско-то национално битие, ние ќе дојдеме до една досега ни видена ни чуена историска перспектива во Европа. Ќе има Македонија, a ќе нема Македонци! Петар ПопАрсов: Извини, Крсте... Си ја заборавив шапката. Ако стрелаат денеска во мене, барем да не бидам гологлав! Мисирков: Земи си ја шапката брате Поп Арсов, кај ќе одиш гологлав на оваа горештина! Седумнаесетта сцена, 16,57 мин. (Првата милосрдна сестра трча по скалите. Михаил од Копривштица љубезно ја запира) Михаил од Копривштица: Госпоѓо милосрдна сестро, дали можам да ве прашам...? Првата милосрдна сестра: Господине, бидете љубезен. Брзам горе, умира човек. Михаил од Копривштица: Дали знаете каде можам да го најдам професорот Крсте Петков Мисирков, треба да ми напише една препорака... Првата милосрдна сестра: Качете се на третиот кат, првата врата лево, креветот до прозорецот и застанете до неговото заглавје. Јас одам да го пронајдам Доктор Давидов. Осумнаесетта сцена, 16,58 мин. (Пред креветот на Мисирков се појавува Димирија Чуповски, претседателот на Другарството во Петроград со, големи папки, вкоричени весници, декларации и меморандуми) Мисирков: Димитрија Чуповски, од каде доаѓаш претседателе? Чуповски: Доаѓам од името на Другарството и на Македонската колонија во Санкт-Петербург за да се збогуваме! Мисирков: Што си така натоварен, не ќе ме испраќаш во Америка...? Чуповски: Мораш сè да понесеш: весници, декларации, меморандуми, карти, статии, говори во Отоманскиот меџлис, во рускиот, германскиот, францускиот, американскиот парламент, во италијанскиот, дури и во јапонскиот парламент... Сè во прилог на „Неделива и независна Македонија“. Господ-Бог, севишниот, сполај му нему, мора да види и да се опсени, зошто револуционерна и страдална Македонија нема поддршка во својата борба! Мисирков: Господине Чуповски веќе имавме вакви слични барања од разни претставници на македонската интелигенција и се прашувам дали сите вие сте нормални, или не? Та мислите ли вие дека македонската држава ќе се направи со исечоци од весници и со архивска граѓа што jac лично ке му ja однесам на Господа-Бога? Чуповски: Сите ние сме нормални со самиот факт што тебе ти се обраќаме да ја одбраниш македонската кауза пред Господа. Замисли, ако Господ не зборува македонски, или турски, или бугарски, или руски, кој од нас може да се разбере со него освен ти? Ти ми рече еднаш дека Господ зборува сигурно само санскрит, а ти си единствениот Македонец што научи санскрит! Значи, ти си избран од лингивстички причини! (Чуповски излегува) Деветнаесетта сцена, 17,21 мин. (Михаил од Копривштица ја отвора вратата на болничката соба и го препознава Мисирков. Тој спие и тешко дише) Михаил од Копривштица: Господине професоре... Мисирков: (Спие и тешко дише). Михаил од Копривштица: Јас никогаш нема да ги заборавам вашите зборови .. Мисирков: (Спие и тешко дише). Михаил од Копривштица: Тие зборови беа првото охрабрување што еден светски голем ум како вас ги упати на мојата, би рекол, целосна и ис-клучива посветеност на уметноста на соло-пеењето, на лирската уметност на операта што со векови се издигнува како највисока форма на презентација на музичката бесмртност, како убавина што за рака го води Човекот по патиштата на Вечноста! Мисирков: (Спие и тешко дише). Михаил од Копривштица: Вие тогаш спомнавте дека Вашето влијание со една препорака би можело да биде, просто речено, една мала потпора при моите први чекори што би ги направил за да ја претставам мојата кан-дидатура во Музичката академија во Бруклин - Њујорк... Јас ќе одам пешки до Џенова и од таму со бродот Транс-атлантик во Њујорк... ако ме дочува Господ... Друго е ако имам препорака до професорот Винстон Бајт... Ќе му тропнам на врата.. .тој ќе рече. Јас... па јас ќе речам...Сер, плиз...ај хев а летр фор ју.. .фром Крсте Мисирков... ду ју римембер хим... фром Санкт Петерсбруг... Колку да велиш, друго е... Мисирков: (Спие и тешко дише). Михаил од Копривштица: Професоре Мисирков... Еве, не мора сега, кога ќе се одморите ќе напишете три реда своерачно и јас ќе одам... Простете ми, но еве што ќе прават овие гласни жици во Европа и на Балканот, што ќе прават овде... Јас морам да одам во Новиот свет, или да умрам овде како пес! Еве, ако не се сеќавате за мене, јас би ве потсетил со Меланколија нимфа џентиле од Винченцо Белини! (Текст) YBellini Melancolia, Nimfa gentile la vita mia consacro a te I tui piaceri chi tiene a vile Ai piaseri veni nato none Fonti e colline chiesi agli dei mudiro al fine pago io vivre Nemai quel fonte codesir mei ne mai quel monte trapassere. Дваесетта сцена, 17,28 мин. (Сергеј трча по скалите избезумено и почнува да го слуша гласот на кандидатот за оперски пејач Михаил од Копривштица со Меланколија нимфа џентиле) Сергеј: (Задишан и пребледен) Господине кандидат за оперски пејач... Господине Михаил од Копривштица, како влегувате без прашање, би се молам, зар не гледате... Михаил од Копривштица: (My дава знак да ја доврши песната) Ако се разбуди, можеби ќе се сети на мене! Сергеј: Вие влегувате, а никој не ве проверил! Знаете ли дека видните Македонци се убивани насекаде на Балканот и во Европа и знаете ли дека татко ми ми велеше: „Синко Сергеј, можат да ме убијат во секој миг!“ (Го проверува насекаде дали носи оружје) Михаил од Копривштица: Господине Мисирков - јуниор, дали јас ви личам на убиец? Јас ли да го убијам човекот што го боготворам до небеси и од кого зависи мојата прекуокеанска уметничка судбина. Можеби ќе се разбуди! Ќе го слушне мојот глас и ќе ми ја напише препораката за Америка: Немојте, ви се молам! Знаете ли што ми рече тој таа пролет во Копривштица: Вашиот глас, Михаиле, може и мртов човек да разбуди! (Продолжува да пее во крешчендо од Меланколија нимфа џентиле) Сергеј: (Плаче) Двесет и прва сцена, 18,21 мин. (Првата милосрдна сестра и Доктор Давидов се движат по скалите. Таа лета како пердув, тој ја следи) Првата милосрдна сестра: Докторе Давидов, може ли нешто да се направи за да биде спасен? Доктор Давидов: Знаете ли што, Милосрдна сестро, застанете малку (таа застанува) Знаете ли колку илјади години медицината се бори со смртта? Првата милосрдна сестра: (Прашално го гледа) Доктор Давидов: Исто толку илјади години колку што религијата се помирува со смртта! (Тишина) Во случајот на господинот Мисирков состојбата е совршено јасна: големината на туморот во неговиот мозок е обратно пропорционална со секаква надеж.. .Хируршката интервенција беше возможна пред неколку месеци и тоа во некој од европските центри или во Америка... Но кој ќе го платеше тоа... Гледате, неговата сопруга и синот не знаат кој ќе го плати ковчегот... Јас мислев тогаш, кога првпат го видов да ѝ се обрати и на државата за интервенција за да отпатува во некоја од овие медицински дестинации што ги спомнав... Но, на која држава...??? Тој е лингвист на еден јазик без држава... Знаете дека Македонците на Балканот се можеби најголемите идеалисти, но тие немаат држава. Господинот Мисирков е симболички пример за нивното немање држава по две основи: основата по која хируршки не можеше да биде интервенирано за да се спаси, и основата по која нема ни пари кој да му го плати ковчегот... Тој судбоносно ги покрива сите делови на Македонија по нејзината поделба: Роден е во делот што ѝ припадна на Грција, умира во Бугарија, а неговата дејност беше пред сè сврзана со македонските градови Битола и Скопје, што сега се во Кралството Југославија... Првата милосрдна сестра: ...Меѓутоа, докторе Давидов, извинете што ве прекинувам... Тој знае 26 светски јазици... има... Доктор Давидов: Тоа е негов проблем... Никој не го терал да учи... Јас можам да ви кажам бројни Евреи што спаѓаат во светската духовна елита и кои низ вековите секаде по мердијаните и овде на Балканот сонувале за независна еврејска држава, но таа сè уште не е формирана... Можеби сето ова ќе ви звучи пристрасно, зашто јас сум од еврејско потекло... Ravie de faire votre conais-sance, madame, je me presente Samuel Davidov... Ho случајот на господинот Крсте Мисирков јас го врзувам за Теодор Херцл што умира на 44-годишна возраст во Виена во 1904 година. Тој е основач на модерниот ционизам и автор на книгата „Der Judenstat“ или „Еврејската држава“ за која бил критикуван и извикуван од не еврејските интелектуалци, но и од самите Евреи! Внимание! По неговата книга доаѓа објавувањето на делото „За македонцките работи“ од господинот Мисирков.. Ние Ереите повеќе од две илјади години на нашиот најголем празник Пасха се поздравуваме со зборовите: „Ај догодина повесели да се видиме во Ерусалим..,“ А, Ерусалим е далеку, како што гледате... Немаме држава... Теодор Херцл беше роден во 1860 година, а живееше до 1904, патуваше и на Балканот. Тој беше пријател на Ѓорче Петров, на Рафаел Кахми, јас лично го познавам, еврејски трговец од Битола... Можеби и Мисирков се имаше сретнато со него.. По таа точка на нашата историја ние Евреите сме многу слични со Македонците... Co тоа не сакам да речам дека само Евреите и Македонците се трагични народи што немаат држави... Има и многу други народи што исто така се трагични и исто така немаат држави, но секој плаче на својот сопствен гроб... Јас никогаш нема да заборавам една сцена од моето детство врзана за Охрид и за Македонија... Тоа беше веднаш по Илинденското востание кога Македонците ја прогласија првата Република на Балканот, во која ги повикаа сите народи Евреи, Турци, Албанци, Власи, Срби, Бугари, Ерменци да ја градат заеднички независна Македонија. Но таа Република траеше само десет дена... Во Охрид, кај нашите роднини семејството Колономос, пееја една група старци една македонска песна што никогаш нема да ја заборавам... „Ќе ми бидете сираци, така било пишано... дојдете ми да ве гушнам за последен пат...“ Ми кажаа дека ја напишал еден охриѓанец Прличев го викале „Втор Хомер“... Ќе ви кажам... Мислам дека за Мисирков одговараат зборовите на големиот француски дух Жан Жорес „Pauvres que nous sommes, la seule richesse qui nous reste, c'est la patrie“.... Или „Копуци и сиромашки какви што сме, единственото богатство што ни останува е татковината!“ Дали сум јасен, драга милосрдна сестро? Милосрдната сестра: (Плаче со поројни солзи) Доктор Давидов: Вашите солзи, благородна сестро, нека ги полеат душите на сите идеалисти независно од која вера и нација се... И да побрзаме, зашто смртта ќе не превтаса... А тука не можат ни-што, како што гледате... ни медицината ни религијата...! (Се качуваат по скалите) Дваесет и втора сцена, 18,37 мин. (Пред креветот на Мисирков се појавува професорот Бодуен де Куртене - Иван Игнатиј Нецислав Алекандрович) Бодуен де Куртене: Крсте Петков Мисирков - Македон Пелски разбудете се!... Мисирков: (Широко ги отвара очите) Професоре Бодуен де Куртене - Иван Игнатиј Нецислав Александрович, јас не ја заслужувам таа висока научна почест, мојот идол, еден од најголемите лингвисти на светот да ме посети на смртната постела. Бодуен де Куртене: Крсте Петков Мисирков, Македоне Пелски, дојдов да се поклонам пред Вас! Мисирков: Најомилен професоре мој, зошто да се поклоните, јас сум никој и ништо, само еден од вашите студенти во Санкт-Петербург што го пиеше секој ваш збор, а бескрајна беше жедта моја по историјата на светските јазици... Во амфитеатарот, каде што ве слушав вие и воздухот го претворавте во лингвистика. Моите искинати алишта и мојата искината душа се прекриваа тогаш со кралска-та круна на Вашето знаење, на... Бодуен де Куртене: Го употребивте вистинскиот израз - кралска круна! Таа кралска круна jac ja видов на вашата глава, бидејќи кога ве прашав каде сте роден и кога ми рековте дека доаѓате од Македонија и дека сте роден во Пела, каде што е роден Александар Велики, најголемиот император на сите времиња и првиот визионер на светската споредбена граматика, јас си реков : Господе, како да ти се заблагодарам што ми го испрати ова момче Крсте Петков Мисирков, Македон Пелски во време во кое, по моите долги патешествија по Универзитетите во Варшава, Прага, Берлин, Лајпциг, Казан, токму овде во Санкт-Петербург, по моите деноноќни потраги по основата на јазиците во светот, да го видам живиот пример на мојата сè уште недоформирана идеја за фонологијата и за психо-лингвистиката. По моите редукции најазичните елементи: фонемите, морфемите и синтагмите во повеќе илјади години развој, од Санскритот до индоевропските јазици, Господе, како да ти се заблагодарам што го от-крив меѓу моите студенти, момчето што го носи ореолот на првиот обид за светска јазичнка реформа наречен КОИНЕ од Александар Македонски, роден во истото место со него, а сега мој студент. Тогаш, кога вие ги изговоривте првите зборови, ми се јави мислата дека ако не ве сретнев Вас, никогаш немаше да предложам постоење на новата лингивстичка дисциплина што ја нареков: АНТРОПОФОНЕТИКА! Антропо сте вие, фонетика е секој глас. Значи антропофонетика сме сите ние, бидејќи освен луѓето, гласовите, раѓањето и смртта, нема ништо друго што може да ја детерминира историјата на јазиците на светот. Мисирков: Професоре Бодуен де Куртене - Иван Игнатиј Нецислав Александрович, едно ќе ве прашам само: Како можеше да се случи да исчезне античкомакедонскиот јазик? Бодуен де Куртене: Знаете што, драги мој Крсте Петков Мисирков - Македон Пелски, самиот факт што Вие го поставувате тоа прашање, а во исто време пишувате книга овде во Санкт-Петербург за македонскиот јазик, тоа значи дека археологијата на гласовите што постои во природната меморија на пејзажот се населува во Вас и тоа се вика морфонемикс, a за да бидам појасен ќе ви кажам една интимна приказна: Во моите истражувања за јазиците секогаш мислев на една реченица на познатиот француски хемичар Лавоазие, поради која во Француската револуција во земјата на моите предци е одведен на гилотина: Rien ne se cree, rien ne se perd, tous se transforme! Мисирков: Професоре! Знаете што? Ќе ви кажам една длабока интимна тајна: пред да дојдете сонував нешто што нема никаква врска со ништо во мојот живот! Сонував дека сум се претворил во графичкиот знак што го означува зборот Сонце на кинески јазик. Се пишува вака (му црта во возухот) ...а неговата фонема е Ж! Што може да значи тоа? Бодуен Де Куртене: (Се прекрстува го бакнува во чело и заминува!) Дваесет и трета сцена, 18,47 мин. (Втората милосрдна сестра и Екатерина се движат по скалите со бавен чекор и подзастанување) Втората милосрдна сестра: Драга Госпоѓо Екатерина, еве стигнавме, уште една минута... Екатерина: (Се потпира на скалите)... А господинот Рашидов од името... Втората милосрдна сестра: Што господинот Рашидов и од чие име... Екатерина ...Господинот Рашидов од името на болничката управа ми пренесе дека ако не најдеме решение за мртовечкиот ковчег... во крајна линија... вели тој... ќе се потпишите заедно со син ви Сергеј дека можеме да извршиме сецирање на неговиот труп... како противуслуга - ќе ги платиме погребните трошоци, вклучувајќи го и ковчегот... (Солзите непрекинато течат) Втората милосрдна сестра: Драга Госпоѓо... (ѝ ги брише солзите) не грижете се, ние сме сите со вас... Екатерина: (Лицето ѝ се осветлува) ... А знаете прекрасна душо моја, тој ми велеше неодамна, лани летото: има еден стар македонски израз што вели „цел в земи ќе лежам“, откога ќе умрам заради некоја голема болка... Ми велеше, цел в земја ќе лежам, љубов моја, оти не ја видов Македонија слободна... Ми велеше: тоа одговара и на мојата историска и социјална и психолошка состојба... Нам Македонците, ми велеше, единствена униформа ни е нашата кожа, затоа што немаме држава... Затоа сме уни-верзалисти... Господ ни ја дал кожата. Затоа единстено гол се чувствувам Македонец. Дури и ти што си Русинка по раѓање, кога те гледам гола, те чувствувам како Македонка... (се смее) Јас го сакам бескрајно и неговото тело... My велев: сакам... да умреме голи и во бегство во природата... кај што нема јазици, граници и држави... кај што има само птичји пој... само фонеми.. . не сакам морфеми... Така ми велеше... а болничката управа сака да го сецира... Втората милосрдна сестра: Драга Госпоѓо Мисиркова, еден е Господ на небото... Кај него, со помош единствено на вашата љубов тој ќе патува како што мајка му го родила и ви го подарила со Божјата умисла и со неговото благородно срце и ум... (Стигнуваат пред вратата на болничката соба) Дваесет и четврта сцена, 18,51 мин. (Првата милосрдна сестра и Доктор Давидов се пред вратата на болничката соба) Првата милосрдна сестра: (Ја прегрнува Екатерина) Скриената насмевка што ја видов утринава на неговото лице, драга госпоѓо Мисиркова, се уште ми дава надеж... Сигурна сум дека во таа скриена насмевка зборуваше Вашата заедничка љубов... Понекогаш на болеста и треба само еден миг... за да исчезне... Што мислите докторе Давидов? Доктор Давидов: ...Да... понекогаш... се е возможно ...Да влеземе... (Ја става раката на рачката од вратата. Вратата се отвора. Влегува Давидов. По него Екатерина. Пред самата врата Втората милосрдна сестра ја задржува Првата. Ѝ шепнува нешто и со брз чекор се враќа по скалите. Првата милосрдна сестра влегува во болничката соба). Дваесет и петта сцена, 18,54 мин. (Во собата на Мисирков стојат син му Сергеј и Михаил од Копривштица. Доктор Давидов поминува покрај нив и од левата страна на креветот му ја отпетлува белата кошула и со медицинските слушалки му го наслушува срцето) Доктор Давидов: Срцето спокојно му чука...! (Екатерина од отворената врата со испружени раце, бавно, со тежок чекор се движи кон Мисирков) Михаил од Копривштица: Значи, сепак... има надеж... тој да ми ја напише препораката за Америка... Сергеј: (со воздржан прекор) Господине Михаил, Ви се молам.. Екатерина: (Доаѓајќи до самото зглавје од креветот на Мисирков таа ги става нежно рацете на неговото лице. Во самиот миг на допирот пред неа се отвора чудна соновна глетка: болничкиот прозорец се отвора и во дворот на Александровската болница стои Голема кола - Пајтон со 4 бели коњи и колар пред неа. Колата целата накитена со митски орнаменти (сонце, ѕвезди, цвеќиња, птици..) Дваесет и шеста сцена, 18,55 мин. (Втората милосрдна сестра избезумено трча и во дворот меѓу насобраните луѓе што чекаат пред социјалното одделение на Болничката управа наоѓа две други милосрдни сестри и им шепнува нешто.) Дваесет и седма сцена, 18,56 мин. (Колата е во дворот на Болницата. Сонот на Екатерина продолжува. Низ прозорецот излегуваат голи Екатерина, младата девојка од Санкт-Петербург и Мисирков, младиот македонски емигрант од почетокот на XX век- 1905 година). (Во колата за двајцата има свадбена облека. Се облекуваат. Коларот е пред коњите.) Екатерина: (Од десната страна на Пајтонот) Be молам, возете од Санкт-Петербург директно за Пела, во Античка Македонија... Мисирков: Пред тоа поминете преку Прага, Полтава Кишинев, Бердјанск, Виена, Стокхолм, Белград, Софија, Скопје, Солун, Битола... Екатерина: Поминете, Ви се молам, и преку Одеса.. Мисирков: He, не ... Ви се молам, не ... Љубов моја... Заборави ли дека царско-руските органи на прогонот можат да ме уапсат, бидејќи сè уште не е подигнат тиражот на „Вардар“ и не се платени печатарските трошоци... Екатерина: Возете тогаш директно за Престолнината Пела, не застанувајте никаде, секаде можат да те уапсат, бидејќи никој не ја признава Македонија, освен ти... Мисирков: Тогаш возете по небото... Од небото ќе ги гледаме тие чудесни градови во кои толку многу страдавме и толку многу се љубевме... Дваесет и осма сцена, 18,58 мин. (Втората милосрдна сестра влегува во една болничка соба во која умираат луѓе и на три други сестри им шепнува нешто многу важно и исчезнува како молња) Дваесет и деветта сцена, 18,59 мин. (Дијалогот во колата што се движи низ просторот продолжува) Екатерина: Дури и на небото можат да ја убијат Македонија како птица! Мисирков: Можат да ја убијат птицата, но не можат да го убијат нејзиниот лет! Дури и ако ја сведат само на сон, таа ќе постои! Зашто седум илјади години од Големата Мајка на неолитот до денес таа постои и никој не може да ја избрише... од цивилизацијата! Екатерина: Ќе бев посреќна да те запознаев во праисторијата... Мисирков: Та јас те сакам од праисторијата до денес и од тука до бескрајот, бидејќи само бескрајот и Македонија граничат самите со себе Екатерина, Божице Одеска и Санкт-Петербуршка, вечна љубов моја... Триесетта сцена, 19,00 мин. (Дејствието се враќа во болничката соба, Екатерина сè уште ги држи рацете на неговото лице) Доктор Давидов: (Повторно пристапува кон распетланата бела кошула на градите на Мисирков. Ги става слушалките. Се исправа) Бог да го прости Крсте Петков Мисирков! Сергеј: Татко најсакан, страден мој! Екатерина: (My ја запетлува белата кошула) Немам пари за ковчег! Михаил од Копривштица: (Ја вади капата и ја држи в раце) Умре професорот, умре и мојата музичка надеж... Првата милосрдна сестра: (Го отвара прозорецот. Во дворот дванаесет милосрдни сестри со свеќи во рацете стојат зад отворениот ковчег. Поворката е готова) (Влегува Рашидов зазбивтан) Рашидов: Докторе Давидов! Има две писма за Крсте Петков Мисирков. (My ги дава) Доктор Давидов: (Го отвора првото писмо) Првото писмо е од Копривштица: Советот на гимназијата во Копривштица известува дека проф. Крсте Петков Мисирков е отпуштен од работа. (Гробна тишина. Тој го фрла на подот) Второто писмо е од Универзитетот Колумбија во Њујорк. Прифатено е барањето на Крсте Петков Мисирков за едногодишен студиски престој во Соединетите Американски Држави. (My го дава на Сергеј прегрнувајќи го) Сергеј: (На Михаил од Копривштица) Еве, земи го, и среќен пат! Триесет и прва сцена, 19, 01' 2“ (Зад затворениот ковчег се застанати Екатерина, Сергеј, Давидов, Рашидов и милосрдните сестри. Поворката тргнува. Од прозорецот на Болницата ја гледа последната глетка. Михаил од Копривштица почнува да ја пее со солзи аријата на Ленски од „Евгениј Онегин“ од Чајковски.) Михаил од Копривштица: Куда, куда Bы удалились весни моей, златые дни? Что день грядуший мне готовит? Его мой взорь напрасно ловит: В глубокои тьме таится он! Неть нужды, прав судбы законь! (Поворката оди) (Сонцето заоѓа. Истура дожд) („Дождот личеше на сончеви солзи“) КРАЈ